домаСтавЗдравко Савески: Национализмот и индивидуализмот / Zdravko Saveski: Nacionalizmi dhe individualizmi

Здравко Савески: Национализмот и индивидуализмот / Zdravko Saveski: Nacionalizmi dhe individualizmi

Во последните години и национализмот и индивидуализмот бележат значителен подем. Како во Македонија, така и во светот. Нивното идентификување, разбирањето на нивниот однос и хиерархиска поставеност е од исклучителна важност за напредните сили да можат да им се спротиставуваат успешно и да го насочат текот на Историјата во посакуваниот правец.

Сличностите

Првата работа што им е заедничка и на двете теории и светогледи е што, иако се многу застапени, ретко кој сака да се идентификува со нив. Тоа јасно ја покажува нивната банкротираност и морална проблематичност.

Националистот милува да се крие зад смоквиниот лист на патриотизмот, а својата омраза (кон другите) да ја прикажува како љубов (кон своето). Индивидуалистот, егоистот, најмногу од сѐ сака да извлекува лична корист, но и покрај тоа најмалку од сѐ сака да биде наречен егоист.

Широката застапеност на одредено проблематично гледиште секогаш ја нуди поволноста да се нормализира таа проблематичност, да се направи помалку проблематична, да се направи дури и „нормална“. А, сепак, дури и во ваков контекст, ниту националистот ниту егоистот не поседуваат доволно храброст отворено да изјават она што се. Подобар доказ за банкнотираноста и моралната проблематичност на национализмот и егоизмот – нема.

„Природни светогледи или идеолошки конструкти?“

Следната карактеристика што им е заедничка е што многумина ги сметаат за „природни“ светогледи, иако тие се идеолошки конструирани. Човештвото се делело и требало да се дели на народи. Идеолошки став! Најважен, па дури и единствен дел од идентитетот на секој човек бил неговиот етнички идентитет. Уште еден идеолошки став! Најважни политички прашања биле националните прашања и сите други политички прашања биле помалку важни од нив. Уште еден чисто идеолошки став!

Исто стои работата и со индивидуализмот и неговиот неизбежен придружник егоизмот. Не постоело општество, не постоеле заедници, туку постоеле само поединци и нивните семејства. Идеолошки став! Тие атомизирани поединци, што не се гледаат себеси како дел од никаква заедница, требало да не се интересираат за ништо потаму од својот нос. Уште еден идеолошки став! Бидејќи секој си го гледал само својот личен интерес и не постоеле заедници, туку само групирања поради лична корист, односите меѓу луѓето не можело да бидат поинакви освен – волчји. Уште еден чисто идеолошки став!

И во случајот со национализмот и во случајот со индивидуализмот, сите наведени тврдења ниту можат да претендираат на некоја „математичка“ точност ниту можат да се пофалат со некоја безвременска општоприфатеност. Па затоа тие не се ниту апсолутни ниту вечни вистини, туку само идеолошки конструкции. А тоа што имаат привид на саморазбирливост, на општоприфатеност, само кажува дека во одредена средина нивните промотори успеале да ги направат широкоприфатени и да ја потиснат нивната критика на маргините.

Ќе истакнеме и трета карактеристика што им е заедничка на национализмот и индивидуализмот. Пред сѐ, бидејќи таа ја разобличува нивната лицемерност и дополнително ја истакнува нивната банкнотираност.

Голем број и националисти и индивидуалисти милуваат да се прикажуваат како големи верници. Но, се разбира, милуваат и да се прават на удрени во поглед на она што им го наложува нивната религија како морално однесување. Ќе го земеме за пример христијанството. Нели Исус кажал: „Сакај го својот ближен како себеси!“ Кој е тука ближниот? Само Македонецот, само Бугаринот, само Гркот? Или секој човек без разлика на неговата етничка (и каква било друга) идентификација?

Но, ако го сакаме својот ближен без разлика на неговата етничка идентификација, што ли ќе остане од национализмот?

Лицемерието е уште поголемо од индивидуалистичка гледна точка. Сакањето на својот ближен е во апсолутна спротивност со индивидуалистичкиот став да ти е гајле само за тебе, а другите да ги гледаш како волци што непрекинато чекаат прилика „да те раскинат“. Просторот не ни дозволува да се осврнеме и на Исусовата приказна за добриот Самарјанин. Колкумина од големите „христијани“ што фактички се националисти и/или индивидуалисти воопшто и ја знаат таа приказна? Толку се ретки што самиот тој факт доволно кажува дека религиозноста им е само празен пиар пред другите и пред нив самите.

Привидната спротивност

При сегашното интелектуално мртвило во Македонија веројатно зачудува дури и самиот факт што национализмот и индивидуализмот се разгледуваат заедно. Зашто привидот е дека тие се дури и спротивни еден на друг. Индивидуалистот не гледа повисока вредност и цел од личната корист, а националистот („патриотата“) – гледа. Ајде да видиме дали е баш така.

Индивидуалистот, колку и да е фокусиран на самиот себе, колку и да мисли дека светот се врти околу него, обично не може до таа мера да опстои на својата позиција а да не му направи ситна отстапка на хуманизмот, па под своја корист да не ја подразбира и користа на сопственото семејство. При денешниот радикален пробив на капиталистичките вредности, дури и ова е под удар. Па на бракот се гледа трансакциски, како брак од интерес, а не како заедница, па на брачниот „другар“ сѐ почесто се гледа како на друг, како на туѓ на себе поединец со интереси што нужно не се истоветни со сопствените. Исто така, многумина сѐ би направиле за сопствените деца, но, во контекст на климатската криза, не и по цена на „лишување“ од сопствените консумеристички удопства, при тоа давајќи личен придонес кон уништувањето на иднината и на сопствените деца. Но, и покрај ваквите случаи на преминување на позиции на „доследен“ индивидуализам, сепак, општо земено, пропагандистите и практичарите на индивидуализмот ја пренебрегнуваат таа фалинка на својата теорија и практика, па под Јас и Мојата корист го подразбираат и своето семејство, како екстензија на сопственото Јас.

Иста таква екстензија на сопственото Јас, каква што се прави во однос на сопственото семејство, може да се направи и во поглед на други работи: мојот град, мојата држава, мојот народ, мојата раса. Во таквите случаи на екстензија на сопственото Јас, индивидуалистот се поистоветува со поопштото, но интересите на поопштото секогаш ги гледа низ призмата на сопствениот интерес.

За него нема апсолутно никаква дилема дека ќе ја приоретизира личната корист пред користа на поопштата група секогаш кога тие ќе влезат во судир. На оваа поента набрзо ќе се навратиме, но претходно само ќе посочиме дека поради оваа екстензија на сопственото Јас, без разлика колку и да се чини противречно, воопшто не е невозможно одреден човек, фактички маса луѓе, истовремено да бидат и индивидуалисти и националисти. Фактички, доминантниот број националисти денес се токму индивидуалистите, оние што во унапредувањето на „националните интереси“ гледаат начин за унапредувањето на личната материјална и психолошка корист.

Но зарем постои и друг вид националисти? За чудо, сѐ уште постои. Но, таквите будалетинки (од гледна точка на националистичките индивидуалисти) се сѐ помалку. Тие, за разлика од индивидуалистите, гледаат подалеку од својот нос и сметаат дека има нешто поголемо од личната корист, имено, добробитта на сопствениот народ. Ним им пречи бесцелноста на општеството разградено од капитализмот до збирштина од атомизирани поединци што го следат примарно својот личен интерес и сметаат дека постои нешто повисоко од егоистичкото Јас. Но, нивната реакција на атомизмот и отуѓувањето во капиталистичкото општество е половична, бидејќи тие се покажуваат неспособни, некадарни, немоќни да допрат дотаму да го видат другиот човек како човек и во него гледаат само припадник на сопствениот чопор или на некој друг чопор. Следствено, успеваат да видат само Македонци, Албанци, Французи, Кинези, но немаат умствен капацитет да видат луѓе. Јасно, ваквата реакција е и ретроградна, бидејќи, создавајќи поделби меѓу експлоатираните и дефокусирајќи ги со „националните неправди“, ја попречуваат и спречуваат борбата за реорганизација на општеството согласно принципите на умот и правдата.

Нивната хиерархија

Откако утврдивме дека е можно еден ист човек да е и националист и индивидуалист и откако проценивме дека токму таквите го претставуваат доминатниот број националисти денес, да го поставиме прашањето:

„Што им е поважно на националистите, односно на националистичките индивидуалисти: унапредувањето на националното добро или личната корист?“

Веќе самото поставување на прашањето е доволно да го изнедри одговорот, бидејќи тој е толку кристално јасен за секој што има и најмал увид во начинот на размислување на овие биолошки припадници на човечкиот вид. Но, сепак, ќе посочиме на два примери.

Првиот пример ќе ни биде некој капиталист „патриота“, еве да речеме со македонски етнички идентитет, иако, се разбира, тоа важи и за сите други. Како „патриота“ тој си ја сака Македонија, си ги сака Македонците, но, ете, нема никаков проблем да ги цеди своите браќа и сестри Македонци што работат за него и да им дава што е можно пониска плата, нели, за да му биде повисок профитот.

Тоа што на капиталистот неговите работници му се „браќа“ и „сестри“ апсолутно не влијае врз неговиот стремеж преку нивниот труд да го максимизира сопствениот профит. Брат за брат, сирење – за пари.

Вториот пример нека ни биде стекнувањето со бугарски пасош. Има многу „големи Македонци“ што мразат Бугари, но што се стекнале со бугарски пасош. За потсетување, стекнувањето бугарски пасош подразбира не само да дадеш изјава на нотар кај што кажуваш „аз с’м Б’лгарин“, туку и да го валкаш споменот на сопствените предци, тврдејќи дека и тие биле Бугари. Но, кога се работи за личниот интерес… И, се разбира, и покрај вадењето бугарски пасош, овие „силни Македонци“ и понатаму парадираат со својата македонштина. Македонија над сѐ? Да, но очигледно не и над личниот интерес. Штета што не може да се направи анкета меѓу апликантите за бугарски пасош. Не само што „патриотите“ ќе бидат во значителен број, туку не е исклучено тие да испаднат и мнозинство од апликантите!

Кристално јасно е дека за националистичкиот индивидуалист секогаш личната корист има приоритет пред националните интереси. Кристално е јасно и тоа колку петпарачки е нивниот „патриотизам“. Тие ќе се чукаат во гради „за Македонија“, „за Албанија“, „за Бугарија“ итн., но на крајот на денот нема да се двоумат да ги продадат – за пет пари.

Борбата

Борбата не е само против национализмот, туку и против индивидуализмот. И различна е од стерилната борба против национализмот на либералите. Овие последниве не само што понекогаш забегуваат, застапувајќи се за некаков „граѓански национализам“ наспроти „етнонационализмот“, туку како лек за болеста на национализмот го нудат токму – индивидуализмот. Не сме требале да имаме какви било повисоки лојалности од нас самите, сме биле пред сѐ поединци („граѓани“) и сме требале да учествуваме во „демократскиот“ процес како изолирани и атомизирани граѓани (всушност како пластична маса во рацете на „елитата“).

Зошто лекот на либералите е исто толку лош колку и болеста на национализмот? Прво, бидејќи, како што видовме, тоа што од некого ќе направите индивидуалист воопшто не гарантира дека тој нема, поради материјална и/или психолошка корист, да посега по национализмот. Не можете туку-така да го напикате човек во Прокрустовата постела на индивидуализмот и магично да го направите имун на човековата потреба од блискост со други човечки суштества. Второ, ако за капитализмот е поволно од нас да направи егоистички машини, тоа не значи дека е поволно и за нас самите. Колку и да се чини тоа „контраинтуитивно“.

Борбата што ги надминува стерилните рамки на либералите треба да уважи неколку работи:

Прво, дека меѓу националистите доминантни се токму националистичките индивидуалисти. Порастот на национализмот во Македонија во последните години не се должи само на иритирањето на националните чувства преку водењето катастрофална „европска“ политика.

Големиот пробив на индивидуалистичкиот светоглед исто така му даде силен ветер во грб на национализмот.

Она размислување: нема ништо повисоко од Мојата лична корист и никаква принципиелност или морален обѕир не може да ѝ застанат на патот! Во тој контекст, трагикомични се либералите! Сѐ направија за од луѓето да направат егоистички машини, а после редат жалопојки зошто тие егоистички машини ги поддржуваат десните „популисти“ кога тие во нивното лоцирање на проблемите се потпираат токму на егоистичкиот интерес што е слеп за какви било морални обѕири.

Во таков контекст, секој антинационализам што нема да го адресира и проблемот на индивидуализмот ќе пука – со ќорци.

Второ, стерилноста на борбата само против национализмот треба да ја покаже и сознанието дека изградбата на едно антинационалистичко општество, на „едно општество за сите“, само по себе не е доволно. И во оваа точка се разликуваме од либералите.

Сосема може да се замисли општество што ќе биде ослободено од секаква националистичка омраза, а што сепак ќе биде, „до коска“, експлоататорско, општество во кое непречено се врши експлоатација на човек од човек, без разлика на етничката припадност на првиот и на вториот. Оттука, антинационализмот може да биде само дел од борбата за сеопшта човечка еманципација, но не некаков нејзин врв или крај.

Трето, наспроти кусогледоста, површноста и штетноста на националистичката диоптрија што оневозможува да се види човекот и што ги класифицира луѓето во засебни категории согласно некои нивни културни карактеристики (како јазикот, религијата) или површни биолошки карактеристики (како бојата на кожата), потребно е самите да го здогледаме човекот и да им помогнеме на останатите да ги фрлат националистичките очила преку кои го гледаат светот. Конкретно зборувам за следнава разлика во перцепцијата. Луѓето во Газа, врз кои израелскиот дехуманизиран режим врши геноцид, можеме да ги перципираме како Палестинци, но и како луѓе. Ако ги перципираме како Палестинци, секако дека можеме да се солидаризираме со нивната трагедија и борба за слобода, но кога така ги перципираме, тогаш на нив гледаме како припадници на група што е различна од нашата. Тие се Палестинци, а ние сме Македонци, Албанци итн. Поинаку е кога нив ги перципираме како луѓе и кога и ние самите се перципираме како луѓе. Тогаш, сфаќаме дека врз некој од нашите се врши геноцид. А тоа сознание повеќе боли и поинаку, подлабоко мотивира во солидаризирањето. Треба да се разобличи и да се раскрсти со националистичката „логика“ што ги поставува работите на глава: дека ние да ти сме биле прво Македонци, Албанци итн., а дури потоа луѓе (!?) Не! Ние прво може да бидеме само луѓе, а дури потоа може да сме Македонци, Албанци итн.

„Наспроти националистичкото искривување на работите, етничкиот идентитет не е нашиот основен идентитет, туку тоа е нашиот човечки идентитет!“

Четврто, со истото безобразие со кое националистите ги извртуваат работите околу нашиот идентитет, пропагандистите на индивидуализмот се прикажуваат како најголеми застапници на правата и интересите на луѓето како поединци. Тие човекомрасци, што проповедаат дека за нас сите други луѓе претставуваат волци (при тоа навредувајќи ги и волците)!

Капитализмот е пречка за личниот развој и среќа на секој од нас како поединец! Зборуваме за систем втемелен врз наемно ропство што секој ден на осум и повеќе часа им ја одзема личната слобода на огромно мнозинство луѓе (работници). Освен тоа, тој систем не ги остава на мира луѓето ниту во слободното време, насочувајќи ги кон пасивна, затупувачка потрошувачка и држејќи ги во постојано незадоволство бидејќи не ја поседуваат оваа или онаа непотрепштина.

Ако навистина се грижиме за поединецот и неговата лична среќа, потребно е да го укинеме системот на наемно ропство и да воспоставиме систем во кој човекот (а не профитот) ќе биде во центарот, каде секој од нас ќе ужива во работата, ќе ужива во разонодата, ќе ужива во дружењето, со еден збор, ќе ужива во живеењето.

Ќе живее наместо да живурка, со многу или со малку пари. Треба да се делегитимираат индивидуалистите во нивното привидно застапување на личното добро на поединецот, да се разобличи нивната мизантропија и слугувањето на капитализмот и наместо тоа стремежот да биде, како што одамна напишаа Маркс и Енгелс, здружување во кое слободниот развиток на секој поединец ќе биде услов за слободниот развиток на сите.

Здравко Савески

Редакцијата на „Гласни идеи“ не нужно се согласува со ставовите изразени во колумната.

Здравко Савески е активист за социјална правда и екологист. Доктор е на политички науки. Во последните години неговиот интерес е концентриран на економијата и екологијата. Автор и коавтор е на повеќе книги, меѓу кои „Демократија: модели и дилеми“ (2011) и „Отаде едноумието: повторно откривање на левицата“ (2006). Се занимава и со преведување. Во последните години, со цел да ѝ ги приближи најновите трендови на прогресивната светска мисла на македонската јавност ги преведе книгите: „Поделба: краток вовед во глобалната нееднаквост и нејзиното решавање“ од Џејсон Хикел (2019) и „Историја на светот во седум евтини работи: водич во капитализмот, природата и иднината на планетата“ од Раџ Пател и Џејсон В. Мур (2020).

Vitet e fundit, edhe nacionalizmi edhe individualizmi shënojnë një rritje të konsiderueshme. Si në Maqedoni ashtu edhe në botë. Identifikimi i tyre, kuptimi i marrëdhënieve të tyre dhe rregullimi hierarkik është i një rëndësie të jashtëzakonshme, që forcat e përparuara të mund t’i kundërshtojnë me sukses, dhe ta drejtojnë rrjedhën e Historisë në drejtimin e dëshiruar.

Ngjashmëritë

Gjëja e parë që kanë të përbashkët të dyja teoritë dhe botëkuptime është se, megjithëse ato janë të përfaqësuara gjerësisht, pak njerëz duan të identifikohen me to. Ajo tregon qartë problematikën e tyre fitimprurëse dhe morale.

Nacionalistit i pëlqen të fshihet pas gjethit të fikut të patriotizmit dhe të portretizojë urrejtjen e tij (për të tjerët) si dashuri (për të tijën). Individualisti, egoisti, mbi të gjitha dëshiron të nxjerrë përfitime personale, por edhe kështu, më së paku dëshiron të quhet egoist.

Përfaqësimi i gjerë i një këndvështrimi të caktuar problematik ofron gjithmonë avantazhin e normalizimit të asaj problematike, duke e bërë më pak problematike, madje duke e bërë “normale”. E megjithatë, edhe në këtë kontekst, as nacionalisti dhe as egoisti nuk kanë guxim të mjaftueshëm, për të deklaruar hapur se çfarë janë. Nuk ka provë më të mirë për problematikën fitimprurëse dhe morale të nacionalizmit dhe egoizmit.

“Botëkuptime natyrore apo konstruksione ideologjike?”

Karakteristika tjetër e përbashkët që kanë është se shumëkush i konsideron si botëkuptime “natyrale”, edhe pse janë të ndërtuara ideologjikisht. Njerëzimi ishte dhe duhej të ndahej në kombe. Qëndrim ideologjik! Pjesa më e rëndësishme dhe madje e vetmja e identitetit të çdo personi ishte identiteti i tij etnik. Një tjetër pozicion ideologjik! Çështjet më të rëndësishme politike ishin çështjet kombëtare, dhe të gjitha çështjet e tjera politike ishin më pak të rëndësishme se ato. Një tjetër pozicion thjesht ideologjik!

E njëjta gjë është e vërtetë për individualizmin dhe egoizmin shoqërues të tij të pashmangshëm. Nuk kishte shoqëri, nuk kishte komunitete, por vetëm individë dhe familjet e tyre. Qëndrim ideologjik! Ata individë të atomizuar, që nuk e shihnin veten si pjesë e asnjë komuniteti, supozohej se nuk u interesonte asgjë përtej hundëve të tyre. Një tjetër pozicion ideologjik! Meqenëse secili e shihte vetëm interesin e vet personal, dhe nuk kishte bashkësi, por vetëm grupime për shkak të përfitimit personal, marrëdhëniet mes njerëzve nuk mund të ishin tjetër veçse – ujqër. Një tjetër pozicion thjesht ideologjik!

Si në rastin e nacionalizmit ashtu edhe në rastin e individualizmit, të gjitha këto pretendime as nuk mund të pretendojnë ndonjë saktësi “matematikore” dhe as të mburren me ndonjë universalitet të përjetshëm. Prandaj, ato nuk janë as të vërteta absolute dhe as të përjetshme, por vetëm konstruksione ideologjike. Dhe fakti që ata kanë një pamje të vetëkuptimit, të pranueshmërisë së përgjithshme, vetëm thotë se në një mjedis të caktuar promotorët e tyre arritën t’i bëjnë ata të pranohen gjerësisht dhe t’i shtyjnë kritikat e tyre në margjina.

Do të veçojmë një karakteristikë të tretë që është e përbashkët për nacionalizmin dhe individualizmin. Para së gjithash, sepse ekspozon hipokrizinë e tyre dhe nxjerr në pah më tej fitiminteresin e tyre.

Një numër i madh nacionalistësh dhe individualistësh duan ta portretizojnë veten si besimtarë të mëdhenj. Por, sigurisht, atyre u pëlqen gjithashtu të shtiren se janë hutuar për sa i përket asaj, që feja e tyre, u a dikton atyre, si sjellje morale. Ne do të marrim krishterimin si shembull. A nuk tha Jezusi: “Duaje të afërmin tënd si veten tënde!” Kush është fqinji këtu? Vetëm maqedonasi, vetëm bullgari, vetëm greku? Apo çdo person tjetër, pavarësisht nga identifikimi i tij etnik (çfarë edhe të jetë ai)?

Por nëse e duam fqinjin tonë pavarësisht nga identifikimi i tij etnik, çfarë do të mbetet nga nacionalizmi?

Hipokrizia është edhe më e madhe nga pikëpamja individualiste. Të duash fqinjin tënd është në kontrast absolut me qëndrimin individualist të kujdesit vetëm për veten dhe t’i shohësh të tjerët si ujqër që presin vazhdimisht një mundësi për t’ju “shqyer”. Hapësira nuk na lejon t’i referohemi historisë së Jezusit për samaritanin e mirë. Sa nga “të krishterët” e mëdhenj, që janë në të vërtetë nacionalistë dhe/ose individualistë e dinë atë histori? Ata janë aq të rrallë, sa që vetëm ky fakt thotë mjaftueshëm se religjioziteti i tyre është thjesht PR bosh para të tjerëve dhe vetes.

E kundërta e dukshme

Me vdekjen e tanishme intelektuale në Maqedoni, ndoshta është befasues vetë fakti që nacionalizmi dhe individualizmi konsiderohen së bashku. Sepse pamja është se ata madje janë kundër njëri-tjetrit. Individualisti nuk sheh vlerë dhe qëllim më të lartë se përfitimi personal, ndërsa nacionalisti (“patrioti”) po sheh. Le të shohim nëse kjo është e vërtetë.

Individualisti, sado egoist që të jetë, sado që të mendojë se bota sillet rreth tij, zakonisht nuk mund ta mbajë pozicionin e tij në një masë të tillë, pa i bërë një lëshim të vogël humanizmit, dhe nën avantazhin e tij. Të mos e nënkupton përfitimin e familjes së vet. Në rrënimin radikal të sotëm të vlerave kapitaliste, edhe kjo është nën sulm. E pra, martesa shikohet në mënyrë transaksionale, si një martesë me interes dhe jo si një bashkim, ndaj “partneri” martesor shihet gjithnjë e më shumë si një tjetër, si një individ i huaj me interesa që nuk janë domosdoshmërisht të njëjta me ato të tijat. Gjithashtu, shumë prej tyre do të bënin gjithçka për fëmijët e tyre, por, në kontekstin e krizës klimatike, jo me çmimin e “privimit” të komoditeteve të tyre konsumatore, duke dhënë kështu një kontribut personal në shkatërrimin e së ardhmes edhe të fëmijëve tyre. Por, pavarësisht rasteve të tilla të kalimit në pozicionet e individualizmit “konsistent”, në përgjithësi, propaganduesit dhe praktikuesit e individualizmit e shpërfillin atë të metë të teorisë dhe praktikës së tyre, kështu që nën, Unë dhe Përfitimi Im, nënkuptojnë familjen e tyre, si një zgjatim të UNË-s personale.

I njëjti lloj zgjerimi i unë-s personale, sikur që bën dikush në lidhje me familjen personale mund të bëhet në lidhje me gjëra të tjera: qytetin tim, vendin tim, popullin tim, racën time. Në raste të tilla të shtrirjes së vetvetes, individualisti identifikohet me atë më të përgjithshmen, por interesat e më të përgjithshmeve, ai gjithmonë i sheh nga prizmi i interesit të tij.

Për të nuk ka absolutisht asnjë dyshim se ai do t’i jep përparësi përfitimit personal mbi përfitimin e grupit më të përgjithshëm sa herë që do të përplasen ato. Së shpejti do t’i kthehemi kësaj pike, por fillimisht vetëm do të theksojmë se për shkak të kësaj shtrirjeje të vetvetes, sado kontradiktore të duket, nuk është aspak e pamundur për një person të caktuar, në fakt një masë njerëzish, të jenë edhe individualistë edhe nacionalistë në të njëjtën kohë. Në fakt, numri dominues i nacionalistëve sot janë pikërisht individualistët, ata që e shohin avancimin e “interesave kombëtare” si një mënyrë për të çuar përpara përfitimet personale materiale dhe psikologjike.

Por a ka një lloj tjetër nacionalistësh? Për mrekulli, ajo ende ekziston. Por budallenjtë e tillë (nga këndvështrimi i individualistëve nacionalistë) janë gjithnjë e më pak. Ata, ndryshe nga individualistët, shikojnë përtej hundëve të tyre dhe konsiderojnë se ka diçka më të madhe se përfitimi personal, domethënë, mirëqenia e popullit të tyre. Ata janë të shqetësuar nga paqëllimi i një shoqërie të ndarë nga kapitalizmi në një koleksion individësh të atomizuar që ndjekin kryesisht interesat e tyre personale, dhe besojnë se ka diçka më të lartë se Vetja egoiste. Por reagimi i tyre ndaj atomizmit dhe tjetërsimit në shoqërinë kapitaliste është gjysmake, sepse ata tregohen të paaftë, të pamundur, të pafuqishëm për ta parë tjetrin si person dhe tek ai shohin vetëm një pjesëtar të tufës së tyre ose ndonjë tufë tjetër. Rrjedhimisht, ata arrijnë të shohin vetëm maqedonas, shqiptarë, francezë, kinezë, por nuk kanë kapacitet mendor për të parë njerëzit. Është e qartë se ky reagim është edhe retrograd, sepse duke krijuar përçarje mes të shfrytëzuarve dhe duke i defokusuar me “padrejtësi kombëtare”, pengojnë dhe pamundësojnë luftën për riorganizimin e shoqërisë sipas parimeve të arsyes dhe drejtësisë.

Hierarkia e tyre

Pasi që kemi vërtetuar se është e mundur që i njëjti person të jetë edhe nacionalist edhe individualist, dhe pasi kemi vlerësuar se janë pikërisht këta njerëz që përfaqësojnë numrin dominues të nacionalistëve sot, le të shtrojmë pyetjen:

“Çfarë është më e rëndësishme për nacionalistët, pra për individualistët nacionalistë: avancimi i së mirës kombëtare apo përfitimi personal?”

Mjafton vetëm bërja e pyetjes për të nxjerrë përgjigjen, sepse është kaq e qartë për këdo që ka njohurinë më të vogël në mendësinë e këtyre anëtarëve biologjikë të species njerëzore. Megjithatë, ne do të tregojmë dy shembuj.

Shembulli ynë i parë do të jetë një kapitalist “patriot”, le të themi me identitet etnik maqedonas, edhe pse, natyrisht, kjo vlen edhe për të gjithë të tjerët. Si “patriot” e do Maqedoninë, i do maqedonasit, por nuk e ka problem t’i shtrydh vëllezërit dhe motrat maqedonase që punojnë për të, dhe t’u japë një rrogë sa më të ulët, apo jo, që të ketë fitim më të madh.

Fakti që punëtorët e kapitalistit janë “vëllezërit” dhe “motrat” e tij, nuk ka absolutisht asnjë ndikim në përpjekjen e tij, për të maksimizuar fitimin e tij nëpërmjet punës së tyre. Vëllai për vëlla, djathi – për para.

Shembulli i dytë le të jetë marrja e pasaportës bullgare. Ka shumë “Maqedonas të mëdhenj” që urrejnë Bullgarë, por që kanë marrë pasaportë bullgare. Për kujtesë, marrja e një pasaporte bullgare nënkupton jo vetëm dhënien e një deklarate tek një noter ku thua “Unë jam bullgar”, por edhe përdhosjen e kujtimit të të parëve të tu, duke pretenduar se edhe ata ishin bullgarë. Por kur bëhet fjalë për interesin personal… Dhe, natyrisht, pavarësisht se kanë nxjerrë pasaportën bullgare, këta “Maqedonas të fortë” vazhdojnë të parakalojnë maqedonizmin e tyre. Maqedonia mbi të gjitha? Po, por padyshim jo edhe mbi interesat personale. Është për të ardhur keq që nuk mund të bëhet një anketë mes aplikantëve për pasaportë bullgare. Jo vetëm që “patriotët” do të jenë në numër të konsiderueshëm, por nuk përjashtohet që të rezultojnë të jenë shumica e aplikantëve!

Është kristal e qartë se për individualistin nacionalist fitimi personal ka gjithmonë përparësi mbi interesat kombëtare. Është gjithashtu e qartë se sa pesë pareshe është “patriotizmi” i tyre. Ata do të rrahin gjoksin “për Maqedoninë”, “për Shqipërinë”, “për Bullgarinë” etj., por në fund të fundit, nuk do të ngurrojnë t’i shesin – për pesë pare.

Lufta

Lufta nuk është vetëm kundër nacionalizmit, por edhe kundër individualizmit. Dhe është ndryshe nga lufta sterile kundër nacionalizmit të liberalëve. Këta të fundit jo vetëm që ikin ndonjëherë, duke avokuar për një lloj “nacionalizmi qytetar” kundër “etno-nacionalizmit”, por si kurë për sëmundjen e nacionalizmit, ofrojnë pikërisht atë – individualizmin. Ne nuk duhej të kishim ndonjë besnikëri më të lartë se sa për ne vetë, ne kryesisht kemi qenë individë (“qytetarë”) dhe supozohej të merrnim pjesë në procesin “demokratik” si qytetarë të izoluar dhe të atomizuar (në fakt si masë plastike në duart e “elitës”).

Pse ilaçi i liberalëve është aq i keq sa sëmundja e nacionalizmit? Së pari, sepse, siç e pamë, bërja e dikujt individualist, nuk garanton aspak se ai, për përfitime materiale dhe/ose psikologjike, nuk do të arrijë drejt nacionalizmit. Nuk mund ta fusësh një person thjesht në shtratin Prokrustean të individualizmit, dhe thjeshtë në mënyrë magjike ta bëni imun ndaj nevojës njerëzore për afrim me qeniet e tjera njerëzore. Së dyti, nëse është e dobishme për kapitalizmin që ne të na bëjmë makineri egoiste, kjo nuk do të thotë se është e dobishme për veten tonë. Sado “kundërintuitive” që mund të duket ajo.

Lufta që shkon përtej kornizave sterile të liberalëve duhet të respektojë disa gjëra:

Së pari, se te nacionalistët, individualistët nacionalistë janë pikërisht ata që dominojnë. Rritja e nacionalizmit në Maqedoni në vitet e fundit nuk është vetëm për shkak të acarimit të ndjenjave kombëtare përmes sjelljes së një politike katastrofike “evropiane”.

Përparimi i madh i botëkuptimit individualist i dha gjithashtu një erë të fortë nacionalizmit.

Ky mendim: nuk ka asgjë më të lartë se përfitimi Im personal, dhe asnjë parim apo konsideratë morale nuk mund t’i pengojë! Në atë kontekst, liberalët janë tragjikomikë! Ata bënë gjithçka për t’i bërë njerëzit në makina egoiste, dhe më pas rreshtuan ankesat se pse ato makina egoiste mbështesin “populistët” e krahut të djathtë, kur ata mbështeten në interesin egoist që është i verbër ndaj çdo konsiderate morale në vendndodhjen e tyre të problemeve.

Në një kontekst të tillë, çdo antinacionalizëm që nuk trajton gjithashtu problemin e individualizmit do të shpërthejë – me fishekë qore.

Së dyti, steriliteti i luftës kundër nacionalizmit duhet të tregohet vetëm nga të kuptuarit se, ndërtimi i një shoqërie antinacionaliste, e “një shoqëri për të gjithë”, nuk mjafton në vetvete. Dhe në këtë pikë ne dallojmë nga liberalët.

Është fare e mundur të imagjinohet një shoqëri që do të çlirohet nga çdo urrejtje nacionaliste, dhe që do të jetë ende, “deri në kockë”, shfrytëzuese, një shoqëri në të cilën shfrytëzimi i njeriut nga njeriu kryhet pa pengesa, pavarësisht nga përkatësia etnike i të parit dhe të dytit. Prandaj, antinacionalizmi mund të jetë vetëm pjesë e luftës për emancipim të përgjithshëm njerëzor, por jo kulmi apo fundi i saj.

Së treti, kundër shkurtpamësisë, sipërfaqësisë dhe dëmit të dioptrës nacionaliste, që e bën të pamundur të shihet njeriu, dhe që i klasifikon njerëzit në kategori të veçanta sipas disa karakteristikave të tyre kulturore (si gjuha, feja) ose sipas karakteristikave sipërfaqësore biologjike (siç është ngjyra e lëkurës), është e nevojshme që vetë të e shohim njeriun, dhe të i ndihmojmë të tjerët të hedhin syzet nacionaliste, përmes të cilave shohin botën. Unë po flas konkretisht për ndryshimin që vijon në perceptim. Ne mund t’i perceptojmë njerëzit në Gaza, mbi të cilët regjimi i dehumanizuar izraelit po kryen gjenocid, si palestinezë, por edhe si qenie njerëzore. Nëse i perceptojmë si palestinezë, sigurisht që mund të simpatizojmë tragjedinë dhe luftën e tyre për liri, por kur i perceptojmë në këtë mënyrë, atëherë i shohim si anëtarë të një grupi që është i ndryshëm nga i yni. Ata janë palestinezë, kurse ne jemi maqedonas, shqiptarë etj. Ndryshe është kur ata i perceptojmë si njerëz, dhe kur ne e perceptojmë veten si njerëz. Atëherë, ne e kuptojmë se një gjenocid po kryhet ndaj njërit prej tonëve. Dhe ky realitet dhemb më shumë dhe në një mënyrë tjetër, dhe më thellë motivon solidaritetin. Duhet ekspozuar dhe përfunduar me “logjikën” nacionaliste që gjërat i kthen përmbys: se fillimisht ne paskemi qenë maqedonas, shqiptarë etj., e më pastaj njerëz (!?) Jo! Ne fillimisht mund të jemi vetëm njerëz, dhe më pastaj mund të jemi maqedonas, shqiptarë etj.

“Ndryshe nga shtrembërimi nacionalist i gjërave, identiteti etnik nuk është identiteti ynë bazë, por ai është identiteti ynë njerëzor!”

Së katërti, me të njëjtën pafytyrësi, me të cilën nacionalistët shtrembërojnë gjërat për identitetin tonë, propaganduesit e individualizmit paraqiten si mbrojtësit më të mëdhenj të të drejtave dhe interesave të njerëzve si individë. Ata që urrejnë njeriun, që predikojnë se për ne të gjithë njerëzit e tjerë janë ujqër (ndërsa fyejn edhe ujqërit)!

Kapitalizmi është një pengesë për zhvillimin personal dhe lumturinë e secilit prej nesh si individ! Po flasim për një sistem të bazuar në skllavërinë me pagë, që privon shumicën dërrmuese të njerëzve (punëtorëve) nga liria e tyre personale, për tetë ose më shumë orë çdo ditë. Për më tepër, ai sistem nuk i lë njerëzit të qetë as në kohën e lirë, duke i orientuar drejt konsumit pasiv, të shurdhër dhe duke i mbajtur në pakënaqësi të vazhdueshme, sepse nuk posedojnë këtë apo atë mosdomosdoshmëri.

Nëse me të vërtetë kujdesemi për individin dhe lumturinë e tij personale, ne duhet të heqim sistemin e skllavërisë me pagë, dhe të vendosim një sistem në të cilin njeriu (jo fitimi) do të jetë në qendër, ku secili prej nesh do të gëzojë punën, të shijojë kohën e lirë, do të gëzojë shoqërimin, me një fjalë, do të gëzojë të jetuarit.

Do të jetojë në vend që të mbijetojë, me shumë apo me pak para. Është e nevojshme të delegjitimohen individualistët në mbrojtjen e tyre të dukshme të së mirës personale të individit, të ekspozohen mizantropia dhe shërbimi i tyre ndaj kapitalizmit dhe në vend të kësaj, përpjekja të jetë, siç kam shkruar kohë më parë Marksi dhe Engelsi, një shoqatë në të cilën zhvillimi i lirë individual, do të jetë kusht për zhvillimit të lirë të të gjithëve.

Zdravko Saveski

Redaksia e Ide të zëshme, nuk pajtohen domosdoshmërisht me pikëpamjet e shprehura në kollumnë.

Здравко Савески – портрет

Zdravko Saveski është aktivist për drejtësi sociale dhe ambientalist. Ka doktoruar në shkencat politike. Viteve të fundit, interesi i tij është fokusuar në ekonomi dhe ekologji. Ai është autor dhe bashkëautor i disa librave, duke përfshirë “Demokracia: Modele dhe Dilema “Democracy: Models and Dilemas” (2011) dhe “Përtej njëmendësisë: Rizbulimi i së majtës” “Beyond Single-Mindedness: Rediscovering the Left” (2006). Është marrë edhe me përkthim. Vitet e fundit, për t’ia afruar publikut maqedonas, tendencat e fundit të mendimit progresiv botëror, ai i përktheu librat: “Ndarja: një hyrje e shkurtër e pabarazisë globale dhe zgjidhja e saj” nga Xhejson Hikel Jason Hickel (2019) dhe “Historia botërore në Shtatë gjëra të lira: udhëzues në kapitalizëm, natyrën dhe të ardhmen e planetit” nga Raj Patel dhe Jason W. Moore (2020).

RELATED ARTICLES