домаИнтервјуГорјан Јовановски за локалната екокултура / Gorjan Jovanovski për ekokulturën lokale

Горјан Јовановски за локалната екокултура / Gorjan Jovanovski për ekokulturën lokale

Горјан Јовановски
Горјан Јовановски

Интервју со Горјан Јовановски

Горјан потекнува од Скопје. Таму тој дипломира како софтверски инженер на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) во 2015 година, а магистрира cum laude на University of Amsterdam во 2016 како магистер по софтверско инженерство. До 2020 година работи во Booking.com како софтверски инженер и менаџер на над 30 луѓе, а потоа ја основа МојаФирма и го вложува целиот фокус во апликацијата AirCare (МојВоздух).

Никола Шиндре: „Горјан Јовановски на македонската јавност ѝ е познат по апликацијата „AirCare“ (мак. Мој воздух) што го детектира загадувањето во воздухот, односно што ги собира податоците од мерните станици за контрола на квалитетот на воздухот и лесно ги прикажува на мобилниот телефон. Покрај тоа, тој е и независен член на Советот на Град Скопје па неговите идеи и заложби за еколошкиот развој се обидува да ги протурка и таму.

Интересот на јавноста за квалитетот на амбиенталниот воздух низ населените места во Македонија е понова активност. Поставувањето мерни станици на некој начин обезбеди податоци за коишто претходно само се шпекулираше, но знаењето и праксата не се исти поими. Како да се употребува тоа знаење за да се намали загадувањето?“

Горјан Јовановски: „Без податоци, не може да се детектира и реши проблем. Сме шпекулирале за аерозагадувањето, а сега може со конкретни бројки да воочиме каква е состојбата, барем таму каде што има мерни станици. Сепак, бројот на мерни станици е многу мал, посебно на државните. Тие често се надвор од функција и со години се ветува дека ќе има стабилен проток на податоци за квалитетот на воздухот од Министерството за животна средина. Уште чекаме тоа ветување да се исполни, а дотогаш, додаваме волонтерски мерни станици кои индикативно кажуваат каква е состојбата на воздухот. Штом имаме целосни податоци, може да видиме дали мерките кои се (или не се) преземаат навистина имаат влијание врз подобрување на квалитетот на тоа што го дишеме.“

Aircare 25-11-2022 11-ti Oktomvri
Aircare 25-11-2022 11-ti Oktomvri

Н. Ш. Загадувањето на воздухот се актуализира во текот на грејната сезона, кога маглата, дождот и огревот се присутни. Чистиот воздух како основа за пристоен живот треба да биде дел од долгорочните стратегии. Какви стратегии за чист воздух има и какви треба да се носат во иднина за да се заштити населението од загаден воздух?

Г. Ј. Стратегии нема. Се правеше „План за чист воздух“ пред неколку години, кој остана само план, без реална цел, без стратегија за спроведување, без индикатори, без рокови и без сите други работи што се задолжителни за еден план да е успешен. Тоа беше само популистичка мерка за да се покаже дека некој се залага за тоа, кога вистината е дека квалитетот на воздухот е скоро секогаш изоставен од плановите на централната и локалната власт. Тие што ги носат овие планови како да не дишат ист воздух со сите нас.

Воздухот би го прочистиле со неколку важни чекори:

Реални инспекции и realtime надзор врз индустријата, со одземање на работната дозвола на секој што го загадува воздухот, а не парични казни (ако воошто ги има) што се 0.001% од нивниот профит.

Ширење на топлификациската мрежа до сите оние кои не можат да се приклучат на истата со цел да не се греат на дрва или други материјали за согорување. Воедно, подобрување на цената за да е таа услуга достапна за сите, и не чекање 5 до 12 кога станува збор за тоа дали граѓаните ќе имаат парно.

На нашето државно знаме имаме сонце, но водиме силен инает кон имплементација на соларниот потенцијал на државата. Каде се законските олеснувања за да можат граѓаните да постават свои фотоволтаици? Каде се големите површини низ градовите кои може да се покријат со фотоволтаици (како кровови на јавни установи, школи)?

Строго казнување на поединци кои палат отпад и стрништа. Имам од полицијата слушнато дека се плашат да влезат и да казнат луѓе во Вардариште отпадот. Ако полицијата почна да се плаши, не знам што улога таа веќе има? Да ги викнеме АРМ тогаш да интервенираат.

Н. Ш. Покрај планот и програмата, тука се пазарот и можностите. Најавите дека зимата што претстои ќе биде доста ладна во однос на затоплувањето стануваат стварност. Тука наѕираат две итности: заштитата на животната средина и греењето на просторот. Што и како да се избере?

Г. Ј. За жал, оваа зима, поради кратковидноста на властите, повторно ќе дишеме загаден воздух за да не смрзнеме. Колку години активистите бараат соларна енергија која ќе ни помогне да не гориме јаглен и мазут, туку да произведуваме екоструја? Дали чекаме да се најде начин како може поединци да профитираат од тоа, пред да се воведе?

Не може да дозволиме луѓето да смрзнат, но не верувам дека ќе си ја научиме лекцијата ако тие на кои ќе им биде ладно по дома оваа зима не излезат на улица и не го искажат своето незадоволство. Мора да прекинеме да сме пасивни ако сакаме вистински промени. Лутите Facebook статуси никогаш не ги решаваат проблемите.

Н. Ш. Повеќето јавни установи, особено образовните, културните и здравствените се во долгови, но барем начинот на загревање на просторот е донекаде испланиран во споредба со станбените објекти. Како овие установи да (о)станат „топли“ места за учениците, пациентите и посетителите кога сè поизвесно е дека многу домови ќе останат ладни?

Г. Ј. Оваа година искрено не знам како се планира да сме сите топли. Се надевам дека Топлификација ќе успее да снабди парно до сите овие установи за да може вработените, децата и пациентите кои подолго време престојуваат во нив, да не смрзнат. Но, ако следната година не видиме фотоволтаици на крововите на истите институции кои ќе помагаат во загревањето, што правиме? Кој ќе ја преземе таа одговорност?

Н. Ш. Директната демократија е Ваша постојана заложба. Сепак, условите за спроведување на добрите идеи не се секогаш добро поставени. Како ја замислувате директната демократија во овие услови на енергетска и економска криза?

Г. Ј. Многу е тешко проектите на граѓаните кои ЗХГ ги застапува да ги донесе до градскиот Совет, кога буџетот на градот се намалува и голем дел од парите се користат за сметки за струја. Сепак, успеавме да реализираме дел од нив. Сега се спроведуваат јавни набавки за првите мерни станици од градската мрежа против аерозагадување што треба да се постават. Се набавува и првата градска компостара за органски отпад (кој е 60% од отпадот што завршува во депониите во Скопје).

Правиме и иницијативи кои не бараат пари, како дозволување на сопствениците на миленици да се возат со своите миленичиња во ЈСП следејќи ги законските одредби. Тоа не бара пари, а ќе биде предложено на следната седница на Советот на Град Скопје.

Директната демократија во време на криза е уште поважна бидејќи на граѓаните треба да им биде дозволено да ги одберат приоритетите за тоа каде ќе се трошат лимитираните парични средства од градскиот, општинскиот и владиниот буџет. Засега, само ЗХГ го прави тоа преку платформата МојГрад.

Н. Ш. Не е сосема погрешно да се претпостави дека инфлацијата ќе ги помести јавните расправи и дека заштитата на животната средина ќе се помести за подобри времиња. Штетите пак, нема да се поместат за во иднина, туку тие ќе настанат веднаш. Како заеднички да се размислува за ова?

Г. Ј. Сите тие што мислат дека треба да ја одложиме заштитата на животната средина би ги прашал: Дали се спремни нивните деца да живеат во град без зеленило? Град со постојано аерозагадување? Град полн со бездомни животни? Град, односно депонија? Ако да, тогаш се дефинитивно на погрешно место и не смеат да донесуваат одлуки за градот.

Нема никаква логика да се мисли дека заштитата на животната средина е луксуз кој може да се дозволи само во подобри времиња. Ако градот се планира зелено и хумано, со здравјето на граѓаните на прво место, нема да има никогаш потреба да се трга животната средина на страна.

Н. Ш. Основната единица на општеството е човекот. Човекот честопати обвинувајќи го системот и неговите недостатоци сака да се оправда за своите постапки. Како да се постапи и кога функционира и кога не функционира системот?

Г. Ј. Граѓански иницијативи, референдуми, протести, притисоци, независни советници… Ако сакаме да одиме кон подобро, мора да ги смениме нашите навики, не кон себеси, туку кон системот. „Ах, тоа е тоа, за никаде е сè“ може да си кажуваме колку сакаме, но тоа ништо нема да промени. Сакаме промена, но не сакаме да ја бараме таа промена, е многу хипокритски начин на размислување.

Јас се активирав преку ЗХГ бидејќи сфатив дека системот мора да го смениме одвнатре. Да ја исчистиме ‘рѓата, да ги отвориме процесите и да ги направиме транспарентни. Да ги натераме институциите навистина да работат за, а не против граѓаните. И успевам, со помош на МојГрад платформата, каде што јас лично ја дигитализирам секоја седница (улога што треба самиот град да ја извршува).

Ако сакаме подобро Скопје, подобра Македонија, нема да ја добиеме со седење дома, жалење и (можеби) одење на избори секои 4 години. Ќе ја добиеме тогаш, кога секој ден ќе им се качуваме на глава на тие што треба да ни го овозможат подобриот живот, и доколку тоа не го направат, да направиме сè што можеме со цел да ги смениме. Активирајте се, мои драги сограѓани, има добра иднина овој град, само треба заедно со вас да ја изградиме.

Лектура: Е. М.

Intervistë me Gorjan Jovanovski

Gorjan vjen nga Shkupi. Atje ai u diplomua si inxhinier softuerësh në Fakultetin e Shkencave të Informacionit dhe Inxhinierisë Kompjuterike (FINKI) në vitin 2015, dhe u diplomua me lavdi nga Universiteti i Amsterdamit në vitin 2016 si Master i Inxhinierisë Softuerike. Deri në vitin 2020, ai punoi në Booking.com si inxhinier softuerësh dhe menaxher i mbi 30 personave, dhe më pas themeloi MojaFirma dhe investoi të gjithë fokusin e tij në aplikacionin AirCare.

Nikola Shindre: “Gorjan Jovanovski është i njohur për publikun maqedonas për aplikacionin “AirCare” (Mak. Ajri im) që e detekton ndotjen në ajër, gjegjësisht mbledh të dhëna nga stacionet matëse për kontrollin e cilësisë së ajrit dhe lehtësisht i shfaq në telefonin celular. Përveç kësaj, ai është edhe anëtar i pavarur i Këshillit të Qytetit të Shkupit, kështu që idetë dhe angazhimet e tij për zhvillim ekologjik përpiqet t’i shtyjë edhe atje.

Interesimi i opinionit për cilësinë e ajrit të ambientit në zonat e populluara në Maqedoni, është një aktivitet i kohëve të fundit. Vendosja e stacioneve matëse, në një farë mënyre, siguroi të dhëna për të cilat më parë vetëm spekulohej, por njohuria dhe praktika nuk janë të njëjtat terma. Si ta përdorim atë njohuri për të zvogëluar ndotjen?”

Gorjan Jovanovski: “Pa të dhëna, nuk mund të zbulohet dhe zgjidhet problem . Ne kemi spekuluar për ndotjen e ajrit dhe tani mund të shohim me shifra konkrete se si është situata, të paktën atje ku ka stacione matëse. Megjithatë, numri i stacioneve matëse është shumë i vogël, veçanërisht ato shtetërore. Ato shpesh janë jashtë funksionit dhe prej vitesh ka pasur premtime për një rrjedhë të qëndrueshme të të dhënave për cilësinë e ajrit nga Ministria e Mjedisit Jetësor. Jemi ende në pritje të realizimit të atij premtimi dhe deri atëherë po shtojmë stacione matëse vullnetare që në mënyrë indikative tregojnë gjendjen e ajrit. Pasi të kemi të dhënat e plota, mund të shohim nëse masat që po ndërmerren (ose jo) kanë vërtet  ndikim në përmirësimin e cilësisë së asaj që marrim frymë.”

N. Sh. Ndotja e ajrit aktualizohet gjatë sezonit të ngrohjes, kur ka mjegull, shi dhe zjarr. Ajri i pastër si bazë për një jetë të denjë duhet të jetë pjesë e strategjive afatgjata. Çfarë strategjish për ajër të pastër ekzistojnë dhe çfarë duhet bërë në të ardhmen për të mbrojtur popullsinë nga ajri i ndotur?

G. J. Nuk ka strategji. Para disa vitesh u bëheshte “Plan për ajër të pastër”, i cili mbeti vetëm një plan, pa synim real, pa strategji dhe zbatimi, pa tregues, pa afate dhe pa të gjitha gjërat e tjera që janë të detyrueshme që një plan të ketë sukses. Ajo ishte thjesht një masë populiste për të treguar se dikush po angazhohet për atë, kur e vërteta është se cilësia e ajrit është lënë pothuajse gjithmonë jashtë planeve të pushtetit qendror dhe vendor. Ata që i sjellin këto plane, sikur të mos thithin të njëjtin ajër si të gjithë ne.

Ajrin do të e pastronim me disa hapa të rëndësishëm:

Inspektime reale dhe mbikëqyrje reale të industrisë, me heqjen e lejes së punës të kujtdo që ndot ajrin, dhe jo gjoba me para (nëse ka) që janë 0.001% e fitimeve të tyre.

Përhapja e rrjetit të ngrohjes për të gjithë ata që nuk mund të lidhen me të, për të mos u ngrohur me dru apo materiale të tjera djegëse. Njëkohësisht, përmirësimi i çmimit në mënyrë që shërbimi të jetë i disponueshëm për të gjithë, dhe të mos presim 5 deri në 12 kur bëhet fjalë për atë, nëse vallë qytetarët do të kenë ngrohje.

Ne kemi një diell në flamurin tonë kombëtar, por bëjmë shumë inat kundër zbatimit të potencialit solar të vendit. Ku janë stimujt ligjorë që qytetarët të instalojnë fotovoltaikët e tyre? Ku janë zonat e mëdha përreth qyteteve që mund të mbulohen me fotovoltaikë (si çatitë e institucioneve publike, shkollat)?

Ndëshkimi i rreptë i individëve që djegin mbeturina dhe kashtë. Nga policia kam dëgjuar se kanë frikë të hyjnë dhe të ndëshkojnë njerëzit në deponinë e Vardarishtit. Nëse policia filloi të frikësohet, atëherë nuk e di se çfarë roli ka më? Le të thërrasim ARM-në të ndërhyjë atëherë.

N. Sh. Përveç planit dhe programit, këtu janë tregu dhe mundësitë. lajmërimet se dimri i ardhshëm do të jetë mjaft i ftohtë në raport me ngrohjen, po bëhen realitet. Këtu dalin dy çështje urgjente: mbrojtja e mjedisit dhe ngrohja e hapësirës. Çfarë dhe si të zgjidhet?

G. J. Fatkeqësisht këtë dimër, për shkak të shkurtëpamësisë së autoriteteve, për të mos ngrirë sërish do të thithim ajër të ndotur. Sa vite ka që aktivistët kërkojnë energji solare që do të na ndihmojë të mos djegim qymyr dhe naftë, por të prodhojmë eko-elektricitet? Apo presim që të gjendet mënyrë që individët të përfitojnë prej saj, përpara se të implementohet?

Nuk mund t’i lëmë njerëzit të ngrijnë, por nuk mendoj se do të nxjerrim mësimin, nëse ata që do të kenë ftohtë në shtëpi këtë dimër, nuk do të dalin në rrugë dhe nuk do të e shprehin pakënaqësinë e tyre. Ne duhet të ndalojmë së qeni pasiv nëse duam ndryshim të vërtetë. Statuset e zemëruara në Facebook, asnjëherë nuk i zgjidhin problemet.

N. Sh. Shumica e institucioneve publike, veçanërisht institucionet arsimore, kulturore dhe shëndetësore janë me borxhe, por të paktën mënyra e ngrohjes së hapësirës është disi e planifikuar në krahasim me objektet e banimit. Si mund të këto institucione të mos(mbeten) vende “të ngrohta” për studentët, pacientët dhe vizitorët kur është gjithnjë e më e sigurt se shumë shtëpi do të mbeten të ftohta?

G. J. Këtë vit, sinqerisht nuk e di se si është planifikuar të jemi të gjithë të ngrohtë. Shpresoj se Toplifikacija do të arrijë të furnizojë me nxehje të gjitha këto institucione që punonjësit, fëmijët dhe pacientët që qëndrojnë gjatë në to, të mos ngrijnë. Por nëse vitin e ardhshëm nuk shohim fotovoltaikë në çatitë e të njëjtave institucione që do të ndihmojnë me ngrohjen, çfarë bëjmë? Kush do ta marrë atë përgjegjësi?

Aircare 25-11-2022 Avtokomanda
Aircare 25-11-2022 Avtokomanda

N. Sh. Demokracia e drejtpërdrejtë është angazhimi juaj i vazhdueshëm. Megjithatë, kushtet për zbatimin e ideve të mira, nuk janë gjithmonë mirë të vendosura. Si e imagjinoni demokracinë e drejtpërdrejtë në këto kushte krize energjetike dhe ekonomike?

G. J. Është shumë e vështirë që projektet e qytetarëve të përfaqësuar nga ZHG të sillen në bashkinë e qytetit, kur buxheti i qytetit  ulet dhe një pjesë e madhe e parave përdoret për faturat e energjisë elektrike. Megjithatë, disa prej tyre ia dolëm të i realizojmë. Tashmë ka nisur prokurimi publik për instalimin e stacioneve të para matëse të rrjetit kundër ndotjes së ajrit në qytet. Është duke u prokuruar edhe kompostori i parë i qytetit për mbetjet organike (që është 60% e mbetjeve që përfundojnë në deponitë në Shkup).

Ne gjithashtu bëjmë iniciativa që nuk kërkojnë para, si p.sh. lejimi i pronarëve të kafshëve shtëpiake që të hipin me kafshët e tyre shtëpiake në JSP duke ndjekur dispozitat ligjore. Ajo nuk kërkon para dhe do të propozohet në seancën e ardhshme të Këshillit të Qytetit të Shkupit.

Demokracia e drejtpërdrejtë në kohë krize është edhe më e rëndësishme sepse qytetarët duhet të lejohen të zgjedhin prioritetet se ku do të shpenzohen fondet e kufizuara nga buxheti i qytetit, komunës dhe qeverisë. Për momentin, vetëm ZHG e bën këtë përmes platformës Qyteti im.

N. Sh. Nuk është krejtësisht e gabuar të supozohet se inflacioni do të zhvendosë debatet publike dhe se mbrojtja e mjedisit do të ndryshojë për kohë më të mira. Nga ana tjetër, dëmet nuk do të zhvendosen në të ardhmen, por do të ndodhin menjëherë. Si të mendojmë së bashku për këtë?

G. J. Do të pyesja të gjithë ata që mendojnë se duhet të vonojmë mbrojtjen e mjedisit: A janë fëmijët e tyre gati të jetojnë në një qytet pa gjelbërim? Një qytet me ndotje të vazhdueshme të ajrit? Një qytet plot me kafshë të pastrehë? Një qytet, në fakt  deponi? Nëse po, atëherë padyshim ata janë në vendin e gabuar, dhe nuk duhet të marrin vendime për qytetin.

Nuk ka kurrfarë  logjike të mendohet se mbrojtja e mjedisit është një luks që mund të përballohet vetëm në kohë më të mira. Nëse qyteti planifikohet i gjelbër dhe human, me shëndetin e qytetarëve në radhë të parë, nuk do të jetë kurrë nevoja për të lënë mjedisin mënjanë.

Платформа Мој град
Платформа Мој град

N. Sh. Njësia bazë e shoqërisë është njeriu. Njeriu shpesh dëshiron të justifikojë veprimet e tij duke fajësuar sistemin dhe të metat e tij. Si të veprohet kur sistemi funksionon dhe kur nuk funksionon?

G. J. Nisma qytetare, referendume, protesta, presione, këshilltarë të pavarur… Nëse duam të shkojmë për mirë, duhet të ndryshojmë shprehitë tona, jo ndaj vetes, por ndaj sistemit. “Ah, ajo është ajo, është e gjitha për askund” mund t’i themi vetes gjithçka që duam, por kjo nuk do të ndryshojë asgjë. Ne duam ndryshim, por nuk duam ta kërkojmë atë ndryshim, është një mënyrë shumë hipokrite e të menduarit.

U aktivizova përmes ZHG-së sepse e kuptova që duhet të ndryshojmë sistemin nga brenda. Le të pastrojmë ndryshkun, të hapim proceset dhe t’i bëjmë transparente. Le t’i bëjmë institucionet realisht të punojnë për, dhe jo kundër qytetarëve. Dhe ia dali mbanë, me ndihmën e platformës Qyteti im, ku personalisht dixhitalizoj çdo sesion (rol që duhet ta kryejë vetë qyteti).

Nëse duam një Shkup më të mirë, një Maqedoni më të mirë, nuk do ta arrijmë atë duke ndenjur në shtëpi, duke u ankuar dhe (ndoshta) duke shkuar në zgjedhje çdo 4 vjet. Do ta marrim atëherë, kur çdo ditë do të ju hipim mbi kokë atyre që duhet të na ofrojnë një jetë më të mirë, dhe nëse nuk e bëjnë, të bëjmë gjithçka që mundemi me qëllim që t’i ndërrojmë. Aktivizohuni të dashur bashkëqytetarë, ky qytet ka një të ardhme të mirë, vetëm duhet ta ndërtojmë bashkë me ju.

Leximi: E. M.

Përktheu: E. M.

RELATED ARTICLES