Интервју со Ана Тодоровска
Никола Шиндре: „Ана Тодоровска е долгогодишен активист. Активно е вклучена во иницијативите за слободни културни простори, учествувала во студентски протести и организира настани што ја поттикнуваат борбата против консумеризмот. Пишува поезија и користи разни методи за да го претстави подоброто и возможното.
Ана, Вие сте креатор на „МРАК“ – уметничка иницијатива што го прикажува несвесното од личноста. Човекот не се чувствува секогаш удобно кога треба да се соочи и со таа страна. Зошто сметате дека е потребно уметнички да се претставуваат „црнилата“?“
Ана Тодоровска: „Човекот не само што не се чувствува удобно, туку најчесто бега од соочувањето со својот мрак па ќе направи и пострашни работи само за да ја избегне таа, можеби и не толку страшна средба. Сепак, единствениот начин да бидеме целосна личност е да се запознаеме со својата сенка, да ја прифатиме и да ја интегрираме како дел од себеси. Иако започна случајно, примарната идеја зад мојот проект „МРАК“ е на едноставен начин да се прикажат колективните недостатоци, стравови и срамови, дупките во општеството, а верувам дека и индивидуално ќе се пронајдеме во нив. Лично сметам дека тоа е и идејата на уметникот – да фрла светлина врз темните сокаци од секојдневниот живот, најважно за да не заборавиме дека сме луѓе. Тоа не мора да биде направено на убав начин и со естетска вредност. За мене е важна експресивната вредност – доколку едно дело успеало да предизвика емоција кај набљудувачот, мислам дека ја постигнало својата цел“.
Н. Ш. Народната „Од стравот се бега, од срамот не“ на некој начин соопштува дека откако човекот ќе се соочи со стравот можеби нема да има повеќе срам. Но честопати тоа не е така. Што мислите Вие за овие две емоции што се постојано присутни во свесното и несвесното?
А. Т. Стравот е една од основните и универзални емоции, додека срамот е повеќе поврзан со моралните норми на една заедница, одреден социјален контекст и негативна евалуација на себеси поврзана со тој контекст. И двете имаат цел во некоја препорачана доза – стравот лозјето го чува, а луѓе со отсуство на срам веројатно немаат развиен осет за останатите членови на општеството или за последиците од своите активности.
Сепак, голем дел од општото воспитување е проткаено со страв и срам проследено со многу негативни пораки што родителите несвесно ги пренесуваат, од типот на: „немој ти, немој ова, немој она“, честопати поради сопствениот страв, кој може, но и не мора секогаш да биде основан. Кога едно дете ќе го прифати, односно присвои овој говор како свој во возрасната доба веќе ќе има слика за себеси како неспособен, недоволен и слично, и честопати доколку не се стекне свесност за изворот на тие убедувања може да се случи тие особини да ги пренесува и на околината или да избере начин на живот што постојано ќе ги потврдува тие убедувања. Се разбира, овој избор не е свесен.
Н. Ш. Во однос на консумеризмот и штедењето, стравот е поврзан со цената, а срамот со употребната вредност. Од една страна, скоро секој бил соочен со стравот дека нешто ќе вреди повеќе од тоа што може да си го дозволи, а од друга страна, се срами да го употребува подолго тоа што општеството го класификувало како старо. Како да се размислува рационално кога некој се наоѓа на оваа меѓа?
А. Т. Би рекла дека секогаш во случај на дилема треба да се вратиме на едно основно прашање на коешто е пожелно да си дадеме искрен одговор: „Иако ми се допаѓа, дали ова навистина ми е потребно?“ или народски кажано „Што ќе ми е ова?“. Некогаш работите не ги купуваме поради тоа што имаме потреба од нив, туку поради пополнување емоционална празнина, но треба високо ниво на свесност со цел тоа да го препознаеме. Исто така, не е на одмет да го земеме предвид и фактот дека за многу непотребни работи околу нас во домот сме дале одредена сума пари, а за таа сума пари сме потрошиле неповратно време и енергија додека сме ги заработиле. Нашето време и енергија се вистинската валута со којашто ги плаќаме работите, така што вреди да се застане и да се размисли во што сакаме да ги инвестираме – дали во изобилство од бескорисен, брзо расиплив посед или во неколку, но трајни и квалитетни работи?
Покрај тоа, ако ја земеме предвид еколошката катастрофа настаната од потрошувачкиот стил на живот, новиот продукт станува луксуз за човештвото. Време е конечно да раскрстиме со идејата за поседот како статусен симбол и повеќе да се фокусираме на она што сме, отколку на она што го имаме. Во секој случај, голи сме дошле на планетава и голи ќе ја напуштиме.
Н. Ш. Потрошувачката култура го насочи човекот кон поистоветување на старото и неупотребливото со корисното, особено во неговиот однос кон облеката и технологијата. Крпењето, шиењето, лепењето и поправањето повеќе не се дел од секојдневната пракса. Каков однос треба да се гради кон користењето на облеката и технологијата?
А. Т. Брзиот ритам на живот, достапноста на секаков тип производ, популарноста на потрошувачката како начин на живот и пружање задоволства како да нема утре доведоа до намален интерес за поправка, како и до недостаток од вештини за тоа. Верувам дека тоа е причината и за непопуларноста и изумирањето на занаетите.
Логиката на просечниот потрошувач е следната: „Зошто да се мачам да поправам нешто кога можам да купам ново?“, а истата произлегува од незнаење. Многу од производите на пазарот се евтини, пресметани во пари, но потрошувачот не ја гледа нивната скапост на други полиња. Тие се всушност скапи поради начинот на производство, а сметката доаѓа подоцна со тоа што нашите евтини удобности се наплатуваат преку: експлоатација на евтина работна сила, нечовечки работни услови и нарушени работнички права, особено во сиромашни земји, како и масовно сечење шуми и загадување на природните ресурси, а сето тоа влијае врз секоја форма живот на планетава.
Мислам дека решението за овој маѓепсан круг мора да биде радикално т.е. да се казнат сите корпорации на коишто сè уште им е дозволено да продолжат со оваа скапа политика и со трендот на „greenwashing“, веднаш да се исфрлат од употреба сите синтетички материјали што се докажано штетни по животот и животната средина (на пр. пластиката) и да се вратат во употреба природните материјали што го имаат истиот, дури и подобар квалитет (на пр. конопот), а технологијата да се насочи во корист на човештвото и животот. За сè она што е веќе произведено од неодржливи материјали може да се смислат начини како повторно да се употреби. Алтернативите се тука и постојат, нема потреба во иднина да измислуваме топла вода. Проблемот е во тоа што светот на политиката нема слух за тие алтернативи сè додека профитот е главната ѕвезда водилка.
Н. Ш. Покрај емоциите, врз потрошувачот влијае и економската пракса, но и материјалните услови во коишто живее. Не може секогаш да се купува квалитетно затоа што тоа чини премногу, а тоа што може квантитативно да се купи, повеќе не поседува долготрајност. Ако не може да се отфрли целосно потрошувачката, тогаш како може да се штеди паметно?
А. Т. Тука не би набројувала совети за паметно штедење, мислам дека сме заситени од таков тип информации. Повеќе би сакала да посочам активности што би ја одржале културата на реупотреба жива. Мислам дека во нејзината суштина е принципот на самоорганизирање. Не се потребни којзнае какви ресурси за да се организира еден настан, потребно е време, простор и креативност. Секој може да иницира разни интересни настани каде што парите немаат никаква улога. Може да разменуваме и други половни предмети освен облека и книги, да создадеме еден “hub” од предмети што можеме заеднички да ги поседуваме и споделуваме бидејќи нема потреба секој засебно да ги купува (на пр. алати), да разменуваме услуги за услуги или добра итн. Така навистина можностите се неограничени! Со заедничко штедење сите би штеделе паметно, би развивале дух на солидарност, би имале поголема мотивација, би се дружеле повеќе и би било многу позабавно!
Н. Ш. Вие сте иницијатор и организатор на многу активности за развивање на размената како дел од нашата култура. Позајмувањето, разменувањето и подарувањето употребени работи не се стекнати карактеристики на другарството. Како може да се промени тоа?
А. Т. Сè уште постои табу околу користените предмети. Но, со помош на социјалните мрежи и подемот на онлајн продавници од втора рака, тоа малку се менува во последно време. Сепак, овие начини потребно е да станат дел од секојдневието токму поради споменатите придобивки од истите. Како да се направи тоа? Само со константност, присутност, зборување за работите и поттикнување иницијативи што покрај самиот чин на споделување, ќе поттикнат и социјализација, како и настани и простори каде што луѓето ќе се чувствуваат пријатно. Табуто и срамот поврзани со штедењето можат да се побијат само со зборување за тоа. Константноста, истрајноста и креативноста при организирање настани од ваков тип мислам дека се најважни фактори за успешноста и за шансата тие настани да прераснат во некој вид супкултура или движење.
Н. Ш. Кога се зборува за штедливоста треба да се мисли и на скржавоста. Како да бидеме штедливи, а да не станеме скржави?
А. Т. Веројатно границата меѓу штедливоста и скржавоста е тенка и лесно е да се премине, а ниту едно одење во екстремност не е корисно. Би рекла дека за да не се случи тоа, важно е да се преиспитуваме повремено зошто правиме нешто и кој е нашиот мотив за тоа. Покрај тоа, самиот начин на којшто се чувствуваме во одредена ситуација веројатно може да ни даде многу информации – доколку чувствуваме дека сме направиле добро дело при одреден потрошувачки избор, веројатно се работи за штедливост, а доколку се чувствуваме под постојан притисок и анксиозност дека некој нешто ќе ни одземе и доколку не сакаме да споделиме од своето, често се ограничуваме од работи во коишто би уживале само за да не потрошиме па тогаш веројатно веќе сме преминале во некаква форма на скржавост. Штедливоста не треба да претставува уште еден терет или тегоба на дневното мени, туку свесен избор за којшто наградата е чувство на доброчинителство кон себеси и кон заедницата.
Лектура: Е. М.
Intervistë me Ana Todorovska
Nikolla Shindre: “Ana Todorovska është aktiviste shumëvjeçare. Ajo në mënyrë aktive është e kyçur në iniciativat për hapësira të lira kulturore, ka marrë pjesë në protestat e studentëve dhe organizon evente që inkurajojnë luftën kundër konsumizmit. Shkruan poezi dhe përdor metoda të ndryshme për të paraqitur më të mirën dhe të mundshmen.
Ana, ju jeni kreatore e “MRAK” – një nismë artistike që tregon pavetëdijen e një personi. Njeriu jo gjithmonë ndihet rehat kur duhet të përballet edhe me atë anë. Pse mendoni se është e nevojshme artistikisht të përfaqësohen ‘të zezat’?”
Ana Todorovska: “Njeriu jo vetëm që nuk ndihet rehat, por shpesh ikën nga përballja me errësirën e tij, kështu që do të bëjë gjëra edhe më të tmerrshme vetëm për të shmangur atë takim, ndoshta jo aq të tmerrshëm. Megjithatë, e vetmja mënyrë për të qenë person i kompletuar është të njoftohemi me hijen tonë, ta pranojmë dhe të e integrojmë si pjesë e vetes. Ndonëse nisi rastësisht, ideja primare e projektit tim “MRAK” është që në mënyrë të thjeshtë të tregoj mangësitë kolektive, frikën dhe turpin, vrimat në shoqëri dhe besoj se edhe ne, individualisht do ta gjejmë veten në to. Personalisht, mendoj se kjo është edhe ideja e artistit – të ndriçojë rrugicat e errëta të përditshmërisë, më e rëndësishmja që të mos harrojmë se jemi njerëz. Ajo nuk ka nevojë të bëhet në mënyrë të bukur dhe me vlera estetike. Për mua e rëndësishme është vlera shprehëse – nëse një vepër arrin të ngjallë një emocion tek vëzhguesi, mendoj se ia ka arritur qëllimit”.
N. Sh. Thënia popullore “ Nga frika iket, nga turpi jo” disi njofton se, kur një njeri do të përballet me frikën, mund të mos ketë më turp. Por shpesh herë ajo nuk është ashtu. Çfarë mendoni ju për këto dy emocione që vazhdimisht janë të pranishme në të vetëdijshmen dhe të pavetëdijshmen?
A. T. Frika është një nga emocionet themelore dhe universale, ndërsa turpi më shumë lidhet me normat morale të një komuniteti, kontekst i caktuar shoqëror dhe vetëvlerësim negativ që lidhet me atë kontekst. Edhe të dyja kanë një qëllim në një dozë të rekomanduar – frika e ruan vreshtin, dhe njerëzit me mungesë turpi ndoshta nuk kanë një ndjenjë të zhvilluar për anëtarët e tjerë të shoqërisë ose për pasojat e veprimeve të tyre.
Megjithatë, pjesa më e madhe e edukatës të përgjithshëm është e mbushur me frikë dhe turp, e ndjekur nga shumë mesazhe negative që prindërit i përcjellin në mënyrë të pavetëdijshme, të tipit të “mos e bëj këtë, mos e bëj atë”, shpeshherë nga frika personalë, e cila mundet, ose nuk duhet që gjithmonë të jetë i bazuar. Kur një fëmijë e pranon, d.m.th. e përvetëson këtë bisedë si të tijën, ai, në moshë madhore, për veten do të ketë një imazh, si i paaftë, i pamjaftueshëm etj., dhe shpesh herë, nëse nuk fitohet vetëdija, për burimin e këtyre bindjeve, mund të ndodhë që ai ato tipare të i transmeton edhe mjedisin, ose të zgjedhë mënyrë jetese, që vazhdimisht do të i konfirmojë ato bindje. Sigurisht, kjo zgjedhje nuk është e vetëdijshme.
N. Sh. Për sa i përket konsumizmit dhe kursimit, frika lidhet me çmimin, ndërsa turpi me vlerën e përdorimit. Nga njëra anë, pothuajse gjithkush ka qenë i përballuar me frikën se diçka do të vlejë më shumë se ajo sa mund ta përballojë, dhe nga ana tjetër, ka turp të përdorë më gjatë, atë që shoqëria e ka klasifikuar si të vjetër. Si të mendojë racionalisht, kur dikush gjindet në këtë kufi?
A. T. Unë do të thosha se gjithmonë në rast dileme, duhet t’i kthehemi një pyetjeje bazë, së cilës është e dëshirueshme t’i përgjigjemi sinqerisht: “Edhe pse më pëlqen, vallë vërtet më duhet kjo?” ose, ose thënë popullorçe, “Çfarë më duhet kjo?”. Ndonjëherë ne blejmë gjëra, jo sepse kemi nevojë për to, por për të mbushur një boshllëk emocional, por duhet një nivel i lartë i vetëdijes, me qëllim për ta njohur këtë. Gjithashtu, nuk është e kotë të merret parasysh fakti që kemi dhënë një shumë të caktuar parash për shumë gjëra të panevojshme që na rrethojnë në shtëpi, ndërsa për të fituar atë shumë parash kemi shpenzuar kohë dhe energji të pakthyeshme. Koha dhe energjia jonë janë monedha e vërtetë me të cilën ne i paguajmë gjërat, kështu që ia vlen të ndalemi dhe të mendojmë se, në çfarë duam t’i investojmë ato – në një bollëk pasurish të padobishme që prishen, apo në disa gjëra, por, të qëndrueshme dhe cilësore?
Për më tepër, nëse marrim parasysh katastrofën mjedisore, të shkaktuar nga mënyra e jetesës së konsumatorit, produkti i ri bëhet një luks për njerëzimin. Është koha që, në fund të shkëputemi nga ideja e zotërimeve si një simbol statusi, dhe të fokusohemi më shumë tek ajo se kush jemi, sesa në atë që kemi. Në çdo rast, ne kemi ardhur në këtë planet lakuriq dhe do ta lëmë atë lakuriq.
N. Sh. Kultura e konsumatorit ka bërë që njeriu të barazojë të vjetrën dhe të papërdorshmen me të dobishmen, veçanërisht në raportin e tij me veshjen dhe teknologjinë. Arnimi, qepja, ngjitja dhe ndreqja nuk janë më pjesë e praktikës së përditshme. Çfarë qëndrimi duhet të ndërtohet ndaj përdorimit të veshjeve dhe teknologjisë?
A. T. Ritmi i shpejtë i jetës, disponueshmëria e çdo lloj produkti, popullariteti i konsumit si mënyrë jetese, dhe ofrimi i kënaqësive sikur nuk do të ketë të nesërme kanë çuar në uljen e interesit për riparimin, si dhe mungesën e aftësive për të. Besoj se kjo është edhe arsyeja e jopopullaritetit dhe zhdukjes së zejeve.
Logjika e konsumatorit mesatar është kjo: “Pse të mundohem të rregulloj diçka, kur mundem të blej të re?”, dhe kjo buron nga injoranca. Shumë prej produkteve në treg, janë të lira, të llogaritura në para, por konsumatori nuk e sheh shtrenjtësinë e tyre në fusha të tjera. Ato janë në fakt të shtrenjta për shkak të mënyrës se si prodhohen, dhe fatura vjen më vonë, pasi që komoditetet tona të lira, paguhen përmes: eksploatimit të fuqisë të lirë punëtore, kushteve jonjerëzore të punës dhe të drejtave të shkelura të punëtorëve, veçanërisht në vendet e varfra, si dhe shpyllëzimit masiv. dhe ndotja e burimeve natyrore, dhe të gjitha këto ndikojnë në çdo formë të jetës në planet.
Mendoj se zgjidhja e këtij rrethi vicioz, duhet të jetë radikale d.m.th. të ndëshkohen të gjitha korporatat të cilave ende ju lejohet të vazhdojnë këtë politikë të shtrenjtë dhe me tendencën e „greenwashing” të larjes së gjelbër, menjëherë të hiqen nga përdorimi, të gjitha materialet sintetike që janë vërtetuar se janë të dëmshme për jetën dhe mjedisin (p.sh. plastika) dhe të kthehen në përdorim materialet natyrore, që e kanë të njëjtin , bile edhe kualitetin më cilësor (p.sh. konopi), ndërsa teknologjia të drejtohet në dobi të njerëzimit dhe jetës. Për çdo gjë, që tashmë është prodhuar nga materiale jo të qëndrueshme, mund të mendohet mënyrë për t’u ripërdorur. Alternativat janë këtu dhe ekzistojnë, dhe nuk ka nevojë në të ardhmen të shpikim ujë të nxehtë. Problemi është se bota e politikës është e shurdhër ndaj këtyre alternativave, për sa kohë që fitimi është ylli kryesor udhërrëfyes.
N. Sh. Përveç emocioneve, konsumatori ndikohet edhe nga praktika ekonomike, si dhe nga kushtet materiale në të cilat ai jeton. Nuk mundet gjithmonë të blihet cilësi e lartë, sepse ajo kushton shumë, ndërsa ajo që mundet të blihet në sasi, nuk ka jetëgjatësi. Nëse nuk mundet të refuzohet plotësisht konsumimi, atëherë si mundet të kursehet me mençuri?
A. T. Unë këtu nuk do të rendisja këshilla të mençura për kursimin, mendoj se jemi të ngopur me atë lloj informacione. Më mirë do të theksoja aktivitete, që do ta mbanin gjallë kulturën e ripërdorimit. Mendoj se në thelbin të tij qëndron parimi i vetëorganizimit. Nuk janë të nevojshme ku me ditë se çfarë burimesh për të organizuar një ngjarje, kërkon vetëm kohë, hapësirë dhe kreativitet. Gjithkush mundet të iniciojë ngjarje të ndryshme interesante, ku paratë nuk kanë asnjë rol. Gjithashtu munde të shkëmbejmë edhe sende tjera të përdorura përveç rrobave dhe librave, të krijojmë një “hub” qendër artikujsh që mund t’i zotërojmë, dhe t’i ndajmë së bashku, sepse nuk ka nevojë që të gjithë t’i blejnë ato veç e veç (p.sh. vegla), të shkëmbejmë shërbime për shërbime ose mallra. etj. Pra, mundësitë janë vërtet të pakufishme! Duke kursyer së bashku, të gjithë do të kursenim me mençuri, do të zhvillonim një frymë solidariteti, do të kishim më shumë motivim, do të bënim më shumë miq dhe do të ishte shumë më argëtuese!
N. Sh. Ju jeni iniciator dhe organizator i shumë aktiviteteve për të zhvilluar shkëmbimin si pjesë e kulturës sonë. Huazimi, shkëmbimi dhe dhënia e gjërave të përdorura nuk janë karakteristika të fituara të miqësisë. Si mund të ndryshohet kjo?
A. T. Ka ende një tabu rreth artikujve të përdorur. Por, me ndihmën e mediave sociale dhe rritjen e dyqaneve online, në kohët e fundit kjo ka ndryshuar pak. Megjithatë, këto mënyra duhet të bëhen pjesë e përditshmërisë, pikërisht për shkak të përfitimeve të përmendura prej tyre. Si ta bëjmë atë? Vetëm me konsistencë, prezencë, të folur për gjëra dhe iniciativa inkurajuese që përveç aktit të ndarjes, do të nxisin socializimin, si dhe ngjarje dhe hapësira ku njerëzit do të ndihen rehat. Tabuja dhe turpi i lidhur me kursimin mund të kapërcehen vetëm duke folur për të. Qëndrueshmëria, këmbëngulja dhe kreativiteti gjatë organizimit të eventeve të këtij lloji, mendoj se janë faktorët më të rëndësishëm për suksesin, dhe mundësinë që ato ngjarje të shndërrohen në një lloj nënkulture apo lëvizjeje.
N. Sh. Kur flasim për kursim, duhet të mendojmë edhe për koprracinë. Si mund të jemi kursimtarë pa u bërë dorështrënguar?
A. T. Ndoshta kufiri midis kursimit dhe koprracisë është i hollë, dhe i lehtë për t’u kapërcyer, ndërsa asnjë ekstrem nuk është i dobishëm. Unë do të thoja se për të parandaluar që kjo të ndodhë, është e rëndësishme që herë pas here, të pyesim veten pse bëjmë diçka, dhe cili është motivi ynë për këtë. Megjithatë, mënyra se si ndihemi në një situatë të caktuar, ndoshta mund të na japë shumë informacione – nëse mendojmë se kemi bërë ndonjë vepër të mirë, gjatë zgjedhjes të caktuar konsumatore, ndoshta ka të bëjë me kursimin, dhe nëse ndihemi nën presion të vazhdueshëm dhe ankth, se dikush do të na mare diçka, dhe nëse nuk duam të ndajmë diçka prej gjërave tona, shpeshherë e kufizojmë veten, nga gjërat me të cilat do të kënaqeshim, vetëm e vetëm që të mos shpenzojmë, kështu që ndoshta tashmë kemi kaluar në ndonjë formë koprracie. Kursimi nuk duhet të jetë edhe një barrë, apo barrë në menunë e ditës, por një zgjedhje e vetëdijshme, për të cilën shpërblimi është një ndjenjë dashamirësie, ndaj vetes dhe ndaj komunitetit.
Lektura: E. M.
Përktheu E. M.