Интервју со Соња Ставрова
Соња Ставрова живее во Скопје и е магистриран фотограф на Катедрата по фотографија на Интернационалниот Универзитет „Еуропа Прима“ во Скопје. Дипломирала на правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје. Нејзините фотографии биле дел од повеќе групни изложби: „Here’s the artist“ (Скопје – Загреб – Единбург, 2021), „All girls festival“ (Скопје, 2019), „F8“ (Скопје, 2019), „Идентитет“ (Дортмунд – Скопје, 2018), „Rovinj photo days“ (Ровињ – Загреб, 2018), „Фото Софија 13“ (Загреб, 2018), „Млади ликовни уметници од Кавадарци и нивни гости“ (Кавадарци, 2014, 2017, 2019, 2020 и 2021), „Фестивал за урбана култура Мурал“ (Скопје, 2019), „Скопје Креатива“ (Скопје, 2017), „Времеграфии“ (Скопје, 2017), „Теми од мојата земја Македонија“ (Скопје, 2018), „Влажен колодиумски процес“ (Скопје, 2018), „Photo Video Applied Skills“ (Баиле Туснад, 2016) и „Фотон“ (Кавадарци, 2013).
Никола Шиндре: „Од самото измислување на фотоапаратот човекот ја има желбата, но и потребата од него. Желбата да се зачува мигот, да се направи некаква слика од моментот, што ќе може да означи нечии убави искуства е присутна скоро кај секого. Денес, кога фотоапаратите се наоѓаат во сечии раце, односно во мобилните телефони, можноста за фотографирање не е предизвик. Предизвикот се префрла на друго. Што е тоа што е вредно да се запази со фотоапаратот?“
Соња Ставрова: „Фотографијата низ годините постојано се менува, но никогаш не ги губи старите вредности и облици. Секој вид фотографија има своја магија и нуди различна приказна. Од макро фотографија до документарна фотографија – тоа е цела низа можности. Од аналогна до дигитална, и комбинација од двете. Од најголема вистина до најголема лага, сите опции се отворени. Најважно од сè е во кој контекст се става фотографијата и за каква фотографија се зборува. Како што е предизвик да се долови вистината во документарната фотографија, така е предизвик да се биде креативен во дигитална манипулација на фотографијата и да се креира надреалност. Во последно време, кога мобилните телефони исто така отвораат можност за секој да направи фотографија, се појавуваат и такви „fast food“ фотографии. Тие пребрзо циркулираат на социјалните медиуми и за жал веќе нема да можеме да ги избегнеме. Најчесто се пресатурирани, агресивни и лошо поставени композициски. Во оваа група ќе ги сместам и фотографиите кои крерираат нереалистичен дигитален контент (промовирани се како реални од корисниците), а тоа се филтрите за разубавување. Секој ден нов филтер е во тренд кој најчесто се користи за креирање т.н. „second nature“ кај корисниците. Со нив се прави стандардизирање на перфектна убавина која надвор од социјалните медиуми не постои. Мора да правиме разлика помеѓу овие два пристапи на фотографирање. Апсолутно се различни и не се застапуваат, ниту побиваат едни со други.
Н. Ш. На еден начин фотографијата успева да зачува една слика во нечија меморија, но од друга страна може да го измести фокусот на публиката кон нешто што не гледала. Како Вие гледате на оваа улога на фотографијата – да создава нови видици?
С. С. Како што нуди голема вистина, фотографијата може да изнуди исто така и голема лага. Аголот секогаш знае да ја измести перспективата на гледачот, а постпродукцијата да ги тргне брчките и порите. Но ова не е генерално тврдење бидејќи повторно, важно е за каков тип фотографија зборуваме. Од документарната фотографија не треба да се одзема ниту додава. Таа треба да ја застапува вистината и подлежи на минимални (најчесто color) корекции. Модната фотографија (најчесто, не секогаш) нуди перфектност и подлежи на сериозна постобработка. Важно е што се фотографира, како и кој го прави тоа. Фотографијата е врамување дел од просторот, фотографот бира што става во рамката, и за што одлучува да раскаже приказна. Таму сигурно има повеќе приказни и случки, но на фотографот останува да ја одбере вистинската за него.
Н. Ш. Сликата (слика, фотографија, графичка илустрација) го означува нашето милје. Сите значајни општествени кампањи се во некаков сооднос со некоја слика, претежно фотографија. Каков е односот на фотографот со објективот кога е ангажиран?
С. С. Најчесто следат индикации на што да биде фокусиран и го фотографира тоа што ќе го побараат од него. Секогаш е различно. Кога се работи за кампањи во зависност од клиентот, следи и степенот на креативна слобода оставена за фотографот. Секој фотограф си има свој печат и уникатност. Професионалноста е тоа што се бара, на иста линија со клиентот. На едно барање на клиентот двајца фотографи различно ќе одговорат бидејќи секој има различен пристап.
Н. Ш. Прва е фотографијата, па филмот, па дигиталните медиуми и сега вештачката интелигенција е во подем. Сепак, овие нови техники се позајмуваат едни од други. Каков однос се гради, а каков ќе треба да се гради помеѓу човекот и вештачката интелигенција низ уметноста?
С. С. Па мислам дека помага, за во време на капитализам побрзо да се финишира почетна идеја, догради или некогаш насочи. Зависи кој AI софтвер се користи и за што. Пазарот бара брзина, а тоа не е уметност. Уметноста е измешана со капитализмот и често се испреплетува со тоа што значи уметност, а што робот. Уметноста се темели на лично искуство и постојано еволуира во зависност од животните случувања на еден човек, така и неговиот агол, стил, живот и гледишта се менуваат, се формира уникатен карактер кој мислам дека робот нема никогаш да го постигне. Уметност се темели на духовност (spirit) па доколку може да се инсталира душа во робот, тогаш да, треба да постои страв. Запознаена сум со неколку AI сајтови и не мислам дека пречат, туку напротив, помагаат и едуцираат. Проблемот се појавува кога знаењето се темели на AI, но, тогаш веќе не зборуваме за уметност.
Н. Ш. Процесот на создавање е еден, но процесот на меморирање е друг. Фотографијата кај нас не е добро архивирана. Во поглед на личните и колективните архиви, како треба да се меморира тоа што еднаш веќе се меморирало со фотоапаратот?
С. С. Во нашата држава твореле многу фотографи чии фотографии, за жал, сè уште гнијат по подруми. Овие фотографии се белег и идентитет на времето во кое се направени и се дел од националното богатство. Тоа што ние толку ги занемаруваме овие теми, е крајно несериозно во споредба со улогата што овие фотографии можат да ја имаат. За разлика од кај нас, во другите држави каде идентитетот и културата на народот се на многу високо ниво, ова не е случај. Уметничките дела, фотографиите се изложени во музеи и прават основа за новите генерации да имаат почетна точка и нивното творештво да се темели на нив. Овие фотографии треба да се реставрираат, да се чуваат во специјални услови и да бидат изложени во музеи каде што припаѓаат. Тоа се сведоштва кои без ронка одговорност оставаме да исчезнат. Но повторно, не може некој само поведен од својата желба да почне да го прави ова. Тоа е макотрпен, долг и стручен процес на кој надлежните институции треба сериозно да погледнат. Треба да се оформи стручен кадар кој ќе биде платен за вложениот труд. Познавам неколку фотографи кај нас што го прават тоа или некогаш го правеле. Но, знам уште толку фотографи чие творештво избледува заедно со нивното постоење.
Н. Ш. Фромовски кажано да се има не е исто со да се биде. Многумина мислат дека поседувањето фотоапарат ги прави фотографи, но тоа не е така. Како се учи да се стане фотограф?
С. С. Мислам дека фотографијата кај нас сè уште е недоволно ценета како уметност. Затоа и имаме необразовани фотографи што создаваат кич наоколу. Немањето катедра за фотографија на државен универзитет мислам дека е вистинска штета. Првата фотографија датира од далечната 1826/7 година, ние во 2023 година сè уште немаме катедра што ќе едуцира. Но, за сметка на тоа имаме кратки курсеви (што несеопфатно и невешто едуцираат), и еден приватен универзитет каде што може да се изучува фотографија. Така и на пазарот се создава нереална конкуренција која поминува бидејќи кај нас едноставно сè поминува. Посветено и етапно се учи фотографија, и се учи секој ден, а исто така во тој процес е важно и да се екпериментира.
Н. Ш. Учењето уметност, без разлика каква, се сведува и на искуството. Покрај уметничкото искуство и меѓучовечкото. Какви искуства нуди фотографската уметност кога од другата страна на објективот стои друга личност?
С. С. Апсолутно искуството е најважно, особено во моменти кога треба да се пристапи на луѓе со кои не сме биле во предходна комуникација или не делиме заеднички ставови и идеи. Градењето доверба помеѓу фотографот и портретираниот е најважната работа на која се темели добрата фотографија. Еден од најпредизвикувачките проекти на кои работев е „Кралот Алкохол“, дејството се одвиваше во кафана каде што сите присутни помалку или повеќе беа странци за мене. На почеток е секогаш тешко, особено во средина како нашата, каде што луѓето немаат искуство и навика да се фотографираат. Најголем предизвик е кога таа доверба треба да се стекне многу брзо, тогаш треба да се одберат вистинските зборови за да може портретираниот да се впушти во процесот/ идејата. Тука доаѓа до израз искуството, начинот на пристапување и доближување на темата до портретираните. Многу често тоа се луѓе кои никогаш предходно не биле фотографирани. Сум имала многу ситуации, добри и лоши и смешни и не толку смешни. Најважно од сè е да се остане смирен и фокусиран. Тоа е околу документарната фотографија. Кога фотографирам во студио немам други влијанија и таму сум само со портретираниот па тогаш работите се полесни со самиот момент на интимност, иако на почеток морав да застанам пред камера за да сфатам што се случува. Не е едноставен моментот кога стоиш пред нешто што може да ги истакне твоите најголеми мани, затоа и довербата кон фотографот од страна на портретираниот е клучна. Сите ние имаме добри и лоши агли и во тој дел од секундата можеме да не личиме на себеси па тука улогата на фотографот е да го извади максимумот од портретираниот, а тоа не би било можно доколку тој нема способност да го препознае неговиот карактер и да се поврзе и сочувствува со него. Атмосферата ја градиме заемно и повторно се темели на доверба и нормално на искуство.
Подолу можете да погледнете дел од фотографиите на младата фотографка Соња Ставрова.
Лектура: Е. М.
Intervistë me Sonja Stavrovën
Sonja Stavrova jeton në Shkup dhe është fotografe e magjistruar në katedrën e Fotografisë në Universitetin Ndërkombëtar “Europa Prima” në Shkup. Ka diplomuar në Fakultetin Juridik “Justiniani i Parë” në Shkup. Fotografitë e saj ishin pjesë e më shumë ekspozitave grupore: „Here’s the artist“ (Shkup – Zagreb – Edinburg, 2021), „All girls festival“ (Shkup, 2019), “F8” (Shkup, 2019), “Identiteti” (Dortmund – Shkup, 2018), “Rovinj photo days” (Rovinj – Zagreb, 2018), “Foto Sofija 13” (Zagreb, 2018), “Artistë të rinj piktorë nga Kavadari dhe mysafirët e tyre” (Kavadar, 2014, 2017, 2019, 2020 2021), “Festivali i Kulturës Murale Urbane” (Shkup, 2019), “Shkupi Kreativa” (Shkup, 2017), “Vremegrafii” (Shkup, 2017), “Tema nga vendi im Maqedonia” (Shkup, 2018), “Proces i lagët Kollodion” (Shkup, 2018), „Photo Video Applied Skills“(Baile Tusnad, 2016) dhe “Foton” (Kavadar, 2013).
Nikola Shindre: “Që nga shpikja e fotoaparatit, njeriu ka pasur dëshirën, por edhe nevojën për të. Dëshira për të ruajtur momentin, për të bërë ndonjë fotografi të momentit, e cila mund të shënojë përvojat e bukura të dikujt, është e pranishme pothuajse te të gjithë. Sot, kur fotoaparatet janë në duart e të gjithëve, pra në celularët, mundësia për të bërë fotografi nuk është sfidë. Sfida kalon në diçka tjetër. Çfarë është ajo që ia vlen të merret me kujdes të fotoaparatit?’
Sonja Stavrova: “Fotografia ndryshon vazhdimisht ndër vite, por nuk i humb asnjëherë vlerat dhe format e vjetra. Çdo lloj fotografie ka magjinë e vet dhe ofron një histori të ndryshme. Nga fotografia makro tek fotografia dokumentare – është një gamë e tërë mundësish. Nga analoge në digjitale, dhe kombinim i të dyjave. Nga e vërteta më e madhe te gënjeshtra më e madhe, të gjitha opsionet janë të hapura. Më e rëndësishmja nga të gjitha është konteksti në të cilin është vendosur fotografia dhe për çfarë lloj fotografie flitet. Ashtu siç është sfidë për të kapur të vërtetën në fotografinë dokumentare, po ashtu është sfidë të jesh krijues në manipulimin digjital të fotografisë dhe të krijohet surrealitet. Kohëve të fundit, kur edhe celularët hapin mundësinë që të gjithë të bëjnë foto, po shfaqen edhe të tilla, pra “fast food” foto. Ato qarkullojnë shumë shpejt në rrjetet sociale dhe për fat të keq nuk do të mund t’i shmangim më. Ata janë kryesisht të mbingopur, agresivë dhe të vendosur keq në përbërje. Në këtë grup do të vendos edhe fotot që krijojnë përmbajtje digjitale joreale (të promovuara si reale nga përdoruesit), të cilat janë filtrat e zbukurimit. Çdo ditë është në trend një filtër i ri i cili më së shumti përdoret për të krijuar të ashtuquajturën „second nature-natyra e dytë” midis përdoruesve. Me ato bëhet standardizimi i bukurisë të përsosur, e cila nuk ekziston jashtë rrjeteve sociale. Ne duhet të bëjmë dallimin midis këtyre dy qasjeve ndaj fotografimit. Ata janë absolutisht të ndryshëm dhe as nuk e mbështesin dhe as nuk e përgënjeshtrojnë njëri-tjetrin.
N. Sh. Nga njëra anë, fotografia arrin të ruajë një imazh në kujtesën e dikujt, por nga ana tjetër, mund të zhvendosë fokusin e publikut në diçka që nuk e ka parë. Si e shihni këtë rol të fotografisë – për të krijuar pamje të reja?
S. S. Duke qenë se ofron një të vërtetë të madhe, fotografia mund të detyrojë gjithashtu një gënjeshtër të madhe. Këndi gjithmonë di të ndryshojë këndvështrimin e shikuesit, ndërsa post-produksioni të i heqë rrudhat dhe poret. Por kjo nuk është deklaratë e përgjithshme, sepse përsëri, ka rëndësi se për çfarë lloj fotografie po flasim. Nuk duhet zbritur apo shtuar nga fotografia dokumentare. Ajo duhet të e përfaqësojë të vërtetën dhe i nënshtrohet korrigjimeve minimale (kryesisht me ngjyra). Fotografia e modës (kryesisht, jo gjithmonë) ofron përsosmëri dhe i nënshtrohet një përpunimi serioz pas përpunimit. Është e rëndësishme se çfarë po fotografohet, si dhe kush po e bën atë. Fotografia është kornizë e një pjese të hapësirës, fotografi zgjedh atë që vendos në kornizë, dhe për çfarë vendos të tregojë histori. Sigurisht që atje ka më shumë histori dhe incidente, por fotografi duhet të e zgjedhë të vërtetën për vete.
N. Sh. Fotoja (foto, fotografi, ilustrim grafik) shënon miljeun tonë. Të gjitha fushatat e rëndësishme sociale janë në një farë mënyre të lidhura me ndonjë fotografi, kryesisht pra me fotografi. Cili është raporti i fotografit me objektivin kur është i angazhuar?
S. S. Shpesh vijojnë indikacione se ku duhet të jetë i përqendruar dhe të e fotografoj atë që do të e kërkojnë prej atij. Gjithmonë është ndryshe. Kur bëhet fjalë për fushata në varësi të klientit, po ashtu vijon edhe shkalla e lirisë krijuese që i është lënë fotografit. Çdo fotograf ka vulën dhe veçantinë e tij. Profesionalizmi është ajo që kërkohet, në të njëjtën linjë me klientin. Dy fotografë do t’i përgjigjen ndryshe kërkesës së një klienti, sepse secili ka një qasje të ndryshme.
N. Sh. Fillimisht erdhi fotografia, më pas filmi, më pas mediat digjitale dhe tani inteligjenca artificiale është në rritje. Megjithatë, këto teknika të reja huazohen nga njëra-tjetra. Çfarë raporti po ndërtohet dhe çfarë do të duhet të ndërtohet mes njeriut dhe inteligjencës artificiale përmes artit?
S. S. Epo, mendoj se ndihmon, në kohën e kapitalizmit, për të përfunduar më shpejt një ide fillestare, mbindërto ose ndonjëherë udhëzo. Varet cili softuer AI përdoret dhe për çfarë. Tregu kërkon shpejtësi dhe ajo nuk është art. Arti është i përzier me kapitalizmin dhe shpesh ndërthuret me atë se çfarë është art dhe çfarë është robot. Arti bazohet në përvojën personale dhe vazhdimisht evoluon në varësi nga ngjarjet e jetës të një personi, kështu që këndi, stili, jeta dhe këndvështrimet e tij ndryshojnë, formohet një karakter unik që mendoj se një robot nuk do ta arrijë kurrë. Arti bazohet në shpirt, kështu që nëse një shpirt mund të instalohet në një robot, atëherë po, duhet të ketë frikë. Jam njohur me disa A1 site, dhe nuk mendoj se pengojnë, por përkundrazi, ndihmojnë dhe edukojnë. Problemi lind kur njohuritë bazohen në AI, por, atëherë nuk flasim më për art.
N. Sh. Procesi i krijimit është një gjë, por procesi i memorizimit është një tjetër. Fotografia te ne nuk është arkivuar mirë. Presa i përket arkivave personale dhe kolektive, si duhet të memorohet ajo që tanimë njëherë është memoruar me Fotoaparat?
S. S. Në vendin tonë kishte shumë fotografë, fotot e të cilëve, për fat të keq, ende kalben nëpër bodrume. Këto fotografi janë shenjë dhe identitet i kohës në të cilën janë realizuar dhe janë pjesë e thesarit kombëtar. Fakti që ne jemi kaq të neglizhuar ndaj këtyre temave është jashtëzakonisht i parëndësishëm në krahasim me rolin që mund të luajnë këto fotografi. Ndryshe nga këtu, në vendet e tjera ku identiteti dhe kultura e njerëzve janë në një nivel shumë të lartë, nuk është kështu. Veprat e artit, fotografitë ekspozohen në muze dhe përbëjnë bazën që brezat e rinj të kenë një pikënisje dhe krijimtaria e tyre të bazohet në to. Këto foto duhet të restaurohen, të ruhen në kushte të veçanta dhe të ekspozohen në muzetë ku i përkasin. Këto janë dëshmi që ne i lamë të zhduken pa asnjë copë përgjegjësie. Por përsëri, nuk mund që dikush i vetëthirur të fillojë ta bëjë këtë vetëm nga dëshira. Është një proces i mundimshëm, i gjatë dhe profesional, të cilin institucionet kompetente duhet ta shikojnë seriozisht. Është e nevojshme të formohet staf profesional i cili do të paguhet për mundin e investuar. Unë njoh disa fotografë në vendin tonë që e bëjnë këtë, ose ndonjëherë e kanë bërë. Por unë njoh shumë fotografë të tjerë, puna e të cilëve zbehet bashkë me ekzistencën e tyre.
N. Sh. Sipas Fromovskit, të kesh nuk është njësoj si të jesh. Shumë njerëz mendojnë se posedimi i një fotoaparati i bën ata fotografë, por nuk është kështu. Si të mësoni të bëheni fotograf?
S. S. Mendoj se fotografia është ende e nënvlerësuar si art në vendin tonë. Kjo është arsyeja pse ne kemi fotografë të paarsimuar që krijojnë kitsch përreth. Të mos kesh katedër fotografie në një universitet shtetëror, mendoj se është turp dhe dëm i vërtetë. Fotoja e parë daton që nga 1826/7, ndërsa ne në 2023, ende nuk kemi një katedër që do të edukojë. Por, për llogari të asaj, kemi kurse të shkurtra (të cilat edukojnë në një mënyrë jo gjithëpërfshirëse dhe të shkujdesur) dhe një universitet privat ku mund të studioni fotografi. Kështu krijohet konkurrenca joreale në treg, e cila kalon, sepse tek ne çdo gjë kalon thjesht. Dikush mëson fotografinë me përkushtim dhe në faza, dhe mëson çdo ditë, dhe gjithashtu në këtë proces është e rëndësishme të eksperimentosh.
N. Sh. Të mësuarit e artit, pavarësisht se çfarë lloji, ka të bëjë me përvojën. Përveç përvojës artistike dhe ndërnjerëzore. Çfarë përvojash ofron arti fotografik kur në anën tjetër të objektivit qëndron një person tjetër?
S. S. Absolutisht, përvoja është më e rëndësishmja, sidomos në momentet kur duhet të afrohemi me njerëz me të cilët nuk kemi pasur komunikim të mëparshëm ose nuk ndajmë pikëpamje dhe ide të përbashkëta. Ndërtimi i besimit midis fotografit dhe subjektit është gjëja më e rëndësishme mbi të cilën bazohet fotografia e mirë. Një nga projektet më sfiduese që kam punuar është “King Alcohol-Mbreti i alkoolit”, aksioni u zhvillua në një pab ku të gjithë të pranishmit ishin pak a shumë të panjohur për mua. Është gjithmonë e vështirë në fillim, sidomos në një mjedis si ky i yni, ku njerëzit nuk e kanë përvojën dhe zakonin për të bërë foto. Sfida më e madhe është kur ai besim duhet të fitohet shumë shpejt, atëherë duhet të zgjidhen fjalët e duhura në mënyrë që personi që portretizohet të përfshihet në proces/ide. Këtu del në pah përvoja, mënyra e afrimit dhe e afrimit të subjektit ndaj të portretizuarit. Shumë shpesh këta janë njerëz që nuk janë fotografuar kurrë më parë. Kam qenë në shumë situata, të mira dhe të këqija, qesharake dhe jo aq qesharake. Më e rëndësishmja nga të gjitha është të qëndroni të qetë dhe të përqendruar. Bëhet fjalë për fotografinë dokumentare. Kur fotografoj në studio nuk kam ndikime të tjera dhe jam vetëm me personin që portretizohet, kështu që gjërat janë më të lehta në momentin e intimitetit, megjithëse në fillim më duhej të qëndroja para kamerës për të kuptuar se çfarë. po ndodhte. Nuk është një moment i lehtë kur qëndroni përballë diçkaje që mund të nxjerrë në pah të metat tuaja më të mëdha, prandaj besimi tek fotografi nga ana e personit që portretizohet është vendimtar. Ne të gjithë kemi kënde të mira dhe të këqija dhe në atë pjesë të sekondës nuk mund t’i ngjajmë vetes, kështu që këtu roli i fotografit është të marrë maksimumin nga personi i portretizuar, dhe kjo nuk do të ishte e mundur nëse ai nuk do të kishte aftësi për të e njohur karakterin e tij dhe për t’u lidhur dhe të bashkëndjejë me të. Ne e ndërtojmë atmosferën reciprokisht dhe përsëri ajo bazohet në besim, dhe normalisht në përvojë.
Më poshtë mund të shihni disa nga fotot e fotografes së re Sonja Stavrova.
Lekturoi: E. M.
Përktheu E. M.