домаИнтервјуЕма Ананиевска за музичката педагогија / Ema Ananievska për pedagogjinë muzikore

Ема Ананиевска за музичката педагогија / Ema Ananievska për pedagogjinë muzikore

Ема Ананиевска
Ема Ананиевска

Интервју со Ема Ананиевска

Ема Ананиевска е родена во Скопје 1995 година. Mузичко образование  започнува на 7 годишна возраст во ДМБУЦ „Илија Николовски Луј“ каде што го завршува и средното образование на отсек пијано. Дипломира на Факултетот за музичка уметност при УКИМ на пијано во класата на професорката Рита Трпчева Поповиќ. Има учествувано на државни и меѓународни натпревари каде што има освоено две први и две втори награди. Исто така, има гостувано на меѓународен натпревар во Москва како претставник на ДМБУЦ со свој солистички настап. Настапувала на три концерти „No hay banda“, серија концерти посветени на филмската музика остварени во соработка со Академска сцена на ФДУ при УКИМ, како самостоен проект на група студенти. Има музички настап на концертот „Жена творец“ посветен исклучиво на жени композитори под поткровителство на „МУЗИЧКА МЛАДИНА“, музички настап на мултимедијалниот проект „Концерти М“, концерти посветени на македонското творештво, монолози и монохроматика,  поддржани од Сојуз на композитори на Македонија, солистички рецитал на Фестивалот ,,Денови на разноликоста“, соло настап на кампања на УНИЦЕФ ,,За детство без пречки“, музички настапи на повеќе хуманитарни настани во организација на „Црвен крст“ и музички настап како гостин изведувач на концертниот проект „As we danced we gave supstance to shadows“.

Никола Шиндре: „Ема Ананиевска е академска пијанистка. Во текот на своите студии по клавир настапувала во земјата и во странство. Омилен композитор ѝ е Шопен, а најзадоволна е од својот настап во Москва. Чека пандемијата да заврши за да направи соло концерт за којшто Скопје се надева дека набргу ќе чуе.

Секогаш треба да се почне од почеток за да може да се стигне до крајот. Така, сите школувани музичари треба да знаат да свират клавир, но не сите се добри по клавир. Како е да се свири на т.н. основен класичен музички инструмент?“

Ема Ананиевска: „Учењето на клавирската техника е навистина тежок процес. кога еден почетник почнува да свири клавир мора многу да внимава на начинот на поставување на рацете додека свири, раката мора да биде правилно поставена за да не се пројават проблеми во понатамошниот развој на изведувачот па затоа постојат и разни вежби за зглобовите на рацете бидејќи не смеат да бидат закочени. Доколку не се обрне внимание на ова од почеток може да настанат големи потешкотии кои многу тешко се поправаат кога веќе изведувачот има создадено навика за тоа како треба да ги постави рацете на клавир“.

Н. Ш. Многумина знаат за тешкотиите со кои се соочуваат учениците во нижите музички училишта во однос на нивното слободно време. Музичкото образование одзема голем дел од слободниот ден. Според Вас, како треба да се организира денот на еден ученик кој сака да научи музички да твори, поточно како да се додава музика, а да не се одзема од сè друго?

Е. А. Точно, вежбањето клавир бара жртви и тоа не е едноставно за едно дете кое сака и да излегува и да се дружи со останатите врсници. Лично мислам дека не треба да се форсира вежбање клавир по цели денови по секоја цена, подобро е да се подели свирењето во неколку делови од денот по 2 до 3 саати и да биде ефективно. Јас бев многу позадоволна и посреќна кога ќе станев од сабајле и ќе потрошев неколку саати на вежбање клавир бидејќи тоа ми беше најпродуктивниот дел од денот кога тоа што ми беше зацртано во главата дека треба да се сработи, секогаш беше максимално сработено. Најлоши ми беа деновите кога ќе го пропуштев утрото за вежбање и потоа ќе почнев со работа попладне и ќе изгубев саати на клавир без желба и без некаков постигнат ефект. Треба да му се остави простор на секое дете само да си го најде начинот како ќе му биде најлесно да си го организира времето за вежбање клавир и тоа да му биде убаво и да не го жртвува социјалниот живот, тоа е индивидуално, како и учењето на сите останати предмети во училиште. Не важи за сите исто.

Н. Ш. Не сите музичари ја започнале својата кариера толку рано. Некои се одлучуваат да студираат музичка академија и подоцна. Но, редовното образование многу малку време посветува на уметностите и на музиката. Како ова влијае врз тие кои сакаат да продолжат да се занимаваат со музика, творештво, но и со сите други кои нема да имаат изградено знаење (вкус) за музиката?

Е. А. Многу често се случува децата кои одат во редовно образование, особено во средните училишта, а се заинтересирани да се занимаваат професионално со музика да бидат исмевани од соучениците па и од наставниот кадар. Тоа мислам дека е нешто на коешто треба многу да се работи. Уметноста треба да биде многу позастапена во редовното образование, но и општите предмети да бидат позастапени во уметничките училишта. Секое дете си има афинитет за нешто и треба да му биде овозможено да се надоградува, а не да се потценува бидејќи учењето музика, како и учењето сè останато, не е лесно.

Н. Ш. Класичната музика и изворната народна музика не можат да бидат популарни. Тоа не треба да значи дека квалитетот на музичкиот производ не може да биде добар. Каков е Вашиот став за денешната македонска популарна музика и кое е Вашето мислење за тоа како таа треба да се развива?

Е. А. Популарната музика е поле на коешто има многу голем простор за работа. Веќе подолго време не сум слушнала нешто квалитетно за да можам да кажам дека е нешто што ќе продолжат да го слушаат и наредните генерации. Имаме потенцијал, но главниот проблем мислам дека е тоа што не се соодветни луѓе на соодветни позиции, па така и критериумите за квалитет ни се многу ниски. Сепак сум оптимистична, како што кажав, имаме многу млади квалитетни музичари што можат да ги променат работите на подобро.

Н. Ш. Овие простори некогаш припаѓале на Византија, подоцна на Османлиите, денес населението сака да биде дел од Европа. Јасно е дека тука имало многу културни влијанија. Како тоа се отсликува во музиката, особено кај македонските композитори на класична музика, опера, балет…?

Е. А. Да, секако дека има влијанија како и во секој аспект од културата. Нормален е фактот дека секој композитор остава печат на времето во кое творел. Значајно за делата од македонските композитори е тоа што ритмички се навистина комплицирани за читање поради тоа што е препознатливо за овие простори, а тоа е неправилниот такт. Тоа е нешто што во останатите класични дела го нема бидејќи кај европските композитори што се добро познати и се учат задолжително сè е јасно напишано по правила што се јасно поставени па затоа кога учениците ќе дојдат во допир со дела од македонски композитори многу често ги фаќа паника, без разлика дали се работи за вокално или инструментално дело. Мислам дека треба многу повеќе внимание да се посветува на македонските композитори затоа што имаме навистина специфичен и многу препознатлив стил на творење, а многу малку го познаваме творештвото на земјата во којашто живееме.

Н. Ш. Најголемата сличност помеѓу математиката и музиката е тоа што ниту за едната, ниту за другата не е потребен видот за да се разберат. Тоа што не може да се види, многу повеќе знае да вознемири од тоа што е лесно воочливо. Како музиката може да учествува во справувањето со општествените предизвици?

Е. А. Математиката и музиката се всушност многу слични. Јас кога бев во основно училиште никако не можев да ги разберам дропките, но кога почнав да ги учам во музиката, тогаш ги разбрав, а што се однесува на влијанието на музиката врз општествените предизвици мислам дека има многу позитивно влијание и дека може да направи многу промени. Тоа јас сум го почувствувала преку сопствен пример. Не постои пречка за никој со било каков проблем, без разлика дали е тоа некаква физичка попреченост или било што друго поради коешто некој не би можел да биде активен во светот на музиката. Сите предизвици со кои јас сум се соочувала во моето образование биле попречености од системот, односно немање елементарни услови за самостојно учење, но секоја препрека може да се надмине со упорна работа само доколку се има желба.

Н. Ш. Промените ги носат сите заедно, и тие кои творат, и тие кои изведуваат и тие кои слушаат музика. Како треба да се гради еден слушачки вкус на публиката којашто сака да учи музика?

Е. А. Често луѓето мислат дека оние музичари што се ориентирани на свирење класична музика ништо друго не слушаат. Тоа е многу погрешно. За било кој да може да изгради некој сопствен вкус и да ја разбере музиката мора да слуша разни жанрови. Најубаво се учи музика преку експериментирање со неа, а тоа важи и за тие што творат, и за тие што изведуваат и за тие што слушаат. Може да се преферира одреден музички стил, но никогаш не треба да се ограничуваме само на еден. Само така може да се добие многу поширока слика за музиката и за било која друга уметност.

Подолу можете да погледнете неколку фотографии од јавни настапи на Ема Ананиевска.

Лектура: Е. М.

Intervistë me Ema Ananievska

Ema Ananievska ka lindur në Shkup në vitin 1995. Edukim muzikor fillon në moshën 7 vjeçare në DMBUC “Ilia Nikolovski Luj” ku edhe e përfundon arsimin e mesëm në degën e pianos. Ka diplomuar në Fakultetin e Artit Muzikor në UKIM për piano në klasën e profesoreshës Rita Trpçeva Popoviq. Ka marrë pjesë në gara kombëtare dhe ndërkombëtare ku ka fituar dy çmime të para dhe dy të dyta. Gjithashtu ka marrë pjesë edhe në një garë ndërkombëtare në Moskë si përfaqësuese e DMBUC me performancë të saj solo. Ajo ka performuar në tre koncerte “No hay banda”, seri koncertesh kushtuar muzikës filmike të realizuar në bashkëpunim me Skenën Akademike të FDU-së në UKIM, si projekt i pavarur i një grupi studentësh. Në koncertin “Gruaja Krijuese” ka një performancë muzikore kushtuar ekskluzivisht kompozitorëve femra nën patronazhin e “MUZIÇKA MLADINA”, një shfaqje muzikore në projektin multimedial “Koncerti M”, koncerte kushtuar krijimtarisë maqedonase, monologë dhe monokromatikë, mbështetur nga Unioni i Kompozitorëve të Maqedonisë, recital solist në Festivalin “Ditët e diversitetit”, performancë solo në fushatë të UNICEF-it, “Për fëmijëri pa pengesa”, shfaqje muzikore në disa ngjarje humanitare të organizuara nga “Kryqi i Kuq” dhe performancë muzikore si interpretues i ftuar në projektin koncert ” As we danced we gave supstance to shadows”.

Nikola Shindre: “Ema Ananievska është pianiste akademike. Gjatë studimeve për piano ka interpretuar brenda dhe jashtë vendit. Kompozitori i saj i preferuar është Shopeni, ndërsa më e kënaqur është me performancën e saj në Moskë. Po pret përfundimin e pandemisë për të bërë një koncert solo, për të cilin Shkupi shpreson të dëgjojë së shpejti.

Gjithmonë duhet të nisësh nga fillimi për të arritur deri në fund. Kështu, të gjithë muzikantët e trajnuar duhet të dinë të luajnë piano, por jo të gjithë janë të mirë në piano. Si është të luash të ashtuquajturin,  instrument muzikor klasik bazor?”

Ema Ananievska: “Të mësosh teknikën e pianos është një proces vërtet i vështirë. kur një fillestar fillon të luajë në piano, duhet të jetë shumë i kujdesshëm në mënyrën se si i vendos duart gjatë lojës, dora duhet të vendoset saktë në mënyrë që të mos shfaqen probleme në zhvillimin e mëtejshëm të interpretuesit, kështu që ka edhe ushtrime të ndryshme. për kyçet e duarve sepse nuk duhet të bllokohen. Nëse kësaj nuk i kushtohet vëmendje që në fillim, mund të lindin vështirësi të mëdha që janë shumë të vështira për t’u rregulluar kur interpretuesi tashmë ka krijuar shprehi se si duhet t’i vendosë duart në piano.

N. Sh. Shumë njerëz janë të vetëdijshëm për vështirësitë që hasin nxënësit e shkollave të ulta të muzikës në lidhje me kohën e tyre të lirë. Edukimi muzikor zë një pjesë të madhe të ditës së lirë. Sipas jush, si duhet të organizohet dita e një nxënësi që dëshiron të mësojë të krijojë muzikë, ose më saktë si të shtojë muzikë, dhe të mos  heqë gjithçka tjetër?

E. A. Vërtetë, ushtrimi i pianos kërkon sakrifica dhe nuk është e lehtë për një fëmijë të cilit i pëlqen të dalë dhe të shoqërohet me moshatarët e tjerë. Personalisht mendoj se nuk duhet të detyrosh me çdo kusht ushtrimin e pianos për ditë të tëra, është më mirë të ndahet luajtja në disa pjesë të ditës nga 2 deri në 3 orë, dhe të jetë efektive. Unë isha shumë më e kënaqur dhe më e lumtur kur ngrihesha në mëngjes dhe kaloja disa orë duke ushtruar pianon, sepse ishte pjesa më produktive e ditës, kur ajo që kisha vendosur në kokën time për të bërë, gjithmonë bëhej në maksimum. . Ditët e mia më të këqija ishin kur humbja ushtrimin e mëngjesit dhe më pas filloja punën pasdite dhe humbja orë në piano pa dëshirë dhe pa kurë farë efekti. Secilit fëmijë duhet t’i lihet hapësira që të gjejë mënyrën më të lehtë për të organizuar kohën e tij për ushtrimin e pianos dhe për ta bërë atë të këndshme për të, dhe jo për të sakrifikuar jetën e saj sociale, ajo është individuale, si dhe mësimi i të gjitha lëndëve të tjera në shkollë. Nuk vlen njëjtë për të gjithë.

N. Sh. Jo të gjithë muzikantët e kanë nisë karrierën e tyre kaq herët. Disa vendosin të studiojnë në akademi muzikore edhe më vonë. Por, arsimi i rregullt i kushton shumë pak kohë artit dhe muzikës. Si ndikon kjo tek ata që duan të vazhdojnë të merren me muzikë, krijimtari, por edhe me të gjithë të tjerët që nuk do të kenë zhvilluar njohuri (shije) për muzikën?

E. A. Ndodh shumë shpesh që fëmijët që shkojnë në arsimin e rregullt, sidomos në shkollat ​​e mesme, dhe janë të interesuar të merren me muzikë në mënyrë profesionale, të përqeshen nga shokët e klasës, bile  edhe nga stafi mësimdhënës. Mendoj se është diçka për të cilën duhet punuar shumë. Arti duhet të jetë shumë më i përfaqësuar në arsimin e rregullt, por edhe lëndët e përgjithshme duhet të jenë më të përfaqësuara në shkollat ​​artistike. Çdo fëmijë ka një afinitet për diçka dhe duhet të i mundësohet të ndërtohet në të, dhe jo të nënvlerësohet, sepse të mësuarit e muzikës, si dhe të mësuarit e gjithçka tjetër, nuk është e lehtë.

N. Sh. Muzika klasike dhe muzika burimore popullore nuk mund të jenë populare. Kjo nuk duhet të thotë se cilësia e produktit muzikor nuk mund të jetë e mirë. Cili është qëndrimi juaj ndaj muzikës së sotme populare maqedonase dhe cili është mendimi juaj se si duhet të zhvillohet ajo?

E. A. Muzika populare është  fushë në të cilën ka shumë hapësirë të madhe për të punuar. Ka shumë kohë që nuk kam dëgjuar diçka cilësore që të mund të them se është diçka që do të vazhdojë të dëgjohet nga brezat që do të vijnë. Ne kemi potencial, por mendoj se problemi kryesor është se nuk ka njerëz të duhur në pozicionet e duhura, ndaj kriteret tona të cilësisë janë shumë të ulëta. Megjithatë, jam optimiste, siç thashë, kemi shumë muzikantë të rinj cilësorë që mund t’i ndryshojnë gjërat për mirë.

N. Sh. Këto zona dikur i përkisnin Bizantit, më vonë Osmanëve, sot popullsia kërkon të jetë pjesë e Evropës. Është e qartë se këtu ka pasur shumë ndikime kulturore. Si reflektohet kjo në muzikë, veçanërisht te kompozitorët maqedonas të muzikës klasike, operës, baletit…?

E. A. Po, sigurisht që ka ndikime si në çdo aspekt të kulturës. Është një fakt normal që çdo kompozitor lë gjurmë në kohën në të cilën ka krijuar. Është domethënëse për veprat e kompozitorëve maqedonas që ritmikisht ato janë vërtet të komplikuara për t’u lexuar për shkak të asaj që dallohet për këto hapësira, e që ajo është takti  i parregullt. Kjo është diçka që nuk është e pranishme në veprat e tjera klasike, sepse te kompozitorët evropianë që janë mirë të njohur dhe që detyrimisht  mësohen, gjithçka është qartë e shkruar sipas rregullave të përcaktuara qartë, kështu që kur studentët bien në kontakt me vepra të kompozitorëve maqedonas, ata shpesh i zë paniku, pavarësisht nëse është vepër vokale apo instrumentale. Mendoj se duhet t’u kushtohet shumë më tepër vëmendje kompozitorëve maqedonas, sepse  kemi stil vërtet specifik dhe shumë të njohur të krijimit, ndërsa shumë pak e njohim  krijimtarinë e vendit ku jetojmë.

N. Sh. Ngjashmëria më e madhe midis matematikës dhe muzikës është se, as për njërën dhe as për tjetrën nuk është i nevojshëm i pamuri  për t’u kuptuar. Ajo që nuk mund të shihet është shumë më shqetësuese sesa ajo që shihet lehtësisht. Si mund muzika të marrë pjesë në trajtimin me sfidat shoqërore?

E. A. Matematika dhe muzika janë në fakt shumë të ngjashme. Kur isha në shkollën fillore, nuk i kuptoja fare thyesat, por kur fillova t’i mësoja në muzikë, atëherë i kuptova, dhe sa i përket ndikimit të muzikës në sfidat shoqërore, mendoj se ka ndikim shumë pozitiv dhe mund të bëjë shumë ndryshime. Këtë e kam ndjerë përmes shembullit tim. Nuk ka asnjë pengesë për këdo me ndonjë problem, qoftë ai problem paaftësi fizike apo ndonjë gjë tjetër, për çka dikush nuk do të mund të jetë aktiv në botën e muzikës. Të gjitha sfidat me të cilat jam përballur në arsimin tim ishin pengesat nga sistemi, d.m.th. mungesa e kushteve elementare për mësim të pavarur, por çdo pengesë mund të tejkalohet me punë të palodhur, vetëm nëse ka dëshirë.

N. Sh. Ndryshimet i bashkojnë të gjithë, si ata që krijojnë, ashtu edhe ata që performojnë dhe ata që dëgjojnë muzikë. Si duhet të ndërtohet një shije dëgjimi e audiencës që dëshiron të mësojë muzikë?

E. A. Shpesh njerëzit mendojnë se ata muzikantë që janë të orientuar drejt muzikës klasike nuk dëgjojnë asgjë tjetër. Kjo është shumë e gabuar. Që çdokush të jetë në gjendje të krijojë shijen e tij dhe të kuptojë muzikën, ai duhet të dëgjojë zhanre të ndryshme. Muzika mësohet më së miri duke eksperimentuar me të, dhe kjo vlen edhe për ata që krijojnë, për ata që performojnë dhe për ata që dëgjojnë. Mund të preferohet një stil i caktuar muzikor, por asnjëherë nuk duhet të kufizojmë veten, vetëm në një. Kjo është mënyra e vetme për të marrë një pamje shumë më të gjerë të muzikës dhe çdo arti tjetër.

Leximi: E. M.

Përktheu E. M.

RELATED ARTICLES