Интервју со Андреј Костурски
Роден е во Битола во 1996, каде што и матурира во ОСМУ „Д-р Јован Калаузи“. Дипломира на Медицинскиот факултет, при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје. Моментално поминува приправнички стаж за здравствени работници од Лекарската комора. Во слободното време волонтира во организацијата на „Црвен крст“.
Никола Шиндре: „Идниот доктор Андреј Костурски потекнува од Битола. Моментално е лекар – стажант и се труди да ги научи докторските „цаки“ за да може во иднина добро да се грижи за здравјето на своите пациенти. Своето слободно време го поминува во круг на левичари, теоретичари и активисти. При сретнување, во јавност сака да биде прозиван со „другар“, а не со „докторе“.
Лекарската професија е една од поценетите професии. Тој уважен углед на оваа дејност носи притисок за да се исполнат многу обврски, примарно на работното место, потоа во домот, но и во јавноста. Постојано некој нешто очекува од Вас. Како е да се биде постојано во спрега помеѓу побарувачката на услуги и недостигот на ресурси?“
Андреј Костурски.: „Да, лекарската професија отсекогаш била една од најценетите професии, но болната и тешка транзиција ги обезвредни сите сегменти на општеството меѓу кои најмногу се погодени јавното здравство и здравјето на граѓаните. Преминавме (т.е. сè уште сме во фаза на преминување) во систем чиј фокус е профит и само профит. Во таквиот систем и за оние што го навигираат, работникот е само трошок и затоа се вложува онолку, колку што е потребно за да не настане крах на структурите. За голема несреќа, здравството, односно медицината е наука во која мора редовно да се вложува како умствено, така и финансиски. Има доста примери каде што професионален медицински кадар не е способен да си ги извршува обврските поради тоа што нема медицинска апаратура. Резултат на ова е рушење на сликата за јавното здравство и создавање илузија дека приватното здравство е светлосни години пред јавното. Но, тоа не е точно како што и самите забележавме во истражувањата на некои медиумски куќи, што ни ги потврдија стравовите дека приватните клиники се водени исклучиво со цел да остварат профит. Се создава феномен во кој перципираме дека скапоста на услугата е правопропорционална со квалитетот на услугата и последично имаме директно обезвреднување на јавното здравство“.
Н. Ш. Позади белата лекарска униформа пациентот ретко може да го препознае статусот на лекарот. Имено, некој може да биде стажант како Вас, некој е специјализант, некој невработен, некој професор. Оваа благородна, напорна и долгонаобразувачка професија предизвикува и големи неизвесности. Како младиот лекар се соочува со овие недостатоци на системот?
А. К. И тоа како е долгонаобразувачка. За општ лекар потребна е едукација од минимум шест и пол години, а за специјалист единаесет. Моменталниот склоп на општата свест кај младиот лекар е најчесто водена од кариеризам кој му налага да избере или барем да цели да специјализира. И сега се поставува прашањето: Кој би сакал по 11 години исполнети со неправда и „ego trip“ од надредените да остане и да биде дел од оваа елегија? За овој проблем имаме две опции. Првата е да останеш и да се бориш со системот и втората е да избереш сигурна иднина во странство на запад. Огромна загуба за државата е тоа што голем дел од колегите, меѓу кои и моите најблиски ја одбираат втората опција, но не ги осудувам. Ретко кој свесно би одлучил да биде дел од корумпиран непотистички систем со плата за преживување, а не за живот. Нашите специјализанти се соочуваат со негрижа и непосветеност од нивните ментори, секако дека има исклучоци, но, генерално страдаат од недобивање внимание. Замислете сценарио што патем е реално: Специјализант на хирургија седи до својот ментор кој не му посветува внимание и не го учи на својот занает. Како тој лекар би се стекнал со практично знаење? Ова е една од главните причини поради којашто имаме одлив на млади доктори во странство. Тие што ќе одлучат да останат и да бидат дел од нашиов циркус ќе бидат приморани секојдневно да се борат за опстанок затоа што во услови на периферен капитализам сè уште важат фундаментите на еволуцијата – преживување на најприспособливите, односно најсилните, а најсилни се најбогатите.
Н. Ш. Точно е дека најлесно се забележува намалениот број лекари, но покрај нив, во нашиот здравствен систем недостасуваат и медицински сестри, здравствени соработници, болничари… Од условите за работа и од услугите има многу мал број задоволни. Што е тоа за коешто сите заедно треба да се борат со цел да има квалитетно здравство?
А. К. Најпрво треба да сме свесни дека квалитетот, односно неквалитетот на јавното здравство е само симптом на водењето на системот и затоа се одржува во живот само до теоретскиот минимум. Јас мислам дека наивно е да се бориме за квалитетно здравство ако целта ни е да го решиме само здравството. Решението е кратко и јасно. Потребна е солидарност и заедничка борба за комплетна промена на системот.
Н. Ш. Заради сите овие проблеми секој треба да се грижи за своето здравје. Грижата за личното и колективното здравје треба да се развива во текот на животот. Какви услови се потребни за да може еден човек подобро да се грижи за своето здравје?
А. К. Кардинални елементи во грижата за здравјето се здравственото образование и достапноста на здравствениот систем. За да може популацијата да се грижи за своето здравје потребен ѝ е лесен пристап до здравствените услуги. Иако можеби тоа е така де јуре, свесни сме дека де факто е далеку од реалноста. Сведоци сме дека за еден преглед на магнетна резонанца пациентите чекаат и по 6 месеци, а постојат состојби во кои тие 6 месеци би значеле иреверзибилно оштетување на ткивото со значително намалување на квалитетот на живот, па дури и смрт. Од друга страна, ние сме нација што ужива во консумација на алкохол, цигари и седативи. Тоа се супстанци со кои имаме многу нездрава врска и често се употребуваат прекумерно, а не се воопшто наивни. Баш напротив, тоа се супстанци кои предизвикуваат високо ниво на завист. Taка, мислам дека сме општество кое има ниска здравствена култура. Тоа би го подобриле со едукација на населението уште од најмала возраст и секако овозможување пристап до квалитетно јавно здравство.
Н. Ш. Но, што е здравјето, ако не е болеста? Многумина во текот на животот ќе развијат одредени здравствени состојби (алергии, дијабетес), некои ќе се заразат со вируси (ХИВ, хепатит). Според Вас, како треба да се размислува за овие состојби (дијагнози) за да се живее сосема функционално?
А. К. Споменатите состојби се хронични. Тоа значи дека ќе го придружуваат пациентот од поставување на дијагнозата до крајот на неговиот живот. Денес имаме ефикасен третман со кој пациентот може да функционира без да му биде значително нарушен квалитетот на живот. За жал, како што веќе споменав, имаме ниска здравствена култура и неретко се случува болеста да излезе надвор од контрола иако на пациентот му се достапни механизми за справување и контролирање на состојбата. Тоа може да се случи и како резултат на игнорантност или неприфаќање на здравствената состојба. Клучна е едукацијата на пациентот за неговата состојба која често е изоставена од страна на едукаторот (докторот).
Н. Ш. Денес, постојаната употреба и консумација на фармацевтски додатоци (витамини, минерали, додатоци во исхрана) е искачена на повисоко ниво во споредба со блиското минато. Каков однос треба да се гради за овој начин на надоместување за изгубениот чист воздух, изгубеното време што треба да се поминe на сонце, како и неможноста да се купи свежо овошје и зеленчук?
А. К. Голем дел студии укажуваат дека општата популација најчесто ги внесува потребните микро и макроелементи преку секојдневната исхрана. Истите студии посочуваат дека фармацевтските суплементи во исхраната (витамини, минерали) имаат многу мали или немаат никакви придобивки за човековото здравје. Мислам дека промовирањето на комерцијалните додатоци во исхрана е исклучиво реторика за профит. Често слушаме дека сме го достигнале аспектот на квалитетот на живот (иако тоа можеби важи само за Западот), точно е дека во последниве години квалитетот на живот се зголеми и во остатокот од светот, но тоа е така коинцидентално како резултат на напредокот на Западот. Настаните во 21 век се парадоксални, од една страна имаме голем напредок во медицината и резултантен напредок во квалитетот на живот, а од друга страна сведоци сме на уништување на природните ресури и човековата средина со последователен пад на квалитетот на живот. Затоа, покрај подобрување на животните навики и диетата, се разбира, доколку сме во можност, затоа што ништо не е бесплатно, вина треба да бараме во оние кои дозволуваат руинирање на здравата животна средина.
Н. Ш. Пандемиите, новите инфекции и неизлечливите болести се прикажуваат како реткост, како нешто сосема ново, но историјата докажува дека отсекогаш се присутни во цивилизацијата. Како треба да се однесува човекот и како треба да се уредува системот за да се намалат штетите од овие феномени?
А. К. Денес, кога ќе се спомене терминот неизлечливи болести најчесто се сугерира на малигните болести во кои голем удел имаат два фактори, генетските предиспозиции и квалитетот на живот. За првиот фактор немаме алатки со кои значително би го намалиле ризикот. Спротивно на тоа, врз вториот фактор може значително да влијаеме со подобрување на квалитетот на живот преку подобрување на животните навики. Но, за тоа не е доволен само индивидуалниот ангажман. Потребна е и интервенција од властите за околинските фактори кои влијаат на квалитетот на живот (чист воздух, достапност до чиста вода, здрава храна…). Во однос на пандемија, потребен е плански пристап како оној на Југославија во 1972 при епидемијата на големи сипаници. Тоа е состојба која не се решава кога веќе ќе започне, туку треба предвремено да се воспостави систем на справување со вакви ситуации. Денешното општество не се води по некаков план, водено е чисто од профит како што и веќе напоменав, а трошење на „скапоцено време и ресурси“ при создавање план за хипотетичко сценарио коешто може, а и не мора да се случи, нема смисла, нели?
Лектура: Е. М.
Intervistë me Andrej Kosturski
U lind në Manastir në vitin 1996, ku edhe maturoi në SHMKM “Dr. Jovan Kallauzi”. Ka diplomuar në Fakultetin e Mjekësisë, në Universitetin “Shën Kirili dhe Metodi” në Shkup. Ai aktualisht është duke kaluar një stazh praktikanti për punëtorë të shëndetësisë nga Oda e Mjekëve. Në kohën e lirë punon vullnetar pranë organizatës “Kryqi i Kuq”.
Nikolla Shindre: “Mjeku i ardhshëm Andrej Kosturski vjen nga Manastiri. Aktualisht është mjek – praktikant dhe po mundohet të mësojë truket e mjekëve, që në të ardhmen të kujdeset mirë për shëndetin e pacientëve të tij. Kohën e lirë e kalon në një rreth majtistësh, teoricienësh dhe aktivistësh. Kur takohet në publik, i pëlqen të quhet “shok” dhe jo “mjek”.
Profesioni i mjekësisë është një nga profesionet më të vlerësuara. Reputacioni i respektuar i këtij profesioni sjell presion për të përmbushur shumë detyrime, në radhë të parë në vendin e punës, pastaj në shtëpi, por edhe në publik. Dikush gjithmonë pret diçka nga ju. Si është të jesh vazhdimisht në një lidhje midis kërkesës për shërbime dhe mungesës së burimeve?”
Andrej Kosturski.: “Po, profesioni i mjekësisë ka qenë gjithmonë një nga profesionet më të vlerësuara, por tranzicioni i dhimbshëm dhe i vështirë ka zhvlerësuar të gjitha segmentet e shoqërisë, ndër të cilat shëndetësia publike dhe shëndeti i qytetarëve janë më të prekurit. Ne kemi kaluar (d.m.th. jemi ende në tranzicion) në një sistem, fokusi i të cilit është vetëm profiti dhe profiti. Në një sistem të tillë, e dhe për ata që e drejtojnë, punëtori është vetëm një shpenzim, dhe prandaj investohet vetëm aq sa duhet, për të shmangur shembjen e strukturave. Fatkeqësisht, shëndetësia, pra mjekësia, është një shkencë, në të cilën duhet të investoni rregullisht si mendërisht ashtu edhe financiarisht. Ka shumë shembuj, ku personeli mjekësor profesional, nuk është në gjendje të i kryejë detyrat e tij, për shkak të mungesës së pajisjeve mjekësore. Rezultati i kësaj është prishja e imazhit të shëndetësisë publike dhe krijimi i iluzionit se shëndetësia private, është vite të dritës përpara shëndetësisë publike. Por kjo nuk është e vërtetë, siç e kemi vërejtur në hulumtimet e disa mediave, të cilat vërtetuan frikën tonë se klinikat private udhëhiqen vetëm për qëllime të profitit. Krijohet një fenomen në të cilin ne perceptojmë se kostoja e shërbimit është në përpjesëtim të drejtë me cilësinë e shërbimit, dhe si rrjedhojë kemi një zhvlerësim të drejtpërdrejtë të shëndetësisë publike”.
N. Sh. Pas uniformës së bardhë të mjekut, pacienti rrallë mund të njohë statusin e mjekut. Domethënë, dikush mund të jetë praktikant si ju, dikush është specializant, dikush i papunë, dikush profesor. Ky profesion fisnik, i vështirë dhe me mësim të gjatë shkakton edhe paqartësi të mëdha. Si mjeku i ri i përballon këto të meta të sistemit?
A. K. Edhe sa i gjatë është arsimimi . Për një mjek të përgjithshëm kërkohet të paktën gjashtë vjet e gjysmë arsim, ndërsa për specialist njëmbëdhjetë. Kompleti aktual i vetëdijes të përgjithshme tek mjeku i ri drejtohet kryesisht nga karrierizmi, i cili kërkon që ai të zgjedhë, ose të paktën të synojë të specializohet. Dhe tani lind pyetja: Kush do të donte të qëndronte dhe të ishte pjesë e kësaj elegjie pas 11 vitesh të mbushura me padrejtësi dhe “ego trip” nga eprorët? Për këtë problem kemi dy mundësi. E para është të qëndrojmë dhe të luftojmë sistemin, ndërsa e dyta është të zgjedhim një të ardhme të sigurt jashtë vendit në perëndim. Është një humbje e madhe për shtetin, që një numër i madh kolegësh, duke përfshirë edhe të afërmit e mi, zgjedhin opsionin e dytë, por unë, nuk i gjykoj. Rrallë kush me vetëdije do të zgjidhte të jetë pjesë e një sistemi nepotik të korruptuar me një rrogë për mbijetesë, jo me rrogë për jetë. Specializantët tanë përballen me neglizhencë dhe mungesë përkushtimi nga mentorët e tyre, sigurisht që ka përjashtime, por, në përgjithësi, ata vuajnë nga mungesa e vëmendjes. Imagjinoni një skenar që, meqë ra fjala, është real: Një specializant kirurgjik, ulet pranë mentorit të tij, që nuk i kushton vëmendje, dhe nuk i mëson zanatin e tij. Si do të fitonte ai doktor njohuri praktike? Kjo është një nga arsyet kryesore, se pse, kemi një dalje të mjekëve të rinj jashtë vendit. Ata që vendosin të qëndrojnë dhe të jenë pjesë e cirkut tonë, do të detyrohen të luftojnë për mbijetesë çdo ditë, sepse në kushtet e kapitalizmit periferik, ende vlejnë fundamentet e evolucionit – mbijetesa e më të përshtatshmëve, d.m.th më të fortët, ndërsa më të fortët janë më të pasurit.
N. Sh. Është e vërtetë se numri i zvogëluar i mjekëve, është më i lehtë për t’u vënë re, por përveç tyre në sistemin tonë shëndetësor, mungojnë edhe infermieret, bashkëpunëtorët shëndetësorë, paramedikët… Janë të paktë ata që janë të kënaqur me kushtet e punës dhe shërbimet. . Çka është ajo për të cilën duhet të luftojnë të gjithë, me qëllim për të pasur një shëndetësi cilësore?
A. K. Para së gjithash, duhet të jemi të vetëdijshëm se cilësia, pra cilësia e dobët e shëndetësisë publike, është vetëm një simptomë e menaxhimit të sistemit, dhe për këtë arsye mbahet në jetë vetëm deri në minimumin teorik. Mendoj se është naive të luftojmë për shëndetësi cilësore, nëse synimi ynë është të zgjidhim vetëm shëndetësinë. Shkurt e qartë, zgjidhja është: Nevojitet solidaritet dhe luftë e përbashkët, për ndryshim të plotë të sistemit.
N. Sh. Për shkak të të gjitha këtyre problemeve, të gjithë duhet të kujdesen për shëndetin e tyre. Kujdesi për shëndetin personal dhe kolektiv duhet të zhvillohet gjatë gjithë jetës. Cilat kushte nevojiten, që një person të kujdeset më mirë për shëndetin e tij?
A. K. Elementet kardinalë në kujdesin për shëndetin janë arsimimi mjekësor dhe disponueshmëria e sistemit shëndetësor. Në mënyrë që popullata të kujdeset për shëndetin e tyre, ata kanë nevojë për qasje të lehtë në shërbimet e shëndetësisë. Edhe pse kjo mund të jetë kaq de jure, ne jemi të vetëdijshëm se de facto është larg realitetit. Jemi dëshmitarë se pacientët presin edhe 6 muaj për një ekzaminim magnetik MRI, dhe ka situata në të cilat ata 6 muaj do të nënkuptonin dëmtime të pakthyeshme të indeve, dhe me ulje të ndjeshme të cilësisë së jetës, madje edhe vdekje. Nga ana tjetër, ne jemi një popull që kënaqemi me konsumin e alkoolit, cigareve dhe qetësuesve. Këto janë substanca me të cilat ne kemi një marrëdhënie shumë të pashëndetshme, dhe shpesh përdoren në mënyrë të tepruar, dhe aspak nuk janë naive. Përkundrazi, këto janë substanca që shkaktojnë një nivel të lartë varësie. Pra, mendoj se jemi një shoqëri që kemi një kulturë të ulët shëndetësore. Kjo do të përmirësohej duke edukuar popullatën që në moshë të re, dhe sigurisht duke ofruar akses në shëndetësinë publike cilësore.
N. Sh. Por çfarë është shëndeti, nëse nuk është sëmundja? Shumë njerëz gjatë jetës së tyre do të zhvillojnë disa gjendje të caktuara shëndetësore (alergji, diabet), disa do të infektohen me viruse (HIV, hepatit). Sipas jush, si duhet të mendohet për këto gjendje (diagnoza) për të jetuar një jetë plotësisht funksionale?
A. K. Gjendjet e përmendura janë kronike. Kjo do të thotë se ato do të e shoqërojnë pacientin nga diagnostikimi e deri në fund të jetës së tij. Sot kemi një trajtim efektiv, me të cilin pacienti mund të funksionojë, pa dëmtuar ndjeshëm cilësinë e jetës të tij. Fatkeqësisht, siç e përmenda tashmë, ne kemi një kulturë të ulët shëndetësore, dhe shpesh ndodh, që sëmundja të dalë jashtë kontrollit edhe pse pacienti ka në dispozicion mekanizmat për të përballuar dhe kontrolluar gjendjen. Ajo mund të ndodhë edhe si pasojë e injorimit apo mospranimit të gjendjes shëndetësore. Është thelbësore të edukohet pacienti për gjendjen e tij, e cila shpesh herë është e braktisur nga edukatori (mjeku).
N. Sh. Sot, përdorimi dhe konsumi i vazhdueshëm i suplementeve farmaceutike (vitamina, minerale, suplemente ushqimore) është rritur në një nivel më të lartë në krahasim me të shkuarën e afërt. Çfarë raporti duhet ndërtuar për këtë mënyrë të kompensimit të ajrit të pastër të humbur, të kohës së humbur që duhet të kalohet në diell, si dhe pamundësisë për të blerë fruta dhe perime të freskëta?
A. K. Një numër i madh studimesh tregojnë se popullata e përgjithshme zakonisht gëlltit mikro dhe makro elementët e nevojshëm përmes ushqimit ditor. Të njëjtat studime tregojnë se suplementet ushqimore farmaceutike (vitamina, minerale) kanë pak ose aspak përfitim për shëndetin e njeriut. Mendoj se promovimi i suplementeve ushqimore komerciale është thjesht retorikë për profit. Shpesh dëgjojmë se kemi arritur aspektin e cilësisë së jetës (edhe pse kjo mund të vlejë vetëm për Perëndimin), është e vërtetë që vitet e fundit, cilësia e jetës është rritur edhe në pjesën tjetër të botës, por kjo është aq koincidente si rezultat i përparimit të Perëndimit. Ngjarjet në shekullin e 21-i janë paradoksale, nga njëra anë kemi përparim të madh në mjekësi dhe përparim në cilësinë e jetës, dhe nga ana tjetër jemi dëshmitarë të shkatërrimit të burimeve natyrore dhe mjedisit njerëzor, me një rënie të mëvonshme të cilësisë së jetës. Ndaj, përveç përmirësimit të shprehive të jetës dhe dietës, sigurisht, nëse kemi mundësi, sepse asgjë nuk është falas, fajin duhet të e kërkojmë tek ata që lejojnë shkatërrimin e mjedisit të shëndetshëm jetësor.
N. Sh. Pandemitë, infeksionet e reja dhe sëmundjet e pashërueshme paraqiten si të rralla, si diçka krejtësisht e re, por historia dëshmon se ato kanë qenë gjithmonë të pranishme në qytetërim. Si duhet të sillet njeriu, dhe si duhet të rregullohet sistemi për të zvogëluar dëmet nga këto fenomene?
A. K. Sot, kur përmendet termi sëmundje të pashërueshme, zakonisht lidhet me sëmundjet malinje në të cilat dy faktorë luajnë një rol të madh, predispozitat gjenetike dhe cilësia e jetës. Për faktorin e parë, nuk kemi mjete me të cilat ndjeshëm do ta ulim rrezikun. Përkundrazi, në faktorin e dytë mund të ndikojmë ndjeshëm, duke përmirësuar cilësinë e jetës, duke përmirësuar shprehitë e jetës. Por për këtë nuk mjafton vetëm angazhimi individual. Ndërhyrja e autoriteteve nevojitet edhe për faktorët mjedisorë, që ndikojnë në cilësinë e jetës (ajri i pastër, aksesi në ujë të pastër, ushqimi i shëndetshëm…). Në kushte të një pandemie, nevojitet një qasje e planifikuar si ajo e Jugosllavisë, në vitin 1972, gjatë epidemisë së lisë. Është një situatë që nuk mund të zgjidhet, kur veç më ka filluar, por paraprakisht duhet krijuar një sistem për trajtimin e situatave të tilla. Shoqëria e sotme nuk drejtohet nga asnjë plan, ajo drejtohet thjesht nga profiti siç e përmenda tashmë, dhe shpenzimi i “kohës dhe burimeve të çmuara” për të krijuar një plan për një skenar hipotetik që mund, ose nuk mund të ndodhë, nuk ka kuptim, apo jo?
Lekturoi: E. M.
Përktheu: E. M.