Интервју со Кристина Велковска
Кристина Велковска моментално е на магистерски студии по филозофија на Филозофскиот факултет во Скопје. На нејзино големо задоволство учествува во дел од наставата на Институтот за филозофија како демонстратор на дел од предметите на основните студии.
Никола Шиндре: „Кристина на македонската јавност ѝ е позната како фотограф кој знае многу вешто да користи аналогни (старомодни) фотоапарати и да произведува ахроматски фотографии. Помалку позната е како демонстратор по логика на УКИМ.
На училишните ѕидови речиси неизоставен натпис е „Математиката е гимнастика на разумот!“, во таа насока логиката сигурно e атлетика на умот. Но практикувањето на апстрактните дисциплини не дава веднаш воочливи резултати и тоа создава анимозитет. Како да се надмине желбата за моментната исплатливост на знаењето?“
Кристина Велковска: „Прво, благодарам за поканата за ова интервју. Тоа што прво ми доаѓа на ум секогаш кога говориме за апстрактните дисциплини како нешто одвоено од нашето секојдневие е јазикот. Јазикот е најапстрактната алатка која човекот ја користи за да го спознае светот околу него, истовремено толку апстрактна и толку присутна па оваа мисла ме тера да се запрашам – нели е човекот постојано во апстрактното? Тогаш мислата дека апстрактните дисциплини се одвоени од човековото секојдневие преоѓа во една нова мисла, односно дека човекот е отуѓен од сопствената наклонетост да се занимава со апстрактното бидејќи токму апстрактното е тоа што го овозможува неговиот контакт со светот. Но, тоа е веќе друг проблем. Од апстрактните дисциплини не би требало да очекуваме да даваат воочливи резултати, тие нам ни служат како алатка, органон за подобро да го разбереме светот и самите себеси“.
Н. Ш. Знаењето за општото и апстрактното, како математичкото или логичкото сепак се ценат, но доколку им се даде некоја применлива употреба, како на пример програмирањето и аргументирањето, судско или реторичко. Самото изучување се соочува со предизвикот на неприменливост. Како да се размислува за ова да не претставува пречка во изучувањето на дисциплините што немаат практична примена?
К. В. Би рекла дека тоа претставува проблем кој може да се контекстуализира во разгледувањето на поимите применливост и употреба – поими кои се поврзани со духот на новото време. Верувам дека може да продолжиме во истата насока со којашто почнавме во одговорот на првото прашање, а тоа е – отуѓеноста на човекот во современото доба. Изгледа како човекот да се отуѓил од сопствената наклонетост да учествува во апстрактното па поради таа негова отуѓеност тој се обидува смислата на секое поединечно нешто да ја најде во неговата практична примена. Интелектуалната љубопитност и негувањето на духот кои можат да се најдат во проучувањето на апстрактните дисциплини се вредности сами по себе за кои не е нужна практичната примена која сепак би рекла дека е неизбежна бидејќи филозофијата, а потем и логиката, го подготвуваат духот за сите останати аспекти од егзистенцијата.
Н. Ш. Можеби уште повеќе од врската со математиката, логиката има тесна врска со јазикот. Јазичните парадокси се особено интересни дури и за лаиците. За нив тешко се наоѓа решение, но веројатно полемиката е тaа што сите ги возбудува. Што е тоа на кое тие ни укажуваат за можностите за меѓусебно разбирање?
К. В. Јазичните парадокси се од оние нешта кои со сигурност ја будат интелектуалната љубопитност од нејзината секојдневна дремка. Карактеристично за нив е тоа дека од која било претпоставка да тргнеме ќе дојдеме до контрадикција. Контрадикцијата и не е така пријатна состојба, особено ако се однесува на позначајни аспекти од животот на една индивидуа. Меѓутоа, доколку се повикаме на Сартр можеби и би можеле да ја прифатиме безизлезноста од одредени ситуации бидејќи нејзиното прифаќање истовремено значи и помирување со самите услови на постоењето. Но, дали помирувањето значи и победа на парадоксот? И да и не. И тоа е во ред!
Н. Ш. Најголема пречка за идните логички атлетичари е разбирањето на начините на заклучување. Голем терет е да се научат модусите, уште поголем да се применат и најголем кога треба да се посочат софизмите. Како да се посочуваат грешките кога лесно може да се биде обвинет и прогласен за цепидлачење?
К. В. Трпение во учењето и умереност во аргументирањето. Посочувањето грешки мислам дека секогаш треба да оди заедно со разбирање на другиот. Доколку умееме да го разбереме другиот, тогаш веќе сме овозможиле услов за понатамошна комуникација, доколку не умееме да го разбереме, тогаш сме ја направиле првата грешка. Многу ми е блиска и позната еуфоријата која се јавува тогаш кога чувствуваме како да сме во право за нешто за кое другиот мислиме дека не е и таа еуфорија може да не’ направи арогантни, меѓутоа доколку сме умерени во нашето аргументирање тогаш веројатно може да се избегне тоа да бидеме прогласени за претенциозни.
Н. Ш. Неретко аргументот на авторитетот и тој на стапот доаѓаат во слична форма, односно со доза ароганција од тој кој не смее да ги користи. Но, често доаѓаат и во форма што ги нарушува максимите за кооперативност во дијалогот. Како да се постапува во првиот, а како во вториот случај?
К. В. Доколку авторитетот си дозволи да се користи со јазикот на аргументот на стапот тогаш би требало неговата авторитарност да се доведе до прашање. Моќта на јазикот не се состои во користење термини кои имаат за цел да ја исплашат индивидуата или толпата. Јазичната моќ е во специфичното играње со јазикот – создавање смисловни реченици чиј стил, композиција и суштина го затреперуваат духот поради нивната убавина, нивната возвишеност и нивната смисла. Верувам дека ароганцијата не делува инспиративно, а оној кој е во позиција на авторитет треба да инспирира. Најпаметното во двата случаи веројатно е да се најде излез од нив.
Н. Ш. Меѓу логичката сигурност и неизвесноста за иднината стои веројатноста. Тоа е поле што во иднина ќе се истражува. Во контекстот на македонското општество, како треба да се мисли за да може судбината да стане иднина?
К. В Не би можела со сигурност да тврдам дека за македонското општество постои некаква извесна иднина, исто како што не би можела да тврдам за некаква извесна иднина за било кое општество, за судбината на човековиот род или за судбината на планетата. Извесноста на сите нешта веројатно се состои во надежта дека следниот ден ќе ги најдеме на истото место каде што сме ги оставиле вчера со можноста повторно да ги искусиме и да ги подобриме. Би рекла дека извесноста е во желбата за постојана можност нештата да се подобрат. Така и во контекст на македонското општество – да веруваме и делуваме да стане подобро.
Н. Ш. Има тези дека намалувањето на квалитетот на образованието има за цел населението да не поставува прашања. Ако се погледне дека помалку од 1% од учениците учат логика, тоа не е теза што веднаш може да се отфрли. Како самостојно да се учи начинот на мислење за да се надминат овие недостатоци?
К. В. Јас мислам дека логиката би требало да се изучува уште во основно училиште, потоа во средно како задолжителен предмет бидејќи учењето на формалната логика го подготвува младиот ум за рационално расудување, за подлабоко познавање на начините на кои ние како човечки суштества размислуваме, доаѓаме до заклучоци и носиме судови. Формална логика ни помага да имаме поизострен увид во историскиот развој на човековата мисла што овозможува подобро разбирање на причинско-последичните врски и генерално подобро разбирање на тоа што значи да се биде човек. Тоа значи дека учењето на логиката помага во создавањето на критичка свест кај младиот човек, а тоа е она што го придвижува светот. Не треба да се откажеме од подобрувањето на образовниот систем. Самостојното учење на било што, вклучувајќи ја и филозофијата и формалната логика, е нешто што не може никој да ни го одземе се’ додека имаме желба интелектуално да се надградуваме. Читањето е начин да се надминат интелектуалните недостатоци. Читањето и дијалогот.
Лектура: Е. М.
Intervistë me Kristina Velkovska
Kristina Velkovska aktualisht është në studimet e magjistraturës e filozofisë në Fakultetin Filozofik në Shkup. Për kënaqësinë e saj të madhe, merr pjesë në mësimdhënien e Institutit të Filozofisë si demonstruese e një pjese të lëndëve të studimeve bazë.
Nikola Shindre: “Kristina është e njohur për publikun maqedonas si një fotografe që di me shumë mjeshtëri të përdorë kamera analoge (të modës së vjetër) dhe të prodhojë foto akromatike. Ajo është më pak e njohur si demonstruese e logjikës në UKIM.
Në muret e shkollës, pothuajse gjithmonë mbishkrim i pashmangshëm është “Matematika është gjimnastikë e mendjes!”, në atë drejtim logjika është sigurisht atletikë e mendjes. Por praktikimi i disiplinave abstrakte nuk jep menjëherë rezultate të dukshme, dhe kjo krijon animozitet. Si të kapërcehet dëshira për përfitim të menjëhershëm të dijes?’
Kristina Velkovska: “Së pari ju falënderoj për ftesën në këtë intervistë. Gjëja e parë që më vjen në mendje sa herë që flasim për disiplina abstrakte, si diçka të ndarë nga përditshmëria jonë, është gjuha. Gjuha është mjeti më abstrakt që njeriu përdor për të njohur botën përreth tij, në të njëjtën kohë kaq abstrakte dhe kaq prezente, ndaj ky mendim më bën të pyes veten – a nuk është njeriu gjithmonë në abstrakt? Më pas mendimi se disiplinat abstrakte janë të ndara nga përditshmëria e njeriut, kthehet në një mendim të ri, pra se njeriu tjetërsohet nga prirja e tij për t’u marrë me abstrakten, sepse pikërisht abstraktja është ajo që mundëson kontaktin e tij me botën. Por ky, tashmë është një problem tjetër. Nuk duhet të presim që disiplinat abstrakte të japin rezultate të dukshme, ato na shërbejnë si një mjet, një organ për të kuptuar më mirë botën dhe veten tonë”.
N. Sh. Njohuritë për të përgjithshmen dhe abstrakten, si ato matematikore apo logjike, prapë se prapë vlerësohen, por vetëm nëse vihen në ndonjë përdorim praktik, si programimi dhe argumentimi, gjyqësor apo retorik. Vetë studimi përballet me sfidën e pazbatueshmërisë. Si të mendohet për këtë që të mos paraqesë pengesë në studimin e disiplinave që nuk kanë zbatim praktik?
K. V. Do të thosha se ky është një problem që mund të kontekstualizohet në shqyrtimin e termave zbatueshmëri dhe përdorim – terma që lidhen me frymën e epokës së re. Besoj se mund të vazhdojmë në të njëjtin drejtim, me të cilin filluam në përgjigjen e pyetjes së parë, e ajo është – tjetërsimi i njeriut në epokën moderne. Duket sikur njeriu është tjetërsuar nga prirja e tij për të marrë pjesë në abstrakte, kështu që për shkak të atij tjetërsimi ai përpiqet të gjejë kuptimin e çdo gjëje individuale në zbatimin e saj praktik. Kurioziteti intelektual dhe edukimi i shpirtit që mund të gjendet në studimin e disiplinave abstrakte, janë vlera në vetvete që nuk kërkojnë zbatim praktik, gjë që do të thosha se megjithatë është e pashmangshme, sepse filozofia, dhe më pas logjika përgatit shpirtin për të gjitha aspektet e tjera nga ekzistenca.
N. Sh. Ndoshta edhe më shumë se lidhja e saj me matematikën, logjika ka një lidhje të ngushtë me gjuhën. Paradokset gjuhësore janë veçanërisht interesante edhe për laikët. Është e vështirë të gjesh një zgjidhje për ta, por ndoshta është polemika, që i emocionon të gjithë. Çfarë është ajo që na tregojnë për mundësitë e mirëkuptimit të ndërsjellë?
K. V. Paradokset gjuhësore janë një nga ato gjëra që me siguri do të e zgjojnë kureshtjen intelektuale nga gjumi i saj i përditshëm. Është karakteristikë e tyre, që nga cili do supozim që nisim, do të vijmë deri në kontradiktë. Kontradikta nuk është një situatë aq e këndshme, veçanërisht nëse ka të bëjë me aspekte më domethënëse të jetës së një individi. Mirëpo, nëse i referohemi Sartrit, ndoshta do të mund të pranonim ngërçin nga disa situata të caktuara, sepse pranimi i tij nënkupton edhe pajtimin me vetë kushtet e ekzistencës. Por, a do të thotë pajtimi edhe fitore e paradoksit? Edhe po dhe jo. Edhe ajo është në rregull!
N. Sh. Pengesa më e madhe për atletët e ardhshëm të logjikës është të kuptuarit e mënyrave të arsyetimit. Është një barrë e madhe të mësosh mënyrat, akoma më e madhe për t’i zbatuar ato, dhe më e madhja është kur në dukje duhen vënë sofizmat. Si të vihen në dukje gabimet kur dikush lehtë mund të akuzohet dhe të deklarohet si mashtrues?
K. C. Durim në mësim dhe moderim në argumentim. Theksimi i gabimeve, mendoj se duhet të shkojë gjithmonë bashkë me të kuptuarit e tjetrit. Nëse jemi në gjendje ta kuptojmë tjetrin, atëherë tashmë e kemi mundësuar kushtin për komunikim të mëtejshëm, nëse nuk arrijmë ta kuptojmë, atëherë gabimin e parë e kemi bërë. Shumë të afërt dhe të njohur e kam euforinë që ndodh kur ndihemi sikur kemi të drejtë për diçka që tjetri mendon se është gabim, dhe se euforia mund të na bëjë arrogantë, por nëse jemi të moderuar në argumentet tona, atëherë ndoshta mund të i ikim asaj që të shpallemi pretencioze.
N. Sh. Shpeshherë argumenti i autoritetit dhe ai i shkopit vijnë në një formë të ngjashme, pra me një dozë arrogance nga ai që nuk i lejohet t’i përdorë. Por ato shpesh vijnë në një formë që shkel maksimat e bashkëpunimit në dialog. Si të veprohet në rastin e parë, dhe si në rastin e dytë?
K. V. Nëse autoriteti e lejon veten të përdoret me gjuhën e argumentit të shkopit, atëherë autoritarizmi i tij duhet të vihet në pikëpyetje. Fuqia e gjuhës nuk konsiston në përdorimin e termave që synojnë të e frikësojë individin ose turmën. Fuqia e gjuhës është në lojën specifike me gjuhën – krijimi i fjalive kuptimplote, stili, përbërja dhe substanca e të cilave e emocionojnë shpirtin për shkak të bukurisë, sublimitetit dhe kuptimit të tyre. Besoj se arroganca nuk frymëzon, ndërsa ai që është në pozitë të autoriteti duhet të frymëzojë. Gjëja më e mençur në të dyja rastet, ndoshta është të gjendet një rrugëdalje prej tyre.
N. Sh. Midis sigurisë logjike dhe pasigurisë për të ardhmen qëndron probabiliteti. Ajo është një fushë që do të eksplorohet në të ardhmen. Në kontekstin e shoqërisë maqedonase, si duhet menduar që të mund fati të bëhet e ardhme?
K. V. Nuk mund të pretendoj me siguri, se për shoqërinë maqedonase, ka ndonjë të ardhme të sigurt, ashtu siç nuk mund të pretendoj për ndonjë të ardhme të caktuar për asnjë shoqëri, për fatin e racës njerëzore apo për fatin e planetit. Siguria e të gjitha gjërave ndoshta qëndron në shpresën, se të nesërmen do t’i gjejmë në të njëjtin vend ku i lamë dje, me mundësinë për t’i përjetuar përsëri dhe për t’i përmirësuar. Unë do të thosha se siguria është në dëshirën për një mundësi të vazhdueshme për të përmirësuar gjërat. Pra, edhe në kontekstin e shoqërisë maqedonase – le të besojmë dhe të veprojmë për ta bërë atë më të mirë.
N. Sh. Ka teza se ulja e cilësisë së arsimit synon të pengojë popullatën të bëjë pyetje. Po të shikosh faktin që më pak se 1% e nxënësve mësojnë logjikën, dhe kjo nuk është një tezë që mund të hidhet menjëherë. Si të mësoni në mënyrë të pavarur mënyrën e të menduarit për të kapërcyer këto mangësi?
K. V. Mendoj se logjika duhet të studiohet në shkollën fillore, pastaj në shkollën e mesme si lëndë e detyrueshme, sepse mësimi i logjikës formale e përgatit mendjen e re për gjykim racional, për njohje më të thellë të mënyrave se si ne, si qenie njerëzore mendojmë, arrijmë në përfundime dhe sjellim gjykime. Logjika formale na ndihmon të kemi një pasqyrë më të mprehtë në zhvillimin historik të mendimit njerëzor që lejon një kuptim më të mirë të marrëdhënieve shkak-pasojë, dhe një kuptim përgjithësisht më të mirë të asaj që do të thotë të jesh njeri. Kjo do të thotë se të mësuarit e logjikës ndihmon në krijimin e vetëdijes kritike tek të rinjtë dhe kjo është ajo që lëviz botën. Nuk duhet të heqim dorë nga përmirësimi i sistemit arsimor. Të mësuarit e pavarur të çdo gjëje, duke përfshirë filozofinë edhe logjikën formale, është diçka që askush nuk mund të na e merr, për sa kohë që të kemi dëshirën për të përmirësuar veten intelektualisht. Leximi është një mënyrë për të kapërcyer mangësitë intelektuale. Leximi dhe dialogu.
Lekturoi E. M.
Përktheu E. M.