Тетово, како град последен ослободен за време на Народно ослободителната војна, односно на 19 ноември 1944 година, во себе содржи значајна историја. Во сеќавањето остануваат многу херои кои ги дале своите животи за ослободување на Македонија од фашистичкиот окупатор.
Денес во Тетово се наоѓаат два важни музеи кои пренесуваат дел од Народно ослободителната борба (НОБ) во Тетово и тетовскиот крај. Тоа се Меморијалниот музеј на Тетово и Тетовско посветен на народниот херој Ѓоце Стојчевски и другите борци во НОБ и Куќата на Јовановци во која е одржана првата седница на Централниот комитет на Комунистичката партија на Македонија. Куќата денес е трансформирана во Меморијален музеј на Централниот комитет на КПМ.
Во куќата на семејството Јовановци во Тетово на 19 март 1943 година е одржана Првата седница на Централниот комитет на Комунистичката партија на Македонија, формирана врз основа на одлуката на ЦК на КПЈ за основање на КПМ. Куќата и ден денес го има задржано својот некогашен изглед, а во неа се наоѓаат фотографии и други поставки од основањето на КПМ.
Меморијалниот музеј на Тетово и Тетовско посветен на народниот херој Ѓоце Стојчевски е всушност и неговата родна куќа, во која на 10 април 1941 година е одржано советување на комунистите од Тетово и се донесени решенија и заклучоци за мобилизација на сите сили за отпор против окупаторот. Решенијата донесени на овој состанок, борците од овој крај ги остваруваа во текот на целата народна револуција. Музејот е поделен на неколку простории, првата просторија е посветена на делото и животот на револуционерот Ѓоце Стојчевски, а другите простории се посветени на борбата против окупаторот во периодот од 1941 до 1945 година.
Кој бил Ѓоце Илиев Стојчевски – Амбарче?
Ѓоце Стојчевски е роден на 24.11.1919 г. во Тетово, во повеќечлено занаетчиско семејство. По завршување на основното училиште, иако бил одличен ученик, поради лошата материјална состојба не го продолжил образованието и останал да му помага на татко му, во волновлечарницата, во меѓувреме посетувајќи го занаетчиското училиште. Чувствувајќи ја националната обесправеност и суровиот експлоататорски режим на големосрпската буржоазија врз себе и врз својот народ, Ѓоце се вклучил во напредното работничко и револуционерно движење.
Неговата револуционерна активност особено се засилила во годините пред војната. Тој се вклучил во организирањето и работата на младинската читална во 1939 година која била претворена во седиште на напредното младинско движење. Внесувајќи се со целото свое битие во револуционерната борба, Ѓоце избил во првите борбени редови.
Во јуни 1940 година станал член на Комунистичката партија на Југославија, а набргу потоа бил избран за член на месното партиско раководство. На почетокот на 1941 ја презел должноста секретар на Месниот комитет на КПЈ за Тетово. На таа должност го затекнала априлската војна од 1941 година. По фашистичката окупација на Македонија, Тетовското подрачје потпаднало под бугарска, италијанска окупација и албанска квислиншка власт.
На 10 април 1941 година во куќата на Ѓоце Стојчевски се одржало партиско советување на кое е разгледана новонастанатата ситуација по окупацијата, а пред комунистите биле поставени нови посложени задачи и методи за борба против окупаторот. Спроведувајќи ги во живот решенијата донесени на партиското советување Ѓоце заедно со своите соборци неуморно се ангажирал за консолидирање на партиското членство и мобилизирање на широките народни слоеви во борбата против окупаторот и домашните предавници.
Спроти 2 август 1941 година Ѓоце Стојчевски заминува за Скопје со цел да се поврзе со покраинскиот комитет на КПЈ за Македонија. При илегалниот премин на тогашната италијанско-бугарска граница кај с. Групчин бил откриен од италијанските погранични власти со илегални материјали и бил спроведен во тетовскиот полициски затвор. Иако врз него е применета свирепа тортура, полициските органи не успеале да дознаат ништо за неговата револуционерна дејност. Немајќи доволно докази за покренување на обвинение, Ѓоце набргу бил ослободен. По излегувањето од затвор, иако видно е следен од окупаторската власт, Ѓоце со уште поголем ентузијазам се вклучил во подготовките за организирање вооружена борба.
Со формирањето на Тетовскиот партизански одред во пролетта 1943 година, Ѓоце Стојчевски се нашол во неговите редови во својство на командант. Уште во првите денови на дејствувањето на партизанскиот одред е откриен. По повеќедневно деноноќно измачување во тетовскиот затвор Ѓоце со групата заробени борци е префрлен во Тиранскиот затвор, изведен пред италијанскиот воен суд и осуден на 15 години затвор.
По капитулација на Фашистичка Италија (08.IX.1943), кога се ослободени политичките затвореници во Тиранскиот затвор, Ѓоце со своите соборци се вратил во Тетово неуморно ангажирајќи се за формирање на нов партизански одред. Тоа е време кога балистите со помош на нацистите ја презеле целата власт во свои раце и кога презела широка акција да го оневозможи револуционерното движење на комунистите и на другите припадници на народноослободителната војна. Неможејќи да остане во својот роден град, по одобрување на месниот комитет, Ѓоце се префрлил во Скопје. Набргу и во Скопје е уапсен од бугарските власти. Поради немање на докази за неговата револуционерна дејност повторно Ѓоце бил ослободен.
Неможејќи да ја продолжи својата револуционерна дејност во Скопје, Ѓоце се префрлил на кумановскиот терен и станал комесар на кумановскиот партизански одред. Во август 1944 година, Ѓоце со една партизанска чета тетовчани од Козјак заминува во Караорман, каде им се приклучуваат нови борци и по решението на главниот штаб на НОВ, кон крајот на септември се префрлаат во Тетовско, за да послужат како јадро за формирање на регуларна воена единица на ова подрачје. Минувајќи со партизанскиот одред низ полошката котлина, Ѓоце го испрати до родителите своето последно писмо.
На 19 септември 1944 година, со предавство, одредот бил откриен од балистите кај с. Беличица. По неколкучасовна борба меѓу повеќемината загинати борци бил и заменик политички комесар на одредот, Ѓоце Стојчевски, не дочекувајќи да учествува на победничкиот марш за слободата за кој толку страсно и храбро се борел.
Извори:
- Меморијален Музеј на ЦК на КПМ во Тетово
- Музејот на Тетово и Тетовскиот крај
Јасмина Џафери
Јасмина Џафери е родена во 1990 година во Гостивар. Основното и средното образование ги завршува во Гостивар, а студира Албански јазик и литература при Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово. Денес работи како независен преведувач и професор по албански јазик.
Tetova, si qyteti i fundit i çliruar gjatë Luftës Nacionalçlirimtare, pra më 19 nëntor 1944, përmban një histori të rëndësishme. Në kujtesë mbeten shumë heronj që dhanë jetën për çlirimin e Maqedonisë nga pushtuesi fashist.
Sot në Tetovë ekzistojnë dy muze të rëndësishëm që përcjellin një pjesë të Luftës Nacionalçlirimtare (LNÇ-së) në Tetovë dhe në rajonin e Tetovës. Bëhet fjalë për Muzeun memorial të Tetovës dhe rrethit të Tetovës kushtuar heroit kombëtar Gjoce Stojçevskit dhe luftëtarëve të tjerë në LNÇ-e dhe shtëpinë e Jovanovcive ku u mbajt seanca e parë e Komitetit Qendror të Partisë Komuniste të Maqedonisë. Shtëpia sot është shndërruar në Muzeun Memorial të KQ të PKM-së.
Në shtëpinë e familjes Jovanovci në Tetovë, më 19 mars 1943 u mbajt Seanca e Parë e KQ të Partisë Komuniste të Maqedonisë, e formuar në bazë të vendimit të KQ të Partisë Komuniste të Jugosllavisë për themelimin e Partinë Komuniste të Maqedonisë. Edhe sot e kësaj dite, shtëpia ka ruajtur pamjen e saj të mëparshme dhe në të ka fotografi dhe ekspozita të tjera nga themelimi i PKM-së.
Muzeu memorial i Tetovës dhe rrethit të Tetovës kushtuar heroit kombëtar Gjoce Stojçevski në fakt është shtëpia e lindjes të tij, në të cilin më 10 prill 1941 u mbajt konsultimi i komunistëve nga Tetova dhe u morën vendime dhe konkluzione për mobilizimin e të gjitha forcave për rezistencë kundër pushtuesit. Vendimet e marra në këtë mbledhje, luftëtarët e kësaj treve i realizonin gjatë gjithë revolucionit popullor. Muzeu është i ndarë në disa dhoma, dhoma e parë i kushtohet veprës dhe jetës së revolucionarit Gjoce Stojçevski, ndërsa dhomat e tjera i kushtohen luftës kundër okupatorit në periudhën nga viti 1941 deri në vitin 1945.
Kush ishte Gjoce Iliev Stojçevski – Ambarçe?
Gjoce Stojçevski ka lindur më 24 nëntor 1919. në Tetovë, në një familje artizanale shumë anëtarëshe. Pasi mbaroi shkollën fillore, ndonëse ishte nxënës i shkëlqyer, për shkak të gjendjes së keqe financiare nuk vazhdoi shkollimin, dhe qëndroi për të ndihmuar të atin në mullirin e leshit, ndërsa në ndërkohë ndoqi shkollën artizanale. Duke ndjerë heqjen e të drejtës kombëtare dhe regjimin mizor shfrytëzues të borgjezisë së madhe serbe mbi veten dhe popullin e tij, Gjoce iu bashkua lëvizjes së përparuar të punës dhe revolucionare.
Veprimtaria e tij revolucionare u intensifikua veçanërisht në vitet e para luftës. Ai u përfshi në organizimin dhe punën e sallës rinore të leximit në vitin 1939, e cila u shndërrua në selinë e lëvizjes së përparuar rinore. Duke vënë gjithë qenien e tij në luftën revolucionare, Gjoce depërtoi në vijën e parë të frontit.
Në qershor të vitit 1940 u bë anëtar i Partisë Komuniste të Jugosllavisë dhe menjëherë pas kësaj u zgjodh anëtar i kryesisë lokale të partisë. Në fillim të vitit 1941 merr detyrën e sekretarit të Komitetit Lokal të PKJ për Tetovë. Lufta e Prillit e vitit 1941 e gjeti në atë detyrë. Pas pushtimit fashist të Maqedonisë, zona e Tetovës ra nën pushtimin Bullgar dhe Italian dhe të pushtetit Shqiptar të Kuislinit.
Më 10 prill 1941, në shtëpinë e Gjoce Stojçevskit u mbajt një konsultim partiak, ku u diskutua për gjendjen e re pas pushtimit, dhe para komunistëve u vendosën detyra dhe metoda të reja më komplekse, për të luftuar kundër okupatorit. Duke zbatuar vendimet e marra në konsultimin e partisë, Gjoce së bashku me shokët e tij, pa u lodhur u angazhua në konsolidimin e anëtarësimit partiak dhe mobilizimin e shtresave të gjera të popullit në luftën kundër pushtuesit dhe tradhtarëve vendas.
Më 2 gusht 1941, Gjoce Stojçevski u nis për në Shkup për t’u lidhur me komitetin krahinor të PKJ për Maqedoninë. Gjatë kalimit të paligjshëm të kufirit të atëhershëm italo-bullgar në fshatin Grupçin, u zbulua nga autoritetet kufitare italiane me materiale ilegale dhe u dërgua në burgun policor të Tetovës. Ndonëse ndaj tij u aplikuan tortura brutale, autoritetet policore nuk arritën të zbulonin asgjë për veprimtarinë e tij revolucionare. Duke mos pasur prova të mjaftueshme për të ngritur akuzë, Gjoce u lirua shpejt. Pas daljes nga burgu, ndonëse ishte dukshëm i ndjekur nga autoritetet pushtuese, Gjoce me entuziazëm edhe më të madh u kyç në përgatitjet për organizimin e një lufte të armatosur.
Me formimin e çetës partizane të Tetovës në pranverën e vitit 1943, Gjoce Stojçevski u gjend në radhët e saj si komandant. Qysh në ditët e para të veprimtarisë të çetës partizane ai ishte i zbuluar dhe iu dorëzua autoriteteve italiane. Pas disa ditëve tortura 24 orësh në burgun e Tetovës, Goce me grupin e luftëtarëve të kapur u transferua në burgun e Tiranës, u soll para gjykatës ushtarake italiane dhe u dënua me 15 vjet burg.
Pas kapitullimit të Italisë Fashiste (08.IX.1943), kur u liruan të burgosurit politikë në burgun e Tiranës, Gjoce me shokët e tij u kthye në Tetovë, pa u lodhur fare u angazhuar për formimin e një çete të re partizane. Është koha kur ballistët me ndihmën e nazistëve, morën të gjithë pushtetin në dorë, dhe kur ndërmorën një aksion i gjerë për të pamundësuar lëvizjen revolucionare të komunistëve dhe pjesëtarëve të tjerë të luftës nacionalçlirimtare. Në pamundësi për të qëndruar në qytetin e lindjes, pas lejes të komitetit lokal, Gjoce u zhvendos në Shkup. Ai shpejt u arrestua edhe në Shkup nga autoritetet bullgare. Për shkak të mungesës së provave për veprimtarinë e tij revolucionare, Gjoce sërish shpejt u lirua.
Në pamundësi për të vazhduar veprimtarinë e tij revolucionare në Shkup, Gjoce u transferua në zonën e Kumanovës dhe u bë komisar i çetës partizane të Kumanovës. Në gusht të vitit 1944, Gjoce me një çetë partizanësh tetovarë nga Kozjaku u nisën për në Karaorman, ku iu bashkuan luftëtarë të rinj dhe, me vendim të shtabit kryesor të LNÇ-së, nga fundi i shtatorit u zhvendosën në rajonin e Tetovës, që të shërbejnë si bërthamë për formimin e një njësie të rregullt ushtarake në këtë zonë. Duke kaluar me çetën partizane nëpër luginën e Pollogut, Gjoce u dërgoi letrën e fundit prindërve të tij.
Më 19 shtator 1944, me tradhti, çeta u zbulua nga ballistët në afërsi të fshatit Beliçica. Pas disa orëve luftimesh, në mesin e shumë luftëtarëve të vdekur ishte edhe zëvendës komisari politik i detashmentit Gjoce Stojçevski, duke mos arritur të marrë pjesë në marshin e fitores për liri, për të cilin luftoi me aq pasion dhe guxim.
Burimet:
- Muzeu Memorial i KQ të PKM-së në Tetovë
- Muzeu i Tetovës dhe rrethit të Tetovës
Jasmina Xhaferi
Jasmina Xhaferi ka lindur në vitin 1990 në Gostivar. Shkollimin fillor dhe të mesëm i kreu në Gostivar, kurse gjuhën dhe letërsinë shqipe në Universitetin e Evropës Juglindore në Tetovë. Sot punon si përkthyes i pavarur dhe profesor i gjuhës shqipe.