Градот Куманово се наоѓа во североисточниот дел на Македонија и брои нешто повеќе од 80.000 жители.
За прв пат Куманово се споменува во официјалните отомански документи во 1519 година. По Втората Светска Војна, Куманово го доживува својот индустриски, културен и урбан раст и прераснува во главен административно-културен центар во североисточниот регион на Македонија. Во 60-тите и 70-тите години од XX век, во Куманово започнуваат со работа големи индустриски капацитети кои вработуваат по неколку илјади жители, од кои најпознати се: ФЗЦ 11ти Октомври, Чевларска Индустрија Куманово (ЧИК), Тутунски комбинат итн. Ова предизвикува економски развој што имплицира културно и урбано унапредување на градот.
По дегенерација на социјалистичкото уредување и реставрирање на капитализмот, големите индустриски капацитети се приватизирани и престанале со вршење на својата дејност. По нив се останати само руинирани објекти кои претставуваат грда слика во централното градско подрачје и пошироко, а се и потенцијален извор на заразни болести.
Со децении градот економси е зависен од приходи на граѓани кои долги години работеа на печалба во воени бази во Ирак и Авганистан. Урбаната слика на Куманово е потполно видоизменета, а некогашниот урбан сјај е заменет со руини и смет, а во градот нема скоро ниту трага од поранешните богати културни соддржини и спортски комплекси.
Во продолжение се обидуваме да ја претставиме урбаната естетика на Куманово по падот на социјализмот:
Фоторепортажата ја изработи Мартин Крстевски