домаИнтервјуДамир Смајловиќ за културата на крводарителство / Damir Smajloviq për kulturën e...

Дамир Смајловиќ за културата на крводарителство / Damir Smajloviq për kulturën e dhurimit të gjakut

Портрет на Дамир Смајловиќ
Портрет на Дамир Смајловиќ

Интервју со Дамир Смајловиќ

Дамир Смајловиќ е роден во 1983 година во Скопје. Има завршено средно стручно електротехничко обрзование, а потоа завршува Воена академија во Скопје. Моментално е вработен во државната администрација. Досега има над 100 донации крв.

Никола Шиндре: „Првите посериозни идеи за крводарителство започнуваат да се развиваат на почетокот на XX век, а кон средината веќе и се започнува со давање трансфузии на пациентите на коишто им е потреба. Во тек со светот и кај нас во тој период се развива оваа хумана активност.

Многумина дарувале крв кога имало некаква крводарителска акција, а потоа спласнале желбата, еланот или можностите. Дамир, како е да се биде активен крводарител, што е тоа што најмногу придонесува за постојано да дарувате крв и/или крвни деривати?“

Дамир Смајловиќ: „Чувството е блажено. Како крводарител кој е во исчекување на повик за своето 116 дарување, 85 пати полна крв (обично дарување) и 30 аферезни дарувања (на тромбоцити/плазма), чувството е прекрасно кога успешно ќе се дарува крвта и знаеме дека некому сме помогнале“.

Н. Ш. Начинот на којшто општеството функционира, мерејќи го профитот и растот, оневозможува многу колективни активности што можат да помогнат во развојот на една заедница. Веројатно за да се дарува крв треба да се направат некои отстапки (подготовки), кои се тие? Како да се стане крводарител за прв пат?

Д. С. Подготовки речиси и да не се потребни. За да се дарува крв потребно е човекот да е доволно одморен (наспан), пожелно е да е појадуван и по можност појадокот да не биде презаситен со шеќери и маснотии.

За отстапки ДА, ги има повеќе. На пример, треба да се испланираат работните и приватните обврски, и треба да се организира транспорт до местото на дарување и назад.

Крводарител се станува, пред сè, само ако се има желба за тоа. Ако се има желба, внатрешен порив да се помогне некому со дел од себеси, не е спорно да се стане дарител и да се дарува течноста која живот значи.

Н. Ш. Хуманоста не треба да биде предмет на наплата затоа што во тој случај би станувало збор за трансакција, а не за солидарност. Сепак, одредени здравствени бенефиции треба да има за секого, особено за оној со чија помош се спасуваат други животи. Каков е кај нас третманот од здравството кон крводарителите?

Д. С. Ја допревме невралгичната точка на системот за снабдување со безбедна крв.

Ќе се навратам во деведесеттите, кога сè поврзано со здравството беше бесплатно за крводарителите. Како пример, ќе споменам неколку работи како бесплатни лекови, бесплатни стоматолошки услуги, бесплатни импланти, приоритет при прием…

Речиси секоја нова гарнитура, на свој креативен начин, изоставувала (да не речам укинувала) по некоја крводарителска бенефиција во својот мандат.

Како пример, ќе ја споменам реформата кога се воведе здравствената картичка и симултаното воведување на „Мој термин“. Во ист момент се укинаа повеќе крводарителски бенефиции на мала врата, односно:

– се укинаа стоматолошките услуги,

– се укинаа имплантите,

– се укина приоритетот и ослободувањето од партиципација за лекување во странство и

– се укина предноста за прием со тоа што мора да се закаже термин за преглед во секундарното и терцијалното здравство. 

Крводарителите, како стожер на поголемиот дел од медицината – со акцент на оперативната гранка, од година во година губат значење и самиот поим КРВОДАРИТЕЛ ја губи својата вредност, освен онаа личната дека сме спасиле одреден број наши сограѓани.

Н. Ш. Често пати во јавноста се слуша за итност од некоја крвна група. Се знае дека има редовни, но и ретки крвни групи. Каков е тој сооднос и што е тоа што читателите би требало да го знаат за да може поубаво да ја сфатат оваа важна хумана и здравствена дејност – крводарителството?

Д. С. Пред сè морам да појаснам во врска со јавните повици за крв. Да, дел од нив се издржани, но поголемиот дел од нив се избрзани. Зошто?… Десетина години сум носител на активностите на формални и неформални групи поврзани со крводарителството и од искуство можам да кажам дека стравот и паниката често резултираат со непотребни објави за крв. Да појаснам. Повеќе од половина објави во кои е барано да се обезбедат дарители биле објавени бидејќи (пример) „во ходник сестрата/докторот споменал дека ќе биде потребна крв“.

Каде е проблемот тука? Едно е да се каже дека ќе биде потребна крв, друго е да се каже дека ќе треба да се најдат дарители, а сосема трето е да се исконтактира трансфузиологија и да се праша дали имаат крв или е потребно да се обезбедат “фамилијарни дарители“ за пациентот“.

Во многу наврати, откако ќе стапам во комуникација со семејството, ќе исконтактирам со трансфузиологија, ќе прашам за резервите на таа конкретна група, добивам одговор дека имаат добри резерви ми кажуваат дека веднаш ќе бидат одобрени потребните единици крв.

Да, разбирам дека постои страв/паника бидејќи најчесто станува збор за близок член на семејството или станува збор за несоодветно изразување од страна на медицинскиот персонал во ГАК (на пример) и погрешното разбирање на истото, предизвикано од неизвесноста и паниката, но ги советувам вашите читатели секогаш да стапат во контакт со трансфузионата служба и да прашаат дали навистина има потреба од барање дарители за тој конкретен случај.

Во врска со крвните групи: околу 85% се со позитивен РХ фактор, што значи дека околу 15% се негативни.

Крвните групи, и во позитив и во негатив (односно сите групи се избалансирани во тој сооднос во рамките на РХ факторот), би можеле да кажеме дека околу 45% отпаѓа на А, 40% ја имаат 0, нешто помалку од 10% ја имаат АБ и според моите последни информации најмалку има луѓе, а со тоа и крводарители, со крвната група Б.

Постои еден мит дека 0+ им дарува на сите. Да, ама на сите позитивни или 85% од пациентите. Тој Резус фактор (РХ) го нема во негативните, и со тоа ја ограничува можноста да се даде на негативните. Вистината е дека Негативните може да се дадат на негативните и дека 0 може да се даде на А/Б/АБ и дека А и Б може да се даде на АБ, но таа опција се избегнува бидејќи тоа време е надминато со самото тоа што има добра база на крводарители и лесно може да се исконтактира дарител кој е со соодветна крвна група и на тој начин да се даде најсоодветната крвна група за секој пациент.

Н. Ш. Покрај дарувањето крв денес се отвораат јавни расправи за дарување клетки, ткива и органи. Како крводарителската заедница гледа на овој напредок, што е тоа што може да се издвои како предност, а што не во овие нови, но значајни прашања за здравјето на поединецот и заедницата?

Д. С. Како активен дарител на тромбоцити/плазма и регистриран во базата за дарители на прекурсорни хематопоетски (матични) клетки, ја поддржувам секоја активност со чија помош ќе се спаси или олесни нечиј живот.

Би ги замолил одговорните во Институтот за трансфузиска медицина да го прецизираат сегментот за дарување органи и ткива. Можеби е дефинирано ама јас лично не успеав да дојдам до било каков документ кој би дефинирал дали крводарител би можел да продолжи да дарува крв по дарување, на пример бубрег, дроб и слично.

Не сум регистриран како дарител на органи и на таа опција би размислил само доколку се работи за член на семејството од најблискиот круг. Некој тоа ќе го протолкува како делумно себичен став, но кога ќе се загребе под позлатата, ако дарувам бубрег на пример, најмалку година дена нема да можам да дарувам крв, со што од мојата крвна група ќе има 4 единици полна крв помалку, и некаде помеѓу 4-8 аферезни дарувања кои се потребни за најтешките операции, хематолошки или онколошки случаи. Згора на тоа, во зависност на органот, можеби и нема да имам можност да продолжам со дарување крв.

Ова се дилемите кои се вртат во главата на секој крводарител кога дарувањето ќе се конкретизира на дарување органи.

Н. Ш. Бесплатно и достапно јавно здравство за секој човек во блиска иднина можеби нема да може да се спроведе како еден од најхуманите аспекти на човештвото. Како крводарителите сметаат дека овие прашања имаат некаков заемен однос со желбата на поединецот да дарува и да спасува живот?

Д. С. Крводарителите се разочарани од односот на чинителите на системот кој егзистира благодарејќи на нивната подадена рака.

Ние сме во основа скромни и благодарни, но, како што споменав погоре, 30 години се еродира статутот на крводарителите со постапно изоставување на бенефициите.

Ние, како здружение на крводарители и поддржувачи на крводарителството КРВОДАРИТЕЛ, праќаме дописи, барања и предлози за возобновување и унапредување на статусот на крводарителите и не запираме тука.

Ние, како правен субјект кој е регистриран во централниот регистар, склучуваме договори за поволности со други правни субјекти, кои инхерентно се пренесуваат на неговите членови, обезбедуваме поволности во вид на попусти за крводарителите кои уплаќаат симболични членарини (првите 4 години беше 100 денари, а од оваа година е 200 денари годишно), пополнуваат дигитална пристапница и им се изработува персонализирана членска картичка во која има проксимити чип.

Сите активности се прават на волонтерска основа, без добиен денар, и само со цел да се обезбедат дополнителни поволности за луѓето кои ги заслужуваат сите можни поволности кои може да им се обезбедат во нашето општество во знак на благодарност за сите животи кои ги имаат спасено.

Н. Ш. Солидарноста и хуманоста треба внатрешно да произлезат од секој, но поттикот скоро секогаш доаѓа од заедницата и од личните искуства што се раскажуваат. Што би им порачале на сите кои барем на момент помислиле да даруваат крв, но сè уште не го сториле тоа?

Д. С. Како крводарител кој потекнува од фамилија во која речиси и да нема друг крводарител, без никакво поттикнување и по случаен избор реши да го направи своето прво дарување во третата година од своето средно образование, па стигнав до 115 дарувања на моите 40 години, ќе го повторам погорекажаното: потребна е само волја!

Им препорачувам на сите да го направат своето прво дарување и да прават барем едно до две дарувања годишно.

Со самото дарување се спасува нечиј живот, но и се стимулира регенерацијата на сопствениот организам.

Интервјуто ќе го завршам со мислата дека крвта треба да го чека пациентот, а не пациентот да ја чека крвта.

Бидете хумани.

Бидете еден од нас.

Бидете КРВОДАРИТЕЛ.

Подолу можете да погледнете дел од атмосферата кога доброволци даруваат крв за да спасат нечиј живот.

Лектура: Е. М.

Intervistë me Damir Smajloviq

Damir Smajloviq ka lindur në vitin 1983 në Shkup. Ka kryer arsimin e mesëm profesional elektroteknik, dhe më pas ka diplomuar në Akademinë Ushtarake në Shkup. Aktualisht është i punësuar në administratën shtetërore. Deri më tani mbi 100 donime gjak.

Nikola Shindre: “Idetë e para më serioze për donimin e gjakut filluan të zhvillohen në fillim të shekullit të 20-të, ndërsa nga gjysma e tij tashmë filluan të bëhen transfuzione për pacientët që kishin nevojë për të. Ky aktivitet human, në përputhje me botën po zhvillohet  edhe në vendin tonë gjatë asaj periudhe.

Shumë njerëz kanë dhuruar gjak kur ka pasur ndonjë fushatë dhurimi gjaku, ndërsa më pas u shuan dëshira, entuziazmi apo mundësitë. Damir, si është të jesh dhurues aktiv gjaku, çfarë është ajo që kontribuon më shumë në dhurimin e vazhdueshëm të gjakut dhe/ose produkteve të gjakut?”

Damir Smajlovic: “Ndjenja është e lumtur. Si një dhurues gjaku që pret një telefonatë për dhurimin e tij të 116-të, 85 herë gjak të plotë (dhurim i rregullt) dhe 30 dhurime aferezë (të trombociteve/plazmës), ndjenja është e mrekullueshme kur gjaku dhurohet me sukses dhe ne e dimë që kemi ndihmoi dikë”.

N. Sh. Mënyra se si funksionon shoqëria, duke matur fitimin dhe rritjen, pamundëson shumë aktivitete kolektive që mund të ndihmojnë në zhvillimin e një komuniteti. Ndoshta për të dhuruar gjak duhen bërë disa lëshime (përgatitje), cilat janë ato? Si të bëheni dhurues gjaku për herë të parë?

D. S. Përgatitjet pothuajse nuk janë të nevojshme. Për të dhuruar gjak është e nevojshme që personi të jetë mjaftueshëm i pushuar (i përgjumur), mundësisht të ketë ngrënë mëngjes dhe mundësisht të mos jetë i mbingopur me sheqer dhe yndyrë.

Për lehtësime PO, ka më shumë. Për shembull, duhet të planifikohen angazhimet e punës dhe personale dhe duhet të organizohet transporti në vendin e dhurimit dhe mbrapa.

Dikush bëhet dhurues gjaku, para së gjithash, vetëm nëse ka dëshirë për të. Nëse dikush ka një dëshirë, një nxitje të brendshme për të ndihmuar dikë me një pjesë të vetes, nuk është e padiskutueshme të bëhet dhurues dhe të dhurojë lëngun që do të thotë jetë.

N. Sh. Humanizmi nuk duhet të jetë çështje e pagesës sepse në atë rast do të ishte çështje transaksioni dhe jo solidariteti. Megjithatë, duhet të ketë disa përfitime shëndetësore për këdo, veçanërisht për atë, ndihma e të cilit shpëton jetë të tjera. Cili është trajtimi i dhuruesve të gjakut nga shëndetësia në vendin tonë?

D. S. E prekëm pikën nevralgjike të sistemit për furnizim me gjak të sigurt.

Do të kthehem në vitet nëntëdhjetë, kur gjithçka që lidhej me shëndetësinë ishte falas për dhuruesit e gjakut. Si shembull, do të përmend disa gjëra si: barna falas, shërbime dentalë falas, implantë falas, pranim me përparësi…

Pothuajse çdo garniturë e re, në mënyrën e vete krijuese, ka hequr (për të mos thënë ka shfuqizuar) disa përfitime të dhurimit të gjakut gjatë mandatit të saj.

Si shembull do të përmend reformën kur u fut kartela shëndetësore dhe futja simultane e “Termini tim”. Në të njëjtën kohë, disa përfitime të dhurimit të gjakut u anuluan  në derë të vogël, domethënë:

– u ndërprenë shërbimet dentalë,

– u hoqën implantet,

– u hoq përparësia dhe lirimi nga participimi për trajtim jashtë vendit dhe

– u hoq avantazhi për pranim me atë që duhet të caktohet termini për ekzaminim  në shëndetësinë sekondare dhe terciare.

Dhuruesit e gjakut, si shtylla kryesore e shumicës së mjekësisë – me theks në degën operative, po humbasin kuptimin vit pas viti dhe vetë termi DHUROR I GJAKUT e humb vlerën e tij, përveç asaj personale se kemi shpëtuar një numër të caktuar të bashkëqytetarë tonë.

N. Sh. Në opinion shpesh dëgjohet për urgjencë të ndonjë grupi të caktuar të gjakut. Dihet se ka grupe gjaku të rregullta, por edhe të rralla. Çfarë është ai raport dhe çfarë duhet të dinë lexuesit për të kuptuar më mirë këtë aktivitet të rëndësishëm humanitar dhe shëndetësor – dhurimin e gjakut?

D. S. Fillimisht më duhet të sqaroj për thirrjet publike për gjak. Po, disa prej tyre janë të qëndrueshme, por shumica e tyre janë të përshpejtuara. Pse?… Prej dhjetë vitesh kam qenë bartës i aktiviteteve të grupeve formale dhe joformale që kanë të bëjnë me dhurimin e gjakut dhe nga përvoja mund të them se frika dhe paniku shpeshherë sjellin njoftime të panevojshme për gjak. Më lejoni të sqaroj. Më shumë se gjysma e postimeve që kërkonin donatorë, u postuan sepse (p.sh.) “në korridor infermierja/mjeku përmendi se do të duhej gjak.”

Ku qëndron problemi këtu? Një gjë është të thuhet se do të duhet gjak, tjetër është të thuhet se do të duhet të gjenden dhurues, dhe një gjë krejtësisht e tretë është të kontaktosh me Transfuziologjinë dhe të pyesësh nëse kanë gjak apo duhet të sigurohen “donatorë familjarë” për pacientin”.

Në shumë raste, pasi të kem kontakt me familjen, do të kontaktoj me transfuziologjinë, do të pyes për rezervat e atij grupi, më përgjigjen se kanë rezerva të mira, më thonë se njësitë e nevojshme të gjakut do të jenë menjëherë të miratuara.

Po, unë e kuptoj që ekziston frikë/panik, sepse në shumicën e rasteve fjala është për një anëtar të afërt të familjes, ose është një shprehje e papërshtatshme nga personeli mjekësor ne GAK (p.sh.) dhe keqkuptimi i të njëjtës, shkaktuar nga pasiguria dhe paniku. , por unë i këshilloj  lexuesit tuaj  që gjithmonë  të kontaktojnë shërbimin e transfuzionit dhe të pyesin nëse ka vërtet nevojë për të kërkuar donatorë për atë rast konkret.

Përsa i përket grupeve të gjakut: rreth 85% janë RX faktorë pozitiv, që do të thotë se rreth 15% janë negative.

Grupet e gjakut si pozitive ashtu edhe negative (d.m.th. të gjitha grupet janë të balancuara në atë raport brenda faktorit RX), mund të themi se rreth 45% i përkasin A, 40% kanë 0, pak më pak se 10% kanë AB dhe sipas Informacioneve të  mia të  fundit, ka më pak njerëz, dhe për këtë arsye edhe më pak dhurues gjaku, me grup gjaku B.

Ekziston një mit që 0+ i jep të gjithëve. Po, por të gjithë pozitivët ose 85%.  I pacientëve Ai faktor Resus (RX) nuk është i pranishëm në negativët, dhe me atë e kufizon mundësinë e dhënies së tij tek negativët. E vërteta është se Negativja mund t’i jepet Negatives, dhe se 0 mund t’i jepet A/B/AB dhe se A dhe B mund t’i jepen AB, por ai opsion shmanget sepse ajo kohë është  tejkaluar nga vetë fakti që ekziston një bazë e mirë e dhuruesve të gjakut dhe është e lehtë të kontaktosh një dhurues me një grup gjaku të përshtatshëm dhe në atë mënyrë çdo pacienti të i  jepet grupi më të përshtatshëm i gjakut.

N. Sh. Përveç dhurimit të gjakut, sot hapen edhe debate publike për dhurimin e qelizave, indeve dhe organeve. Si e sheh komuniteti i dhurimit të gjakut këtë ecuri, çfarë është ajo që mund të veçohet si avantazh dhe çfarë jo në këto çështje të reja por të rëndësishme për shëndetin e individit dhe komunitetit?

D. S. Si dhurues aktiv i trombociteve/plazmës dhe i regjistruar në bazën e të dhënave të donatorëve të qelizave pararendëse hematopoietike (burimore), unë mbështes çdo aktivitet me ndihmën e të cilit do t’i shpëtohet ose lehtësohet jeta dikujt.

Do të kërkoja nga përgjegjësit në Institutin e Mjekësisë Transfuzione të specifikonin segmentin e dhurimit të organeve dhe indeve. Mund të jetë e përcaktuar, por unë personalisht nuk gjeta asnjë dokument që do të përcaktonte nëse një dhurues gjaku mund të vazhdojë të dhurojë gjak pasi të ketë dhuruar, për shembull, veshka, mëlçi etj.

Unë nuk jam i regjistruar si dhurues organesh dhe do ta konsideroja atë opsion vetëm nëse do të ishte një anëtar i ngushtë i familjes. Dikush do ta interpretojë atë si një qëndrim pjesërisht egoist, por kur gërvisht sipërfaqen, nëse unë dhuroj një veshkë p.sh., nuk do të mund të dhuroj gjak për të paktën një vit, që do të thotë se do të ketë 4 njësi të tëra. gjak më pak nga grupi im i gjakut ndërsa kërkohen diku 4-8 dhurime afereze për operacionet më të vështira, pra si rastet hematologjike apo onkologjike. Për më tepër, në varësi të organit, ndoshta mund të ndodhë të mos vazhdoj të dhuroj gjak më.

Këto janë dilemat që kalojnë në kokën e çdo dhuruesi të gjakut, kur dhurimi do të konkretizohet për dhurimin e organeve.

N. Sh. Shëndetësi publike falas dhe në dispozicion për çdo person mund të mos jetë i realizueshëm në të ardhmen e afërt si një nga aspektet më humane të njerëzimit. Si i shohin dhuruesit e gjakut këto çështje, se këto raporte kanë një lidhje me dëshirën e një individi për të dhuruar dhe shpëtuar jetë?

D. S. Dhuruesit e gjakut janë të zhgënjyer nga sjellja e palëve të sistemit  që ekziston falë dorës së tyre ndihmëse.

Ne në thelb jemi të përulur dhe mirënjohës, por, siç e përmenda edhe më lart, prej 30 vitesh statusi i dhuruesve të gjakut është gërryer nga lënia graduale e përfitimeve.

Ne si shoqatë e dhuruesve të gjakut dhe mbështetësve të dhurimit të gjakut, DHURATOR I GJAKUT dërgojmë korrespondencë, kërkesa dhe propozime për rinovimin dhe përmirësimin e statusit të dhuruesve të gjakut dhe nuk ndalemi me kaq.

Ne, si person juridik i regjistruar në regjistrin qendror, lidhim marrëveshje për lehtësime me persona të tjerë juridikë, të cilat në mënyrë inherente u transferohen anëtarëve të tij, sigurojmë lehtësime në formën e zbritjeve për dhuruesit e gjakut që paguajnë kuota simbolike të anëtarësimit (4 vitet e para ishin 100 denarë, ndërsa nga ky vit është 200 denarë në vit), plotësojnë formularin digjital e qasjes dhe për ta bëhet kartela e personalizuar e anëtarësimit, e cila përmban çip për afërsi.

Të gjitha aktivitetet kryhen në baza vullnetare, pa marrë asnjë qindarkë dhe vetëm për të siguruar lehtësime shtesë për njerëzit që meritojnë të gjitha lehtësimet e mundshme që mund t’u sigurohen në shoqërinë tonë në shenjë mirënjohjeje për gjithë jetët që i kanë shpëtuar.

N. Sh. Solidariteti dhe humanizmi duhet të vijnë nga brenda secilit, por shtysa pothuajse gjithmonë vjen nga komuniteti dhe përvojat personale që tregohen. Çfarë do t’u thoshit të gjithëve që të paktën për një moment kanë menduar dhurimin e gjakut, por nuk e kanë bërë ende?

D. S. Si një dhurues gjaku që vjen nga një familje ku nuk ka pothuajse asnjë dhurues gjaku, pa asnjë nxitje dhe rastësisht ka vendosur të bëjë dhurimin e parë në vitin e tretë të gjimnazit, duke arritur në 115 dhurime në 40 vitet e mia, do ta përsëri atë që thash më sipër: duhet vetëm vullneti!

Unë ju rekomandoj që të gjithëve që të bëjnë dhurimin e tyre të parë, dhe të bëjnë të paktën një ose dy donacione në vit.

Me vetë dhurimin shpëtohet një jetë, por edhe stimulohet rigjenerimi i organizmit të vet.

Intervistën do ta mbyll me mendimin se gjaku duhet të presë pacientin, jo pacienti të pres gjakun.

Bëhuni human.

Bëhuni një nga ne.

Bëhuni dhurues të gjakut.

Më poshtë mund të shihni një pjesë nga atmosfera kur disa vullnetarët dhurojnë gjak për të shpëtuar jetën e dikujt.

Lekturoi: E. M.

Përktheu E.  M.

RELATED ARTICLES