домаСтавВаско Гичевски: Кон нашата државност / Vasko Giçevski: Drejt shtetësisë sonë

Васко Гичевски: Кон нашата државност / Vasko Giçevski: Drejt shtetësisë sonë

Периодов се навршија 121 година од Илинденското востание и 80 години од создавањето на современата македонска држава. Новата властела одлучи мотото да биде „Борбата трае“, кое во секој случај е далеку подобро од она минатогодишното, до безмера морбидно „Илинден – Огниште на татковината“, доколку се знае дека по време на Илинденското востание беа запалени 122 села со 8.646 куќи. Овогодишното мото e порака дека нашата борба сеуште не завршила, дека ние сеуште ја биеме борбата што трае. Она за што веројатно немаше доволно место да се напише е за што е таа борба и против што.  

„Не можеме да зборуваме за нашите достигнувања, упатуваме само болни крици“

Македонија денес е со негативен демографски принос, огромна миграција, со низок степен на индустријализација, екстензивно земјоделство и поредица други состојби со кои сме се соочувале и во 1903 година но и во 1944 година. Тогаш беше навистина полесно.

Вината беше кај османлијата како власт или кај окупаторот, но денес кој би го поставиле на столбот на срамот и би го обвиниле? Денес ние сме свои на своето, а за жал ние своето успеавме да го уништиме.

Навистина трагично е што во очи на толку голем јубилеи ние не можеме да зборуваме за нашите достигнувања, туку скоро секогаш упатуваме болни крици. Прославите всушност се само една форма за празнење на националниот набој. Сосема неверојатно е но сепак нам највисок патриотски дострел ни е да држиме празни говори со едни те исти фрази, да се повикуваме на борба, а притоа да го поткрепуваме се она што нас не разградува и обезличува како држава.

„Истиот менталитет, истите општествено економски проблеми како пред 121 години“

Го обезличивме Илинден со тоа што славиме едно движење за промена, една борба за права, слободи и прогрес, во услови кога во нашата земја безмалку се соочуваме со истиот менталитет, истите општествено економски проблеми како пред 121 години. Се колневме во имињата на првоборците, а тоа беа само празни зборови, основа за гласови кои се збираат на линијата патриот предавник. А што е патриот? „Патриотизмот не е бренд“ велеше Делчев. Патриотизмот не е во знамињата, зборовите, симболите, патриотизмот е во работата, трудот, унапредувањето на земјата и животот. Во една други пригода пак, Делчев ќе напише: „Ќе бидете глупави ако ни верувате на зборовите а не ни ги гледате делата“.

Веројатно ние три децении, сме го надминале и најдолното ниво на глупоста, сме стигнале и подалеку од линијата на голата егзистенција, радувајќи се на празни зборови. Напластени зборови за светла иднина, но пред нас и зад нас само пустош и темнина!

Ја убивме суштината на АСНОМ кога политичарите изјавуваа дека го исполнија заветот на предводниците на НОБ кој воедно беше и социјалистичка револуција, кога се приклучивме кон НАТО. Надвор од секоја логика e да се каже дека заветот на партизаните беше да се приклучиме на една империјална насилничка дружина.

АСНОМ во суштина згасна од моментот кога и на еден граѓанин во нашата Македонија, му беа ускратени правата. Кршењето на човековите права пак кај нас е катадневна пракса! АСНОМ згасна во моментот кога ги реставриравме капиталистичките односи во 1991 година. АСНОМ веќе одамна е минато, минато на кое согласно протоколите, не е пожелно да се повикуваме. Денес дури и самата помисла дека општествено политичкиот систем кој што сме го имале, во кој сме изградиле се што имаме  е возможен, изложена е на осуда за лудило. Од АСНОМ остана само едно сеќавање, на кое нерадо се навраќаме бидејќи можелa ли една капиталистичка земја да се роди како социјалистичка? Тоа е нашиот историски парадокс на општествениот развој, кому сеуште му треба извесно социоисториско разложување и објаснување.

Од друга страна ние и не треба да го користиме минатото за да се заробиме во него. Таа балканска патолошка потреба за „историски затвор“, простор во кој ние жртвите кукаме и мислиме дека тоа кукање е јуначка борба, меѓудругото е и една од причините за нашето неразвивање. Врвно дело на патриотизмот денешен е да се говорат големи и тешки зборови кои се само претекст зад кој се крие грабеж и страдање.

„Една трибина за Гоце, Ченто, Панко, Шатев, Лазо, па потоа десетина криминални приватизирања“

Додека народот меѓусебе се раскара за тоа кој е поисправен и поголем Македонец, водачите ги наполнија џебовите.

А што е Илинден? Илинден во двата наврати е израз на една немерена и луда храброст, еден порив за слобода, тоа е оној непокорен дух кој се буди кај народот. Тој порив треба да не држи и денес, бидејќи како што велеше Узунов: „Се боревме за сонце, не добивме ни искра“.

„Нашата мизерија е во тоа што сами го замрачивме сонцето а искрата одамна згасна“

Секоја нова прослава, за жал е повеќе парастос на татковината на кој се сеќаваме на она што било а веќе не е. Во тие сеќавања опстојуваме, тие нас не хранат, тие нас ни даваат повод да учестуваме во демократските процеси и гласаме.

Затоа впрочем и не го гледаме ефектот од тие демократски процеси, ние гласаме за зборови, делата ни се одложени за некогаш и некаде. Живееме на вересија а очекуваме економски напредок во време кога немаме ни доволен број на работници а тие што ги имаме ние ги уништуваме.

Упорно говориме дека ние сме слободољубива, борбена земја, земја на идеали и сништа, а каде ни е таа борба, каде ни се идеалите? Секој наш идеал се покажа дека завршува онаму каде што се наоѓа владеачката фотелја, штом некој седне на неа, заборава на се што кажал. Единствено преживува толку вкоренетиот човеков порив за власт по секоја цена, дури иако се помалку ги има оние што треба да бидат владеани. Граѓаниот пак е друга приказна. Тој одамна е мртов. По сите бунтови, револуции со пенкала, протести, тој сфати дека е само искористен за некој друг да го јавне и измачува.

„Денес поривот за борба се одзема на еден сосема слободарски начин“

Секој човек кој има пристап до интернет и социјални медиуми, всушност е медиум сам за себе. Нема веќе потреба да излезе на улица и да ги говори своите идеи, едноставно ќе ги напише и стотици и илјадници ќе го поддржат.

Гневот се излеа, мислата била препозната, но состојбата останала иста, а случајно доколку се упати повик да се излезе на улица, тогаш таму ќе има десетина или стотина кои сеуште идеалистички веруваат во ултимативното подобро утре.

Нашиот основен проблем е токму во тие празни и неефективни зборови. Нашата денешна државност е државност без дела! Македонија од татковина на работниот народ се претвори во рај на криминалците, од парче слободна почва за која со векови робот сонувал, се претвори во уште еден затвор но овој пат, управникот е дел од истото тоа робје. Додека не направиме и не видиме дела кои ќе не унапредат, ние не сме Европска земја, ние не сме Северна Македонија, не сме ниту Македонија, ние сме „Трите вилaети“ управувани од султани кои сами ги избираме за да не бијат со камшикот платен со наши пари, да го тегнеме ропството кое сами си го нагрбуваме мислејќи дека сме слободни.

Васко Гичевски

Редакцијата на „Гласни идеи“ не нужно се согласува со ставовите изразени во колумната.

Васко Гичевски е роден во 1997 година во Битола. Дипломирал на Институтот за историја на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје во 2020 година. Прогласен е за најдобро дипломиран студент на генерацијата и добитник е на наградата „26 Јули“ од Фондацијата „Франк Манинг“ за покажан особен успех во студирањето. Активно се занимава со проучување на социјалната историја на Османлиската империја (Османлиска Македонија). Автор е на повеќе научни трудови објавени во релевантни научни списанија и четири дигитални – интерактивни мапи на недвижното културно наследство од Османлискиот период во Скопје и Битола. Член е на претседателството на Здружението на историчарите на Република Македонија од 2021 година. Се истакнува во својата дејност во насока на истражување, публикување и популаризирање на марксизмот како политичка филозофија и пракса.

Kjo periudhë shënoi 121 vjet nga Kryengritja e Ilindenit dhe 80 vjet nga krijimi i shtetit modern maqedonas. Pushteti i ri vendosi që motoja të jetë “Lufta vazhdon”, e cila gjithsesi është shumë më e mirë se ajo e vitit të kaluar, e pamasë morbide “Ilindeni – vatra e atdheut”, nëse dihet se gjatë kryengritjes së Ilindenit 122 fshatra. me 8646 shtëpi u dogjën . Motoja e këtij viti është mesazhi se lufta jonë nuk ka përfunduar ende, se ne jemi ende duke luftuar luftën e vazhdueshme. Ajo që ndoshta nuk kishte hapësirë ​​të mjaftueshme për të u shkruar është se për çfarë është ajo luftë dhe kundër çfarë është ajo luftë.

“Nuk mund të flasim për arritjet tona, ne vetëm bërtasim nga dhimbja”

Maqedonia sot ka një rendiment demografik negativ, një migrim të madh, me një shkallë të ulët industrializimi, bujqësi ekstensive dhe një sërë situatash të tjera me të cilat u përballëm në vitin 1903 si dhe në vitin 1944. Atëherë ishte vërtet më e lehtë.

Faji ishte i osmanlinjve si pushtet apo i okupatorit, por sot kush do të vihej në shtyllën e turpit dhe do të fajësohej? Sot jemi vet në të veten, dhe për fat të keq ia dolëm të e shkatërrojmë tonën.

Është me të vërtetë tragjike që përballë një jubileu kaq të madh, nuk mund të flasim për arritjet tona, por thuajse gjithmonë nxjerrim klithma të dhimbshme. Festimet janë në fakt vetëm një formë e shkarkimit të tarifës kombëtare. Është krejtësisht e pabesueshme, por gjithsesi arritja jonë më e lartë patriotike është të mbajmë fjalime boshe me të njëjtat fraza, të bëjmë thirrje për luftë, dhe në të njëjtën kohë të mbështesim gjithçka që na shpërbën dhe na shpërfytyron si vend.

“I njëjti mentalitet, të njëjtat probleme sociale-ekonomike si 121 vjet më parë”

E shpërfytyruam Ilindenin duke festuar një lëvizje për ndryshim, luftë për të drejta, liri dhe përparim, në kushtet kur në vendin tonë po përballemi pothuajse me të njëjtin mentalitet, me të njëjtat probleme sociale-ekonomike si 121 vjet më parë. Ne u betuam me emrat e luftëtarëve të parë, dhe ato ishin fjalë boshe, baza e votave që mblidhen në vijën e patriotit tradhtar. Dhe çfarë është një patriot? “Patriotizmi nuk është markë”, tha Dellçev. Patriotizmi nuk është në flamuj, fjalë, simbole, patriotizmi është në punë, mund, përparim të vendit dhe jetës. Në një rast tjetër, Dellçevi do të shkruajë: “Do të jesh budalla nëse do t’i besosh fjalëve tona dhe nuk do t’i shohësh veprimet tona”.

Ndoshta për tre dekada, ne kemi kapërcyer edhe nivelin më të ulët të marrëzisë, kemi arritur përtej kufirit të ekzistencës së zhveshur, duke u gëzuar me fjalë boshe. Fjalë të shtresuara për një të ardhme të ndritur, por para nesh dhe pas nesh, vetëm shkretim dhe errësirë!

Ne e vramë thelbin e ASNOM-it kur politikanët deklaruan se e kishin përmbushur zotimin e krerëve të LNÇ-re, që ishte edhe revolucion socialist, kur u futëm në NATO. Është përtej çdo logjike të thuhet se zotimi i partizanëve ishte bashkimi me një shoqëri imperialiste të dhunshme që vret njerëz për gjeopolitikë.

ASNOM-i në thelb u shua nga momenti kur edhe një qytetari në Maqedoninë tonë iu mohuan të drejtat. Shkelja e të drejtave të njeriut është një praktikë e përditshme në vendin tonë! ASNOM doli jashtë funksionit në momentin që ne rivendosëm marrëdhëniet kapitaliste në 1991. ASNOM-i është tashmë shumë kohë më parë, një e kaluar që, sipas protokolleve, nuk është e dëshirueshme t’i referohemi. Sot, edhe vetë mendimi se sistemi socio-politik që kemi pasur, në të cilin kemi ndërtuar gjithçka që kemi, është i mundur, është i ekspozuar ndaj dënimit të marrëzisë. Nga ASNOM-i ka mbetur vetëm një kujtim, të cilin me ngurrim e kthejmë kokën pas, sepse a mund të kishte lindur një vend kapitalist si socialist? Ky është paradoksi ynë historik i zhvillimit shoqëror, i cili ka ende nevojë për një analizë dhe shpjegim socio-historik.

Nga ana tjetër, ne nuk duhet të përdorim të kaluarën për të ngujuar veten në të. Ajo nevojë patologjike ballkanike për një “burg historik”, një hapësirë ​​në të cilën ne, viktimat, ankojmë dhe mendojmë se ankimi është një luftë heroike, është ndër të tjera një nga arsyet e mos zhvillimit tonë. Akti suprem i patriotizmit sot është të thuash fjalë të mëdha dhe të rënda, të cilat janë vetëm një pretekst pas të cilit fshihen grabitjet dhe vuajtjet.

“Një tribunë për Gocen, Çenton, Panko Brashnarovin, Pavel Shatevin, Lazo Kolishevskin, dhe më pas një duzinë privatizimesh kriminale”

Ndërsa njerëzit grindeshin me njëri-tjetrin se kush ishte më i drejtë dhe maqedonas më i madh, udhëheqësit mbushën xhepat e tyre.

Dhe çfarë është Ilindeni? Në të dyja rastet, Ilindeni është shprehje e një guximi të pamatur e të çmendur, një nxitje për liri, kjo është shpirti i padisiplinuar që zgjohet në popull. Ajo nxitje duhet të na mbajë edhe sot, sepse siç thoshte Uzunov: “Kemi luftuar për diellin, as shkëndijë nuk kemi marrë”.

“Mjerimi ynë është se diellin e errësuam vetë dhe shkëndija ka kohë që është fikur”

Çdo festë e re, për fat të keq, është më shumë një përkujtim i atdheut ku kujtojmë atë që ishte dhe nuk është më. Ne mbijetojmë në ato kujtime, ato na ushqejnë, na japin mundësinë të marrim pjesë në proceset demokratike dhe të votojmë.

Prandaj ne nuk e shohim efektin e atyre proceseve demokratike, votojmë fjalët, veprimet tona shtyhen diku e diku. Jetojmë në varfëri dhe presim përparim ekonomik, në një kohë kur nuk kemi as një numër të mjaftueshëm punëtorësh dhe ata që i kemi po i shkatërrojmë.

Ne themi me këmbëngulje se jemi një vend liridashës, luftëtar, një vend idealesh dhe ëndrrash, por ku është ajo luftë, ku janë idealet tona? Çdo ideal i yni rezulton se përfundon aty ku është karrigia e pushtetit, sapo dikush ulet në të, harrojnë gjithçka që kanë thënë. Vetëm nxitja e rrënjosur njerëzore për pushtet me çdo kusht, mbijeton, edhe pse gjithnjë e më pak janë ata, që janë për të u sunduar. Qytetari është një përrallë tjetër. Ai ka vdekur prej kohësh. Pas gjithë trazirave, revolucioneve me stilolapsa, protestave, ai e kuptoi se ishte përdorur vetëm që dikush tjetër ta kalëronte dhe ta torturonte.

“Sot hiqet dëshira për të luftuar, në mënyrë krejtësisht liridashëse”

Çdo person që ka akses në internet dhe media sociale, është në fakt një medium për veten e tij. Nuk ka më nevojë që ai të dalë në rrugë dhe të flasë idetë e tij, ai thjesht do t’i shkruajë, dhe qindra e mijëra do ta mbështesin.

Zemërimi u derdh, mendimi u njoh, por situata mbeti e njëjtë, dhe rastësisht, nëse bëhet një thirrje për të dalë në rrugë, atëherë do të ketë dhjetëra ose ndo njëqind që ende besojnë në mënyrë ideale në të nesërmen më të mirë ultimative.

Problemi ynë themelor qëndron pikërisht në ato fjalë boshe dhe joefektive. Shtetësia jonë sot është shtetësi pa vepra! Maqedonia u shndërrua nga atdheu i popullit punëtor, në një parajsë për kriminelët, nga një copë tokë e lirë që një skllav e ëndërronte me shekuj, u kthye në një burg tjetër, por këtë herë, gardiani është pjesë e të njëjtit skllav. Dhe derisa nuk bëjmë dhe nuk shikojmë vepra të cilat do të na përparojnë, ne nuk jemi shtet Evropian, nuk jemi Maqedonia e Veriut, nuk jemi as Maqedoni, ne jemi “Tre Vilajetet” që qeverisen nga sulltanët që i zgjedhim vetë, që të na rrahin. me kamxhikun e paguar me paratë tona, të tërheqim zvarrë skllavërinë që ia kemi vënë vetes, duke menduar se jemi të lirë.

Vasko Giçevski

Redaktorët e  Ide të zëshme nuk pajtohen domosdoshmërisht me pikëpamjet e shprehura në kollumnë

Vasko Giçevski ka lindur në vitin 1997 në Manastir. Ka diplomuar në Institutin Historik të Fakultetit Filozofik në Universitetin “Shën Kirili dhe Metodi” në Shkup në vitin 2020. Ai u shpall studenti më i mirë i diplomuar i gjeneratës dhe mori çmimin “26 korriku” nga Fondacioni “Frank Manning” për sukses të veçantë në studime. Ai është i angazhuar në mënyrë aktive në studimin e historisë shoqërore të Perandorisë Osmane (Maqedonia Osmane). Ai është autor i disa punimeve shkencore të botuara në revista shkencore përkatëse dhe katër hartave digjitale-interaktive të trashëgimisë kulturore të patundshme nga periudha Osmane në Shkup dhe Manastir. Nga viti 2021 është anëtar i kryesisë së Shoqatës së Historianëve të Republikës së Maqedonisë. Ai veçohet në veprimtarinë e tij në drejtim të kërkimit, botimit dhe popullarizimit të marksizmit si filozofi dhe praktikë politike.

Васко Гичевски
RELATED ARTICLES