Овој вовед, го посветувам на една моја блиска личност која пред една година (на 1 Октомври точно една година) почина. Имаше 33 години, боледуваше од канцер. Имаше бурен младешки живот и болни последни неколку години од животот. Тој припаѓаше на генерацијата која прва на брутален начин ја искуси(ја) пандемијата на хероинската зависност. Таа се појави некаде околу 2004-2005 година и голем дел од младите тинејџери од Битола, во тоа време се прикачија на таа траекторија на „тонење“ и на отфрлање на секаква возбуда животна.
Неговиот живот не беше исполнет само со уживање на прашкастата кафеава или темножолта материја, туку и со многу други нешта. Имаше афинитети кон техниката, беше одличен и наградуван спортист, имаше и меланхоличен дух, пополнет со неговите црни очи, кои како дете лесно знаеја да се расплачат и да се насолзат до океански давеж. Иако за мене се траорно болни последните неколку месеци од неговиот живот, сепак, тој, како мој роден брат, носеше статус на една значајна релација за мене лично. Тој беше ликот кој на директен начин ја просведочи мојата лична борба во животот, во кој, никој никогаш ништо не нè прашува, какво име ќе носиме, на која нација и религија ќе припаѓаме, дури ни дали сакаме да бидеме родени – оттука моите (контра)тези во врска со слабоста на тезите за изборот и како демократска, но и генерално како онтолошка и логичка позиција. Тој беше еден од моите први и најстари соборци во егзистенцијалистичка филозофска смисла!
Една година живот без да го чујам неговиот глас, за кој нема замена или сличност.
Да се зборува за политика?
Досегашните пристапи коишто сум ги практикувал во врска со политиката, секогаш биле или дискурзивно-филозофски, или практичен дијалошки метод во дебатен формат, како активист на политичка организација или партија. Често сум пишувал свои кратки осврти на социјалните мрежи, без притоа концептуално да ги ограничам моите мисли и методолошки да ги усмерам, туку секогаш сум бил фокусиран на интенцијата стимулирана од моментумот. Тој моментум ме егзалтира и сега. Да зборувам за марксистичките погледи за политиката, нешто за што зборуваат речиси сите интелектуално задоени припадници од левиот центар па сè до крајната левица (во нашиот случај и десно-популистичката левица, иако срамежливо и периферно), или да зборувам за тоа што се случува во секојдневниот живот во социјална и економска смисла, со најрудиментиран наивен-материјалистички пристап, за да се обидам да ги допрам проблемите коишто навираат од секојдневието.
Последниве неколку месеци, сите ние, сме соочени со поскапувања на цените на прехрамбените производи, особено оние пецивата, но и останатите производи. Се најавува криза во однос на производството на млекото, а нафтените деривати уште на почетокот на оваа година, особено после воениот напад на Руската федерација врз Украина, бележат поскапување на цените со околу 100 %. Во последниве години цените на храната стануваат астрономски, нешто што го тврдат низа податоци, но во оваа злоогласена операција недвосмислено учествува и нападот врз Украина. Украина меѓу другото е една од најголемите држави одгледувачи и дистрибутери на жито во Европа, оттука и порастот на цените за житни производи. Но за оваа каша да биде уште поматна и недоволно вкусна за јадење, учествуваат и економските санкции врз Русија од страна на т.н. Западен свет, а тука, ние како држава ја следиме рутата на тој свет, помалку сакајќи да му угодиме, а помалку и да се занесеме дека таму припаѓаме.
За неоснованоста на оваа војна, која во својата суштина има империјални мотиви – смешни, а по малку и будалести се изливите на т.н. леви-десни македонски перспективи, кои со наслада на мажуретки ја следат будно војната и навиваат за т.н. антиглоаблистички естаблишмент на чело со прецедникот Путко, иако и тие ја плаќаат цената на таа војна засега во економска и енергетска смисла – немам намера да зборувам. Всушност, лумпенпролетеријатот во државата кој во марксистичка смисла се напојува од религијата како опијат и извор на целосен супститут на животот тука, во квалитативна и политичка смисла остварен, антагонистичката опиеност со тезите против т.н. глобализам, на парадоксален начин навива за влошување на сопствената удобност. Тие парадокси се раслојуваат во стапки, имено, навиваат за дагестанските муслимани регрутирани од страна на Русија во насока на борба против Украинците кои всушност се православни Христијани. Во меѓувреме, кај истите ликови, кои не се малку, ги има со лопата да ги рине човек, се забележуваат желби за снемување на сите муслимани од „Христијанска Македонија“; во продолжение, иако е јасно како 2+2, дека војната во Украина ја зголемува сиромаштијата во нашата држава, го отежнува животот на народот наш, и ги опструира економските, културните, образовните и сите останати текови на комуникација и развој на нашата држава и пред се општество. Во овој случај, иако 2+2 се следи како своевидна аксиома, продолжувањето на војната, со краен епилог победа над т.н. глобализам и ослободување на доброто, заклучокот за тешкиот период кој следува, овие мажуретки не го лепат на стварноста која аксиоматски се состои во едноставната формула за собирање на два прости алгебарски елементи.
Да помисли човек дека навистина станува збор за своевидна револуционерна конспиративна амбиција, ашколсун. Јок бре. Лумпениот пролетеријат не поседува никакви средства за самоеманципација, а камоли за спроведување на револуција. Ќорсокак класичен, спремно топовско месо, со кое располагаат секакви прокси интернет војни.
Еден од разлозите за ваквите политички собитија, претставува слободното лишување од одговорност и контрола на државата од области кои се однесуваат на витални точки на општеството, особено во насока на енергија и храна. Приватизациите и следењето на логиката на профитот, во екстремни историско-политички ситуации ја туркаат државата во положба на зависност од т.н. „провајдери“ и слободата да се одредуваат условите на испорака на производот. Неодамнешното истражување покажува дека од речиси сите соседни држави, признаени и непризнаени, вклучително тука и Косово, нашата држава е најзависна од увоз на електрична енергија.
Од друга страна, консумеристичката манија, без одговорен однос кон производот кој се конзумира не стивнува, уште посилно се разгорува. Од светот кој припаѓа на индивидуата, одговорноста на индивидуата во оваа насока е најниска, речиси ја нема, исто како авторитетот на државата. Иако храна се увезува и засега може да се купи, таа не се дојадува и се фрла.
Што со работниците?
Иницијативите за каква била артикулација на кризата со која се соочуваме, особено во перспектива на артикулација на работнички интереси, затоа што како што кажав претходно, дека авторот на овој текст поаѓа од премисата која како зачетна позиција ги зема предвид интересите на работниците, нема. Синдикатите како носители на организациски формален апарат, реагираат доста млако и со милиметарски чекори се обидуваат да ја поттикнат државата во однос на интересите на работниците да го врати авторитетот и да дејствува.
Уште послаби се изгледите за органско создавање на некаква иницијативност не само против импликациите на веќе изнесените факти, туку песимистичка е и состојбата во однос на базичниот работнички сентимент поврзан со поимот солидарност. Имено, модерното општество, економија и држава имаат своевидна солидарна основа на отстапување на дел од сопствениот суверенитет во име на повисоки цели. Дури и капиталистичката економија и производство се темели на оваа константа, која со сите сили ја притиска и ја супституира, менува и деранжира, ставајќи ја во функција на периферни политички прашања и активности, одземајќи ја од неа срцевината и силата која треба да ја стави на погон, борба против економската и капиталистичка репресија.
Во контекст на нашиот пример, сузбивањето на работничките иницијативи, било политички, било претполитички, се процесира доста успешно, не само во насока на индивидуализација на работниците, туку и проширената кампања која постојано се води против јавниот сектор со сè цела производна и произволна консеквентност. Работниците во приватниот сектор не им веруваат и не се солидаризираат со работниците од јавниот сектор, а што е уште полошо, солидарноста не се протега ниту во обратна насока. Тоа што како еманципација на работниците им останува е дневната политика полна со лумпен-пролетерски фантазии кои имаат секаков можен потенцијал за развој на настаните, освен за оној најважниот, организирање, давање до знаење дека без работниците ниту државата ниту општеството не може да функционира, со тоа градење на политички статус и улога во однос на политичкиот, а не само на социјалниот дијалог и накрај враќање на авторитетот на државата, особено во економијата, каде се создаваат и вредноста и нејзината општествена реализација.
Мариглен Демири
Редакцијата на „Гласни идеи“ не нужно се согласува со ставовите изразени во колумната.
Мариглен Демири е роден во Битола и работи како наставник по филозофија во Државното средно уметничко училиште „Лазар Личеноски“ во Скопје и како истражувач во Центарот за европски стратегии „Евротинк“ во Скопје. Бил основач и членувал во неколку организации („Ленка“ и „Солидарност“) и протестни иницијативи („АМАН“, „Студентски пленум“ и „Протестирам“) во минатото, а од 2018 година е еден од уредниците на порталот „Гласник“. Посебно е заинтересиран за филозофијата, историјата и естетиката како подрачја во кои се одвиваат значајни политички односи.
Këtë hyrje ia dedikoj një personi tim të afërt, që vdiq një vit më parë (më 1 tetor saktësisht një vit). Ai ishte 33 vjeç, vuante nga kanceri. Ai kishte një jetë të stuhishme rinore, dhe disa vite të dhimbshme të fundit të jetës së tij. Ai i përkiste brezit, që për herë të parë, në mënyrë brutale përjetoi pandeminë e varësisë nga heroina. U shfaq diku rreth viteve 2004-2005 dhe një pjesë e madhe e adoleshentëve të atëhershëm nga Manastir, ju bashkëngjitën asaj trajektore të “mbytjes” dhe refuzimit të çdo eksitimi jetësor.
Jeta e tij nuk ishte e mbushur vetëm me kënaqësinë e substancës pluhur kafe ose të verdhë të errët, por edhe me shumë gjëra të tjera. Kishte afinitet për teknikën, ishte një sportist i shkëlqyer dhe fitues i çmimeve dhe kishte një shpirt melankolik, të mbushur me sytë e tij të zinj, të cilët si fëmijë dinin lehtë të qanin dhe të përloten deri në mbytje në oqean. Edhe pse muajt e fundit të jetës së tij, për mua kanë qenë tragjikisht të dhimbshëm, ai, si vëllai im i lindur, për mua personalisht mbante statusin e një marrëdhënieje të rëndësishme. Ai ishte personazhi që drejtpërdrejt dëshmoi luftën time personale në jetë, në të cilën, askush asnjëherë nuk na pyet asgjë, çfarë emri do të mbajmë, cilit komb dhe fe do t’i përkasim, madje as edhe nëse duam të lindim – nga këtu pra edhe (kundër ) tezat e mia, lidhur me dobësinë e tezave për zgjedhjen edhe si demokratik, por edhe përgjithësisht si pozicion ontologjik dhe logjik. Ai ishte një nga shokët e mi të parë dhe më të vjetër, në kuptimin filozofik ekzistencialist!
Një vit jetë pa e dëgjuar zërin e tij, për të cilin nuk ka zëvendësues apo ngjashmëri.
Të flasim për politikë?
Qasjet që deri më tani, i kam praktikuar në lidhje me politikën, gjithmonë kanë qenë ose diskursive-filozofike, ose metodë praktike dialoguese në format debati, si aktivist i një organizate apo partie politike. Shpesh herë kam shkruar recensionet e mia të shkurtra në rrjetet sociale, pa i kufizuar konceptualisht mendimet e mia, dhe metodologjikisht të i drejtoj ato, por gjithmonë kam qenë i fokusuar nga intenca e stimuluar nga momenti. Ai moment më egzargjon edhe tani. Të flasësh për pikëpamjet marksiste për politikën, diçka për të cilën flasin pothuajse të gjithë anëtarët me prirje intelektuale nga qendra e majtë, dhe deri në të majtën ekstreme (në rastin tonë edhe e majta e djathtë-populiste, ndonëse me turp dhe periferike) ose të flasësh për atë që po ndodh në jetën e përditshme, në kuptimin social dhe ekonomik, me qasjen më rudimentare naive-materialiste, që të tentoj të i preki problemet që dalin nga përditshmëria.
Disa muajt e fundit, të gjithë ne, jemi përballur me rritje të çmimeve të produkteve ushqimore, veçanërisht brumërave, por edhe produkteve të tjera. Po paralajmërohet një krizë në prodhimin e qumështit, ndërsa produktet e naftës tashmë që në fillim të këtij viti, veçanërisht pas sulmit ushtarak të Federatës Ruse ndaj Ukrainës, kanë shënuar rritje të çmimit prej rreth 100%. Vitet e fundit çmimet e ushqimeve janë bërë astronomike, diçka që e vërtetojnë një sërë të dhënash, por në këtë operacion famëkeq, pamëdyshje qartë përfshihet edhe sulmi ndaj Ukrainës. Ndër të tjerash, Ukraina është një nga vendet më të mëdha kultivues dhe distribues i drithërave në Evropë, nga këtu pra edhe rritja e çmimeve për produktet e drithit. Por, për ta bërë këtë qull edhe më të turbullt dhe të pashijshëm për t’u ngrënë, marrin pjesë edhe sanksionet ekonomike ndaj Rusisë nga e ashtuquajtura Botë perëndimore, dhe këtu, ne si vend ndjekim rrugën e asaj bote, pak duke dashur ta kënaqim atë, dhe pak të pasionohemi se atje përkasim.
Për pabazueshmërinë e kësaj lufte, e cila në thelbin e saj ka motive imperiale – qesharake, por nga pak edhe budallake, shpërthimet e të ashtuquajturave perspektiva maqedonase të majta-të djathta, të cilët me kënaqësi të tifozëve e ndjekin luftën dhe brohorasin për të ashtuquajturin establishment anti-globalist në krye me presidentin Putko, ndonëse edhe ata tani për tani po paguajnë çmimin e asaj lufte në aspektin ekonomik dhe energjetik – nuk kam ndërmend të flas. Në fakt, lumpenproletariati në shtet, i cili në kuptimin marksist fuqizohet nga feja si opiat dhe burim i plotë i zëvendësimit të jetës këtu, i realizuar në kuptimin cilësor dhe politik, dehja antagoniste me tezat kundër të ashtuquajturit globalizëm, në mënyrë paradoksale, inkurajon përkeqësimin e rehatisë personale. Këto paradokse janë të shtresuara në hapa, domethënë, bëjnë tifo për myslimanët Dagestanezë, të rekrutuar nga Rusia për të luftuar kundër Ukrainasve që në të vërtetë janë të krishterë ortodoksë. Ndërkohë, mes personave të njëjtë, që nuk janë të paktë, i ka aq shumë, sa që njeri me lopatë mund t’i shtyjë, vërehen dëshira për zhdukjen e të gjithë myslimanëve nga “Maqedonia e krishtere”; përveç kësaj, megjithëse është e qartë si 2+2, se lufta në Ukrainë rrit varfërinë në vendin tonë, ndërlikon jetën e popullit tonë dhe pengon rrjedhat ekonomike, kulturore, arsimore dhe të gjitha rrjedhat e tjera të komunikimit dhe zhvillimit të vendit tonë, dhe para së gjithash shoqërinë. Në këtë rast, edhe pse 2+2 ndiqet si një lloj aksiome, vazhdimi i luftës, me një epilog përfundimtar, fitore ndaj të ashtuquajturit globalizëm dhe çlirim i së mirës, përfundimi për periudhën e vështirë që pason, këta tifozë nuk i ja ngjisin realitetit që aksiomatikisht konsiston në formulën e thjeshtë të mbledhjes të dy elementëve të thjeshtë algjebrikë.
Të mendojë njeri se me të vërtetë se bëhet fjalë për një lloj ambicie konspirative revolucionare, ashkolsun jok bre. Proletariati lumpen nuk posedon asnjë mjet vetëemancipimi, e ku më për të kryer një revolucion. Qorsokak klasik, mish topi i gatshëm, me të cilin disponojnë të gjitha llojet e luftërave të internetit më përfaqësues.
Një nga arsyet e ngjarjeve të tilla politike, përfaqëson heqja heqja e lirë e përgjegjësisë dhe kontrollit të shtetit në fushat që kanë të bëjnë me pikat vitale të shoqërisë, veçanërisht në drejtim të energjisë dhe ushqimit. Privatizimet dhe ndjekja e logjikës së fitimit, në situata ekstreme historiko-politike, e shtyjnë shtetin në pozitë varësie nga të ashtuquajturit. “provajderë-ofrues” dhe lirinë për të përcaktuar kushtet e dorëzimit të produktit. Hulumtimet e fundit tregojnë se nga, pothuajse të gjitha vendet fqinje, të njohura dhe të panjohura, përfshirë këtu edhe Kosovën, vendi ynë është më i varuri nga importi i energjisë elektrike.
Nga ana tjetër, mania konsumiste, pa sjellje të përgjegjshme ndaj produktit që konsumohet, nuk qetësohet, por ndizet edhe më shumë. Nga bota që i përket individit, përgjegjësia e individit në këtë drejtim është më e ulëta, pothuajse inekzistente, ashtu si autoriteti i shtetit. Edhe pse ushqimi importohet dhe tani për tani mund të blihet, ai nuk hahet por edhe hidhet.
Por çka është me punëtorët?
Iniciativa për çfarë do lloj artikulimi të krizës me të cilën po përballemi, sidomos në perspektivë të artikulimit të interesave të punëtorëve, sepse siç thashë edhe më herët, autori i këtij teksti niset nga premisa që merr parasysh interesat e punëtorëve si pozicion fillestar, nuk ka. Sindikatat, si bartëse të aparatit formal organizativ, reagojnë mjaft të vakët, dhe me hapa milimetërshe përpiqen të nxisin shtetin në raport me interesat e punëtorëve, të rivendosë autoritetin dhe të veprojë.
Edhe më të dobëta janë perspektivat për krijim organik të një lloj iniciative, dhe jo vetëm kundër implikimeve të fakteve të paraqitura deri tani, por situata është edhe më pesimiste në lidhje me segmentin bazik të punëtorëve lidhur me nocionin e solidaritetit. Domethënë, shoqëria moderne, ekonomia dhe shteti kanë një lloj baze solidare të dhënies së një pjese të sovranitetit të tyre në emër të qëllimeve më të larta. Bile edhe ekonomia dhe prodhimi kapitalist themelohet në këtë konstantë, e cila me gjithë fuqitë e saj e shtyp dhe e zëvendëson, e ndryshon dhe e çrregullon, duke e vënë në funksion të çështjeve dhe veprimtarive politike periferike, duke i hequr thelbin dhe forcën që duhet të e vejë në lëvizje, luftë kundër represionit ekonomik dhe kapitalist.
Në kontekst të shembullit tonë, shtypja e iniciativave të punëtorëve, qoftë politike apo parapolitike, procesuohet me mjaft sukses, jo vetëm në drejtim të individualizimit të punëtorëve, por edhe në fushatën e zgjeruar që po bëhet vazhdimisht kundër sektorit publik me të gjitha pasojat prodhuese dhe arbitrare. Punonjësit e sektorit privat nuk ju besojnë dhe nuk solidarizohen me punonjësit e sektorit publik, dhe më e keqja është se, solidariteti nuk shtrihet as në drejtim të kundërt. Ajo që u mbetet punëtorëve si emancipim, është politika ditore e mbushur plot me fantazi lumpen-proletare, që kanë të gjitha potencialet e mundshme për zhvillimin e ngjarjeve, përveç asaj më të rëndësishmen, atë organizuese, duke e bërë të ditur se pa punëtorët, as shteti dhe as shoqëria mund të funksionojë, dhe me atë ndërtim të statusit dhe rolit politik, në raport me dialogun politik, dhe jo vetëm dialogun social, dhe në fund rikthimin e autoritetit të shtetit, sidomos në ekonomi, ku krijohen edhe vlera dhe realizimi i tij shoqëror.
Mariglen Demiri
Përktheu E. M.
Redaktorët e Ide të zëshme nuk pajtohen domosdoshmërisht me pikëpamjet e shprehura në kollumnë.
Mariglen Demiri ka lindur në Manastir dhe punon si mësimdhënës i filozofisë në Shkollën e Mesme Artistike Shtetërore “Lazar Liçenoski” në Shkup dhe si studiues në Qendrën për Strategji Evropiane “Eurotink” në Shkup. Në të kaluarën ka qenë themelues dhe anëtar i disa organizatave (“Lenka” dhe “Solidariteti”) dhe nismave protestuese (“AMAN”, “Plenumi Studentor” dhe “Protestiram”), ndërsa që nga viti 2018 është një nga redaktorët e Portali “Glasnik”. Ai është veçanërisht i interesuar për filozofinë, historinë dhe estetikën si fusha në të cilat zhvillohen marrëdhënie të rëndësishme politike.