Во саботата на 18.11.2023г во организација на Социјален центар Дуња се одржа протест за поддршка на народот во Палестина. Протестот почна со интонирање на работничката химна „Интернационала“, на арапски и на хебрејски јазик, бидејќи мир и правда е потребно како за Палестинците, така и за Израелците.
Протестот продолжи со рецитали на песни на палестинскиот поет Махмуд Дарвуш како и на песна за Палестина напишана од неодмана починатиот битолски поет Панде Манојлов. На протестот говореа членови од центарот, како и активист од Грција. Се говореше за досегашниот биланс на жртви, меѓу кои и илјадници деца, припадници на Обединетите нации, медицински кадар и новинари во Газа. Изразено беше незадоволство и огорченост од начинот на кој Владата се однесува кон оваа хуманитарна криза.
За политичките пораки упатени на протестот, погледете го видео прилогот.