Интервју со Стојанчо Туџарски
Никола Шиндре: „Стојанчо Туџарски е дел од тимот што направи вештачката интелигенција GPT-2 од Open AI да почне да создава македонска поезија во стил сличен на стилот на Блаже Конески. Од него честопати македонската јавност дознава и за други потфати на младите инженери и програмери, а неговата иновативност не е само желба за промени во полето на вештачката интелигенција, туку и продлабочена соработка со круцијален дел од научните установи.
Огнот како слуга, каменот како орудие, потоа тркалото, оружјето за војување, папирусот, инструментите… Секоја историска епоха на човечката цивилизација може да се опише со помош на некое орудие, измислено од човекот за да може да ползува поголеми удопства. Индустриската доба, односно ерата на машините прерасна во дигитална ера. Каков е човечкиот однос кон орудијата и кон компјутерот (паметниот телефон)?“
Стојанчо Туџарски: „Во индустриската ера, машините ги заменаа луѓето во некои физички активности. Во дигиталната ера, машините почнаа да ги заменуваат луѓето и во некои умствени активности. Со тек на времето, стануваат сè пософистицирани и прават сè повеќе активности. Конкретно, паметниот телефон ни овозможува во џебот да носиме барем десет уреди што постоеле пред 30 години и зафаќале доста повеќе простор. Едноставно, олеснуваат, и тоа е добро.“
Н. Ш. Орудијата од минатото, па и машините од периодот на индустријализацијата, без разлика дали се механички или електрични, немаат таква способност за процесирање информации како што имаат овие од т.н. дигитална епоха. Човекот до измислувањето на компјутерите вложувал значителен мисловен напор за да може умешно да управува со машината, а денес тој без значителен напор управува со неа и воедно црпи многу информации од неа. Како ова влијае и ќе влијае во иднина врз човештвото?
С. Т. Како што напредува техниката, се појавуваат сè покомплицирани уреди развиени од тимови луѓе коишто специјализирале во повеќе области и тоа е неопходно за понатамошен напредок. Со зголемување на комплексноста на развиените уреди, станува сè потешко да се сфати како тие навистина работат. На пример, многу луѓе возат автомобили и сè што треба да знаат е да управуваат со воланот и педалите. Но, колку од нив сфаќаат како работи моторот со внатрешно согорување?
Исто е и со компјутерите, треба да научиме како да работиме со нив т.е. каков да е нашиот пристап кон нив, односно да знаеме што нè очекува како краен резултат. Тоа што се случува во тек на целиот процес на преминување од влез во излез не може да се следи уште од 19 век. Така што, во контекст на прашањето, не верувам дека тие работи би се промениле во иднина.
Н. Ш. Технолошкиот напредок не е секогаш условен од човечкиот развој. Човештвото како да се труди да го забрза напредокот на технологија, а да ги сочува сегашните вредности. Некаде во светот е лесно да се купи сосема нов компјутер, но тешко е да се зборува за феминизмот, како на пример во Саудиска Арабија. Каков е односот помеѓу човечкиот развој и технолошкиот напредок?
С. Т. Мене лично, од аспект на човечкиот развој, светот ми делува уназаден во голема мера во споредба со тој од пред 30-40 години. Исто како човечкиот и технолошкиот развој да не се во корелација.
Н. Ш. Другата страна на оваа спротивставеност е фактот дека технологијата не е еднакво достапна за сите. Западот има многу понапредна технологија за разлика од Источна Европа и Африка. Напредокот зависи и од човечката волја за промени. Како инженерите треба да размислуваат за да се надминат овие разлики, односно во кои аспекти од напредувањето треба да се вложи време и енергија за да има оптимален развој?
С. Т. Мислам дека разликата не е во адаптацијата на високата технологија во Западот и Африка и дека не зависи од инженерите. Тоа како да е последица на сите општествени односи. Но, напредокот на целата наука допринесува за споменатите разлики полека да се надминуваат.
Н. Ш. „Робот“ е збор измислен од чешкиот писател Карел Чапек, а прв пат се споменува во неговата претстава во којашто ликовите најлесно можат да се споредат со андроидите. Човекот од поодамна сакал да има такви машини околу себе, но тука е и стравот дека роботот ќе го надвладее. Ве молам накратко да ја елаборирате сложеноста на процесот за создавање робот со цел полесно да се надмине стравот.
С. Т. Сложеноста на процесот за создавање робот е во доменот на механиката и електрониката коишто му овозможуваат да се движи, како и во доменот на вештачката интелигенција којашто му овозможува да делува со некоја цел. Се согласувам дека последните достигнувања од областа на вештачката интелигенција сите нè оставаат без зборови, често и збунети, а како резултат на тоа, некои од нас и исплашени. Но, сè тоа што денес го постигнува вештачката интелигенција не можело да се постигне пред 50 години, а тоа е само поради побрзите компјутери и поголемиот волумен на податоци во електронска форма што можат да се искористат за тренирање модели. На крај, сè се сведува на множење матрици.
Реалната опасност е во тоа дали луѓето ќе можат да проценат што ќе биде излез на влезовите од машините со имплементирана вештачка интелигенција. Одличен пример за тоа е компјутерот HAL-9000 од „Одисеја во вселената“ на Кјубрик. Компјутерот ги убиваше луѓето бидејќи тоа беше најоптимално решение за постигнување на целите од мисијата со детали што беа во противречност со принципите претходно “вградени” во него. Тој не беше виновен, го правеше само тоа што му беше пресметано како најоптимален резултат од дадените инструкции.
Н. Ш. Оправдан или не, стравот дека со паметните машини луѓето оглупавуваат, без разлика дали е вистинит, е присутен и во јавноста и потајно кај многумина. Меморијата што порано беше предуслов за успех на полето на знаење денес е изоставена или барем човекот започна да памети сосема друг вид информации. Кој е Вашиот став во однос на ова?
С. Т. Стравот е оправдан, луѓето во извесна смисла навистина оглупуваат. Но, вистинското прашање е што подразбираме под тој збор. Пред дигиталните сметачи, луѓето знаеја да множат и да делат на хартија, но од тоа знаење денес нема корист. Интернетот овозможи информациите да им се достапни на сите во рок од неколку секунди па зошто би ги паметеле? И, дали е тоа оглупување? Не би се сложил со тоа. Зошто би паметеле информации кои во секое време можеме да ги најдеме на интернет, кога вниманието би можеле да го насочиме кон учење, разбирање и паметење принципи и концепти? Без нив, сувопарните фактографски информации би биле погрешно интерпретирани и применети.
Н. Ш. Конечно, не е ништо ново дека човекот отсекогаш се плаши од новото. Денес, можеби цивилизацијата не е близу до создавање вештачка интелигенција целосно слична со таа од човекот, но има напредок и на тоа поле. Како да се размислува на оваа тема, на односот човек-робот?
С. Т. Вештачка интелигенција слична на таа од човекот е нешто што е дискутабилно, а во некои области слично. Со вештачката интелигенција луѓето тежнеат кон тоа да ги автоматизираат мисловните процеси што можат да се рационализираат и кон тоа да објаснат како е дојдено до нив. Но, човечките постапки и одлуки не се секогаш рационални, како што претстави и Даниел Канеман во неговата книга “Брзо и бавно размислување”. Во тој контекст, не сум сигурен дали вештачката интелигенција ќе биде слична на таа од човекот и дали воопшто би сакал да биде така. А сама од себе, нема да тргне во таа насока. Едноставно, дури и да посакуваме, најверојатно никогаш нема да можеме да ги истренираме машините со сите активности со коишто е истрениран човекот, или со коишто човекот е запознаен со тек на еволуцијата, односно што се пренесени преку нашите гени.
Мислам дека односот човек-робот нема да биде многу поразличен од односот на човекот со првите дигитални калкулатори. Знаеме, барем начелно што прават и што можеме да очекуваме од нив. Но, работите што ги прават денес компјутерите се покомплексни и потешко е да се биде во тек со развивање реални познавања што може да се очекуваат од нив. Последниот пример со LaMDA на гугл го покажа токму тоа, дека некои, дури и висококвалификувани луѓе, најдоа знаци на свест во овој јазичен модел, иако сè што моделот прави е продолжување даден текст со низа зборови што се статистички најверојатни земајќи ја предвид содржината на текстовите на кои моделот бил изложен во текот на тренирањето, а во тој процес има само многу множење големи матрици и ништо повеќе.
Лектура: Е. М.
Intervistë me Stojanço Tuxharskin
Nikola Shindre: “Stojanço Tuxharski është pjesë e ekipit që bëri që inteligjenca artificiale GPT-2 nga Open AI të fillojë të krijojë poezi maqedonase në stil të ngjashëm me stilin e Bllazhe Koneskit. Prej tij, publiku maqedonas, shpesh mëson edhe për ndërmarrjet tjera të inxhinierëve dhe programuesve të rinj, dhe risia e tij, nuk është vetëm dëshira për ndryshime në fushën e inteligjencës artificiale, por edhe një bashkëpunim i thellë me një pjesë kruciale të institucioneve shkencore.
Zjarri si shërbëtor, guri si mjet, pastaj rrota, armët e luftës, papirusi, instrumentet… Çdo epokë historike e qytetërimit njerëzor mund të përshkruhet me ndihmën e ndonjë mjeti, të shpikur nga njeriu për të pasur përfitime më të mëdha. . Epoka industriale, domethënë epoka e makinave, u rrit në një epokë dixhitale. Çfarë është sjellja e njeriut ndaj mjeteve dhe ndaj kompjuterit (smartphones-celularët e mençur)?”
Stojanço Tuxharski: Në epokën industriale, makinat zëvendësuan njerëzit në disa aktivitete fizike. Në epokën dixhitale, makinat kanë filluar të zëvendësojnë njerëzit edhe në disa aktivitete mendore. Me kalimin e kohës, ata bëhen gjithnjë e më të sofistikuar, dhe bëjnë gjithnjë e më shumë aktivitete. Në veçanti, smartfoni na mundëson të mbajmë në xhep të paktën dhjetë pajisje që ekzistonin 30 vjet më parë, dhe zinin shumë më tepër hapësirë. Ata thjesht lehtësojnë, dhe kjo është mirë”.
N. Sh. Veglat e së shkuarës, madje edhe makinat e periudhës së industrializimit, pavarësisht nëse janë mekanike apo elektrike, nuk kanë një aftësi të tillë për të përpunuar informacione siç kanë këto nga të ashtuquajturës epokë dixhitale. Para shpikjes së kompjuterëve, njeriu ka investuar përpjekje të konsiderueshme mendore, për të drejtuar me mjeshtëri makinën, dhe sot ai e drejton atë, pa përpjekje të konsiderueshme dhe gjithashtu nxjerr shumë informacione prej saj. Si ndikon kjo, dhe si do të ndikojë në njerëzimin në të ardhmen?
S. T. Sikur që përparon teknika, shfaqen pajisje gjithnjë e më të komplikuara, të zhvilluara nga ekipe njerëzish që janë specializuar në fusha të shumta, dhe kjo është e nevojshme për përparim të mëtejshëm. Me rritjen e kompleksitetit të pajisjeve të zhvilluara, bëhet gjithnjë e më e vështirë të kuptohet se si, në të vërtetë funksionojnë ato. Për shembull, shumë njerëz drejtojnë makina dhe gjithçka që duhet të dinë është të përdorin timonin dhe pedalet. Por sa prej tyre e kuptojnë se si funksionon një motor me djegie të brendshme?
E njëjta gjë është edhe me kompjuterët, ne duhet të mësojmë se si të punojmë me ta, dmth. E çfartë të jetë qasja jonë ndaj tyre, pra të dimë se çfarë na pret si rezultat përfundimtar. Ajo që ndodh gjatë gjithë procesit të kalimit nga hyrja-inputi në dalje-output nuk mundet të gjurmohet që nga shekulli i 19-të. Ashtu që, në kontekstin e pyetjes, nuk besoj se këto gjëra do të ndryshojnë në të ardhmen.
N. Sh. Progresi teknologjik nuk kushtëzohet gjithmonë nga zhvillimi njerëzor. Njerëzimi duket se po përpiqet të përshpejtojë përparimin teknologjik dhe të i ruajë vlerat aktuale. Diku në botë është shumë e lehtë të blihet një kompjuter krejt i ri, por është e vështirë të flitet për feminizëm, si për shembull në Arabinë Saudite. Çfarë është marrëdhënia midis zhvillimit njerëzor dhe përparimit teknologjik?
S. T. Mua personalisht, nga pikëpamja e zhvillimit njerëzor, bota më duket e prapambetur në një masë të madhe në krahasim me atë të viteve të 30-40-ta. Njësoj sikur zhvillimi njerëzor dhe ai teknologjik të mos ishin të ndërlidhura.
N. Sh. Ana tjetër e këtij kundërshtimi është fakti se teknologjia nuk është njësoj e aksesueshme për të gjithë. Perëndimi ka teknologji shumë më të avancuar se Evropa Lindore dhe Afrika. Përparimi varet edhe nga vullneti njerëzor për ndryshime. Si duhet të mendojnë inxhinierët që të tejkalohen këto dallimeve, gjegjësisht në cilat aspekte të zhvillimit duhet investuar kohë dhe energji për zhvillim optimal?
S. T. Mendoj se dallimi nuk është në përshtatjen e teknologjisë së lartë në Perëndim dhe Afrikë, dhe se nuk varet nga inxhinierët. Duket sikur të jetë pasojë e të gjitha marrëdhënieve shoqërore. Por përparimi i gjithë shkencës kontribuon që dallimet e përmendura të tejkalohen ngadalë.
N. Sh. “Robot” është një fjalë e krijuar nga shkrimtari çek Karel Çapek dhe është përmendur për herë të parë në shfaqjen e tij në të cilën personazhet mund të krahasohen, më lehtë, me androidët. Njeriu prej kohësh ka dëshiruar të ketë makina të tilla rreth tij, por këtu është edhe frika se roboti do ta mposhtë. Ju lutemi elaboroni shkurtimisht kompleksitetin e procesit të krijimit robot, me qëllim që më lehtë të tejkalohet frika.
S. T. Kompleksiteti i procesit të krijimit të robotit është në domen të mekanikës dhe elektronikës që i mundësojnë të lëvizë, si dhe në domen të inteligjencës artificiale e cila e lejon të veprojë me ndonjë qëllim. Jam dakord që përparimet e fundit në inteligjencën artificiale na lënë të gjithëve pa fjalë, shpesh të habitur, dhe si rezultat i asaj, disa prej nesh edhe të frikësuar. Por gjithçka që sot arrin inteligjenca artificiale, nuk ka mund të arrihet 50 vjet më parë, dhe kjo është vetëm për shkak të kompjuterëve më të shpejtë dhe vëllimit më të madh të të dhënave në formë elektronike që mund të përdoren për të trajnuar modele. Në fund, gjithçka përfundon në shumëzim të matricave.
Rreziku i vërtetë është vallë njerëzit do të jenë në gjendje të gjykojnë se çka do të jetë dalje e hyrjeve të makinerive me inteligjencë artificiale të implementuar. Një shembull i shkëlqyer i kësaj është kompjuteri HAL-9000 nga Odiseja e gjithësisë-Space Odyssey e Kubrikut-kubrick. Kompjuteri po vriste njerëz, sepse ishte zgjidhja më optimale për arritjen e qëllimeve të misionit, me detaje që bien ndesh me parimet e “ngulitura” më parë në të. Ai nuk kishte faj, po bënte vetëm atë që ishte llogaritur si rezultati më optimal i udhëzimeve të dhëna.
N. Sh. I arsyetueshëm apo jo, frika se me makinat inteligjente njerëzit thjeshtëzohen, pavarësisht a është i vërtetë, është i pranishëm si në publik ashtu edhe në fshehtësi mes shumë njerëzve. Kujtesa, e cila dikur ishte një parakusht për sukses në fushën e dijes, tani është braktisur, ose të paktën njeriu ka filluar të kujtojë një lloj informacioni krejtësisht të ndryshëm. Cili është qëndrimi juaj lidhur me këtë?
S. T. Frika është e arsyeshme, njerëzit në njëfarë kuptimi vërtetë janë thjeshtëzuar. Por pyetja e vërtetë është, se çfarë kuptojmë me këtë fjalë. Përpara kalkulatorëve dixhitalë, njerëzit dinin si të shumëzojnë dhe pjesëtojnë në letër, por nga ajo dijeni, sot nuk ka asnjë dobi. Interneti e ka bërë të mundshme që informacionet të ju jenë të disponueshme të gjithëve në afat të disa sekondave, kështu që pse të i mbajmë mend? Dhe vallë është kjo thjeshtësim i njeriut? Unë nuk do të pajtohesha me këtë. Pse të mbajmë mend informacione, të cilat në çdo kohë mund të i gjejmë në internet, kur mund ta përqendrojmë vëmendjen tonë në të mësuar, të kuptuar dhe mbajtje në mend parime dhe koncepte? Pa to, informacionet e thatë faktografik do të keqinterpretoheshin dhe do të keqzbatoheshin.
N. Sh. Së fundi, nuk është asgjë e re që njeriu gjithmonë të ketë pasur frikë nga e reja. Sot, qytetërimi mund të mos jetë afër krijimit të inteligjencës artificiale plotësisht të ngjashme me atë të njeriut, por ka përparim edhe në këtë fushë. Si të mendohet për këtë temë, në marrëdhënien njeri-robot?
S. T. Inteligjenca artificiale e ngjashme me atë të njeriut është diçka që është e diskutueshme, dhe në disa fusha e ngjashme. Me inteligjencën artificiale, njerëzit priren kah ajo që të i automatizojnë proceset e të menduarit që mund të racionalizohen, edhe kah ajo, të shpjegohen si u arrit deri te ato. Por, veprimet dhe vendimet njerëzore nuk janë gjithmonë racionale, siç paraqiti edhe Daniel Kahneman në librin e tij “Të menduarit e shpejtë dhe e ngadaltë”. Në këtë kontekst, nuk jam i sigurt vallë inteligjenca artificiale do të jetë si ajo e njeriu, dhe vallë do të dojë që të ishte ashtu. Dhe nuk do të shkojë në atë drejtim, nga vetvetiu. E thënë thjesht, sikur edhe të donim, ndoshta asnjëherë nuk do të jemi në gjendje të i trajnojmë makinat me të gjitha aktivitetet me të cilat janë trajnuar njerëzit, ose me të cilat njerëzit janë njohur gjatë rrjedhës së evolucionit, në fakt, që janë transmetuar përmes gjeneve tona.
Mendoj se marrëdhënia njeri-robot nuk do të jetë shumë më e ndryshme nga marrëdhënia njerëzore me kalkulatorët e parë dixhitalë. Ne e dimë, të paktën në parim, se çfarë bëjnë ata dhe çfarë mund të presim prej tyre. Por gjërat që sot i bëjnë kompjuterët janë më komplekse dhe është më e vështirë të qenurit në rrjedhë me zhvillimin e njohurive të botës reale, që mund të pritet prej tyre. Shembulli i fundit me LaMDA të Google, tregoi pikërisht atë, se disa, madje edhe njerëz shumë të aftë, gjetën shenja ndërgjegjësimi në këtë model gjuhësor, edhe pse, e tëra që bën modeli, është vazhdueshmëria e një tekst të caktuar me një sekuencë fjalësh që janë statistikisht më të mundshme, duke pasur parasysh përmbajtjen e teksteve, në të cilat modeli ka qen i ekspozuar gjatë trajnimit, dhe në atë proces ka vetëm shumëzim të matricave të mëdha dhe asgjë më shumë.
Lekturoi: E. M.
Përktheu: E. M.