домаСтав„Работодавачите“

„Работодавачите“

Во домашните медиуми деновиве се забележа еден термин: „работодавачите“ – низ скоро сите портали кои известуваа за блокадата на крстосницата пред Стопанската Комора од страна на Сојузот на Синдикатите на Македонија. „Работниците ќе ги блокираат работодавачите“ – кажаа и опозиционите и владините „папагали“. На пример, Слободен печат, упорно, иако синдикалците кажуваат „газдите“ во нивните говори, во веста на порталот секаде капиталистите се нарекувани „работодавачи“. Проблемот е во тоа што терминот „работодавачите” наместо „стопанска комора“ е погрешен и граматички и логички и фактички, дополнително – звучи како несмасна намера да се обојат олигарсите со некоја благородна боја, демек тие „даваат работа“ од некоја велокодушност и хуманост.  

Прво, „работодавачи” звучи како слободен превод од пропагандните материјали на англиски јазик каде капиталистите ги нарекуваат “job creators”. Ова е неолиберален пропаганден термин кој се користи исклучиво против секакво оданочување на олигарсите или регулирање на пазарот. Терминот „работодавачи“ е и граматички нелогичен затоа што: „работникот ја заврши работата”. „Кој ја заврши работата? -Работникот.“ „Работата” е нешто што работникот прави – работи. Или „дава”. Од самиот збор „работа“  доаѓа и „роб“ и „робот“.

Второ, компаниите и институциите, не „даваат” ништо. Тие имаат потреба од труд, од работици, за да остварат приходи, и затоа вработуваат луѓе во размена за плата. Тие „нудат” договор и услови за вработување.  Значи ако логично се размисли работниците се тие што ја даваат „работата” преку нивниот труд, во размена за плата.  Да се потсетиме на Законот за култура каде работниците се наречени „даватели на услуги“ во областа на културата. Кога тој социјален договор не се почитува, фер е да се каже дека компаниите и институциите се „плата-не-девачи”. Но таков наслов не се забележа никаде. 

Ова често се забележува по македонските медиуми и портали кои просто намерно или непромислено стануваат само буржујски гласила за економско-пропаганда програма. Тоа се забележува и по содржините. Се претставуваат гламурозни спектакли и натпревари на првите страни, но никаде вест за штрајковите, за геноцидот, за екоцидот што истите тие луѓе од гламурозните настани ги прават секаде низ светот. Кога македонскиот работник едвај преживува од предаторскиот колонизаторски капитализам кој го спроведува владејачката класа и власт, нашите медиуми само ги лижат чизмите на оние што ни газат на врат.

Автор: -ДБВ. 

RELATED ARTICLES