На 13 јануари, беше светскиот ден на акција против геноцидот врз палестинскиот народ. Во таа насока организирани беа повеќе протести низ целиот Балкан, од Загреб до Атина и Тирана.
Како основен чин на солидарност, за да ја подигнат јавната свест за етничкото чистење и апартхејдот кои се случуваат во Палестина, членовите на Колективот на С.Ц Дуња, заедно со своите поддржувачи и другари во Скопје, залепија стотици постери на македонски и албански јазик со повици за поддршка на палестинскиот народ.
На оваа акција се приклучија и другари и другарки од Битола, кои исто така го облепија градот со повици за поддршка на палестинскиот народ и повици за запирање на воената окупација од страна на израелската држава.
Претходно, во месец ноември 2023 година беше организиран и протест за поддршка на палестинскиот народ, кој се одвиваше пред Владата.
Во продолжение може да ги слушнете говорите за време на протестот.