Интервју со Ава Хусеини
Ава Хусеини е родена во 1991 година во Штип. Основно, и средно гимназиско образование завршила во Штип. Во 2014 година дипломирала на Факултетот за драмски уметности во класата на проф. Зоја Бузалковска и асс. Александар Степанулески. Магистер е на Студии по радио, телевизија и филм на Универзитетот во Анкара. Со актерски улоги има настапувано во повеќе театарски претстави како: „Зимска прикаска“ во режија на Љупчо Ѓоргиевски, „Дневна доза мазохизам“ (реж. Лука Кортина), „Возможни светови“ (реж. Ивана Ангеловска) и последната „Only Artists Left Alive“ во режија на Мартин Кочовски. Хусеини е и претседател на новоформираното здружение „Штрих“.
„ШТРИХ” е невладинo, непартиско и непрофитно здружение, формирано од професионални културни работници и независни уметници, за културно уметнички и едукативни активности. „ШТРИХ“ има за цел да дејствува во доменот на подобрување на културниот живот и како посебна цел и задача го поставува придонесот во креирањето и делувањето на културното живеење во нашата земја, со акцент на театарската, филмската уметност и културно едукативниот развој.
Никола Шиндре: „Ава Хусеини е млада актерка што живее, работи и твори во Скопје. Моментално е претседател на „Штрих“, ново здружение што се залага за промени постигнати преку театарот. Името, неслучајно избрано, разговорно значи линија, а книжевно, пресек во драмски текст што треба да се исфрли.
Линијата секогаш го дели текстот на два дела. Првиот, на којшто му се посветува внимание и вториот што допрва треба да се погледне. За да се случат промени треба да се погледне на другата страна. Како според Вас треба да се одреди местото каде што треба да се стави штрихот?“
Ава Хусеини: „Штрих/schtrich на германски значи – цртичка. Во театарската терминологија „штрихот“ значи кратење непотребен текст, а многу често знае да значи и автоцензурa. Она што ние како здружение не би сакале да го правиме е да ставаме било каде „цртички“ и да се „штрихаме“. Ќе се стремиме кон тоа да создадеме отворен простор каде што слободно би можеле да искажуваме свои лични ставови во однос на општествените, социјалните и културните случувања, кои нас како уметници значително нè засегаат“.
Н. Ш. Просторот е секогаш проблем за уметниците. Некои немаат пристап до ателје, до музичко студио, до театарска сцена… Нашето пазарно општество нема план за многу важни дејности, вклучувајќи ја и културата. Барање простор значи барање план, односно алокација на финансии. Како тоа може да се изведе овде?
А. Х. Проблематично е да работите независна културна сцена доколку имате само една институција во цела држава којашто е отворена за соработка. Тоа е Младинскиот културен центар – МКЦ. Во време кога независната театарска сцена зема сè поголем замав и станува сè поангажирана, се намалува и можноста за користење на тој простор.
Како ново независно театарско здружение се обидуваме да најдеме начини и нови простори за работење. Сè уште сме нови во ова, но верувам дека ќе успееме. За нашиот прв проект имавме голема поддршка од Народен театар Битола, но ретко која друга државна институција би го направила истото.
Н. Ш. Кога се зборува за независната културна сцена сепак има забелешки дека таа бара ресурси од истото место од каде што бараат и другите културни институции. На крајот, просторот што го нема е истиот тој. Во каков однос се материјалната (финансиската) и културната (интелектуалната) автономија?
А. Х. Од каде доаѓаат забелешките? Ресурсите што ги добиваме за нашите независни проекти (се разбира од истото место од каде што ги добиваат и другите институции) се моментално единствениот извор на средства. Односно, тоа е единствениот начин со тие средства (колку и да се, бидејќи се драстично помали од оние на културните институции) да го работиме тоа што го сакаме.
Во нашава држава сè уште не функционира системот на спонзорства, како во многу други земји во светот. Кога независни проекти би биле финансирани само од спонзорства и донации, тогаш независната сцена ќе биде комплетно ослободена од земање пари од државата. Дотогаш, ние ќе зависиме од тие средства.
Н. Ш. И покрај разликите, културните работници без разлика каде припаѓаат се соочуваат со слични проблеми. Независните културни работници може да се каже дека се прекаријат. Каков однос треба да гради независната сцена со синдикатите од културата со цел да се подобри состојбата на работничките права?
А. Х. Не мислам дека независната сцена треба да гради било каков однос со веќе постоечките синдикати за култура. Државата е таа којашто треба да развие поголема свесност за постојаната несигурност на овие уметници (или како што некои ги нарекуваат „посебна класа луѓе“ или „новата опасна класа“) во ова општество и да се формираат синдикати коишто ќе ги застапуваат нивните права.
Н. Ш. Итноста за промени се слуша од секаде. Театарот ја има можноста да го исмејува тоа што не може лесно да се критикува. Промената е борба, а за борба се потребни две страни. Исмејување на едниот не резултира со решение туку повеќе создава проблем. Како да се исмејуваат истовремено и тој од којшто се бараат промени и тој којшто бара тие да се случат?
А. Х. Не би рекла дека театарот е овде да исмејува. Барем не за мене. Театарот е овде да поставува прашања, а да не нуди никакви одговори и решенија. Мислам дека за театарот, борбата за промена лежи во поединецот. Еден човек од публика да разбере што сакаме да кажеме, тогаш знаеме дека добро сме си ја завршиле работата (ова го кажува и Адорно). Да види дека не е сам и дека тој исто така може нешто да промени.
Во однос на големи општествени промени, не мислам дека театарот ја има таа моќ. Во светот ништо не се менува, историјата постојано се повторува. До општеството не допрела ниту една порака, став или идеја. Повторно има војни, повторно грешиме. Ништо не сме научиле.
Н. Ш. Во сите овие дискусии за театарот не смее да се избегнува забавата. Самокритичноста е многу важен сегмент за развојот на поединецот и општеството, но речиси е невозможен без смеата, една од најважните карактеристики на човекот. Како од смеа да се стигне до самокритичност, наместо до сеир?
А. Х. Се согласувам дека самокритичноста е многу важен сегмент за развојот на поединецот и дека не треба да биде адресирана кон другиот, туку повеќе кон себеси. Но, не мислам дека секогаш исмевањето е начинот за да се направат одредени промени. Односно, самокритичноста не мора да биде секогаш преку смеа или забава. Некои прашања и контексти едноставно не го дозволуваат тоа.
Н. Ш. Тоа што е добро се познава надалеку. Препознавањето на уметникот може да значи и поголема автоцензура во поглед на изразот. Како еден млад актер во подем треба да размислува за овие прашања во однос на популарноста и одговорноста?
А. Х. Мислам дека ова води кон тоа актерот или уметникот прво да одлучи што сака да биде; дали сака да биде уметник или сака да биде популарен. Тие две работи не одат заедно.
Одговорноста на уметникот кон општеството не значи автоцензура во поглед на начинот на изразување. Напротив, уметникот е тој којшто предводи идеја, којшто носи промена. Додека пак популарноста има за цел да создава лажни слики и да креира некоја друга реалност што воопшто не постои.
Подолу можете да погледнете фотографии од претставата „Only Artists Left Alive“, изведена во Народен театар Битола, 2022 година од фотографката Кети Талеска.
Лектура: Е. М.
Intervistë me Ava Huseini
Ava Huseini ka lindur në vitin 1991 në Shtip. Shkollën fillore dhe të mesme e kreu në Shtip. Në vitin 2014 u diplomua në Fakultetin e Arteve Dramatike në klasën e Prof. Zoja Buzalkovska dhe asst. Aleksandër Stepanuleski. Është magjistër i studimeve për Radio Televizion dhe Film në Universitetin e Ankarasë. Me role aktoriale ka luajtur në disa shfaqje teatrale si: “Përralla dimërore” në regji të Ljupço Gjorgievski, “Doza ditore e mazokizmit” (regjia e Luka Cortina), “Botët e mundshme” (regjia e Ivana Angelovska) dhe e fundit ”Only Artists Left Alive / Vetëm artistët kanë mbetur gjallë” me regji të Martin Koçovskit. Huseini është edhe kryetar i shoqatës së sapoformuar “Shtrih”.
“SHTRIH” është shoqatë joqeveritare, jopartiake dhe jofitimprurëse, e formuar nga punëtorë profesionistë të kulturës dhe artistë të pavarur, për veprimtari kulturore, artistike dhe arsimore. “SHTRIH” synon të veprojë në fushën e përmirësimit të jetës kulturore dhe vendos si synim dhe detyrë të veçantë kontributin në krijimin dhe funksionimin e jetës kulturore në vendin tonë, me theks në teatrin, artin filmik dhe zhvillimin kulturor arsimor.
Nikola Shindre: “Ava Huseini është një aktore e re që jeton, punon dhe krijon në Shkup. Aktualisht është kryetar i “Shtrih”, një shoqatë e re që angazhohet për ndryshimet e arritura përmes teatrit. Emri, i zgjedhur jo rastësisht, në gjuhën e folur do të thotë vijë, dhe në letërsi, prerje në tekst dramatik që duhet të hiqet.
Vija gjithmonë e ndan tekstin në dy pjesë. E para, së cilës po i kushtohet vëmendje dhe e dyta, e cila ende nuk është parë. Që të ndodhin ndryshimet, duhet të shikoni anën tjetër. Si mendoni sipas jush se duhet të përcaktohet vendi ku duhet të vendoset Shtrihu?”
Ava Huseini: “Shtrih/schtrich në gjermanisht do të thotë – vizë. Në terminologjinë e teatrit, “Shtrihti” do të thotë prerje e tekstit të panevojshëm dhe shumë shpesh mund të nënkuptojë edhe autocensurë. Ajo që ne si shoqatë nuk do të donim të bënim, është të vendosim kudo “viza” dhe të “Shtrihtemi”. Ne do të përpiqemi të krijojmë hapësirë të hapur, ku do të mundeshim lirshëm të i shprehim pikëpamjet tona personale në lidhje me zhvillimet shoqërore, sociale dhe kulturore, të cilat ndikojnë ndjeshëm tek ne si artistë”.
N. Sh. Hapësira është gjithmonë problem për artistët. Disa nuk kanë akses në atelie, në studio muzikore, në skenë teatri… Shoqëria jonë e tregut nuk ka plan për shumë aktivitete të rëndësishme, përfshirë edhe kulturën. Të kërkosh hapësirë do të thotë të kërkosh plan, gjegjësisht alokim-ndarje të financave. Si ajo mundet të kryhet këtu?
A. H. Është problematike të operosh një skenë të pavarur kulturore nëse ke vetëm një institucion në të gjithë vendin që është i hapur për bashkëpunim. Është Qendra Kulturore Rinore – QKR. Në kohën kur skena e pavarur e teatrit po merr vrull dhe po përfshihet gjithnjë e më shumë, zvogëlohet edhe mundësia e shfrytëzimit të asaj hapësire.
Si një shoqatë e re e pavarur teatrore, po përpiqemi të gjejmë mënyra dhe hapësira të reja për të punuar. Ende jemi të rinj në këtë, por besoj se do të ia dalim. Për projektin tonë të parë kemi pasur mbështetje të madhe nga Teatri Kombëtar i Manastirit, por vështirë se ndonjë institucion tjetër shtetëror do të bënte të njëjtën gjë.
N. Sh. Kur flitet për skenën e pavarur kulturore, gjithsesi se ka vërejtje se ajo kërkon burime nga i njëjti vend nga i cili kërkojnë edhe institucionet e tjera kulturore. Në fund të fundit, hapësira që nuk është, është e njëjta. Në çfarë raporti janë autonomia materiale (financiare) dhe ajo kulturore (intelektuale)?
A. H. Nga vijnë vërejtjet? Burimet që marrim për projektet tona të pavarura (sigurisht nga i njëjti vend ku i marrin edhe institucionet e tjera) janë aktualisht burimi i vetëm i mjeteve. Dmth është e vetmja mënyrë për të bërë atë që duam me ato fonde (aq sa janë, sepse janë drastikisht më të vogla se ato të institucioneve kulturore).
Në shtetin tonë ende nuk funksionon sistemi i sponsorizimit, si në shumë vende të tjera të botës. Nëse projektet e pavarura do të financoheshin vetëm me sponsorizime dhe donacione, atëherë skena e pavarur do të ishte plotësisht e çliruar nga marrja e parave nga shteti. Deri atëherë ne do të varemi nga ato mjete.
N. Sh. Pavarësisht dallimeve, punëtorët e kulturës, pavarësisht se ku bëjnë pjesë, përballen me probleme të ngjashme. Punonjësit e pavarur të kulturës mund të thuhet se janë prekariat. Çfarë marrëdhëniesh duhet të ndërtojë skena e pavarur me sindikatat kulturore për të përmirësuar gjendjen e të drejtave të punëtorëve?
A. H. Nuk mendoj se skena e pavarur duhet të ndërtojë marrëdhënie me sindikatat kulturore tashmë ekzistuese. Është shteti ai që duhet të zhvillojë më shumë vetëdije për pasigurinë e vazhdueshme të këtyre artistëve (ose siç dikush i quan “klasë e veçantë njerëzish” ose “klasa e re e rrezikshme”) në këtë shoqëri të krijohen edhe sindikata që do të përfaqësojnë të drejtat e tyre.
N. Sh. Urgjenca për ndryshim dëgjohet kudo. Teatri ka aftësinë të tallet me atë që nuk mund të kritikohet lehtë. Ndryshimi është luftë, ndërsa për luftë nevojiten dy anë. Tallja me dikë nuk rezulton me zgjidhje, por përkundrazi krijon problem. Si të tallen njëkohësisht edhe nga i cili kërkohen ndryshime ashtu edhe atë që kërkon që ato të ndodhin?
A. H. Nuk do të thosha se teatri është këtu për t’u tallur. Të paktën jo për mua. Teatri është këtu për të bërë pyetje dhe të mos ofroj asnjëfarë përgjigjesh apo zgjidhjesh. Mendoj se për teatrin, lufta për ndryshim qëndron brenda individit. Nëse një person nga audienca e kupton atë që duam të themi, atëherë ne e dimë që e kemi bërë mirë punën tonë (këtë e thotë edhe Adorno). Të parë e shohë se nuk është vetë, dhe se edhe ai gjithashtu mund të bëjë ndryshime.
Nuk mendoj se teatri e ka atë fuqi, përsa i përket ndryshimeve të mëdha shoqërore. Në botë nuk ndryshon asgjë, historia vazhdimisht përsëritet. Shoqërisë nuk i ka mbërritur asnjë mesazh, qëndrim apo ide. Përsëri ka luftëra, Përsëri gabojmë. Nuk kemi mësuar asgjë.
N. Sh. Në të gjitha këto diskutime për teatrin, nuk duhet të shmanget argëtimi. Autokritika është një segment shumë i rëndësishëm për zhvillimin e individit dhe shoqërisë, por është pothuajse e pamundur pa të qeshurën, një nga karakteristikat më të rëndësishme të njeriut. Si të arrijmë nga e qeshura në autokritikë, në vend të seirit?
A. H. Jam dakord që autokritika është një segment shumë i rëndësishëm për zhvillimin e individit dhe se ajo nuk duhet të u drejtohet të tjerëve, por vetes. Por nuk mendoj se tallja është gjithmonë mënyra për të bërë disa ndryshime të caktuara. Domethënë, autokritika nuk duhet të jetë gjithmonë përmes të qeshurit apo argëtimit. Disa çështje dhe kontekste thjesht nuk e lejojnë atë.
N. Sh. Ajo që është e mirë njihet nga larg. Njohja e artistit mund të nënkuptojë edhe autocensurë më të madhe përsa i përket shprehjes. Si duhet të mendojë një aktor i ri aspirues për këto çështje për sa i përket popullaritetit dhe përgjegjësisë?
A. H. Mendoj se kjo çon kah ajo që aktori apo artisti fillimisht të vendosin se çfarë duan të jenë; a dëshiron të jetë artist apo dëshiron të jetë popullar. Këto dy gjëra nuk shkojnë bashkë.
Përgjegjësia e artistit ndaj shoqërisë nuk do të thotë autocensurë për mënyrën e të shprehurit. Përkundrazi, artisti është ai që udhëheq ide, ai që sjell ndryshim. Ndërsa popullariteti synon të krijojë imazhe të rrejshme dhe të krijojë ndonjë realitet tjetër që nuk ekziston fare.
Lektura: E. M.
Përktheu E. M.