На денешен ден пред 93 години е роден интернационалниот револуционер Ернесто Че Гевара.
Че беше лекар кој со својот мотоцикл одлучил да ја прошета Латинска Америка. Како што напредувал се повеќе забележувал дека секаде постои угнетување и експлоатација. Забележувајќи го тоа се повеќе се приближувал кон учењето на марксизмот.
Че сите го запаметија после Кубанската револуција, но тој не застана таму. Че стана идол на светското социјалистичко движење. Посмртните останки на Че се пронајдени после 30 години од неговата смрт во едно мало гратче. Додека чекале до ги однесат во Куба, на еден ѕид се појавил натписот „Че, живееш колку што не не сакаат“. Да, Че е бессмртен, живее 54 години и ќе продолжи да живее се додека има генерации кои веруваат во борбата за подобро општество, во социјализам.
Тој беше интернационален револуционер.
Че учествувал во Кубанската револуција, тој бил единствениот водач кој не е кубанец. Че е човек, борец кој се откажал од сите државни функции и отишол во други држави за да ја прошири револуцијата. Тоа ни говори за неовиот интернационализам. Прво оди во Конго. Многумина го нарекуваат ентузијаст, фантазер, но тоа не е точно, бидејќи Че се однесувал токму како интернационален борец. Тој не е интернационалист само по теорија, туку се трудел тоа да го примени и во пракса, затоа и одлучил да оди во Африка, во најугнетуваниот континент. Не може да се кажува дека заминувањето на Че во тие земји е погрешно, бидејќи не ја знаеме точната причина за тоа. Има еден интересен факт кој треба да се разгледа. Имено, Конго е во срцето на Африка, додека пак Боливија во срцето на Латинска Америка, тоа ни укажува на следното, ако Че успееше во неговата намера, револуцијата ќе се проширеше многу брзо и на остатокот од овие два континента и немаше да постои сила што ќе ја запреше.
Че додека бил министер за економија не работел само од неговата канцеларија, туку одел во фабриките и работел заедно со останатите работници. Се трудел тоа да биде и пракса за останатите државни функционери. Тоа што Че се откажал од сите бенефиции како државен функционер и што заминал во друг континент за да ја прошири борбата – револуцијата, говори за неговата високо развиена класна свест и љубов кон револуцијата.
Че бил Ленинист. Тој сметал дека треба да се формира работничка партија, сметал дека неминовно треба да се работи на подигање на свеста и откако ќе се постигне тоа, сметал дека работничка класа ќе биде спремна за вооружен напад. Че никогаш категорично не се откажувал од ниту еден метод во борбата. Сметал дека материјалните околности се оние кои одлучуваат за начинот на борбата, но сепак дека не смее да се излегува вон целта на борбата, а борбата е – подобар свет, додека пак подобар свет е можен само во социјализам. Че сметал дека герилската борба е онаа „вистинската“, но тоа за жал беше и најголемата негова грешка. Не успевајќи во Конго, Че оди во Боливија, каде што и го убиваат. Не само животот на Че, туку и неговата смрт стана порака за младите генерации.
Оваа година ќе се навршат 54 години од смртта на Ернесто Че Гевара, поточно од неговото убиство од страна на агентите на ЦИА и тоа без никакво судење и без никаква пресуда. Пред стрелањето го прашале дали има што да каже, а Че на тоа одговорил „Револуцијата е бесмртна“. Знамето под кое се бореше Че, веќе 54 години го веат новите генерации.
Некои критичари милуваат да го критикуваат Че, нарекувајќи го фантазер и неговите дела ги споредуваат со детски ентузијазам. Револуционерната љубов, алтруизмот и посветеноста на борбата против угетувачите се одрази и сеуште се одразува во борбата на младите генерации.
Че, борбата во Куба ја гледаше како своја борба, како борба против угнетувачте, иако тој беше Аргентинец. Додека пак денес милиони црвени души, борбите низ целиот свет, каде што постојат угнетувачи и угнетувани ги чувствуваат како свои.
Идеите и животот на Че станаа модел за младите револуционери низ целиот свет. Пораката на Че, која што има тежина на тестамент е „или социјалистчка револуција или пак карикатура од револуција“.
Че има многу изреки но ако треба да се оддели една, тоа е следната: „вистинскиот револуционер се води од чувство на љубов“. Че рекол љубов, затоа што љубовта е најсилното чувство кое не тера да се бориме за подобро општество, за подобар свет. Затоа љубете ја борбата и борете се за подобар свет – за социјализам.
Авторка: Џејлан Велиу