Историски согледано, државата како општествена творба е потребна на поединецот за тој да може непречено да се развива и притоа да биде заштитен, односно државата е организација која што ја обединува личната среќа и развој и колективниот интерес. Ова идејно становиште сепак докрај не е применливо во реалноста бидејќи контрадикции мора да постојат. Не може да постои нешто толку совршено што не е подложно на развој и доусовршување, токму од тие внатрешни контрадикции и конфликти, всушност се раѓа новото доба, се создава историја!
„МАЛКУМИНА СЕ СВЕСНИ ЗА КОРЕНОТ НА НЕФУНКЦИОНАЛНОСТА“
Сите ние кои живееме во оваа наша држава, повеќе и помалку знаеме со какви проблеми се соочуваме. Знаењето со што се соочуваме сепак е само она основно ниво на спознавање на очигледна реалност. Поголемиот проблем лежи во тоа што малкумина се свесни каде лежат корењата на хаосот и нефункционалноста кој што го живееме. За оние кои поусрдно ја следат општествено-политичката ситуација и имаат историски познавања за развојот на Македонија како држава, тоа им е јасно. Коренот лежи во корупцијата, непотизмот, непочитувањето на законите од секој тип и облик а круната на се тоа е партизацијата. Партизацијата е таа која што овозможува заштита пред секој закон и секое тело, таа сила која и од најнеписмениот ќе создаде раководен кадар на одговорна фунакција!
Што точно значи зборот партизација?
Партизацијата е процес во кој што определена политичка партија создава механизам на владеење, паралелен на веќе воспоставениот државноправен поредок и со тоа им гарантира придобивки и просперитет на челновите и симпазитерите на определена политичка партија.
Во својот зародиш партиите беа политички групи обединети околу остварување на определена идејна цел а со самото тоа и остварување на извесен економски напредок на групата но и на општеството од која што таа група произлегува. Тоа барем би било некое грубо изнесено, идеалистичко гледање на нештата. Јазот помеѓу идеализмот и практиката, најдлабок е во оние општества кои имаа мал основен образовен и граѓански капитал.
Првите партии во Македонија се појавуваат по победата на Младотурската револуција, кога и се одржуваат избори за политички претставници во османлискиот парламент. Тие први партии, впрочем беа пацифизирани револуционерни организации, демилитаризирани пропагандни чети и неколку идеолошки групи кои за жал имаа најмалку успех.
Сепак, најголемиот успех го однесоа политичките партии наследнички на соседските вооружени големонационални пропаганди, османлиските националистички партии а сосем на крај беа социјалистите, анархистите и сите останати.
Живеејќи со векови во апсолутистички систем, населението едноставно свикнало на фактот дека власта може да биде само апсолутна и дека власта е таа што треба нам нешто да ни даде а ние треба поданички да чекаме и потоа да благодариме. Еден сосема бегол поглед е доволен за да сфатиме дека кај нас демократијата и плурализмот имаат очевидни тоталитарни белези. Секоја партија по стапувањето на власт се труди да се слее со државата по сите основи, да стане второ лице на државата. Извориште на таквото владеење во таков случај се Уставот и Партискиот статут! Следствено на тоа со државата владеат оние кои согласно Уставот се избрани на демократски начин а ќе владеат онака како што наложуваат партиските интереси и определби.
„ЛИЧНИОТ ПРОСПЕРИТЕТ СЕ ОБЕЗБЕДУВА ПРЕКУ ПОДАНИШТВО“
За нешто и воопшто да постои треба да има определени општествено економски предуслови. Ништо не паднало од небото и се закоренило на земјата, па така ниту партизацијата не е исклучок од таа вистина. Партизацијата може да постои тогаш кога има доволен број на личности чии личен просперитет може да си го обезбедат само преку подаништво. Меѓу нив има личности со знаења но без вредности, исто така има и личности кои ниту нешто знаат, ниту се држат до некаков принцип. Ќе бидам комотен да напишам дека вторите во нашиот случај се подоминатни и значително принесоа во изминатите години кон нивното лично богатство, но и кон нашата колективна пропаст. Оние кои имаат знаење и вредности пак се изоставени од општеството онака како што се и испуштени во овој текст. Тие едноставно не играат никаква важна општествена улога. Тие се ставени во подредена позиција, задкулисни работници кои работејќи го одржуваат системот жив а со тоа им овозможуваат на предходно наведените спокојно да владеат. Ним вредностите и принципите не им дозволуваат да се впуштат во валканите политички игри па така нивниот избор е да молчат или да се иселат.
„ГЛАСНОГОВОРНИЦИТЕ СЕ СООЧЕНИ СО ПРОГОН И ТЕРОР“
Гласноговорниците пак се во најтешка позиција, бидејќи тие нужно се соочени со прогон и терор, не само од партијните следачи туку и од оние кои молчат.
Имајќи го овој основен потенцијал или подобро речено гласачки капитал, се понатаму е лесно. Согласно Уставот и законите на секои четири години имаме избори, партиите излегуваат со свои програми и ветувања. Се одржуваат безброј митинзи, се трошат милиони на политички реклами. Од она на што и вие и јас сме биле сведоци, можеме да заклучиме дека во суштина иако програмите се добро пренесени, сосем мал дел од гласачкото тело знае што тие содржат и каков ефект би донеле. Не дека тие напишани слова се тешки за разбирање, туку заради тоа што тие се ирелевантни во процесот на давање глас. Гласот ќе биде даден за оној кај кого имаме најмногу врски, кај кого можеме да добиеме државна работа, тендер, проект. Ќе ја поддржиме онаа политичка опција кај која што имаме најголем простор за личен успех! Впрочем најопипливо и наjoстварливо ветување, барем според зачестеност е партиското вработување. Гласачите гласаат за лична среќа, за државна работа, за тендер, за проект!
„ПОКЛОНЕНИЕ ИЛИ ИСПРАВУВАЊЕ? ВРБИ ИЛИ ТОПОЛИ?“
Знаејќи го се ова погоре наведено, ние едноставно сме луди што бараме департизација на општеството. Барајќи го тоа, ние си ја побаруваме смртта на нашата општествено политичка заедница, државата ни Македонија.
Замислите ја ситуацијата во која ние навистина сме департизирано општество. Веќе на првите избори на кои што нема да се ветуваат тендери, државни вработување, проекти, нема никој да излезе да гласа. Свикнати на подаништво, доколку се департизираме ќе останеме без некој на кој што би му биле потребни како поданици.
Ќе станеме народ без идоли, поклоници кои ќе нема на што да се поклонат. Без поклонението пак голем дел од нашиот народ ќе остане без леб. Оние чесните, вредните учените, кои и досега не се поклонувале ќе останат исправени како тополи, во тоа поле на поклоници без идол.
Тогаш и само тогаш можеби ќе се освести поклоништвото коe останало без водачи и без држава дека токму слепиот личен интерес, незнаењето но и знаењето без принципи од нив створија робје. Изборот ќе биде едноставен или да се исправат и да се поучат од грешките, па да создадат нешто свое или да бараат нови господари на кои што за ситнеж ќе се продадат.
Васко Гичевски
Редакцијата на „Гласни идеи“ не нужно се согласува со ставовите изразени во колумната.
Васко Гичевски е роден во 1997 година во Битола. Дипломирал на Институтот за историја на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје во 2020 година. Прогласен е за најдобро дипломиран студент на генерацијата и добитник е на наградата „26 Јули“ од Фондацијата „Франк Манинг“ за покажан особен успех во студирањето. Активно се занимава со проучување на социјалната историја на Османлиската империја (Османлиска Македонија). Автор е на повеќе научни трудови објавени во релевантни научни списанија и четири дигитални – интерактивни мапи на недвижното културно наследство од Османлискиот период во Скопје и Битола. Член е на претседателството на Здружението на историчарите на Република Македонија од 2021 година. Се истакнува во својата дејност во насока на истражување, публикување и популаризирање на марксизмот како политичка филозофија и пракса.
Nga pikëpamja historike shteti si krijim shoqëror i nevojitet individit që ai të mund të zhvillohet i papenguar dhe njëkohësisht të jetë i mbrojtur, pra shteti është organizatë që bashkon lumturinë dhe zhvillimin personal dhe interesin kolektiv. Ky pozicion ideor ende nuk është i zbatueshëm në realitet, sepse kontradiktat duhet të ekzistojnë. Nuk mund të ketë diçka kaq të përsosur që të mos i nënshtrohet zhvillimit dhe përsosjes, pikërisht nga ato kontradikta dhe konflikte të brendshme, në fakt lind epoka e re, krijohet historia!
“PAK NJERËZ JANË TË VETËDIJSHËM PËR RRËNJËN E MOSFUNKSIONIMIT”
Të gjithë ne që jetojmë në këtë shtet tonin, pak a shumë e dimë se me çfarë problemesh po përballemi. Dijenia se me çfarë po përballemi, megjithatë është vetëm ai niveli bazë i njohjes së një realiteti të dukshëm. Problemi më i madh qëndron në faktin se pak njerëz janë të vetëdijshëm se ku qëndrojnë rrënjët e kaosit dhe të mosfunksionalitetit në të cilin jetojmë. Për ata që ndjekin më me zell gjendjen shoqërore dhe politike, dhe kanë njohuri historike për zhvillimin e Maqedonisë si shtet, kjo është e qartë për ta. Rrënja qëndron te korrupsioni, nepotizmi, mosbindja ndaj ligjeve të çdo lloji dhe forme dhe kurora e të gjithave është partishmëria. Partizimi është ai që siguron mbrojtje ndaj çdo ligji dhe çdo organi, një forcë që do të krijojë një staf drejtues me funksion të përgjegjshëm edhe nga më analfabetët!
Çfarë do të thotë konkretisht fjala parti?
Partizimi është një proces në të cilin një parti e caktuar politike krijon një mekanizëm qeverisës paralel me rendin tashmë të vendosur juridik shtetëror, duke garantuar kështu përfitime dhe prosperitet për anëtarët dhe simpatizantët e një partie të caktuar politike.
Në fillimet e tyre partitë ishin grupe politike të bashkuara rreth arritjes së një qëllimi të caktuar ideologjik, e me këtë edhe arritjes së një progresi të caktuar ekonomik të grupit, por edhe të shoqërisë nga e cila buron ai grup. Kjo do të ishte të paktën një pikëpamje e papërpunuar, idealiste e gjërave. Hendeku midis idealizmit dhe praktikës është më i thellë në ato shoqëri që kishin bazë të vogël arsimore dhe kapital qytetar.
Partitë e para në Maqedoni u shfaqën pas fitores së Revolucionit Xhonturk, kur u mbajtën zgjedhjet për përfaqësues politikë në parlamentin osman. Ato parti të para, në fakt ishin, organizata revolucionare të paqësuara, çeta propagandistike të çmilitarizuara dhe disa grupe ideologjike që për fat të keq, patën suksesin më të vogël.
Suksesin më të madh e arritën partitë politike trashëgimtare të propagandës së madhe kombëtare të armatosur fqinje, partitë nacionaliste osmane dhe në fund ishin socialistët, anarkistët dhe gjithë të tjerët.
Duke jetuar me shekuj në një sistem absolutist, popullsia thjesht u mësua me faktin se pushteti mund të jetë vetëm absolut dhe se pushteti është ai që duhet të na japë diçka dhe ne duhet të presim si subjekte, dhe pastaj t’i falënderojmë. Mjafton një vështrim krejtësisht i përciptë për të kuptuar se në vendin tonë demokracia dhe pluralizmi kanë tipare të dukshme totalitare. Pas ardhjes në pushtet, çdo parti përpiqet të shkrihet me shtetin në të gjitha bazat, për t’u bërë fytyra e dytë e shtetit. Burimi i një qeverisjeje të tillë në një rast të tillë është Kushtetuta dhe Statuti i Partisë! Rrjedhimisht, shteti qeveriset nga ata që sipas Kushtetutës janë zgjedhur në mënyrë demokratike dhe do të sundojnë ashtu siç e diktojnë interesat dhe përcaktimet partiake.
“PROSPERITETI PERSONAL SIGUROHET ME NËNSHTRIM”
Që diçka të ekzistojë fare, duhet të ketë disa parakushte shoqërore dhe ekonomike. Ashtu që asgjë nuk ka rënë nga qielli dhe nuk zuri rrënjë në tokë, ndaj edhe partia nuk bën përjashtim nga kjo e vërtetë. Partizimi mund të ekzistojë kur ka një numër të mjaftueshëm personash, prosperiteti personal i të cilëve mund të sigurohet vetëm përmes nënshtrimit. Mes tyre ka persona me dije por pa vlera, ka edhe persona që as dinë asgjë dhe as i përmbahen asnjë parimi. Do të jem rehat të shkruaj se këta të fundit në rastin tonë janë më dominues dhe kanë kontribuar ndjeshëm në vitet e kaluara në pasurinë e tyre personale, por edhe në rrënimin tonë kolektiv. Ata që kanë njohuri dhe vlera janë lënë jashtë shoqërisë, ashtu sikur që janë lënë jashtë në këtë tekst. Ata thjesht nuk luajnë ndonjë rol të rëndësishëm shoqëror. Ata vendosen në një pozicion vartës, punëtorë të prapaskenës, që punojnë për të mbajtur gjallë sistemin, dhe në këtë mënyrë u mundësojnë të lartpërmendurve të sundojnë në të qetë. Vlerat dhe parimet e tyre nuk i lejojnë të përfshihen në lojëra të pista politike, ndaj zgjedhja e tyre është të heshtin ose të largohen.
“TË ZËSHMIT PËRBALLEN ME PERSEKUTIM DHE TERROR”
Të zëshmit janë në pozitën më të vështirë, sepse medoemos përballen me persekutim dhe terror, jo vetëm nga ndjekësit partiakë por edhe nga ata që heshtin.
Duke pasur këtë potencial bazë ose më mirë kapital votimi, çdo gjë tjetër është e lehtë. Sipas Kushtetutës dhe ligjeve, çdo katër vjet kemi zgjedhje, partitë dalin me programet dhe premtimet e tyre. Mbahen mitingje të panumërta, miliona shpenzohen për reklama politike. Nga sa kemi qenë dëshmitarë unë dhe ju, mund të konkludojmë se në thelb, megjithëse programet janë të komunikuara mirë, një pjesë shumë e vogël e elektoratit e di se çfarë përmbajnë dhe çfarë efekti do të sillnin. Jo se ato fjalë të shkruara janë të vështira për t’u kuptuar, por sepse janë të parëndësishme në procesin e votimit. Votën do ta ketë ai me të cilin kemi më shumë lidhje, me të cilin mund të marrim një punë qeveritare, tender, projekt. Ne do të mbështesim atë opsion politik ku kemi hapësirën më të madhe për sukses personal! Në fund të fundit, premtimi më i prekshëm dhe më i arritshëm, të paktën në frekuencë, është punësimi partiak. Votuesit votojnë për lumturinë personale, për një punë shtetërore, për një tender, për një projekt!
“NËNSHTRIM OSE DREJTIM? SHELGJE OSE PLEPA?”
Duke ditur tërë atë që u specifikua më lartë, ne jemi thjesht të çmendur që kërkojmë departizim të shoqërisë. Duke e kërkuar këtë, ne kërkojmë vdekjen shoqëroro-politike e komunitetit tonë, shtetit tonë të Maqedonisë.
Imagjinoni situatën në të cilën ne, vërtet jemi një shoqëri e departizuar. Tashmë në zgjedhjet e para, në të cilat nuk do të premtohen tenderë, punësime shtetërore, projekte, askush nuk do të dalë për të votuar. Të mësuar me nënshtrimin, nëse departizohemi, atëherë do të mbetemi pa askënd që do të kishte nevojë për ne si të nënshtruar.
Ne do të bëhemi një komb pa idhuj, adhurues që nuk do të kenë asgjë për të adhuruar. Pa nënshtrim, një pjesë e madhe e popullit tonë, do të mbetet pa bukë. Ata të ndershmit, të zellshmit, të diturit, që nuk janë nënshtruar kurrë më parë, do të mbeten të drejtë si plepat, në atë fushë adhuruesish pa idhuj.
Atëherë, dhe vetëm atëherë, ndoshta adhuruesit e mbetur pa prijës dhe pa shtet, do ta kuptojnë se ishte interesi i verbër vetjak, injoranca, por edhe dija pa parime që i bëri skllevër. Zgjedhja do të jetë e thjeshtë, ose të korrigjojnë veten dhe të mësojnë nga gabimet e tyre, më pas të krijojnë diçka të tyren, ose të kërkojnë zotërinj të rinj, të cilëve do t’u shiten për një çmim të ulët.
Vasko Giçevski
Redaktorët e Ide të zëshme nuk pajtohen domosdoshmërisht me pikëpamjet e shprehura në kollumnë
Vasko Giçevski ka lindur në vitin 1997 në Manastir. Ka diplomuar në Institutin Historik të Fakultetit Filozofik në Universitetin “Shën Kirili dhe Metodi” në Shkup në vitin 2020. Ai u shpall studenti më i mirë i diplomuar i gjeneratës dhe mori çmimin “26 korriku” nga Fondacioni “Frank Manning” për sukses të veçantë në studime. Ai është i angazhuar në mënyrë aktive në studimin e historisë shoqërore të Perandorisë Osmane (Maqedonia Osmane). Ai është autor i disa punimeve shkencore të botuara në revista shkencore përkatëse dhe katër hartave digjitale-interaktive të trashëgimisë kulturore të patundshme nga periudha Osmane në Shkup dhe Manastir. Nga viti 2021 është anëtar i kryesisë së Shoqatës së Historianëve të Republikës së Maqedonisë. Ai veçohet në veprimtarinë e tij në drejtim të kërkimit, botimit dhe popullarizimit të marksizmit si filozofi dhe praktikë politike.