
Во неделата што измина, во фокусот на внимание на светската јавност беше нападот на САД врз Иран и НАТО самитот кој се одржа во Хаг, Холандија. Но она што помина незабележано под радарот на медиумите беа анти-воените и анти-нато протести кои се одржаа ширум светот. На светската мапа градови во кои се протестираше и маршираше против воените интервенции на двоецот САД-Израел – го ставивме и Скопје.
Имено, веднаш по нападот врз Иран, на 22-23 Јуни прогресивните сили во Токио, Сиднеј, Калкута, Истанбул, Атина, Белград, Вашингтон, Њујорк, Лос Анѓелес, Париз бараа запирање на војната со Иран веднаш, додека на 24 Јуни протестни маршеви се одржаа во Хаг, Љубљана и Скопје против зголемувањето на буџетите за војна на 5% што САД им го наметна на своите т.н сојузнички.
Освен тоа што овие протестите се одвиваа во временски интервал од една недела и имаа иста цел, забележително беше и тоа што се извикуваа и исти пароли, како: ДОЛУ НАТО! ДОЛУ ИМПЕРИЈАЛИЗМОТ!, СМРТ НА ФАШИЗМОТ – СЛОБОДА НА НАРОДОТ!, НАРОДОТ ОБЕДИНЕТ – НЕМА ДА Е ПОБЕДЕН!














Социјалниот центар Дуња, Социјалистичка зора и Сите за Палестина беа организатори на протестниот марш од Владата до Амбасадата на САД во Скопје. Присутните уште еднаш гласно и јасно го изразија својот револт против империјалистичкото едноумие кое САД им го наметнува на потчинетите земји наречени „нато сојузнички“. Тие истакнаа дека, без оглед на последиците, ќе бидат истрајни во барањето на тивкото мнозинство за излез на Македонија од НАТО. Протестот заврши со говори пред вистинската влада на Македонија – Амбасадата на САД – подрачно одделение на империјата.












Во продолжение може да го преследите Анти-НАТО протестниот марш во Скопје, од 24 јуни 2025 година.
Јуни 2025 дефинитивно беше месец на интернационалната борба изразена преку протести и антивоени маршеви на антимилитаристите и социјалистите. Во таа насока, потсетуваме и на заедничката герила акција на С.Ц. Дуња, Социјалистичка зора и Сите за Палестина против изложбата на оклопни возила и друга воена опрема која се одржа во Кавдарци на 1 Јуни. Антимилитаристичката анти-нато акција беше успешна, односно настанот очигледно беше предвреме завршен благодарение на гласноста и упорноста на протестирачите.








Во продолжение може да ja преследите Анти-НАТО герила акцијата која се изведе во Кавадараци на 1 јуни 2025.

