Првичната замисла при пишувањево ми беше да ги адресирам највисокостепените криминали на сите облици и форми на капитализмот, да го атакувам таквиот систем како виновник кој продуцира сиромаштија, разлики и поделби, но одредени мисли ме инспирираа да зачнам поинаква, пофундаментална и сметам многу поважна тематика како основа за било какво понатамошно дејствување, секако вклучувајќи го и она револуционерното како мое примарно опсервирање.
Иако свесен за можноста да бидам сосема изваден од контекст почнувајќи од самиот наслов на колумнава дури и од левичарските и феминистичките кругови, сепак категорично ќе се обидам да простудирам прашања што ги засега автентичната еманципација на жената со намера и очекување дека споделувањето на моите размислувања евентуално би резултирало со нов, скромен, но ефективен курс/форма на акција што ќе води и тежнее кон легитимна, а не само формална реализација, не само на насилно прекршеното право, туку на неопходноста жената да ужива слобода без валидација, не само од спротивниот пол туку и од сите други традиционални, религиозни или институционални „системи на вредности, статуи, симболи и начела“.
Погубно и поразително е тоа што дури и одредени левичари сметаат дека еманципацијата на жената при борбата против капитализмот „треба и мора да биде во втор план“ затоа што „би го забавила револуционерниот процес, интезитетот на отпорот би бил намален како резултат на потенцијално отфрлање на социјалистичките идеи пренасочувајќи се кон најрадикалните феминистички идеологии“. Читајќи/слушајќи изјави од таков тип доаѓам до впечаток дека некои другари иако сигурно имаат прочитано тон теорија, поседуваат висок степен на формално и солидно неформално образование, сепак како да тлеат најмалку шест децении во минатото (се надевам несвесно) аплицирајќи мизандристички прикази /конотации. Всушност таквата тенденција e неспоредливa ниту со народноослободителните и револуционерните движења низ Јужна Америка, Африка или арапскиот свет од 50-те, 60-те или 70-те кога не само што нивото на едуцираност било исклучително ниско, туку имало и дефицит од образовни центри, силно присуство на традиционалниот елемент кои сите заедно ги рушеле можните платформи за превземање конкретни конзистентни акции кои би ги довеле жените или воопшто обесправените до една рамноправна положба во заедницата, но и покрај се тогашните човечки капацитети, почнувајќи од земјоделците кои не знаеле да читаат и пишуваат па сè до наставниците, правниците, лекарите итн. Сите тие изразувале енормна солидарност со жените – борци и во ниеден момент не го преиспитувале, девалоризирале или потценувале нивниот придонес во војната против опресорот. За волја на вистината, опсервирано од историски аспект, имало и такви фракции, како при Кубанската револуција кои сметале дека прашањата поврзани со еманципацијата на жената (со оглед на нивната сензитивност и фрагилност) би требало да се третираат дури по поставување на безбедни социјални, економски и образовни темели, платформа која би била соодветна за успешно лансирање и реализација на идејата. Природата на околностите, кризите кои што следуваа, ненамерно ја пролонгираа оваа тематика, но бидејќи ја нотираме како пример, парцијално, само ќе го акцентирам фактот дека всушност на Куба денес процентуалната застапеност на жените и автентичната рамноправност воопшто стартувајќи од најосновните работни позиции па сè до државничките функции е значително висока.
Но, да се навратам конкретно на темата која ја поставив и како што потенцирав на почетокот, кон истата мора да се пристапи со енормна сериозност и разбирање. Ослободувањето на жената од сите видливи и невидливи стеги со кои нејзиното тело, ум и дух се држат во заточеништво никако не треба и не смее да се перцепира како гест на добротворност и сочувство. Револуцијата со сигурност е континуиран процес. Хипотетички анализирано, можеби револуцијата не е во доглед на нашата генерација, можеби до истата ќе дојде спонтано и многу побргу од очекуваното, но со сигурност, еманципирани, едуцирани, независни жени со силен и слободен дух „не би биле“ туку ќе бидат гаранција и премост за неизбежен успех, секако, доколку примарниот објектив е деструкција на сите видови експлоататорски системи и ослободување на сите хумани потенцијали.
Дотука, пишувајќи, чувствувам дека читателот повторно би се запрашал, од каде нужноста за поставување на вакви прашања и проблематики… потребата просто лежи во очигледниот, непоборлив и немил факт дека жените и децата низ историјата и во денешницава се најмалтретираните, најексплоатираните, најпонижуваните човечки битија, изложени на насилство и злоупотреба дури и од мажите кои и самите се жртви на сите горенаведени елементи на опресија и експлоатација, така што, повторно да се запрашаме, кое востание во минатото доживеало триумф без партиципација на жените? Но сепак, религијата, политиката, науката и понатаму биле монополизирани од мажите.
Дали воопшто е легитимна борбата за ерадикација на експлоататорските системи доколку лицемерно експлоатираме и угнетуваме витални делови од нашата заедница? Затоа што тоа се пред сè одлики на незнаење, опскурантизам, суеверие… Религијата и суеверието особено ја наоѓале и ја наоѓаат својата најплодна почва помеѓу жените претставувајќи ги и користејќи ги како „транспортен вагон“ за пренесување на „идеалната слика“ за инфериорност и потчинување во однос на мажите до поширокото општество, со интенција да се уништи сенсот за иницијатива кај нив и да се редуцираат до највисоките стадиуми на пасивност, впрочем тоа се нели карактеристики на било кој експлоататорски систем за реализација на интересите на истиот, следствено се аплицираат расизмот, сексизмот итн.
Најпогубен момент е тоа што таквото зло се применува почнувајќи од домот, во рамките на семејството, дури и во денешницава, уште со дознавањето на полот во текот на бременоста, иднината на тоа детенце се детерминира однапред, уште подискриминирано ќе е доколку ја има „погрешната боја на кожа“. Растејќи и развивајќи се во една таква средина, во повеќето ситуации, веќе таа млада девојка нема капацитет ниту да замисли дека интелектуално или било какво друго ослободување е возможно, несвесно станува алатка за манипулација, се третира како објект за репродукција, сите нејзини инстинкти се пренасочуваат во мајчинството и не по своја вина асистира во однос на постоењето на злиот опресивен циклус на стагнација.
Со оглед на тоа што се работи за тема која е невозможно да се обработи при еден кус текст и кога веќе отворив многу поттеми (патем лична специјалност која и самиот ме турка во конфузија) , во делот што следува само ќе „нафрлам“ уште неколку појави во општеството кои индицираат на проблемот што го поставив за дискусија. На пример, „антагонизмот помеѓу мажот и жената“. Формулација која сметам дека е проблем и грешка сама по себе. Сметам дека антагонистичката контрадикција која треба да ја детектираме и да ја дискутираме е онаа помеѓу мажите и жените од една страна како ескплоатирани и системскиот поредок од другата страна како експлоататор и угнетувач.
Не дека брачните девијации не се извор на рефлексивна фрикција и контрадикција, бракови кои почиваат на нездрави врски, сексуални односи со еднострана сатисфакција, брутално насилство, концепт при кој што мажот со традиционални предиспозиции има имагинарен сенс и моќ на одлучување, несвесен дека всушност во едно такво болно општество е многу далеку од вистинската сфера на носење одлуки и дека впрочем поредокот му го наметнува таквиот менталитет, а најлошото е што во повеќето ситуации покрај тоа што таквите се необразовани, не поседуваат ниту природен сенс дека нештата се погрешни, не чувствуваат потреба од промена, така што, оттука произлегува општа конклузија дека мажите и жените мораат да водат унитарен фронт и заедно да издејствуваат промени.
Исто сметам дека мора да се постават и дискутираат прашања од стратешки и тактички карактер, да се кларифицираат сите идеи, затоа што како такви ќе имаат уште поимперативна тежина.
Еманципацијата на жената никако не смее механички да се вулгаризира во смисла на сведување на еднаква поделба на домашните обврски и слично. Уште поважно, еманципацијата на жената никако не смее да се асоцира со колекции од сертификати, благодарници, дипломи, универзитетски вокации како верификација (потврда) за нивото на еманципираност на една жена, напротив мене лично ме асоцира на крајно ниска политичка или воопшто аналитичка свест.
За да ја „зацврстам“ произнесената аргументација би се повикал на Енгелс, попрецизно на нештата толкувани во неговото дело „Потеклото на семејството, приватната сопственост и државата“ од кои воочуваме дека впрочем сексуалната нееднаквост и половите разлики во минатото не изгледале такви какви што ги знаеме денес или поточно пред појавата на приватната сопственост. Токму тука е воочлива доза на лицемерие, изолираност, резистентност кон учење и спознавање на политичката реалност во светот, низ историјата и денес. Јас го почитувам фактот што одредени жени не ги засега политиката без разлика за која идеологија се работи, но политиката тивко се наметнува врз жените и креира инструменти за нивна контрола и опресија, а најопасна е формата која наводно ги наградува со „оружје“ да се борат против патријархатот, но со лимитиран дострел.
При самиот крај, кога веќе колумнава изобилува со прашања и кога сфаќам дека можеби премногу сум си зел за право, сепак ќе исчекорам и ќе го поставам прашањето: дали жените, дали сите ние всушност сме подготвени за финално соочување со „старото општество“?
Семето на злото сеено од опресорот со векови претешко ќе биде да се столчи само со транспаренти и слогани извикувани на мегафон! Токсичниот плод треба длабоко да се искорени со тоа што ќе престанеме да го наводнуваме трибализмот, гетоизацијата, религиските догми и декларативниот активизам со кои се храни истиот.
Руфат Јашари
Редакцијата на „Гласни идеи“ не нужно се согласува со ставовите изразени во колумната.
Руфат Јашари, роден во 1994, во Куманово, гласноговорник на обезгласените млади Роми, социјалист со југословенско-кубански карактеристики, дипломира на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ како наставник по историја. Тој е историчар со особен интерес за анализирање на воените судири при дезинтеграцијата на СФРЈ, Кубанската револуција, како и впрочем сите претежно левичарски борби за народно ослободување низ минатото. Поддржувач е на движењата за еманципација на обесправените по разни основи. Тој е личност која претставува фузија на многубројни култури, вкусови на музика и левичарски идеологии, со минимални познавања на многубројни јазици. Се ангажирал да истражува во однос на геноцидот спроведен врз Ромите за време на Втората светска војна и учествувал при спроведување на проекти. Одржал низа меѓународни предавања на истата тема со намера да го надогради своето образование и со своите идеи да привлече што повеќе млади Роми кон левичарскиот политички спектар.
Ideja ime fillestare në shkrimin e kësaj ishte të trajtoja krimet më të larta të të gjitha mënyrave dhe formave të kapitalizmit, të e sulmoja një sistem të tillë, si fajtor që prodhon varfëri, dallime dhe ndarje, por disa mendime të caktuara më frymëzuan të konceptoja një tjetër, më themelore dhe që unë konsideroj, një temë shumë më të rëndësishme si bazë për çdo veprim të mëtejshëm, sigurisht duke përfshirë atë revolucionar si vëzhgimin tim parësor.
Ndonëse jam i vetëdijshëm për mundësinë që të jem tërësisht i nxjerrë nga konteksti, duke nisur nga vetë titulli i kësaj kollumne, bile edhe nga qarqet majtiste dhe feministe, prapë do të përpiqem, kategorikisht të studioj çështje që prekin emancipimin autentik të gruas me synimin dhe pritshmërinë, që ndarja e mendimeve të mia, përfundimisht do të rezultojë në një kurs/formë veprimi të re, modeste, por efektive që do të çojë dhe priret drejt një realizimi legjitim, jo thjesht formal, jo vetëm të së drejtës të dhunuar, por të domosdoshmërisë që një grua të gëzojë. liri pa vërtetim, jo vetëm nga gjinia e kundërt, por dhe nga të gjitha “sistemet e vlerave, statujat, simbolet dhe parimet” e tjera tradicionale, fetare apo institucionale.
Është shkatërruese dhe humbëse që edhe disa të majtë të caktuar besojnë se emancipimi i grave në luftën kundër kapitalizmit “duhet dhe doemos të jetë në plan të dytë” sepse “do të ngadalësonte procesin revolucionar, intensiteti i rezistencës do të zvogëlohej si rezultat i refuzimit potencial i ideve socialiste, duke u devijuar drejt ideologjive më radikale feministe”. Duke lexuar/dëgjuar deklarata të këtij lloji, kam përshtypjen se disa shokë, ndonëse me siguri kanë lexuar një ton teori, kanë një shkallë të lartë edukimi formal dhe solid joformal, por duket se po digjen për të paktën gjashtë dekada në të kaluarën (shpresoj në mënyrë të pavetëdijshme) duke aplikuar përshkrime/konotacione misandriste. Në fakt, një tendencë e tillë është e pakrahasueshme edhe me lëvizjet nacionalçlirimtare dhe revolucionare në Amerikën e Jugut, Afrikën apo botën arabe nga vitet 50, 60 apo 70-ta, kur, jo vetëm që niveli arsimor ishte jashtëzakonisht i ulët, por kishte edhe një deficit i qendrave arsimore, një prani e fortë e elementit tradicional, të cilat të gjitha së bashku, shkatërronin platformat e mundshme, për ndërmarrjen e veprimeve konkrete konsistente, që do t’i çonin gratë ose të padrejtësuarit në përgjithësi, në një pozicion të barabartë në komunitet, por pavarësisht nga të gjitha kapacitetet njerëzore të asaj kohe, duke filluar nga fermerët, që nuk dinin shkrim / lexim e deri te mësuesit, juristët, mjekët etj. Të gjithë ata shprehnin solidaritet të jashtëzakonshëm me gratë – luftëtare, dhe në asnjë moment nuk e vunë në dyshim, nuk e zhvlerësuan apo nënvlerësuan kontributin e tyre në luftën kundër shtypësit. Për të thënë të vërtetën, vëzhguar nga një këndvështrim historik, kishte edhe fraksione të tilla, si gjatë Revolucionit Kuban, të cilët besonin se çështjet që lidhen me emancipimin e grave (duke pasur parasysh ndjeshmërinë dhe brishtësinë e tyre) do të duheshte të trajtohen vetëm pasi të vendoseshin themele të sigurta sociale, ekonomike dhe arsimore, platformë që do të ishte e përshtatshme për nisjen dhe realizimin me sukses të idesë. Natyra e rrethanave, krizat që pasuan, pa dashje e zgjatën këtë tematikë, por meqenëse e shënojmë si shembull, pjesërisht, do të theksoj vetëm faktin se, në fakt në Kubë sot, përqindja e përfaqësimit të grave, dhe barazia autentike në përgjithësi. duke filluar nga pozicionet më elementare të punës e deri te funksionet shtetërore, është dukshëm i lartë.
Por, për t’iu kthyer konkretisht temës që ngrita, dhe siç e theksova në fillim, ndaj të njëjtës duhet qasur me seriozitet dhe mirëkuptim të jashtëzakonshëm. Çlirimi i gruas nga të gjitha shtrëngimet e dukshme dhe të padukshme, me të cilat trupi, mendja dhe shpirti i saj mbahen në robëri, assesi nuk duhet dhe nuk guxon të perceptohet si një gjest bamirësie dhe dhembshurie. Revolucioni me sigurisht është proces i vazhdueshëm. E analizuar hipotetikisht, ndoshta revolucioni nuk është brenda mundësive të brezit tonë, ndoshta do të vijë spontanisht dhe shumë më shpejt se sa pritej, por me siguri, gratë e emancipuara, të arsimuara, të pavarura me shpirt të fortë dhe të lirë “jo, do të ishin” por do të ishin. një garanci dhe një urë drejt suksesit të pashmangshëm, sigurisht, nëse objektivi parësor është shkatërrimi i të gjitha llojeve të sistemeve eksploatuese dhe çlirimi i të gjitha potencialeve humane.
Duke shkruar, deri tani, ndjej se lexuesi, sërish do të pyeste veten, se nga vjen nevoja për të bërë pyetje dhe problematika të tilla… nevoja qëndron thjesht në faktin e qartë, të pakontestueshëm dhe të pakëndshëm, se gratë dhe fëmijët gjatë historisë, por edhe sot. janë qeniet njerëzore më të keqtrajtuar, më të eksploatuar, më të poshtëruar, të ekspozuar ndaj dhunës dhe abuzimit edhe nga burrat, që edhe vetë janë viktima të të gjitha elementeve të mësipërme të shtypjes dhe eksploatimit, ndaj, le të pyesim veten përsëri, cila kryengritjeje në të kaluarën ka triumfuar pa pjesëmarrjen e grave? Por prapëseprapë, religjioni, politika, shkenca ishin ende të monopolizuara nga burrat.
Vallë a është legjitime lufta për të zhdukur sistemet eksploatuese, nëse jemi duke shfrytëzuar dhe shtypur në mënyrë hipokrite, pjesë vitale të komunitetit tonë? Sepse këto janë mbi të gjitha karakteristika të injorancës, obskurantizmit, besëtytnisë… Religjioni dhe besëtytnitë, veçanërisht e gjenin dhe e gjejnë terrenin e tyre më pjellor te femrat, duke i përfaqësuar dhe duke i përdorur si një “vagon transporti” për të përcjellë “imazhin ideal” për inferioritet dhe nënshtrim në raport me burrat ndaj shoqërisë më të gjerë, me synimin për të shkatërruar ndjenjën e tyre të iniciativës, dhe për t’i reduktuar në shkallët më të larta të pasivitetit, në fakt këto janë karakteristika të çdo sistemi eksploatues për realizimin e interesave të tij, prandaj në vazhdim aplikohet racizmi. seksizmi etj. Momenti më i rrezikshëm është, që një e keqe e tillë aplikohet duke filluar nga shtëpia, brenda familjes, bile edhe sot, edhe që nga zbulimi i gjinisë gjatë shtatzënisë, e ardhmja e asaj fëmije përcaktohet paraprakisht, do të jetë edhe më e diskriminuar nëse ka “ngjyrën e gabuar të lëkurës”. Duke u rritur dhe zhvilluar në një mjedis të tillë, në shumicën e situatave, ajo vajzë e re, nuk e ka më aftësinë as të imagjinojë se është i mundur çlirimi intelektual apo ndonjë tjetër, ajo në mënyrë të pavetëdijshme bëhet mjet për manipulim, e trajtuar si një objekt riprodhimi. instinktet devijohen në amësi, dhe pa fajin e saj, ndihmon në ekzistencën e ciklit vicioz shtypës të stagnimit.
Duke pasur parasysh se punohet për një temë që është e pamundur të trajtohet në një tekst të shkurtër, dhe tashmë, kur kam hapur shumë nëntema (meqë ra fjala, specializëm personal që më shtyn në konfuzion), në pjesën që vijon, vetëm do të “hedh” edhe disa dukuri të tjera në shoqëri, që tregojnë problemin që kam ngritur për diskutim. Për shembull, “antagonizmi midis burrit dhe gruas”. Një formulim që konsideroj se është problem dhe gabim më vete. Unë besoj se kontradikta antagoniste që duhet të detektojmë dhe diskutojmë, është ajo midis burrave dhe grave nga njëra anë si të eksploatuar, dhe rendit sistemor nga ana tjetër si eksploatues dhe shtypës. Jo se devijimet martesore nuk janë burim fërkimesh dhe kontradiktash refleksive, martesat që mbështeten në marrëdhënie jo të shëndetshme, marrëdhënie seksuale me kënaqësi të njëanshme, dhunë brutale, koncept në të cilin burri me predispozita tradicionale, ka sens imagjinar dhe fuqi vendimmarrëse, i pavetëdijshëm se në fakt, në një shoqëri të tillë të sëmurë, është shumë larg sferës reale të vendimmarrjes dhe se në fakt, rendi ia imponon një mentalitet të tillë, dhe më e keqja është se në shumicën e situatave, përveç faktit që të tillët janë të paarsimuar, ata as që kanë ndjenjë të natyrshme që gjërat janë të gabuara, nuk ndjejnë nevojën për ndryshim, kështu që, nga këtu del një përfundim i përgjithshëm se burrat dhe gratë, duhet të udhëheqin front unitar, dhe së bashku të sjellin ndryshime. Gjithashtu mendoj se duhet të shtrohen dhe diskutohen pyetje të karakterit strategjik dhe taktik, të klasifikohen të gjitha idetë, sepse si të tilla, do të kenë peshë edhe më imperative.
Emancipimi i gruas, assesi nuk duhet të vulgarizohet mekanikisht, në kuptimin e reduktimit të tij në ndarje të barabartë të detyrave shtëpiake dhe të ngjashme. Edhe më e rëndësishmja, emancipimi i gruas assesi nuk duhet të asociohet me koleksione certifikatash, mirënjohjesh, diplomash, vokacionesh universitare si verifikim (konfirmim) i nivelit të emancipimit të një gruaje, përkundrazi, mua personalisht më asocion në vetëdije shumë të ulët politike ose në përgjithësi vetëdije analitike.
Për të e “forcuar” argumentin e paraqitur, do t’i referohesha Engelsit, më saktësisht gjërave të interpretuara në veprën e tij “Origjina e familjes, pronës private dhe shtetit” nga ku mund të shohim se në fakt pabarazia seksuale. dhe dallimet gjinore, në të kaluarën nuk dukeshin ashtu sikur që ne i njohim sot, ose më mirë, para shfaqjes së pronës private. Pikërisht këtu bie në sy një dozë hipokrizie, izolimi, rezistence ndaj të mësuarit dhe njohjes të realitetit politik në botë, përgjatë historisë dhe sot. Unë e respektoj faktin, që disa gra nuk preken nga politika, pavarësisht se për çfarë ideologjie është puna, por politika në heshtje u imponohet grave dhe krijon instrumente për kontrollin dhe shtypjen e tyre, ndërsa forma më e rrezikshme është se, gjoja se i shpërblen ato me “armë”, që të luftojnë kundër patriarkatit, por me një shtrirje të kufizuar.
Në fund, kur kjo kollumnë, tashmë është e stërmbushur me pyetje, dhe kur kuptoj se mund të kem marrë shumë për të drejtë, përsëri do të bëj një hap përpara dhe do të bëj pyetjen: vallë janë femrat, vallë a jemi të gjithë ne të përgatitur për përballje përfundimtare me “shoqërinë e vjetër”?
Fara e të keqes me shekuj e mbjellë nga shtypësi do të jetë shumë e vështirë për t’u shtypur vetëm me transparentë dhe slogane të bërtitura në megafon! Fryti toksik duhet të çrrënjoset thellë, ashtu që do të ndalemi së ujituri tribalizmin, getoizimin, dogmat religjioze dhe aktivizmin deklarativ me të cilin ushqehet i njëjti.
Rufat Jashari
Përktheu E. M.
Redaktorët e Ide të zëshme nuk pajtohen domosdoshmërisht me pikëpamjet e shprehura në kollumnë.
Rufat Jashari, i lindur më 1994, në Kumanovë, zëdhënës i të rinjve Rom të pazëshëm, socialist. Ai u diplomua në Universitetin Shën Kirili dhe Metodi si mësues historie. Ai është një historian me interes të veçantë për të analizuar konfliktet ushtarake, gjatë shpërbërjes së RSFJ-së, Revolucionit Kuban, si dhe të gjitha luftërat majtiste për çlirim kombëtar, në të kaluarën. Ai është mbështetës i lëvizjeve për emancipimin e të padrejtësuarve, në baza të ndryshme. Ai është një person që përfaqëson një fuzion të shumë kulturave, shijeve në muzikë dhe ideologjive të majta, me njohuri minimale të shumë gjuhëve. U angazhua në kërkime lidhur me gjenocidin e kryer ndaj romëve gjatë Luftës së Dytë Botërore dhe mori pjesë në zbatimin e shumë projekteve. Ai mbajti një sërë ligjëratash ndërkombëtare për të njëjtën temë, me synimin për të avancuar arsimin e tij, dhe me idetë e tij për të tërhequr sa më shumë të rinj romë në spektrin e majtë politik.