Имам болест во мозокот и се лечам низ уметничка пракса со уметничка интервенција и пишување на манифест.
Јас сум во депресија над една година, депресијата ми ја одзема волјата. Прецизно, веќе шест месеци сум на терапија, препишана од Проф. д-р Славица Арсова при Клиника за психијатрија при УНИ. Секој месец одам на задолжителен преглед за прогрес, освен за терапијата, разговараме во модел на психотерапија за праксата на делување во периодот помеѓу две сесии. На пример, дали сум мотивиран нешто да сработам, што е тоа уметничка пракса, што Јас како писател да правам со моите необјавени романи, дали одржувам психосоцијални контакти и дали запознавам нови луѓе, дали правам физичка активност, дали понирам во блиското минато поради што сето ова се случува, дали гледам напред и тн. Во исто време одам и на психолог во истата клиника, кај Флоријан Наумов. Мислам дека заедно веќе имам вкупно десетина сесии. Според тоа што го разбирам, терапијата нема да трае помалку од шест месеци и нема да трае повеќе од една година, време на надредување на уметничката пракса и интелектот над вонуметничкото.
Си ветив на себе дека нема никогаш повеќе да дозволам да ми се случи ваков испад во иднина, нема никогаш повеќе да паднам во депресија, ќе бидам екстремно внимателен затоа што антикапитализмот е опака либидална-сексуална играчка. Би било утописки оправдано општеството да е полно со лудаци ала нефрагментарни теоретски претпоставки што лутаат низ општеството како знаење за конструирање на дело.
Секој ден пијам апче од сто милиграми базирано на молекулата „серталин“ то ест антидепресив, дополна за невротрансмитерот и хормон ,,среќа” којшто се излачува во мозокот – серотонин. Во мојот живот не сум бил на терапија од овој калибар, никогаш не ми била дијагностицирана клиничка депресија. Освен ефектите од апчињата коишто ми помогнаа во „растерување на маглата“ од депресијата којашто ми се случува поради gaslighting – гаслајтинг иширокораспространетата кансел култура од ,,конфликт. партнерс. врска”, имамспоредни ефекти коишто не се ограничени само на намален притисок — никогаш не ми бил дисбалансиран во горна-долна спирала. Имав доста проблеми со регулирање на спиењето, а морав да пијам и антипсихотик како главна терапија којшто се користи според упатството за употреба за ,,манија кај биполарност, шизофренија, опсесивни мисли — за опсесивност и компулсивност, агресивност од висок и низок калибар кај алцхајмерова болест со нарушување во однесувањето и самоповредување”, тоа не е дополна на невротрансмитерот и хормон за спиење мелатонин којшто се лачи во мозокот затоа што серотонинот е прекурзор на мелатонинот, туку тоа е синтетизирана молекула ,,рисперидон”, која иако не е апче за спиење, сепак ми помага да заспијам и ми помага за релаксирање на опсесијата, манијата, агресијата, но немам биполарност, ниту шизофренија, ниту адхд, ниту дислексија, така што рисп. покрива спектар од манифестации и процеси во мозокот кои ги има во спомнатите.
Опсесија да, но ете, пред терапија имав: агресивност — милитантна кроз текстуален израз, епизоди на манија и напади на анксиозност, блага параноја, опсесивнокомпулсивни мисли, суицидални мисли, а после терапија: немам агресивност, немам манија, немам анксиозност, нема параноја, нема суицидалност, нема опсесија то ест во целина немам психози, немам компулсивни епизоди, пола терапија е тргната то ест завршив со рисп. на моја радост, а антидепресивите остануваат но не се така страшни.
Никогаш повеќе нема да живеам во исто време и во книга и вон книга, ако ,,Јас” убива во книгата, нема логика Јас да бидам малтретиран со пријава во полиција надвор од книгата, во стварниот простор на системското насилие во којшто не постои убиството.
Сепак, да се вратиме на модата, со забрзувањето на модерната со ,,изми”. Не сум разговарал со други личности коишто минувале низ депресија и мислам дека треба да постојат типски пракси на здружување и искуствени освестувања. Кај мене се појавуваше состојба на немотивираност, нема двигател, нема покренувач, и интензивни вртложни суицидални мисли како да стојам на раб од висококатница од која сум кутнат во моментот на помисла на неа; но кога сфатив дека тоа е мода, решив — повеќе не.
Депресијата за мене е настан во бадјуовска смисла; за тоа треба да се говори, за обидот за самоубиство. Ако некој/а сака да се самоубие спремен сум да помогнам во организација на пласманот како животно дело — концептуален испад—упад, наместо, но и уметничка интервенција во исто време, како упад—испад во стварноста.
Јас веќе бев во депресија со месеци, минимум шест месеци претходно пред терапијата а можеби уште од првиот контакт од ,,партнер. конфликт. врска” или пак од моментот на исфрлањето во бездната ко ѓубре. Сметав дека состојбата ќе се среди сама од себе. Ако некој мисли дека состојбата сама ќе се среди, тогаш мисли на антипсихијатрија; доста со таквата уметничка пракса.
Депресијата е како дијабетес, мора да се третира. Но, згрешив во процената па почнав покасно да ја терапирам мојата болест. На шега овие апчиња ги нарекував „апчиња против уметноста на љубов“, но тоа не е воопшто така, тоа ми беше научно објаснето. Депресијата мора да се пресретне со терапија инаку може да го зафати цел мозок како вирус што го зафаќа цело тело. Според психијатрина Славица има голема разлика во моето неприлагодено однесување и во изгледот на моето лице како и во наративот, од тоа што било првиот пат на сесија, до тоа што сум денес; терапијата на Славица има ефект то ест она ме подигна, Јас сум подигнат, но не е ништо завршено со дискурзивната пракса и прецизните дозирања. Моја поддршка за разговор ми се и другарки, другари, фамилија, нови блиски познанства, нова интимност. Кога почнав да пијам терапија, моја најблиска другарка ми кажа сето ова да го документирам затоа што „уелком ту д клаб“.
Праксата ме натера да ја разјаснам мојата позиција во врска со полицијата што доаѓаше десетина пати да ме бара кадешто не постојам, имено, во стварноста. Им ја дадов мојата тазе принтната книга и им кажав дека сум ,,внатре” и во филмското студио на полициската станица како во библиотека, оставив примерок и кажав да ме побараат меѓу листовите и да снимат филм базиран на сценариото, на страна што таму каде што полицијата ме бара, Јас таму не живеам. Инспекторката режисерка беше уметничко дело во движење, дематеријализирана тетовирана скулптура во движење. Ако секој престапник—,,насилник” како мене остава книга во полициска станица—кланица, полициските простори би биле филмски студија со документирани сценарија, широки библиотеки на длабоки утописки идеи во кои културата е единствена уметност како што тврдат постмодернистите.
Морам да се вратам назад во праксата, повеќе од една година, кога ми се случуваше тежок емотивен удар и турбуленција во ,,конфликт. партнерс. врска” поради што бев буквално шутнат во провалијата на депресијата со повеќекратни релапси развлечени низ повеќе од полугодие поради недоразбирање околу тоа каде се случува критиката на стварноста како и недоразбирањето дека мојот текстуален израз е барање на помош и апел за солидарност, а не напад. Неподносливата токсична врска беше со нарцисоидна личност без емпатија. Сексуалната партнерка ме бутна во манифестна депресија наместо да ми подаде рака во мојот набој, мене како на екстремно осетлив човек што ја критикувам стварноста и егзистенцијалната феноменолошка појава — субјектот на мојата уметничка пракса — она како феномен конструирана од капитализмот.
Не знам што би додал дополнително освен дека за менталните болести треба да се зборува бескомпромисно отворено и за таков тип на болести и состојби мора да се комуницира со блиските во средината во која функционираме, но и со пошироката јавност што конзумира уметност.
Бев доволно книжевно расположен да напишам книга за тоа што се случи во ек на депресија — хибридно структуриран драмски текст пишуван како роман со фиксиран наслов, има приказна, со критички пристап и модерација што мора да прикаже и покаже, практично, четивото го формирав во депресија — формализмот во книгата е продукт на промислување и пишување во депресивна состојба.
Би кажал, сепак, дека немав здравствено осигурување седум и пол години, што е форма на ум. пракса без преседан, еднаш побарав остварување на моето загарантирано уставно право во време на претходната власт, но бев одбиен поради проекти како Скопје2014, а кога сфатив дека ќе морам да правам серија на испитувања што ќе коштаат страшна сума на пари во континуиран период од една година, специјалистички прегледи вклучително со терапија но и непредвидливи ствари, побарав остварување на моето право на бесплатно здравствено осигурување со статусот ,,невработен” и иако и оваа власт се колне во десничарските забегани ,,капиталистички вредности”, сепак, на луѓе како мене, со мојот статус на слободен човек во неконструирана независна уметничка сцена ослободен од материјална репродукција, ми беше одобрено здравствено осигурување по сила на закон и тоа денови пред првата сесија на психијатрија. Сметам дека не треба да се одобрува или не, здравствено осигурување, туку мора сите од прва до последен да бидат вклучени во здравствениот систем без оглед на статусот кој го уживаат.
Апчињата ми прават бегање од когнитивна дисонанца и соочување со реалноста, маглата се губи, се повлекува. Не можам со полна сила да вдишам од апчињата. Не чувствувам дека сум целосно одморен и по спиење. Склекови до четириесет правам, во Охрид правев и до шеесет. Вдишувам тешко, како телото по спиење, инаку станувам околу 10 часот и покасно, што ми е чудно, обично саат два сум порано; телото како да се тресе, притресува, трепери, баботи.
Не се затворив во осамена куќа во планина како ,,лудак во санаториум” за да ја изразам низ мојата експресија, праксата, за да го имам доказот за мојата состојба испринтан како книга готова да биде преместена низ просторот без моја контрола.
Чувстувам тресење на цело тело – церебралното стебло то ест нервниот систем ме ремети, без апетит цел ден, смеење на сешто, главоболки по неколку часа од пиењето на апче и морам да пијам и до две апчиња аналгетици за да ја намалам болката во глава, пола ноќи спијам, а пола ноќи не можам да спијам повеќе од неколку часа и сум буден, будења во сред ноќ и преку ден сум под стрес, „горење“ на плуќа и чувство дека не можам целосно да вдишам и да ги наполнам полно градите со воздух, затегање на мускули на лице, значаен дел од денот сум во одмор, немам сила, немам сила да вежбам ниту половина од тоа што го имав пред да пијам апчиња, јадам на сила, имам подочњаци што ми се појавија по пиењето на апчиња и неспиењата, но апчињата во мозокот ми ја тргаат „маглата“ што ми беше замотана како некоја шамија околу мозокот, но со апчињата се случува нешто како когнитивна дисонанца при што од мислите коишто ме окупираа, тоа е маглата, сега можам да се соочам со реалноста, со терапијата маглата се губи. Според тоа, премореност, умор, немам сила и потребно ми е само мирување, одмор, без никаков замор. Телото ми трепери, се буни, го чувствува самоуништувањето со медикаменти, терапијата е доволна казна за мојата заблуда.
Ваков тип на конфликт којшто јас го преживеав од конфликтна партнерска врска само укажува дека нешто е многу гадно во капиталистички пореметената општествена стварност на ниво на колектив, на рамниште на општество — кога кажувам општество мислам на политичко — на плато на психосоцијални релации, штом ваков конфликт се случува во социјалното милје се создава раздор што остава последици по многу страни.
Притисокот ми стана во просек 90 со 60, никогаш не сум имал намален притисок. Агресијата излегува од мене, сега пошто чувствувам премаленост од апчињата, не можам ни да викнам или да подигнам тон, а тоа да е континуирано. А за тоа што немам апетит, тоа ќе го искористам за да ослабам. Останувам сам со своите мисли и со апчињата, да се соочам со депресијата, мислите, грешките, самоповредите. Јадам на сила, но јадам, имам подочњаци, од неспиење и будења што потоа не ми даваат да заспијам. Уморот од апчињата е главен праг. Тресење на телото, не спијам целосно, до еден момент во ноќта и се будам, тресењето е мислам тука, како да сум пиел цел ден кафе без да јадам. Значаен дел од денот сум во одмор, лежам, немам сила. Не можам да вежбам. Заздравувањето е сра. Ги гледам сите пукнатини и срањ. што се излеваат и ме реметат, заебано е што сум на терапија. Но, си ги гледам сите удари, целата мака, издишувањата, директното место, отворот на раната по сексот, ударот и секотот во раната. Згазив мина на атомско поле во зона на радијација.
Јас не постојам во стварноста освен во конструктот на лудак, субјективното одамна не постои, јас сум загрижен за последиците од реалното врз стварноста и можам да се идентификувам со конструкт во реалното како со оваа текстуална трага од насилието врз мене, во концепт заграден и заглавен во манифест, во манифестот обезбоен од субјект; општеството е болно и немој сами да се самоубивате.
Нема враќање назад, но, има книга на снимање.
Според тоа:
- ,,конфликт. партнерс. врска” е дел од анамнезата во психијатрискиот извештај генериран со вмрофската апликација „МојТермин“ со значење дека депресијата е врзана со конфликтната партнерска врска,
- препишана терапија — секој ден: антидепресив + антипсихотик. плус месечна психотерапија кај Славица,
- естетското дело како теориски облик што циркулира низ мрежата од дигитални ризоми го создава контекстот за уметничката пракса, и во таа смисла пандемијата од ментални болести инхерентни на капитализмот мора организирано да се третираат од минкултура, минздравство, минсоцијала, минобразование, да предложат по минимум двајца професори или/и две професорки во мултидисциплинарна група којашто ќе формира процеси за лекување на уметници на сцената и вон сцената, индивидуално и групно, коишто се алкохоличар(к)и, во депресија, со обиди за самоубиство и напади на суицидалност, ментални пореметувања, зависници од субстанци, за низ уметничка пракса и медиуми, размена, резиденции, производство на документарни, уметнички, естетски дела да се третираат овие прашања до извлекување над вода, да се зборува отворено,
- практичен експеримент на микродозирање на психоделици паралелно со антидепресив: псилоцибин; или преврзување на синапси пред конзумирање на антидепресив, со психоделици: елесде, мдма и тн.; или практикување на анестетик ала кетамин,
- kirill nowak minanowitch,
- болдираниот текст да се чита посебно од неболдираниот текст, есеј сопоставен во теорија и во пракса.
Редакцијата на „Гласни идеи“ не нужно се согласува со ставовите изразени во колумната.