Интервју со Ненад Мицов
Ненад Мицов дипломирал на Студиската програма по новинарство и односи со јавност при Правниот факултет на Универзитетот „Гоце Делчев“. За време на студиите е еден од основачите на првото студентско списание „Студентско ехо“ каде што работи до дипломирањето, на почеток како заменик, а потоа и како главен и одговорен уредник. Потоа, неколку години работи како новинар во информативните редакции на локалните медиуми во Штип, а потоа активистички, но и професионално е ангажиран во програми за заштита и унапредување на правата на маргинализираните лица коишто се предмет на институционална стигма, дискриминација и јавна осуда. Моментално работи во организација што се залага за законски измени на легислативата што ги криминализира сексуалните работници, а дополнително е посветен и на организации што обезбедуваат услуги за сексуално и репродуктивно здравје за маргинализираните заедници.
Никола Шиндре: „Помеѓу припадниците на квир заедницата во Скопје, Ненад Мицов е познат како активист во полето на сексуалните и здравствените прашања. Едуцирал повеќе луѓе за начините на превенција на сексуално преносливите инфекции, за грижата на луѓето со ХИВ, за сексуалните работници, протестирал за обезбедување соодветна здравствена заштита за маргинализираните итн.
Ненад, во повеќето балкански држави многу прашања стојат неодговорени, особено прашањата што се однесуваат на сексуалноста. За сексуалноста не се зборува многу, а кога се зборува, генерално фокусот се насочува исклучиво кон епидемиолошкиот или репродуктивниот аспект. Што придонесува за овој молк?“
Ненад Мицов: „Образованието и воспитувањето од дома, како и генералното табуизирање на сексот и задоволството. За почеток, уште од мали нозе во домот нè учат да не прашуваме безобразни работи, а подоцна во животот тоа често се рефлектира со чувство на срам и страв од сопственото тело и сексот. Понатаму, во образовниот процес малку време и простор се посветени на сексуалното и репродуктивното здравје со што повторно се создава бариера за правилен и соодветен психосоцијален развој поради кој сексуалноста ја ставаме под тепих и тоа во клучните години од развојот на една млада личност. Подоцна во животот, како возрасни, сведочиме како сексуалноста и еротиката се злоупотребуваат и се „оправдани“ само за маркетиншки цели па сме „бомбардирани“ од сите страни со нереални слики и идеали за нашите тела и потреби. Од друга страна, традицијата, верата и конзервативното опкружување уште посилно ги стегаат и ограничуваат нашите природни нагони со излитената фраза: „срамота е“ којашто ретко кој се обидува да ја побие со својот пркос и навистина да се запознае себеси како сексуално суштество. Сè додека не почнеме колективно да се спротиставуваме на оваа хипокризија и на индивидуално ниво не почнеме да си дозволуваме сексуални (р)еволуции, дотогаш молкот ќе биде погубен за многу од нас.“
Н. Ш. Диетата, хигиената, атлетиката и еротиката постојат како важни сегменти од секојдневниот живот на човекот уште од антиката. Без соодветна количина храна и без квалитетна хигиена човекот не може да се грижи за своето физичко здравје. Како поединецот да се грижи и за своето сексуално здравје?
Н. М. Апсолутно, здравјето на човекот зависи од повеќе аспекти коишто повеќе или помалку свесно ги негуваме на различни начини. Така, за задоволување на гладот сите имаме воспоставено некоја секојдневна динамика на исхрана, за личната хигиена постојат санитарни јазли насекаде околу нас, за оралната хигиена посетуваме стоматолог итн… За жал, од причини за коишто зборував во претходното прашање, се создава одредено ниво на автостигма кон сопствените тела од којашто произлегува срамот да се посети гинеколог, уролог, дерматовенеролог, психотерапевт или генерално матичен лекар кога ќе се појави некој симптом или проблем. Уште пострашно, постои слаба информираност и неукост па неретко се случува воопшто да не препознаеме што се случува со нашите тела, што претставува клучен елемент во грижата за своето (сексуално) здравје. Затоа, често во разговор со мои пријатели и врсници велам дека секоја сексуално активна личност има должност кон себе и кон своите партнери да направи проверка на своето сексуално здравје барем еднаш годишно. Иако полесно е да се каже отколку да се направи, утехата е во рационалната математика – подобро да се спречи, отколку да се лечи.
Н. Ш. Младите луѓе имаат повеќе можности за стекнување нови пријателства, врски и сексуални односи. Кондомот сè уште е најефикасниот метод за заштита од сексуални инфекции и несакана бременост, а сепак честопати не се користи. Како да се размислува за последиците, а да не се наруши задоволството?
Н. М. Повторно ќе ја споменам информираноста што треба да ја стекнеме преку образовниот процес, и тоа не само формално во училиште, туку и на неформален начин преку отворен и искрен разговор со најблиските и нашите врсници. Добрата информираност за прашањата поврзани со безбедноста на сексуалните односи води кон здрав, исполнет и одговорен сексуален живот. Колку повеќе се разбираме себеси и во исто време поседуваме соодветни и точни информации, толку повеќе ќе можеме да донесеме правилни одлуки кои ќе нè заштитат од несакани последици. Сексот не треба да биде нешто срамно за коешто никој не зборува, ниту пак поле за репресија и заплашување, напротив, сексуалното задоволување треба да биде поле за лично ослободување и реализација. Затоа, не е срамно да не се знае, срамно е да се остане неинформиран.
Н. Ш. Покрај класичниот метод, односно кондомот, денес има повеќе фармацевтски препарати за заштита од инфекции и бременост. Но кај нас или ги нема, или се скапи или не се секогаш достапни. Како да се направи соодветниот избор за сексуална заштита од несаканите ефекти во лош здравствен систем?
Н. М. Лошиот здравствен систем е последица на долгогодишната институционална негрижа што се случува, како и на запоставувањето на сексуалното здравје како исклучитлено важен домен од колективното живеење. Иако правото на здравствена заштита е уставно загарантирана категорија, државата прави многу малку за кревкиот здравствен систем кој во последниов период, особено со здравствената криза, ги покажа сите мани и недостатоци. Соодветен избор во услови кога едвај постои или воопшто нема избор е навистина тешко, но таму каде што системски недостасува, се прават напори преку граѓанското здружување да се обезбеди барем минимумот. Но, граѓанските здруженија не постојат за да ја заменат улогата на државата што има обврска да го штити здравјето на своите граѓани и да обезбеди соодветна здравствена грижа за сите подеднакво. Добро би било кога сите, а особено младите, и сите што се засегнати од овие недостатоци, активно би се вклучиле и би се залагале за подобрување на здравствените политики и практики. Системот не се менува сам од себе, а за промени се потребни свесни, совесни, одговорни и ангажирани граѓани.
Н. Ш. Хетеросексуалците можат полесно да бидат дел од јавноста, но во одредена мера, на сметка на нивната приватност. Квир луѓето не можат целосно да го користат јавниот простор на ист начин како што го користат хетеросексуалците, но генерално повеќе ја истражуваат својата сексуалност. Тоа што ги спојува е прашањето за заеднички простор на љубовната врска. Повеќето луѓе немаат стан, а некои ниту соба. Како да се биде сексуално слободен кога економскиот статус ја ограничува можноста за приватност?
Н. М. Љубовта е љубов, а јавниот простор припаѓа подеднакво на сите. Интимата пак, е блискост меѓу луѓето што може да биде сплет од емотивни, духовни и телесни доживувања за коишто на сите, без разлика кои и какви сме, ни е потребна приватност и безбеден простор. Сепак, ако ги погледнеме статистиките на која возраст младите од регионот го напуштаат домот на родителите, ќе ни стане јасно дека навистина многу млади се соочуваат со проблеми околу приватноста. Овие проблеми се многуслојни, но накратко, првиот симптом го лоцирам во системот што не обезбедува доволно можности за младите навреме да си го решат економскиот статус и да започнат независен живот. Оттука, повеќе од јасно е дека се потребни соодветни политики коишто во фокусот ќе го имаат развојот и добросостојбата на секој еден млад човек. Другиот симптом е симбиотската зависност во просечното македонско семејство, која од дел од младите, намерно или ненамерно, прави паразити, а младите поради разгаленост не се доволно мотивирани да се осамостојат, да преземаат ризици и да придонсат за својата реализација. Така што, мислам дека паралелно треба да ги лекуваме и двата симптоми доколку сакаме и економска и сексуална слобода.
Н. Ш. Активистите од квир заедницата често во фокусот го стават прашањето за дискриминација по основ на сексуалноста и родот, но неретко квир луѓето имаат и други итности, како на пример економската експлоатација, несигурниот социјален статус и класната припадност. Како да се поврзат овие прашања за да може подобро да се адресираат до власта и до јавноста?
Н. М. Преку развој и негување на колективната свест и одговорност при што секој чинител во секојдневното живеење подеднакво би го штител колективниот напредок и би вложувал во него. Власта да си ја работи својата работа која ѝ е делегирана од луѓето, а граѓаните без разлика на која заедница припаѓаат активно да придонесуваат кон општото добро. Да сфатиме и прифатиме дека сите сме во иста каша и истите проблеми на еден или друг начин влијаат на секој еден од нас. Веројатно полека се освестуваме дека овој неодржлив поредок на поделби наскоро ќе се распадне. Но, ништо не паѓа од небо и секоја промена бара многу работа, труд и напор. Генерално сакам да верувам дека со целиот цивилизациски, интелектуален и технолошки напредок и развој ги поседуваме неопходните алатки и ресурси за да ги адресираме и решиме сите општествени проблеми, но ме мачи прашањето колку и дали сме обединети и пожуртвувани за подобро утре.
Н. Ш. Дискусијата за сексуалноста е многу тесно поврзана со дискусијата за човековите права и либералната демократија. Но, и покрај универзалноста на човековите права, културните разлики се значајни. Другиот не секогаш ги дели истите вредности со нашите. Како да се расправа за сексуалната слобода надвор од западните културни вредности?
Н. М. Ќе звучи клише, но многу е едноставно – почитувај за да бидеш почитуван, живеј и остави ги другите да живеат. Другиот може да не ги дели нашите вредности, но во исто време нема право да ја забрани или ограничи туѓата (сексуална) слобода, особено ако туѓата слобода никако не ја загрозува неговата. Или да го парафразирам Волтер: „Можеби не се согласувам со твојата слобода, но ќе го бранам до смрт твоето право на таа слобода“. Само со прифаќање и почитување на разликите, можеме да разговараме за универзалноста на човековите права, сè останато е само опресија и културен геноцид.
Лектура: Е. М.
Intervistë me Nenad Micov
Nenad Micov ka diplomuar në programin e studimeve për gazetari dhe marrëdhënie me publikun në Fakultetin Juridik të Universitetit Goce Dellçev. Gjatë studimeve ka qenë një nga themeluesit e revistës së parë studentore “ Studentsko Eho” – ehoja Studentore, ku punoi deri në diplomim, fillimisht si zëvendës, e më pas si kryeredaktor. Më pas, disa vite punoi si gazetar në redaksitë e mediave lokale në Shtip, dhe më pas u angazhua në mënyrë aktiviste, por edhe profesionalisht, në programe për mbrojtjen dhe promovimin e të drejtave të personave të margjinalizuar, të cilët janë subjekt i stigmës institucionale. , diskriminimit dhe dënimit publik. Aktualisht punon për një organizatë e cila angazhohet për ndryshime ligjore të legjislacionit që i kriminalizon punonjësit e seksit, dhe plotësisht është i përkushtuar ndaj organizatave që ofrojnë shërbime të shëndetit seksual dhe riprodhues për komunitetet e margjinalizuara.
Nikola Shindre: “Ndër anëtarët e komunitetit queer – kvir në Shkup, Nenad Micov njihet si aktivist në fushën e çështjeve seksuale dhe shëndetësore. Ka edukuan më shumë njerëz për mënyrat e parandalimit të infeksioneve seksualisht të transmetueshme, për kujdesin për njerëzit me HIV, për punonjësit e seksit, ka protestuar për të siguruar kujdes të duhur shëndetësor për të margjinalizuarit, etj.
Nenad, në shumicën e vendeve të Ballkanit shumë pyetje mbeten pa përgjigje, veçanërisht pyetjet që lidhen me seksualitetin. Për seksualitetin nuk flitet shumë dhe kur flitet, fokusi përgjithësisht i drejtohet ekskluzivisht aspektit epidemiologjik ose riprodhues. Çfarë kontribuon për këtë heshtje?”
Nenad Micov: “Arsimimi dhe edukimi nga shtëpia, si dhe tabuizimi i përgjithshëm i seksit dhe kënaqësisë. Për fillim, që në moshë të re në shtëpi na kanë mësuar që të mos pyesim gjëra të turpshme, dhe më vonë në jetë, kjo shpesh reflektohet me ndjenjë turpi dhe frike ndaj trupit dhe seksit tonë. Në tutje, në procesin edukativo-arsimor, pak kohë dhe hapësirë i kushtohet shëndetit seksual dhe riprodhues, me ç ‘gjë përsëri krijohet barrierë për zhvillimin e duhur dhe adekuat psikosocial, për shkak të së cilës seksualitetin e vendosim nën qilim, edhe atë në vitet kyçe të zhvillimit të një personi të ri. Më vonë në jetë, si të rritur, jemi dëshmitarë sesi seksualiteti dhe erotizmi keqpërdoren dhe “justifikohen” vetëm për qëllime marketingu, prandaj ne “bombardohemi” nga të gjitha anët, me imazhe dhe ideale joreale për trupat dhe nevojave tona. Nga ana tjetër, tradita, besimi dhe rrethi i konservuar, edhe më fortë i shtrëngojnë dhe kufizojnë shtytjet tona natyrore me frazën e shumë përdorur: “është turp” të cilën rrallë se dikush mundohet ta përgënjeshtrojë me sfidën e tij, dhe me të vërtetë të e njoh veten si qenie seksuale. Derisa nuk fillojmë që kolektivisht të ngrihemi kundër kësaj hipokrizie, dhe në nivel individual të fillojmë t’i lejojmë vetes (r)evolucione seksuale, deri atëherë, heshtja do të jetë fatale për shumë prej nesh.”
N. Sh. Ushqimi, higjiena, atletika dhe erotizmi, që nga lashtësia ekzistojnë si segmente të rëndësishme në jetën e përditshme të njeriut. Pa një sasi të mjaftueshme ushqimi dhe pa higjienë cilësore, njeriu nuk mund të kujdeset për shëndetin e tij fizik. Si mund të kujdeset një individ për shëndetin e tij seksual?
N. M. Absolutisht, shëndeti i njeriut varet nga disa aspekte, për të cilat ne, pak a shumë me vetëdije kujdesemi në mënyra të ndryshme. Kështu, për të kënaqur urinë të gjithë kemi vendosur njëfarë dinamike të përditshme të yshqimit, për higjienën personale, ka ambiente sanitare përreth nesh, për higjienën orale vizitojmë dentistin, etj… Fatkeqësisht, për arsyet për të cilat fola në pyetjen e mëparshme, krijohet një nivel i caktuar i vetë-stigmës ndaj trupave të vet, nga e cila si rezultat del turpi për të vizituar gjinekologun, urologun, dermato-venerologun, psikoterapeutin apo mjekun e familjes në përgjithësi, kur shfaqet ndonjë simptomë apo problem. Akoma më keq, ka informim të dobët dhe injorancë, kështu që jo-shpesh ndodh që të mos e dimë atë që po ndodh me trupin tonë, gjë që është element kyç në kujdesin për shëndetin tonë (seksual). Prandaj, në biseda me miqtë dhe bashkëmoshatarët e mi shpesh them se çdo person seksualisht aktiv e ka për detyrë ndaj vetes dhe partnerëve të tij të kontrollojë shëndetin e tij seksual të paktën një herë në vit. Edhe pse është më e lehtë të thuhet sesa të bëhet, ngushëllimi qëndron në matematikën racionale – parandalimi është më i mirë se kurimi.
N. Sh. Të rinjtë kanë më shumë mundësi për të krijuar miqësi të reja, lidhje dhe marrëdhënie seksuale. Prezervativi ende është metoda më efektive dhe mbrojtjes kundër infeksioneve seksualisht të transmetueshme dhe shtatzënisë së padëshiruar, por shpesh herë nuk përdoret. Si të mendohet për pasojat, e të mos prishet kënaqësia?
N. M. Do të përmend sërish informimin që duhet të e fitojmë përmes procesit edukativo-arsimor, dhe jo vetëm zyrtarisht në shkollë, por edhe në mënyrë joformale përmes bisedës së hapur dhe të sinqertë me të afërmit dhe bashkëmoshatarët tanë. Informimi i mirë për çështjet që lidhen me sigurinë e marrëdhënieve seksuale çon në një jetë seksuale të shëndetshme, të plotë dhe të përgjegjshme. Sa më shumë ta kuptojmë veten, dhe në të njëjtën kohë të zotërojmë informacione adekuate dhe të sakta, aq më shumë do të jemi në gjendje të marrim vendime të sakta që do të na mbrojnë nga pasojat e padëshiruara. Seksi nuk duhet të jetë diçka e turpshme për të cilën askush nuk flet, as fushë represioni dhe frikësimi, përkundrazi, kënaqësia seksuale duhet të jetë fushë çlirimi dhe realizimi personal. Prandaj, nuk është turp të mos dish, është turp të mbetesh i painformuar.
N. Sh. Përveç metodës klasike, pra prezervativit, sot ka më shumë preparate farmaceutike për mbrojtje nga infeksionet dhe shtatzënia. Por në vendin tonë ose nuk i ka, ose janë të shtrenjta, ose nuk janë gjithmonë të disponueshme. Si të bëhet zgjedhja e duhur për mbrojtjen seksuale nga efektet anësore në një sistem të keq shëndetësor?
N. M. Sistemi i dobët shëndetësor është pasojë e neglizhencës afatgjate institucionale që ndodh, si dhe e neglizhimit të shëndetit seksual, si një fushë jashtëzakonisht e rëndësishme e jetesës kolektive. Edhe pse e drejta për kujdes shëndetësor është një kategori e garantuar me kushtetutë, shteti bën shumë pak për sistemin e brishtë shëndetësor, i cili në periudhën e fundit, sidomos me krizën shëndetësore, i shfaqi të gjitha të metat dhe mangësitë. Zgjedhja adekuate, në kushtet ku vështirë se ka, ose fare nuk ka zgjedhje është vërtet e vështirë, por aty ku ka mungesë sistematike, bëhen përpjekje përmes shoqatave civile për të siguruar, të paktën minimumin. Por shoqatat civile nuk ekzistojnë për të zëvendësuar rolin e shtetit, i cili ka për obligim të mbrojë shëndetin e qytetarëve të tij, dhe të sigurojë kujdesin adekuat shëndetësor për të gjithë, në mënyrë të barabartë. Do të ishte mirë që të gjithë, veçanërisht të rinjtë, dhe të gjithë ata që preken nga këto mangësi, aktivisht të kyçen dhe të avokonin për përmirësimin e politikave dhe praktikave shëndetësore. Sistemi nuk ndryshon vetvetiu, ndërsa për ndryshime të nevojshëm janë qytetarë të vetëdijshëm, të ndërgjegjshëm, të përgjegjshëm dhe të angazhuar.
N. Sh. Heteroseksualët mund të jenë më lehtë pjesë e publikut, por në një masë të caktuar, në llogari të privatësisë së tyre. Queer-kvir njerëzit nuk munden tërësisht të e përdorin hapësirën publike në të njëjtën mënyrë si heteroseksualët, por në përgjithësi ata hulumtojnë më shumë seksualitetin e tyre. Ajo që i bashkon, është çështja e një hapësire të përbashkët e një marrëdhënie dashurie. Shumica e njerëzve nuk kanë apartament, ndërsa disa nuk kanë as një dhomë. Si të jesh seksualisht i lirë kur statusi ekonomik e kufizon mundësinë e privatësisë?
N. M. Dashuria është dashuri, ndërsa hapësira publike i përket të gjithëve në mënyrë të barabartë. Intimiteti, nga ana tjetër, është një afërsi mes njerëzve që mund të jetë një kompleks përvojash emocionale, shpirtërore dhe fizike, për të cilat ne të gjithë, pavarësisht se kush dhe çfarë jemi, kemi nevojë për privatësi dhe një hapësirë të sigurt. Megjithatë, nëse shikojmë statistikat se në çfarë moshe të rinjtë nga rajoni largohen nga shtëpia e prindërve, do të na bëhet e qartë, se shumë të rinj, realisht po përballen me probleme për sa i përket privatësisë. Këto probleme janë të shumëanshme, por me pak fjalë, simptomën e parë e gjej në sistemin, që nuk u jep mundësi të mjaftueshme të rinjve, për të zgjidhur në kohë statusin e tyre ekonomik, dhe për të nisur një jetë të pavarur. Prandaj, është më se e qartë se nevojiten politika të përshtatshme që do të fokusohen në zhvillimin dhe mirëqenien e çdo të riu. Simptoma tjetër është varësia simbiotike në familjen mesatare maqedonase, e cila, disa të rinjë, me apo pa dashje, i bën parazitë, dhe të rinjtë, për shkak të llastimit-lazdrimit, nuk janë mjaftueshëm të motivuar, për t’u bërë të pavarur, për të rrezikuar dhe për të kontribuar. realizimin e tyre. Ashtu që, mendoj se paralelisht duhet t’i trajtojmë të dyja simptomat, nëse duam liri ekonomike dhe seksuale.
N. Sh. Aktivistët nga komuniteti queer-kvir, shpeshherë në fokus e vënë çështjen e diskriminimit, të bazuar në seksualitetin dhe gjininë, por njerëzit queer-kvir jo shpesh kanë edhe çështje të tjera të ngutshme, si për shembull eksploatimi ekonomik, statusi i pasigurt social dhe përkatësia klasore. Si të lidhen këto çështje, që të mundet më mirë t’i adresohen qeverisë dhe opinionit?
N. M. Nëpërmjet zhvillimit dhe edukimit të vetëdijes dhe përgjegjësisë kolektive, ku çdo palë e interesuar në jetën e përditshme, njëlloj do të mbronte progresin kolektiv dhe do të investonte në të. Pushteti duhet të bëjë punën e saj që i delegohet nga populli, ndërsa qytetarët, pavarësisht se cilit komuniteti i përkasin, të kontribuojnë aktivisht për të mirën e përbashkët. Le të kuptojmë dhe pranojmë, se të gjithë jemi në të njëjtën rrëmujë, dhe të njëjtat probleme, në një, ose në mënyrë tjetër, prekin secilin prej nesh. Me siguri dalëngadalë po vetëdijesohemi se ky rend i paqëndrueshëm i ndarjeve, së shpejti do të prishet. Por asgjë nuk bie nga qielli dhe çdo ndryshim kërkon shumë punë, angazhim dhe mund. Në përgjithësi, dua të besoj se me gjithë përparimin dhe zhvillimin civilizues, intelektual dhe teknologjik, zotërojmë mjetet dhe burimet e nevojshme për të adresuar dhe zgjidhur, të gjitha problemet shoqërore, por më shqetëson pyetja se sa, dhe vallë jemi të bashkuar, dhe gati për të sakrifikuar për një të nesërme më të mirë.
N. Sh. Diskutimi i seksualitetit është shumë ngushtë i lidhur me diskutimin për të drejtat e njeriut, dhe demokracinë liberale. Por pavarësisht universalitetit të të drejtave të njeriut, dallimet kulturore janë të rëndësishme. Tjetri jo gjithmonë i ndan të njëjtat vlera me tonat. Si të debatohet për lirinë seksuale, jashtë vlerave kulturore perëndimore?
N. M. Do të tingëllojë klishe, por është shumë e thjeshtë – respekto që të jesh i respektuar, jeto dhe lëri tjerët të jetojnë. Tjetri mundet të mos ndajë vlerat tona, por në të njëjtën kohë ai nuk ka të drejtë të ndalojë apo kufizojë lirinë (seksuale) të tjetrit, veçanërisht nëse liria e tjetrit nuk e kërcënon të tijën. Ose për të parafrazuar Volterin: “ndoshta nuk pajtohem me lirinë tënde, por do ta mbroj deri në vdekje, të drejtën tënde për atë liri”. Vetëm duke pranuar dhe respektuar dallimet mund të diskutojmë universalitetin e të drejtave të njeriut, gjithçka tjetër është thjesht shtypje dhe gjenocid kulturor.
Lekturoj: E. M.
Përktheu E. M.