Македонското секојдневие е вглобено во еден безидеен општествено политички систем, во едно беспаќе на идеи кои ве учат на безнадежност и покорување пред посилниот. Со цел нашето општество да се помести од мртвата точка нам ни е потребна една опсежна и длабока критика на нашето секојдневие. Но што всушност е критиката, каква треба да биде таа, и дали е критиката апологија на сегашните состојби?
Современоста се издвојува по една особено интересна карактеристика, тенденцијата кон критичко мислење. Скоро во секои образовни програма и план, неизбежно е споменувањето на развојот на критичкото мислење. Во Македонија полни три децении постои модел на општествено функционирање кој можеме да го наречеме економија на гласови. Воедно треба да се истакне дека ние плурализмот номотехнички сме го разбрале како постоење на стотици партии. Во суштина овие партии и покрај бројното членство се мртви партии. Тука нема ниту идеолошки, ниту било каков друг мотив за членување, освен обезбедување на материјална егзистенција, која очигледно е дека за населението е проблем да ја обезбеди на друг начин. Да не го заборавиме фактот дека овие членови имаат семејства, пријатели, роднини кои ги влечат до работни позиции користејќи го својот углед во политичката дејност. Секако доколку под политичка дејност се подразбира да сте безгласна буква, вешто следејќи ги лидерските позиции бидејќи тоа ви носи придобивка. Гласноста, напротив ви ја одзема таа придобивка!
Македонското секојдневие е вглобено во еден безидеен општествено-политички систем, во едно беспаќе на идеи кои ве учат на безнадежност и покорување пред посилниот. Со цел нашето општество да се помести од мртвата точка нам ни е потребна една опсежна и длабока критика на нашето секојдневие. Народот на Македонија е ограничен пред сè од суровата борба за преживување, која во светлото на пост пандемиската економска криза е навистина тешка битка за биење. Населението во најголемиот дел живее на најдолната граница од потребниот минимум за преживување, со тенденција дури и овој минимум да е розова перспектива, бидејќи дел од населението живее далеку под линијата на сиромаштија. Помеѓу другото кај нас е сè поприсутен феноменот на вработени лица кои што се сиромашни. Индиректно тоа ни покажува дека поради растот на цените, колапсот на целокупниот економско-политички систем, стандардот на народот од ден на ден тоне сè подлабоко. Тонењето на стандардот има повеќестрани, подалекусежни последици. Пред сè тонењето на економскиот стандард на работникот значи живот во несоодветни услови за живеење, со намалени или без воопшто услови за образование, живеење без културен напредок. На долг рок ова подразбира креирање на општествено назадување, кое во општеството носи безредие, хаос. Накратко кажано ние 30 години чекориме сосема цврсто и уверено, сè подалеку од светлоста на цивилизацијата и принципите на хуманоста.
Во вакви услови, каде ние секојдневно сè повеќе се оддалечуваме од цивилизациските вредности, потребно е да се запрашаме, зошто ни се случува сето ова. Кој навистина е виновен за нашата положба денес? Одредувањето на вина не е нималку едноставна, ниту пак лесна задача. Пред сè треба да тргнеме од фактот со какви идеи ние воопшто излеговме од социјалистичкиот систем и се насочивме кон неолибералниот капиталистички систем? Низата на економски и политички проблеми, кои ја руинираа одвнатре Југославија, веќе ги беа антагонизирале федералните единици, примамливо насочувајќи ги кон свој независен пат. Се поставија нови општествени цели, старите вредности полека се бришеа, но на нивно место не се поставија нови. Настана една анемична транзиција, која сè уште трае, која сè уште е премногу лукративна за определени политички, но бизнис ориентирани елити. Наоѓајќи се во едно бескрајно траење на транзицијата, таа без малку ни стана изговор за лошиот животен стандард, политичката клима, неквалитетното образование.
Транзицијата впрочем не е од Бога дадена состојба, туку резултат на македонското општествено политичко дејствување. Претходно споменавме дека современите идеи се впрочем идеи на стагнација и разочарување. Токму таа идеолошка умртвеност е она што ја храни транзицијата, убедувајќи не дека „ние ништо не можеме да промениме“. Во природата на човековиот дух е да прави психолошки бариери и проекции, да гради своја комфор зона, односно да ги одлага и прикрива реалните проблеми за определено време, а притоа да чувствува определено задоволство. Ако оваа аналогија се пренесе на социо-политичко и општествено-економско ниво, тогаш тоа значи дека овој мораториум на владејачките кругови им носи: власт, моќ и пари. За разлика од придобивките кои ги имаат властодршците, населението ја пробива рамката на сиромаштија, секоја година сè повеќе се руинира производниот систем, а тоа по природа генерира невработеност. Невработеноста генерира социјални немири и проблеми. Согледувајќи сè претходно наведено, може да се каже дека ние дејствуваме во насока на едно одлагање на промените во сегашноста. Наоѓајќи милиони изговори со кои се задоволуваме и се дозаробуваме во својата комфор зона дека „ние ништо не можеме да промениме“, ја одлагаме својата сегашност. Одлагањето преоѓа во апатија, апатијата во страдање, а страдањето во идеализам.
Македонското општество одамна ги беше прешло стадиумите на апатија и сега се наоѓа во фаза на страдање. Распаѓајќи се дел по дел, општествено-економскиот систем веќе не е во состојба да ги санкционира и своите редовни обврски кон граѓаните. Накусо кажано, македонската држава и нејзиното постоење само по себе станува апсурд, чија цена ја плаќаат обичните граѓани. Токму во овие услови се возродува идеализмот како единствен спас, како обид за размислување за тоа како може да се промени сегашноста. Идеализмот сам по себе изискува две претпоставки. Пред сè на народот му е потребна идеја околу која ќе може да се обедини, а на самата идеја пак ѝ треба масовност. Идејата и народот се бессилни доколку се одвоени, а точно поради тоа со децении сме воспитувани, „критички“ да гледаме на сегашноста, но таа критика е скоро секогаш пофалба на затекната ситуација. Поинаку кажано, на народот му се дава простор јавно да изнесува своето мислење, но неговото мислење ќе биде оценето како вредно за прифаќање, само тогаш кога е во согласност со поставените наративи. Секое отклонување е безмалку повод за отфрлање. Во современоста ние живееме во изразито догматизирано време, но под претекст, на критицизам и отвореност кон идеите. Главната алатка за остварувањето на ваквата агенда е руинирањето на образовниот систем. Оставајќи ја единката со помалку образование, образование сведено на поими, образование без систематизираност на знаење, фрлајќи ја единката во општество каде единствениот воспитен идеал е дека само климоглавењето ве носи на врвот, е совршениот пат до стишувањето на секој еден глас за промена.
За несреќа на владејачката класа, идеите никогаш никој не успеал за ги оглави со јарем и да го спречи нивното ширење. Токму во најголемите страдања на општеството се појавуваат најрадикалните идеи! Населението поттикнато од бедата и гладот, спасот секогаш ќе го побара во радикални мерки, бидејќи реалноста ќе ги убеди во тоа дека токму тие благи и формални реформи, едноставно се безначајни за решавањето на круцијалните проблеми. Обединувачка рамка стануваат: социјалната правда, економија, образование, здравство, накратко речено целокупна ренесанса на општеството. Силните и коренити промени бараат, длабоко прочистување на што се покажа како неквалитетно, медиокритетско и бесперспективно. Општествена ренесанса може да се случи само со општествена револуција. Револуција на свеста, на знаењата, дејствувањето, производството, живеењето. Потполно укинување на сè неквалитетно, а етаблирање на сè она корисно, прогресивно и перспективно. Патот кон оваа крајна фаза секогаш започнува со издржана критика на постоењето и неумолива желба за борба. Кажано во стилот на Бертолд Брехт „Оној кој се бори може да изгуби, оној кој се откажал веќе изгубил.“. Од тука наша примарна задача како самосвесни суштества, како луѓе кои го плаќаат цехот за долгогодишното молчење на генерациите пред нас е што подлабоко размислување и што погласно зборување.
Новите генерации кои се родија во независна, а сепак толку зависна Македонија, на себе ги претргаа и тек ќе ги претргаат маките кои што се резултат на молчеливото, климоглаво живеење. Соочени со две крајности или молкум да страдаме или гласно да се бориме, основната логика не наведува кон тоа дека само борбата и дејствувањето се единствен спас. Денешните прилики претставуваат широко поле за развој на социјалистичката борба. Таа борба треба да одолее на грешките од претходните времиња и соодветно да се справи со современите предизвици. Со цел остварување на идеалите, нужна е висока општествена самосвест, висока наобразба и акција. Акцијата е потребна со цел нештата да не останат само на теориски расправи и размисли. Парафразирајќи го Маркс би се рекло дека филозофијата го опишува светот, но револуцијата е таа што го менува. Филозофијата е идејниот столб на народните маси, а народните маси се главното нејзино орудие. Должност на секој самосвесен поединец е да ги поттикне, да ги катализира промените! Борбата за подобро утре не е кулоарско разговарање, туку активен процес на образовен, економски и културен план! Јалов е интелектуализмот кој не претендира на промена, кој не побудува на борба! Јалова е критиката, која не поттикнува на промена, која не посочува како да се изведе промена.
Васко Гичевски
Редакцијата на „Гласни идеи“ не нужно се согласува со ставовите изразени во колумната.
Васко Гичевски е роден во 1997 година во Битола. Дипломирал на Институтот за историја на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје во 2020 година. Прогласен е за најдобро дипломиран студент на генерацијата и добитник е на наградата „26 Јули“ од Фондацијата „Франк Манинг“ за покажан особен успех во студирањето. Активно се занимава со проучување на социјалната историја на Османлиската империја (Османлиска Македонија). Автор е на повеќе научни трудови објавени во релевантни научни списанија и четири дигитални – интерактивни мапи на недвижното културно наследство од Османлискиот период во Скопје и Битола. Член е на претседателството на Здружението на историчарите на Република Македонија од 2021 година. Се истакнува во својата дејност во насока на истражување, публикување и популаризирање на марксизмот како политичка филозофија и пракса.
Përditshmëria maqedonase është e ngulitur në një sistem socio-politik pa ide, në një parrugësi idesh të cilat ju mësojnë në pashpresë dhe nënshtrim ndaj më të fortëve. Me qëllim që shoqëria jonë të lëvizë nga pika e vdekur, ne kemi nevojë për një kritikë gjithëpërfshirëse dhe të thellë të jetës sonë të përditshme. Por çfarë është kritika, çfarë duhet të jetë dhe a është kritika një falje e situatave aktuale?
Bashkëkohësia dallohet nga një veçori veçanërisht interesante, tendenca drejt opinionit kritik. Pothuajse në çdo program dhe plan arsimor është e pashmangshme të përmendet zhvillimi i të menduarit kritik. Në Maqedoni prej tre dekadash ekziston një model i funksionimit shoqëror, të cilin mund të e quajmë ekonomi e votës. Gjithashtu duhet theksuar se ne e kuptuam pluralizmin nomoteknikisht si ekzistencë e qindra partive. Në thelb, këto parti, pavarësisht anëtarësimit të madh, janë parti të vdekura. Këtu nuk ka asnjë motiv ideologjik dhe as ndonjë motiv tjetër për anëtarësim, përveç sigurimit të ekzistencës materiale, që padyshim është problem, që popullsia ta sigurojë në ndonjë mënyrë tjetër. Të mos harrojmë faktin se këta anëtarë kanë familje, miq, të afërm që i tërheqin zvarrë në pozicione pune duke përdorur reputacionin e tyre në veprimtarinë politike. Gjithsesi se, nëse nën veprimtarinë politike kuptohet që jeni një germë pa zë, duke ndjekur me mjeshtëri postet lidere sepse ju sjell përfitime. Zëri, përkundrazi ja u grabit atë përfitim!
Përditshmëria maqedonase është e ngulitur në një sistem socio-politik pa ide, në një parrugësi idesh të cilat ju mësojnë në pashpresë dhe nënshtrim ndaj më të fortëve. Me qëllim që shoqëria jonë të lëvizë nga pika e vdekur, ne kemi nevojë për një kritikë gjithëpërfshirëse dhe të thellë të jetës sonë të përditshme. Populli i Maqedonisë është i kufizuar mbi të gjitha nga lufta mizore për mbijetesë, e cila në dritën e krizës ekonomike pas pandemisë, është një betejë vërtet e vështirë për t’u luftuar. Shumica e popullsisë jeton në kufirin më të ulët të minimumit të nevojshëm për mbijetesë, me një tendencë që edhe ky minimum të jetë një perspektivë rozë, pasi një pjesë e popullsisë jeton larg nën vijën e varfërisë. Ndër të tjera, fenomeni i njerëzve të punësuar që janë të varfër është gjithnjë e më i pranishëm në vendin tonë. Në mënyrë indirekte na tregon se për shkak të rritjes së çmimeve, kolapsit të të gjithë sistemit ekonomiko-politik, standardi i popullit po fundoset çdo ditë e më thellë. Standardi i fundosjes ka pasoja të shumëanshme dhe të gjera. Mbi të gjitha, fundosja e standardit ekonomik të punëtorit do të thotë jetë në kushte joadekuate jetese, me kushte të zvogëluara ose pa fare pa kushte për arsimim, për jetë pa përparim kulturor. Në periudhë afatgjate, kjo nënkupton krijimin e prapambeturisë shoqërore, e cila në shoqëri sjell çrregullim dhe kaos. Me pak fjalë, për 30 vjet ecim me vendosmëri dhe besim, gjithnjë e më larg dritës së qytetërimit dhe parimeve të njerëzimit.
Në këto kushte, ku çdo ditë e më shumë po largohemi nga vlerat qytetëruese, duhet të pyesim veten pse po na ndodh e gjithë kjo. Kush, realisht është fajtor për pozicionin tonë sot? Përcaktimi i fajit nuk është aspak një detyrë e thjeshtë dhe as e lehtë. Fillimisht duhet nisur nga fakti se me çfarë idesh u larguam nga sistemi socialist dhe shkuam drejt sistemit kapitalist neoliberal? Seria e problemeve ekonomike dhe politike, që e rrënoi Jugosllavinë nga brenda, tashmë i kishin antagonizuar njësitë federale, duke i drejtuar në mënyrë joshëse drejt rrugës së tyre të pavarur. U vendosën synime të reja shoqërore, vlerat e vjetra fshiheshin ngadalë, por në vend të tyre nuk u vendosën të reja. Ndodhi një tranzicion anemik, i cili ende vazhdon, i cili është ende shumë lukrativ-fitimprurës për disa elita politike, por të orientuara kah biznesi. Duke qenë në një kohëzgjatje të pafund të tranzicionit, pothuajse ajo na u bë justifikim për standardin e dobët të jetesës, klimën politike, arsimin jocilësor.
Në fakt, tranzicioni nuk është një gjendje e dhënë nga Zoti, por rezultat i veprimit shoqëror dhe politik maqedonas. Gjegjësisht më herët e përmendëm se idetë moderne janë në thelb ide stanjacioni dhe zhgënjimi. Është pikërisht kjo, vdekja ideologjike që e ushqen tranzicionin, duke na bindur se “ne nuk mund të ndryshojmë asgjë”. Është në natyrën e shpirtit njerëzor të krijojë pengesa dhe projeksione psikologjike, të ndërtojë zonën e tij të rehatisë, në fakt të i shtyjë dhe fshehë problemet reale për një kohë të caktuar, dhe në të njëjtën kohë të ndjejë një kënaqësi të caktuar. Nëse kjo analogji bartet në nivelin socio-politik dhe shoqëroro-ekonomik, atëherë kjo do të thotë se ky moratorium qarqeve sunduese ju sjell: pushtet, fuqi dhe para. Për dallim nga përfitimet që gëzojnë pushtetarët, popullsia e thyen kornizën e varfërisë, për çdo vit sistemi i prodhimit rrënohet gjithnjë e më shumë, dhe kjo natyrshëm gjeneron papunësi. Papunësia gjeneron trazira dhe probleme sociale. Duke marrë parasysh gjithçka që u tha më parë, mund të thuhet se ne po veprojmë në drejtim të një shtyrjeje të ndryshimeve në të tashmen. Duke gjetur miliona justifikime me të cilat kënaqemi dhe ngecim në zonën tonë të rehatisë se ” ne nuk mund të ndryshojmë asgjë”, e shtyjmë të tashmen tonë. Zvarritja kthehet në apati, apatia në vuajtje dhe vuajtja në idealizëm.
Shoqëria maqedonase i kishte kaluar prej kohësh fazat e apatisë dhe tani është në fazën e vuajtjes. Duke u shpërbërë pjesë-pjesë, sistemi shoqëroro-ekonomik nuk është më në gjendje të sanksionojë detyrimet e tij të rregullta ndaj qytetarëve. Thënë shkurt, shteti maqedonas dhe ekzistenca e tij, nga vetvetiu bëhet një absurditet, çmimin e të cilit e paguajnë qytetarët e rëndomtë. Pikërisht në këto kushte rilind idealizmi si shpëtim i vetëm, si përpjekje për të menduar se si mund të ndryshohet e tashmja. Idealizmi nga vetvetiu kërkon dy supozime. Para së gjithash, njerëzit kanë nevojë për një ide rreth së cilës do të mund të bashkohen, ndërsa vetë idesë i nevojitet masë. Ideja dhe populli janë të pafuqishëm nëse janë të ndarë, dhe pikërisht për këtë, për dekada të tëra jemi edukuar, që “kritikisht” të shohim të tashmen, por ajo kritikë pothuajse gjithmonë është një lavdërim i situatës aktuale. Me fjalë të tjera, popullit i jepet hapësirë për të shprehur publikisht mendimin e tij, por opinioni i tij do të gjykohet si i denjë për t’u pranuar, vetëm kur është në përputhje me narrativat e përcaktuara. Çdo devijim pothuajse është rast për refuzim. Në ditët e sotme jetojmë në një kohë dukshëm të dogmatizuar, por nën pretekstin e kritikës dhe transparencës ndaj ideve. Mjeti kryesor për realizimin e një agjende të tillë është shkatërrimi i sistemit arsimor. Lënia e individit me më pak arsimim, edukimi i reduktuar në koncepte, edukimi pa sistematizimin e njohurive, hedhja e individit në një shoqëri ku i vetmi ideal i edukimit është, се vetëm kokëlëvizja ju çon në majë, dhe është rruga e përsosur për të heshtur çdo zë për ndryshim.
Për fat të keq për klasën në pushtet, askush asnjëherë nuk ka qenë në gjendje t’i vërë në zgjedhë idetë dhe t’i ndalojë ato nga përhapja. Pikërisht në vuajtjet më të mëdha të shoqërisë shfaqen idetë më radikale! Popullsia, e motivuar nga mjerimi dhe uria, shpëtimin gjithmonë do ta kërkojë në masa radikale, sepse realiteti do ta bindë se pikërisht ato reforma të buta dhe formale janë thjesht të parëndësishme për zgjidhjen e problemeve kruciale. Kornizë unifikuese bëhet: drejtësia sociale, ekonomia, arsimi, shëndetësia, me pak fjalë, një renesancë e përgjithshme e shoqërisë. Ndryshimet e forta dhe rrënjësore, kërkojnë një pastrim të thellë të çdo gjëje që doli të ishte me cilësi të ulët, mediokre dhe jopremtuese. Renesancë shoqërore mund të ndodhë vetëm me revolucion shoqëror. Revolucioni i ndërgjegjes, dijes, veprimit, prodhimit, të jetuarit. Heqja e plotë e çdo gjëje jo cilësore dhe vendosja e çdo gjëje të dobishme, progresive dhe premtuese. Rruga për në këtë fazë përfundimtare gjithmonë fillon me një kritikë të qëndrueshme të ekzistencës dhe dëshirë të paepur për të luftuar. Thënë në stilin e Bertold Brecht: “Ai që lufton mund të humbasë, ai që tërhiqet veç më ka humbur”. Prej këtu, detyra jonë parësore si qenie të vetëdijshme, si njerëz që paguajmë çmimin e heshtjes afatgjate të brezave para nesh, është të mendojmë sa më thellë dhe të flasim sa më fort.
Gjeneratat e reja që lindën në një Maqedoni të pavarur, por kaq të varur, vuajtën dhe do të vazhdojnë të vuajnë vuajtjet që janë rezultat i jetës së heshtur dhe kokëluhatur. Të ballafaquar me dy skajshmëri, ose në heshtje të vuajmë ose zëshëm të luftojmë, logjika bazë na bën të besojmë se vetëm lufta dhe veprimi janë shpëtimi i vetëm. Mundësitë e sotme paraqesin një fushë të gjerë për zhvillimin e luftës socialiste. Ajo luftë duhet t’u rezistojë gabimeve të kohëve të mëparshme dhe të përballet në mënyrë adekuate me sfidat bashkëkohore. Për realizimin e idealeve duhet vetëdije e lartë shoqërore, edukim i lartë dhe aksion. Aksioni duhet që gjërat të mos mbeten vetëm në diskutime teorike dhe reflektime. Duke perifrazuar Marksin, do të thuhej se filozofia e përshkruan botën, por është revolucioni që e ndryshon atë. Filozofia është shtylla ideologjike e masave popullore, ndërsa masat popullore janë arma kryesore e saj. Është detyrë e çdo individi të vetëdijshëm të inkurajojë, katalizojë ndryshimin! Lufta për një të nesërme më të mirë nuk është bisedë kuluaresh, por një proces aktiv në plan arsimor, ekonomik dhe kulturor! Shterp është intelektualizmi që nuk pretendon në ndryshim, që nuk na nxit të luftë! Është shterpe kritika, që nuk inkurajon ndryshimin, nuk tregon se si të kryhet ndryshim.
Vasko Giçevski
Përktheu E. M.
Redaktorët e Ide të zëshme nuk pajtohen domosdoshmërisht me pikëpamjet e shprehura në kollumnë
Vasko Giçevski ka lindur në vitin 1997 në Manastir. Ka diplomuar në Institutin Historik të Fakultetit Filozofik në Universitetin “Shën Kirili dhe Metodi” në Shkup në vitin 2020. Ai u shpall studenti më i mirë i diplomuar i gjeneratës dhe mori çmimin “26 korriku” nga Fondacioni “Frank Manning” për sukses të veçantë në studime. Ai është i angazhuar në mënyrë aktive në studimin e historisë shoqërore të Perandorisë Osmane (Maqedonia Osmane). Ai është autor i disa punimeve shkencore të botuara në revista shkencore përkatëse dhe katër hartave digjitale-interaktive të trashëgimisë kulturore të patundshme nga periudha Osmane në Shkup dhe Manastir. Nga viti 2021 është anëtar i kryesisë së Shoqatës së Historianëve të Republikës së Maqedonisë. Ai veçohet në veprimtarinë e tij në drejtim të kërkimit, botimit dhe popullarizimit të marksizmit si filozofi dhe praktikë politike.