Интервју со Кирил Арсовски – Пржо
Кирил Арсовски Пржо – еколог и професор по биологија, уредник на еколошката медиумска платформа ДОМА при Институтот за комуникациски студии – Скопје.
Никола Шиндре: „Кирил Пржо е познат активист од своите средношколски и студентски денови. Учествувал во повеќе gras root движења за заштита на градското зеленило и животната средина. Уредник е на website за развој и проширување на знаењето за екологијата.
Кирил, првите цивилизации започнуваат кога човекот го напуштил ловот за да почне да одгледува земјоделски култури од кои што ќе може да добива храна во текот на целата година. Науката за животната средина го третира и тоа – грижата за земјата. Каков е начинот на кој што тоа знаење се пренесува од една на друга генерација?“
Кирил Арсовски – Пржо: „Еволуцијата на модерниот човек кон организирано живеење и градење на човечките култури и цивилизации онакви какви што ги познаваме, претставува долг и комплексен процес за кои науката сè уште нема точни, јасни и дефинирани распореди и временски рамки. Секако развојот на човечките цивилизации се движел со различно темпо и во различен правец низ Земјините широчини и должини, со различен успех. Клучен аспект од еволуцијата на човекот, не само како на вид, ама и како култура била и е тесно поврзана со екосистемите кои ги населува и можноста човекот да ги промени и прилагоди кон своите потреби.
Во историјата, археологијата, палеонтологијата, антропологијата и социологијата постојат различни дефиниции односно појдовни точки од каде сме престанале да бидеме орди и сме почнале да развиваме стабилни, постојани населби кои резултирале со значен технолошки развој. Но, важно е да се напомене дека овој развој не би клучен за опстојување на културите и народите кои ќе се формираат во текот на повеќе милениумската човечка цивилизација, па така и денес се соочуваме со различен степен на урбан, културен и социјален развој во различни делови на Земјата, повторно носен од природните и климатски услови.“
Н. Ш. Земјоделството има многу пречки, двете основни се: климатската катастрофа и изумирањето на биодиверзитетот. Ние сме мала држава, но големите глобални проблеми висат и над македонското општество. Многумина не се доволно информирани за земјоделството, шумарството и водостопанството и покрај тоа што се особено важни за поединецот. Како нашето општество треба да почне да ги расправа овие прашања?
К. А. За многумина теоретичари, ставањето на семка во почвата од страна на човекот е почеток на развој на цивилизациите и културите. Како минува времето, историската скала за тоа кога почнал човекот да ја скротува и менува историјата се враќа сè повеќе во далечната историја. Човекот скротувал, припитомувал, фармирал, хибридизирал и менувал животински видови во последниот десет милениуми, а може и повеќе. Човекот успеал да создаде начини и методи, да ја контролира екологијата на растителните видови, така што да добива поголеми, повкусни, посочни или пак поиздржливи плодови. Овој процес на менување на природните карактеристики на видови, како и значајна и силна промена на изгледот на земјиштето со цел развој на земјоделството преку садење на монокултури може да се нарече и симплификација на природата. Иако така не делува, но човекот со своите силни инфраструктурни и индустриски зафати ја поедноставува природата, што резултира со намалена видова и екосистемска разновидност.
Да, точно е дека денес одгледувањето на автохтони и локални сорти значајно може да ја подобри состојбата на животната средина, но тоа преставува исклучиво скап процес кој сигурно би влијаел на економијата и цената на производите. Науката понудила бројни одржливи земјоделски практики преку кои човештвото може да произведува храна со мало или минимално влијание врз животната средина.
Н. Ш. Дел од еколозите алармираат дека сушата е главниот проблем на овој век. Недостигот на вода, недостатоците во хидро-мелиоративните системи се само дел од проблемите. Во некои македонски градови од поодамна има рестрикции на питка вода (Неготино), но ова сè уште не е секојдневен проблем во поголемите урбани центри. Какви глобални промени се очекуваат во иднина и со кои од нив ќе се соочуваме?
К. А. Сушата е пропратен партнер на климатските промени во 21-от век и се процес кој сè повеќе ќе се интензивира заедно со последиците што доаѓаат со него. Во Македонија не се соочуваме со класична суша, туку со сериозни проблеми со циклусот на вода. Во Македонија не е намален значајно процентот на дожд на годишно ниво, туку динамиката со која таа вода паѓа на површината на Земјата. Што значи – периодите на суша се проследени со силни временски непогоди и поплави. Сувата почва во меѓувреме ги губи своите природни способности да ја прими добиената вода. Дополнително, кај нас имаме проблем со управување на сите природни ресурси, особено со водата. Имаме огромни загуби на питка вода, особено во урбаните делови и само многу строги мерки и постапки може да се запре ова.
Н. Ш. На овие проблеми се наталожува и изумирањето на биодиверзитетот. Често се добива информација за загрозени видови, за исчезнати видови… неминовно климатската катастрофа влијае врз животот на фауната и флората. Каков систем на заштита на живите суштества треба да има нашето општество?
К. А. Биолошката разновидност со соочува со неколку проблеми во Македонија:
1. Политичка волја:
– Кај нас ниту една Влада до сега, на ниту еден начин или формат не ја поставила заштита на животната средина, а со тоа и природата како државен приоритет. Кај нас биолошката разновидност се појавува исклучиво во параграфи од проекти финансирани од странски донации.
2. Финансии:
– Заштитата на животната средина преставува многу скапа постапка, а негативната страна е колку повеќе се одложува решавањето на еколошките проблеми тие стануваат сè поскапи. Во ниту еден момент не верувам дека ќе дојде влада што ќе се посвети финансиски на решавање на проблемите.
3. Институционален дефицит:
– Нема како да се објасни ова освен дека во Македонија физички и правно недостасуваат државни организации што ќе се грижат за животната средина и биолошката разновидност.
Н. Ш. Пожарот и поплавата се опеани во многу митови, епови, легенди и преданија, тие се дел од човечката историја. Двете непогоди се пројавуваат многу брзо, денес почесто, а потоа оставаат штети коишто долго се исправаат. Влијаат врз нас, но и врз целата природа. Како да се заштити населението од непогоди, а да не се оштетува природата?
К. А. Шумските пожари прераснуваат во главна опасност за шумските екосистеми и нивната појава е сè почеста и остава зад себе катастрофални последици. Шумите во Осогово и Малешево сè уште во себе ги чуваат трагите од минатогодишните пожари, што имаа можност целосно да го уништат регионот. Со цел да го намалиме нашето влијание врз создавањето на огнени стихии, треба да ги следиме следните насоки:
– Да избегнуваме да палиме оган на отворено за било која цел;
– Да избегнуваме да правиме логорски оган додека кампуваме на лето;
– Да не употребуваме апарати кои искрат додека престојуваме во шума и на отворено;
– Да се движиме низ шума со автомобили кои не искрат и не испуштаат гориво и масло;
– Да не употребуваме традиционални земјоделски методи за палење на ѓубре и стрништа.
Н. Ш. Голем дел од овие дискутирани проблеми потекнуваат од однесувањето на човекот (цивилизацијата). Какви се Вашите гледишта во однос на системските недостатоци и недостигот од природни добра за да се одржи досегашниот начин на живот?
К. А. Како што пловиме во третата декада од 21-от век клучен збор за успех на човештвото е одржлив развој, односно одржливо, разумно и организирано користење на природните ресурси. Ниту еден тренд во индустријата и културата не води до тоа: евтина лична технологија, крипто валути, зголемен транспорт, зголемена потрошувачка култура – сето ова води до енормно црпење на природните добра со неповратен карактер. Немам оптимистички погледи кон светот денес.
Лектура: Е. М.
Intervistë me Kiril Arsovski – Përzho
Kiril Arsovski – Përzho, ekolog dhe profesor i biologjisë, redaktor i platformës mediatike mjedisore “DOMA” në Institutin për studime të komunikimit – Shkup.
Nikola Shindre: “Kiril Përzho është aktivist i njohur që nga ditët e gjimnazit dhe ato studentore. Mori pjesë në disa lëvizje bazë për mbrojtjen e gjelbërimit urban dhe mjedisit jetësor. Është redaktor i një mediumi për zhvillimin dhe zgjerimin e njohurive për ekologjinë.
Kiril, qytetërimet e para u krijuan kur njeriu braktisi gjuetinë me qëllim për të filluar kultivimin e kulturave bujqësore, nga të cilat mund të merrte ushqim gjatë gjithë vitit. Shkenca e mjedisit jetësor gjithashtu e studion edhe këtë, kujdesin për tokën. Si ajo njohuri kalon nga një brez në tjetrin?”
Kiril Arsovski – Përzho: “Evolucioni i njeriut modern drejt jetesës së organizuar, dhe ndërtimit të kulturave dhe qytetërimeve njerëzore siç i njohim ne, është një proces i gjatë dhe kompleks për të cilin shkenca ende nuk ka rregullime dhe afate kohore të sakta, të qarta dhe të përcaktuara. Natyrisht, zhvillimi i qytetërimeve njerëzore përparoi me ritme të ndryshme dhe në drejtime të ndryshme në gjerësi dhe gjatësi gjeografike të Tokës, si edhe me sukses të ndryshëm. Aspekti kyç i evolucionit të njeriut, jo vetëm si një evolucion i specieve, por edhe si evolucion i kulturës, ishte, dhe ende është i lidhur ngushtë me ekosistemet që ai i banon, dhe me aftësinë e njeriut për të i ndryshuar dhe përshtatur ato. për nevojat e tij.
Në histori, arkeologji, paleontologji, antropologji dhe sociologji, ekzistojnë më shumë definicione ose pikënisje nga ku ne kemi pushuar së qeni hordhi dhe kemi filluar të zhvillojmë vendbanime të qëndrueshme dhe të përhershme që rezultuan në zhvillim të rëndësishëm teknologjik. Por, është e rëndësishme të theksohet se ky zhvillim, nuk është kyçi i mbijetesës së kulturave dhe popujve që do të formohen gjatë mijëvjeçarit të gjatë të qytetërimit njerëzor, kështu që, edhe sot përballemi me shkallë të ndryshme të zhvillimit urban, kulturor dhe social në pjesë të ndryshme të Tokës, të shkaktuara nga kushtet natyrore dhe klimatike”.
N. Sh. Bujqësia ka shumë pengesa, ndërsa dy kryesoret janë: katastrofa klimatike dhe zhdukja e biodiversitetit. Ne jemi shtet i vogël, por problemet e mëdha globale “varen” edhe mbi shoqërinë maqedonase. Shumë njerëz nuk janë mjaftueshëm të informuar për bujqësinë, pylltarinë dhe ekonominë e ujërave, edhe përkrah asaj se janë shumë të rëndësishme për individin. Kur duhet shoqëria jonë të fillojë të i analizojë këto çështje?
K. A. Për shumë teoricienë, vendosja e një fare në tokë nga njeriu, është fillimi i zhvillimit të qytetërimeve dhe kulturave. Me kalimin e kohës, shkalla historike e kohës kur njeriu filloi të zbusë dhe të ndryshojë historinë, kthehet gjithnjë e më shumë në historinë e largët. Njeriu ka zbutur, ка krijuar hibride dhe ka ndryshuar llojet e kafshëve për dhjetë mijëvjeçarët e fundit, ndoshta edhe më shumë. Njeriu krijoi mënyra dhe metoda për të kontrolluar ekologjinë e llojeve bimore, dhe kështu duke përfituar fruta më të mëdhenj, më të shijshëm, më të lëngshëm dhe më të qëndrueshëm. Ky proces i ndryshimit të karakteristikave natyrore të llojeve, si dhe ndryshimi i dukshëm në pamjen e tokës për të zhvilluar bujqësinë përmes mbjelljes së monokulturave mund të quhet edhe simplifikim i natyrës. Ajo nuk ndikon njësoj, por njeriu me aktivitetet e tij të shpeshta infrastrukturore dhe industriale thjeshton natyrën, gjë që rezulton në uljen e diversitetit të llojeve dhe ekosistemit.
Po, është e vërtetë që sot kultivimi i varieteteve autoktone dhe vendase mund të përmirësojë ndjeshëm gjendjen e mjedisit, por përfaqëson një proces jashtëzakonisht të shtrenjtë, që sigurisht do të ndikonte në ekonominë dhe çmimin e produkteve. Shkenca ka ofruar praktika të shumta bujqësore të qëndrueshme përmes të cilave njerëzimi mund të prodhojë ushqim me ndikim të vogël ose minimal në mjedis.
N. Sh. Disa ekologë paralajmërojnë se thatësira është problemi kryesor i këtij shekulli. Mungesa e ujit dhe mangësitë në sistemet hidromelioruese janë vetëm një pjesë e problemeve. Në disa qytete të Maqedonisë, kohë më parë kufizime për ujin e pijshëm (Negotinë), por ky ende nuk është një problem i përditshëm në zonat më të mëdha urbane. Çfarë ndryshimesh globale priten në të ardhmen, dhe me cilat prej tyre do të përballemi?
K. A. Thatësira është partner i ndryshimeve klimatike në shekullin e 21-i, dhe është një proces, që do të intensifikohet gjithnjë e më shumë, së bashku me pasojat që vijnë me të. Në Maqedoni nuk përballemi me një thatësirë klasike, por me probleme serioze në ciklin e ujit. Në Maqedoni nuk ka rënë dukshëm përqindja e reshjeve në nivel vjetor, por dinamika me të cilën ai ujë, bie në sipërfaqen e tokës. QË do të thotë se, periudhat e thatësirës pasohen, nga ngjarje të rënda të motit dhe përmbytje. Toka e thatë, ndërkohë humb aftësinë e saj natyrore për të thithur ujin që rezulton. Përveç kësaj, ne kemi problem me menaxhimin e të gjitha burimeve natyrore, veçanërisht të ujit. Kemi humbje të mëdha të ujit të pijshëm, sidomos në zonat urbane, dhe vetëm me kufizime dhe masa shumë të rrepta, mund të ndalet kjo.
N. Sh. Këto probleme shtohen nga zhdukja e biodiversitetit. Shpesh marrim informacione për lloje të rrezikuara, për lloje të zhdukura etj. Është e qartë se katastrofaa klimatike ndikon në jetën e faunës dhe florës. Çfarë sistemi për mbrojtjen e qenieve të gjalla duhet të ketë shoqëria jonë?
K. A. Diversiteti biologjik përballet me disa probleme në Maqedoni, përkatësisht:
1. Vullnet politik:
Në vendin tonë, asnjë qeveri deri më tani, në asnjë mënyrë nuk e ka vënë mbrojtjen e mjedisit, pra natyrës, si prioritet shtetëror. Në vendin tonë, diversiteti biologjik si term shfaqet ekskluzivisht në paragrafë të projekteve të financuara nga donacione të huaja.
2. Financat:
Mbrojtja e mjedisit është një investim shumë i shtrenjtë, por sa më shumë të vonohet zgjidhja e problemeve mjedisore, aq më e shtrenjtë bëhet ajo zgjidhje. Në asnjë moment nuk besoj se do të vijë një Qeveri që do t’i përkushtohet zgjidhjes financiare të këtij problemi.
3. Deficiti institucional:
Kjo nuk mund të shpjegohet ndryshe, përveç se Maqedonisë fizikisht dhe juridikisht i mungojnë organizatat shtetërore që do të kujdesen për mjedisin dhe diversitetin biologjik.
N. Sh. Zjarri dhe vërshimi këndohen në shumë mite, epe, legjenda dhe tradita, ato janë pjesë e historisë njerëzore. Të dyja fatkeqësitë ndodhin shumë shpejt, sot dhe më shpesh, dhe më pas lënë dëme që pasohen nga një rikuperim i gjatë dhe i vështirë. Ato ndikojnë në ne, por edhe gjithë natyrën. Si të mbroni popullsinë nga fatkeqësitë, duke mos dëmtuar natyrën?
K. A. Zjarret në pyje po bëhen një kërcënim i madh për ekosistemet pyjore, dhe shfaqja e tyre po bëhet gjithnjë e më e shpeshtë dhe lë pas pasoja katastrofale. Pyjet në Osogovë dhe në Maleshevë, ende mbajnë gjurmët e zjarreve të vitit të kaluar, të cilat patën mundësinë ta shkatërrojnë plotësisht rajonin. Me qëllim për të zvogëluar ndikimin tonë në krijimin e stihive të zjarrit, duhet të ndjekim udhëzimet e mëposhtme:
– të shmangim ndezjen e zjarrit në mjedis të hapur, pavarësisht nga qëllimi,
– të shmangim ndezjen e zjarrit gjatë kampingut gjatë verës,
– të mos përdorni pajisje që xixëllojnë gjatë qëndrimit në pyll dhe jashtë,
– të lëvizim nëpër pyll me makina që nuk xixëllojnë dhe nuk rrjedhin karburant dhe vaj dhe
– të mos përdorim metoda tradicionale bujqësore për djegien e plehrave dhe kashtës.
N. Sh. Shumica e këtyre problemeve të diskutuara burojnë nga sjellja njerëzore (qytetërimi). Cilat janë pikëpamjet tuaja në lidhje me mangësitë sistemike, dhe mungesën e burimeve natyrore për të mbështetur mënyrën e deritanishme të jetesës?
K. A. Ndërsa “lundrojmë” drejt dekadës së tretë të shekullit të 21-i, shprehja kyçe për suksesit të njerëzimit, është zhvillimi i qëndrueshëm, pra përdorimi i qëndrueshëm, i arsyeshëm dhe i organizuar i burimeve natyrore. Asnjë trend në industri dhe kulturë nuk çon në një zhvillim të tillë, si për shembull: teknologjia e lirë personale, kriptovalutat, rritja e transportit dhe rritja e kulturës konsumatore. E gjithë kjo çon në rraskapitje të madhe të të mirave natyrore të një natyre të pakthyeshme. Unë nuk kam një pikëpamje optimiste për botën sot.
Leximi: E. M.
Përktheu E. M.