домаКолумниЗдравко Савески: „Како да не ви летаат парите?“ / Zdravko Saveski: „Si...

Здравко Савески: „Како да не ви летаат парите?“ / Zdravko Saveski: „Si të mos ju fluturojnë paratë?“

За да се избориме со инфлацијата, потребна е и нашата колективна акција. Да ги притиснеме властодршците да спроведат политики кои ќе го ублажат ударот на инфлацијата врз нас наместо политиките од кои корист извлекуваат капиталистите. Тоа е нашата потешка задача. Помалку тешката е преку промена на потрошувачките навики не само да го ублажиме ударот на инфлацијата, туку и да го подобриме квалитетот на нашите животи.

Парите летаат
Парите летаат

Парите – како да имаат крилја. Ги имаш, а потоа ги снемува. Летнале. Особено знаат да летаат при инфлација. И особено кога платата ви останала иста, а сте продолжиле со старите потрошувачки навики. Тогаш – на крајот од месецот забележувате дека парите веќе ги нема, иако ништо посебно не сте купиле. И дека, во најлош случај, морате да се позајмувате или задолжувате…

При инфлација, за да го ублажите ударот врз животниот стандард, мора да се потрудите да ги промените потрошувачките навики. Првата работа што треба да ја направите е да не ја потценувате инфлацијата. Таа е чудовиште! И тоа чудовиште допрва ќе покажува каква штета може да нанесе! Можеби е лесно во овој период да се поверува дека економските прогнози кои навестуваат исклучително тешка зима – нема да се остварат. Цените на горивата, кои во јуни беа над 110 денари, сега се пониски, а не повисоки. Месечната инфлација почна да забавува во јули и август. Економските прогнози не секогаш испаѓаат точни…

Ситуацијата не се сфаќа доволно сериозно и поради одреденото подобрување на животниот стандард на мнозинството во периодот од неколку години што сега веќе е зад нас. Овој период беше одбележан со пораст на реалните плати, рекордно ниска невработеност (најниска уште од раните 1970-ти), немање проблем со инфлацијата речиси 30 години и лесно достапни кредити, кои предизвикаа експлозија на задолжувањето во последната деценија и вештачко одржување на повисок животен стандард од реалниот. Не е сеедно дали сте вработен или невработен кога ќе удри инфлација. Да, и кога сте вработен, инфлацијата е лоша. Ви ја јаде платата. Но, замислете како е да сте невработен, да немате редовен прилив на средства, а цените постојано растат…

Која е штетата што може да ја направи инфлацијата оваа зима? Не само што ќе нѐ осиромаши уште повеќе, туку порастот на цената на енергенсите може да принуди многу компании да испраќаат работници на принуден одмор, да го намалат бројот на вработени, па дури и да затворат, оставајќи ги на улица сите вработени. При тоа, ризикот од зголемување на невработеноста не доаѓа само од порастот на цените на енергенсите кај нас. Ако поради истата причина се намалат нарачките на странските компании чии делови се изработуваат во Македонија, ефектот ќе биде ист. А континуираниот пораст на цените, ќе повториме, е особено грозен кога се нема редовен прилив на какви-такви средства. Особено, пак, ако не се тргале настрана бели пари за црни денови и, уште повеќе, ако натежнале кредитите…

Како да се ублажи ударот? Како да не бегаат парите? Треба ли да си скратиме од лебот од устата? Не. Втората работа што треба да ја направите е да размислите на што ви летаат парите, на што непотребно фрлате пари, и тоа да го намалите или целосно да го елиминирате. Потребно е да преминете на рационална наместо импулсивна потрошувачка. Наместо „видов-купив“, потребно е да почнете вие да ги контролирате парите, а не тие вас!

Еве неколку корисни совети како да го направите тоа. Да почнеме со храната. Сите мора да јадеме. Но, како тоа го правиме влијае врз нашето здравје, а и врз нашиот џеб. Честата посета на ресторани и кафеани значително ќе ги зголеми вашите трошоци. Исто така и редовното купување брза храна во сендвичари и бурекџилници. Со тие пари можете да купите и повеќе храна од пазари или маркети и да приготвите одличен, вкусен и здрав оброк. Не посегајте по изговорот дека немате време. Се наоѓа ако се сака. Надраснете ги и родовите стереотипи. Готвењето не е „женска“ работа. Напротив, учењето да се готви и самото готвење може да го претворите во уживање, ако му дадете шанса. Понатаму, пазарете со список на производи што треба да ги купите. Така добивате две придобивки. Нема да го купите она што ви е одвишно, заштедувајќи пари, и нема да мора да се враќате во маркетот заради нешто што сте изумиле да го купите, заштедувајќи време. Не ги влечкајте децата по продавници. Капиталистичкиот маркетинг безобѕирно ги таргитира децата заради профит. Има многу други активности кои можете да ги правите заедно со децата и кои ќе ги поминете поубаво и вие и децата. И, најпосле, избегнувајте го фрлањето храна. Не го трупајте фрижидерот за потоа да фрлате храна. Внимавајте на роковите. Фрлањето храна, кое во Македонија е на високо ниво, не значи само фрлање на храна, туку и фрлање на пари и непочитување на трудот на сите оние работници што овозможиле таа храна да стигне до вас.

Консумеризмот ги дресира луѓето да гледаат со презир на рационалната потрошувачка. До кој степен на извртување на перцепцијата тој е способен да ги дотера работите, зборува следново: под негово влијание, може да ви се чини дека практикувањето на рационална потрошувачка е показател дека сте сиромашни, дека сте паднале од коњ на магаре. А додека така сметате и непотребно ги фрлате парите, токму тоа да направи дополнително да осиромашите и можеби да западнете во должничко ропство! Односно, желбата да ја избегнете перцепцијата на сиромаштија да го поплочи патот кон вашата сиромаштија. Консумеризмот и менталитетот што тој го наметнува нема за цел вам да ви биде подобро, туку да трупа профити за капиталистите!

Затоа, оттргнете се од контролата на консумеризмот! Покрај во однос на храната, можете лесно да го спречите бегството на парите и преку вашиот однос кон електричната енергија и превозот. Во однос на потрошувачката на струја во вашиот дом, постојат повеќе совети кои ќе ви помогнат да го избегнете одвишното трошење. Од исклучување на светлото во собите во кои никој моментално не е присутен, како и на телевизорот кога никој не гледа, преку редовното чистење на фрижидерот од мраз и на филтрите на клима-уредот, до готвење на рингла соодветна со големината на тенџерето, користење поклопец и исклучување на ринглата 5 до 10 минути пред јадењето да е приготвено. Има многу совети и тие воопшто не се тешки. Фактички, најтешкиот дел е да ја надминете претставата дека ова значи паѓање од коњ на магаре. Истото важи за превозот. Сте пресметале колку илјади денари трошите за гориво на вашето возило? Дали е нужно толку многу да трошите? Што ве спречува да испешачите до вашата дестинација, или, ако е подалеку, да стигнете таму со велосипед или со јавен превоз?

Па ова значи аскетизам! – ќе се побуни некој. Не, напротив. Применувајќи ги овие совети, вие нема да се лишите од ништо. Ќе јадете доволно и поздраво, ќе користите и понатаму струја и апарати во домаќинството, ќе стигнете до вашата дестинација. И ќе ви остануваат пари, кои, доколку паметно ги искористите, ќе го подобрат квалитетот на вашиот живот или барем ќе го ублажат ударот од инфлацијата.

Она што ќе го „загубите“ при преминот на рационална потрошувачка е само илузијата на висок животен стандард. Фактички, тоа не е никаква загуба, туку претставува ослободување од стегите на консумеризмот, кој им цица одвишно пари на своите жртви, ги прави незадоволни со она што го имаат и одново и одново ги прелажува дека ќе биле посреќни ако ги фрлат парите на некоја нова непотрепштина, или понов модел од истата непотрепштина. Не. Аскетизам фактички е да се откажеш од многуте задоволства што може да ги пружи животот и да се задоволиш само со краткотрајните, ефемерни задоволувања што ги дава зависноста од трошење. Преминот од кола на точак не е паѓање од коњ на магаре, како што сака да создаде илузија консумеризмот. Тоа е четирикратна добивка. Поекономично е, поздраво е, поеколошки е и, можеби најважно, наместо фрустрациите од гужвите во сообраќајот, може да ви пружи уживање при транспортот од точка А до точка Б. Далеку од тоа да значи аскетизам, ослободувањето од консумеристичките стеги ви го трасира патот во сосема друга насока: кон доброто живеење.

За да се избориме со инфлацијата, потребна е и нашата колективна акција. Да ги притиснеме властодршците, со силата што може да ја даде само нашето заедничко делување, да спроведат политики кои ќе го ублажат ударот на инфлацијата врз нас наместо политиките од кои корист извлекуваат капиталистите („бизнис заедницата“). Тоа е нашата потешка задача. Помалку тешката е преку промена на потрошувачките навики не само да го ублажиме ударот на инфлацијата, туку и да го подобриме квалитетот на нашите животи.

Здравко Савески

Редакцијата на „Гласни идеи“ не нужно се согласува со ставовите изразени во колумната.

Për të luftuar inflacionin, nevojitet edhe veprimi ynë kolektiv. Të ju bëjmë presion pushtetarëve që të zbatojnë politika që do të zbusin goditjen e inflacionit mbi ne, në vend të politikave që përfitojnë kapitalistët. Kjo është detyra jonë më e vështirë. Më pak e vështira është të ndryshojmë zakonet tona të konsumit, jo vetëm për të zbutur goditjen e inflacionit, por edhe për të përmirësuar cilësinë e jetëve tona.

Paratë – sikur të kenë krahë. I keni ato, dhe pastaj janë zhdukur. Kanë fluturuan. Veçanërisht dinë të fluturojnë gjatë inflacionit. Dhe sidomos kur rroga ju ka mbetur e njëjtë, ndërsa keni vazhduar me zakonet tuaja të vjetra të shpenzimeve. Pastaj – në fund të muajit, vëreni se paratë kanë ikur, edhe pse nuk keni blerë asgjë të veçantë. Dhe se, në rastin më të keq, duhet të merrni hua ose të futeni në borxh…

Gjatë inflacionit, për të zbutur goditjen në standardin e jetesës, duhet të bëni përpjekje për të ndryshuar zakonet e konsumit. Gjëja e parë që duhet të e bëni është të mos e nënvlerësoni inflacionin. Ajo është një përbindësh! Dhe ai përbindësh së shpejti do të tregoj se çfarë dëmi mundet të bëjë! Mundet të jetë e lehtë në këtë periudhë, të besohet se parashikimet ekonomike që parashikojnë një dimër jashtëzakonisht të vështirë, nuk do të realizohen. Çmimet e derivateve, të cilat në qershor ishin mbi 110 denarë, tani janë më të ulëta, jo më të larta. Inflacioni mujor filloi të ngadalësohej në korrik dhe gusht. Parashikimet ekonomike jo gjithmonë rezultojnë të sakta…

Situata nuk merret seriozisht sa duhet dhe për shkak të përmirësimit të caktuar të standardit të jetesës së shumicës, në periudhën disa vjeçare, që tashmë është pas nesh. Kjo periudhë u shënua nga rritja e pagave reale, papunësia e ulët rekorde (më e ulëta që nga fillimi i viteve 1970), pa problem me inflacionin për gati 30 vjet, dhe aksesi i lehtë në kredi, gjë që shkaktoi një shpërthim të huamarrjes në dekadën e fundit dhe një mirëmbajtje artificiale. të një standardi më të lartë jetese nga realja. Nuk ka rëndësi nëse je i punësuar apo i papunë kur do të godet inflacioni. Po, edhe kur je i punësuar, inflacioni është i keq. Ja u han rrogën. Por, imagjinoni se si është të jeni të  papunë, të mos keni fluks të rregullt mjetesh, ndërsa çmimet vazhdimisht të rriten…

Што попрво?
Што попрво?

Çili është dëmi që mund të sjellë inflacioni këtë dimër? Jo vetëm që do të na bëjë edhe më të varfër, por rritja e çmimeve të energjisë, mund të detyrojë shumë kompani të dërgojnë  punëtorët në pushim të jashtëzakonshëm, të zvogëlojnë numrin e punëtorëve apo edhe të mbyllin, duke i lënë në rrugë të gjithë punëtorët. Në të njëjtën kohë, rreziku i rritjes së papunësisë nuk vjen vetëm nga rritja e çmimeve të energjisë në vendin tonë. Nëse për të njëjtën arsye reduktohen porositë e kompanive të huaja, pjesët e të cilave prodhohen në Maqedoni, efekti do të jetë i njëjtë. Dhe rritja e vazhdueshme e çmimeve, do ta përsërisim, është veçanërisht e shëmtuar kur nuk ka hyrje të rregullt të asnjë lloj fondi. Sidomos, përsëri, nëse paratë e bardha nuk do të liheshin mënjanë për ditë të zeza, dhe aq më tepër, nëse kreditë do të bëheshin më të vështira-vërsulen…

Si ta zbusni goditjen? Si t’i ruani paratë që të mos ikin? A duhet ta presim bukën nga goja? Jo. Gjëja e dytë që duhet të bëni është të mendoni se në çfarë ju fluturojnë paratë, për çfarë po hidhni para në mënyrë të panevojshme, dhe atë të e zvogëloni ose eliminoni tërësisht. Ju duhet të kaloni në konsum racional dhe jo impulsiv. Dhe në vend të “pashë-bleva”, duhet të filloni që ju të i kontrolloni paratë, jo ata t’ju kontrollojnë juve!

Ja disa këshilla të dobishme se si ta bëni këtë. Le të fillojmë me ushqimin. Të gjithë duhet të hamë. Por mënyra se si e bëjmë këtë ndikon në shëndetin dhe xhepin tonë. Vizitat e shpeshta në restorante dhe bare do t’ju rrisin ndjeshëm shpenzimet. Gjithashtu edhe blerja e rregullt e ushqimit të shpejtë në dyqane sandviçësh dhe në byrektore. Me ato para mund të blini më shumë ushqime nga tregjet dhe marketët, dhe të përgatisni një vakt të shkëlqyer, të shijshëm dhe të shëndetshëm. Mos përdorni justifikimin se nuk keni kohë. Gjendet nëse dëshironi. Gjithashtu tejkaloni stereotipat gjinore. Gatimi nuk është punë “gruaje”. Përkundrazi, mësimin e gatimit dhe vetë gatimin, ju mund ta ktheni në kënaqësi, nëse i jepni shanse. Më tutje, blini listë produktet që duhet të i blini. Ashtu pra fitoni dy përfitime. Ju nuk do të blini atë që nuk ju nevojitet, kështu pra kurseni para, dhe nuk do të ju duhet të ktheheni në market për diçka që keni dashur të blini, kështu pra kurseni kohë. Mos i tërhiqni fëmijët tuaj nëpër dyqane. Marketingu kapitalist  pamëshirshëm synon fëmijët për përfitime. Ka shumë aktivitete të tjera që mund të bëni së bashku me fëmijët, dhe që ju dhe fëmijët do të kaloni sa më mirë. Dhe, së fundi, shmangni mbeturinat e ushqimit-mos hidhni ushqim. Mos e ngarkoni frigoriferin, dhe më pas hidhni ushqimet. Jini të vetëdijshëm për afatet. Hedhja e ushqimit, që është në nivel të lartë në Maqedoni, nuk nënkupton vetëm hedhjen e ushqimit, por edhe hedhjen e parave, dhe mosrespektimin e punës së të gjithë atyre punëtorëve, që kanë bërë të mundur, që ai ushqim të arrijë tek ju.

Konsumerizmi i trajnon njerëzit, që me përçmim të shohin konsumin racional. Deri në çfarë shkalle të shtrembërimit të perceptimit, është i aftë ai të i çojë  gjërat, flet kjo si vijon: nën ndikimin e tij, mund të ju duket se praktika e konsumit racional, është një tregues se jeni i varfër, se keni rënë nga kali në gomar. . Dhe derisa mendoni kështu, dhe i hidhni paratë pa nevojë, kjo do të ju bëjë të varfëroheni edhe më shumë dhe ndoshta të bini në skllavëri borxhi! Kjo do të thotë, dëshira për të shmangur perceptimin e varfërisë, do të i hapë rrugën varfërisë suaj. Konsumerizmi, dhe mentaliteti që ai ja u imponon, nuk ka për qëllim të ju bëjë më mirë, por të grumbullojë fitime për kapitalistët!

Email Button On Mobile Shows Emailing Or Contacting
Sales On Mobile Phone Showing Promotions And Deals

Prandaj pra, çlirohuni nga kontrolli i konsumizmit! Përveç ushqimit, ju lehtë mund të parandaloni që paratë të ikin përmes qëndrimit tuaj, ndaj energjisë elektrike dhe transportit. Për sa i përket konsumit të energjisë elektrike në shtëpinë tuaj, ka disa këshilla që do të ju ndihmojnë të shmangni shpenzimet e tepërta. Nga fikja e dritave në dhomat ku askush nuk është i pranishëm, si dhe televizori kur askush nuk po shikon, duke pastruar rregullisht frigoriferin nga akulli dhe filtrat e të kondicionerit, deri tek gatimi në ringle të përshtatshme për madhësinë e tenxheres, duke përdorur një kapak dhe duke fikur ringlën e nxehtësisë 5 deri në 10 minuta para se ushqimi të jetë gati. Ka shumë këshilla dhe nuk janë aspak të vështira. Në fakt, pjesa më e vështirë është të e kapërcejmë nocionin se kjo do të thotë të biesh nga kali në gomar. E njëjta gjë vlen edhe për transportin. Vallë keni llogaritur sa mijëra denarë keni shpenzuar për karburant për automjetin tuaj? A është e nevojshme të shpenzoni kaq shumë? Çfarë ju pengon të ecni në këmbë deri në destinacionin tuaj, ose, nëse është më larg, të arrini atje me biçikletë ose transport publik?

Pra, kjo do të thotë asketizëm! – a do të protestojë dikush. Jo, përkundrazi. Duke zbatuar këto këshilla nuk do të privoheni nga asgjë. Do të hani mjaftueshëm dhe më shëndetshëm, do të vazhdoni të përdorni energjinë elektrike dhe mjetet elektrike shtëpiake, do të arrini në destinacionin tuaj. Dhe do të ju mbeten para, të cilat, nëse përdoren me mençuri, do të përmirësojnë cilësinë e jetës tuaj ose të paktën do të zbusin goditjen e inflacionit.

Ajo që do të e “humbni” në kalimin drejt konsumit racional, është vetëm iluzioni i  standardit të lartë të jetesës. Në fakt, ajo aspak nuk është humbje, por më tepër, çlirim nga kontrolli i konsumizmit, i cili me tepricë thith para nga viktimat e tij, i bën ata të pakënaqur me atë që kanë dhe vazhdimisht i gënjejnë se do të ishin më të lumtur nëse do të hidhnin. paratë e tyre në diçka të re, pajisje ose një model më të ri të së njëjtës pajisje. Jo. Asketizmi në fakt është heqja dorë nga kënaqësitë e shumta që mund të sigurojë jeta dhe të jesh i kënaqur vetëm me kënaqësitë jetëshkurtra dhe kalimtare që ofron varësia ndaj shpenzimeve. Kalimi nga  makinë në biçikletë nuk është rënie nga kali në gomar, sikur që konsumizmi dëshiron të krijojë iluzion. Ky është një fitim i katërfishtë. Është më ekonomike, është më e shëndetshme, është më miqësore me mjedisin dhe, ndoshta më e rëndësishmja, mund të ju japë kënaqësinë e kalimit nga pika A në pikën B, në vend të frustrimeve nga bllokimit i trafikut.  Është larg domethënies të asketizmit, çlirimi nga kufizimet e konsumizmit hap rrugën në një drejtim krejtësisht tjetër: drejt të jetuarit mirë.

Për të e luftuar inflacionin, është e nevojshme edhe veprimtaria ynë kolektiv. Të bëjmë presion mbi pushtetarët, me forcën që mund të e sigurojë vetëm veprimi ynë i përbashkët, të zbatojnë politika që do të zbusin goditjen e inflacionit mbi ne, në vend të politikave që përfitojnë kapitalistët (“komuniteti i biznesit”). Kjo është detyra jonë më e vështirë. Më pak e vështirë është të ndryshojmë zakonet tona të konsumit, jo vetëm për të zbutur goditjen e inflacionit, por edhe për të përmirësuar cilësinë e jetës sonë.

Zdravko Saveski

Përktheu E. M.

Redaksia e Ide të zëshme, nuk pajtohen domosdoshmërisht me pikëpamjet e shprehura në kollumnë.

Здравко Савески – портрет

Здравко Савески е активист за социјална правда и екологист. Доктор е на политички науки. Во последните години неговиот интерес е концентриран на економијата и екологијата. Автор и коавтор е на повеќе книги, меѓу кои „Демократија: модели и дилеми“ (2011) и „Отаде едноумието: повторно откривање на левицата“ (2006). Се занимава и со преведување. Во последните години, со цел да ѝ ги приближи најновите трендови на прогресивната светска мисла на македонската јавност ги преведе книгите: „Поделба: краток вовед во глобалната нееднаквост и нејзиното решавање“ од Џејсон Хикел (2019) и „Историја на светот во седум евтини работи: водич во капитализмот, природата и иднината на планетата“ од Раџ Пател и Џејсон В. Мур (2020).

Zdravko Saveski është aktivist për drejtësi sociale dhe ambientalist. Ka doktoruar në shkencat politike. Viteve të fundit, interesi i tij është fokusuar në ekonomi dhe ekologji. Ai është autor dhe bashkëautor i disa librave, duke përfshirë “Demokracia: Modele dhe Dilema “Democracy: Models and Dilemas” (2011) dhe “Përtej njëmendësisë: Rizbulimi i së majtës” “Beyond Single-Mindedness: Rediscovering the Left” (2006). Është marrë edhe me përkthim. Vitet e fundit, për t’ia afruar publikut maqedonas, tendencat e fundit të mendimit progresiv botëror, ai i përktheu librat: “Ndarja: një hyrje e shkurtër e pabarazisë globale dhe zgjidhja e saj” nga Xhejson Hikel Jason Hickel (2019) dhe “Historia botërore në Shtatë gjëra të lira: udhëzues në kapitalizëm, natyrën dhe të ardhmen e planetit” nga Raj Patel dhe Jason W. Moore (2020).

RELATED ARTICLES