домаКолумниВаско Гичевски: Образовната отуѓеност на децата / Vasko Giçevski: Tjetërsimi arsimor i...

Васко Гичевски: Образовната отуѓеност на децата / Vasko Giçevski: Tjetërsimi arsimor i fëmijëve

Доколку би морале да го окарактеризираме македонското општество, според тоа колку е човечко и колку обичниот човек е жив учесник во истото, можеме слободно да кажеме дека македонското општеството е организам, кој ја отуѓува примарната единка од него. Воспитно образовниот процес не е исклучок од овој процес на отуѓување. Сосема спротивно, може да се каже дека образовната оттуѓеност е првото отуѓување со кое човекот се среќава во својот живот. Причините за ова лежат длабоко во самиот воспитно-образовен процес и претставуваат збир на децениски напластени проблеми. Напластувањето и нерешевањето на проблемите предизвика руинирање на образовниот процес, а воспитниот сегмент веќе од поодамна не е присутен во училиштата.

Долга низа години македонското образование страда од безброј реформи, кои навидум треба да решаваат проблеми, но во суштина креираат десетици нови. Реформите се палијативни, скоро никогаш немаат целисходност, а траат во зависност од тоа колку политичката опција што ги спроведува, ќе остане на власт. Треба да се напомене дека Министерството за образование и наука, кое раководи со целото образование, е институција каде се станува министер не по заслуга и познавање на нештата, туку пред сè поради политички пазар. Буквално случајно можете да станете министер за образование бидејќи истото ресорно министерство не се смета за особено важно. Ваквиот третман на образованието, како и децениското невложување, доведе до тоа да веќе годинава образованието да се наоѓа во полн процут кој мириса на хаос и дезорганизираност. Постои колку за да се каже дека постои, а колку ги извршува своите задачи и цели, тоа не е предизвик за никого.

Пред да се осврнам на тоа како децата се отуѓуваат од образованието, неколку редови и кон тоа што значи да си образован човек и што е образованието во XXI век. Човекот од секогаш се стремел да утврди стандарди за тоа што е образованост, за да може според истите да креира образовани чинители на општеството. Во средниот век образован човек беше оној кој дословно го познаваше светот на религијата, во ерата на просветителството пак, образован човек беше оној што ги кршеше рамките на религискиот светоглед. Индустриското доба на новиот век пак, креираше единки чие образование предимно се стремеше да ги задоволи потребите за работни места креирани од новиот концепт на индустриско општество. Тоа воглавно подразбираше на единки кои имаат профилирано образование со определени раширени аспекти на познавања. Веќе по 1914 година, односно во најновиот век, образованието претрпува драматични промени. Општествата се насочуваа кон што пошироко образовани кадри, кои ќе ги надминат тесните рамки на потребите креирани од индустријата и се стремеа кон проширување на опфатот. Образованието во текот на XX век станува задолжително во поголемиот дел од светот, со што воопштено кажано, се издигна степенот на образованост на светската популација. Модерното доба, односно времето во кое живееме  интересно за разгледување според една негова особена карактеристика, а тоа е немањето на општествен стандард за тоа што е образованост. Дали за образован човек се смета оној што животот го посветил на читање, анализирање, предавање, или пак оној што има профилирано образование од некоја област? Дали како општества треба да се стремиме кон што поголема општа наобразба или пак треба да се стремиме кон се поголема стеснетост на образованието? Во нашиот случај, македонскиот стандард од минатиот век беше што поголемо општо образование за сите. Секој еден образован чинител на општеството требаше да знае барем по нешто од домашната и светска литература, уметност, историја, природните науки и да знае некој светски јазик. Сè ова се знаења кои на единката би му биле од корист во подоцнежното профилирање на образованието и идната професија на единката. Денес пак, не е јасно што се треба некој да знае за да се нарече образован човек, па веројатно затоа под превезот на силни и големи титули ни се провејува тешка необразованост. Декларативно постојат низа на национални стандарди, кои доколку ги разгледате ќе увидите дека сè повеќе се оди кон тоа да се стеснува образованието, а од единката се прави еднострано професионално профилирана личност, која нема што, нема зошто и нема како да расудува за појавите и процесите околу неа. Доволно е само да знае да си ја извршува својата работа според наметнатата општествена поделба на трудот во услови на капиталистичко општество.

Помеѓу експлоатацијата на работникот и профитот на стопанственикот се раѓа отуѓеност како појава и како производ на општествено-производните односи. Современото капиталистичко општество продуцира општествена несигурност, работникот не е сигурен ниту во себе, ниту во својата егзистенција. Тој е принуден да произведува што повеќе со цел да опстои на пазарот. Знаејќи дека квантитетот е секогаш обратнопропорционален од квалитетот, работникот колку повеќе произведува максималистички кажано, толку помалку вреди. За македонското општество работникот и сите околу него се безвредни, а државата само формално се „грижи“ за потребите на работникот, неговиот живот, раст и развој. Децата кои растат во овие семејства се отуѓени деца. Поради општествената положба на нивните родители, тие стануваат своевидна жртва, која се жртвува со цел повеќе да се работи и со тоа да се стигне до повисока општествена положба, која во моментов значи обезбедување на егзистенција. Децата иако мнозина ги третираат како мали и неразвиени личности, личности кои не разбираат што се случува околу нив и сосема луцидно го перципираат општеството и согласно нивните можности го анализираат и разбираат. Нашето општество кое нема стандард за образованост, нема никакви етички и човечки вредности, тие сосема добро го разбираат и се моделираат според истото. Пластично објаснето, децата учат според модел.  Во едно партитократско и длабоко криминогено општество, каде нема ниту воспитен ниту образовен идеал, не може да очекувате дека ќе се изродат деца кои ќе имаат интелектуален стремеж и нивната бројка да е масивна. Сосема напротив, дури и да се изнедрат такви капацитети кај определени поединци, општеството со својата трулост ќе ги уништи бидејќи истите ќе дојдат во културен конфликт со останатиот дел од општеството. Од погоре наведеното  е јасно дека детето тргнува во училиште со перцепции за училиштето, како ненужно, но задолжително. Тоа просто е една институција каде треба да помине определен период на време, по што ќе стекне некаква потврда дека посетувал училиште и имал некаков успех, што ултимативно нема да влијае многу врз неговиот понатамошен животен пат. Последното, особено добро ќе му се вреже во светогледот ако знаеме дека во македонското општество важно е кон која политичка опција припаѓаш, колку пари имаш и какви познанства имаш, а не е важно што умееш и што можеш да дадеш на околината. Во овој контекст, целиот процес на образование е безмалку сведен на учење на податоци, воспитанието отсуствува, детето како единка претставува  само бројка, а образованието за детето пак е туѓа, ненужна и прилично наметната потреба.

Треба да се укаже и на фактот дека македонскиот образовен систем благодарение на лукративните интереси на мнозина реформатори е уништен до коска и повеќе личи на хаос, отколку на систем. Во тој хаос и општествена отуѓеност на образованието ни изминуваат безброј генерации на деца, кои  благо речено во иднина ќе се само непотполни и длабоко измалтретирани личности. Тие стануваат копии, тие стануваат одраз на општеството во кое живеат. Дури и оние што ќе се оттргнат од влијанието на општеството, само поради фактот што стануваат закана за истото, општеството ќе ги искористи сите механизми да се ослободите од поединците, кои сега добиваат признак на бунтовници.

Ј. А. Коменски своевремено напиша: „Лудо постапуваат родителите кои прво од училиштето прават плашило, а потоа децата ги праќаат во училиште“. Доколку кон ова го додадеме и сознанието од општествено-хуманистичките науки, дека свеста на поединецот не го обликува општеството, туку свеста на поединецот е обликувана од општеството, сите ние треба да барем малку и понекогаш да се запрашаме себе си. Доколку нашето општество нè отуѓува, нè дехуманизира, нè експлоатира, доколку нашето општество е страшило кое е живо и постои, зошто сите ние живееме при него и зошто дозволуваме истото да е модел за нашите деца?

Васко Гичевски

Редакцијата на „Гласни идеи“ не нужно се согласува со ставовите изразени во колумната.

Васко Гичевски

Васко Гичевски е роден во 1997 година во Битола. Дипломирал на Институтот за историја на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје во 2020 година. Прогласен е за најдобро дипломиран студент на генерацијата и добитник е на наградата „26 Јули“ од Фондацијата „Франк Манинг“ за покажан особен успех во студирањето. Активно се занимава со проучување на социјалната историја на Османлиската империја (Османлиска Македонија). Автор е на повеќе научни трудови објавени во релевантни научни списанија и четири дигитални – интерактивни мапи на недвижното културно наследство од Османлискиот период во Скопје и Битола. Член е на претседателството на Здружението на историчарите на Република Македонија од 2021 година. Се истакнува во својата дејност во насока на истражување, публикување и популаризирање на марксизмот како политичка филозофија и пракса.

Nëse do të duhej ta karakterizonim shoqërinë maqedonase, sipas asaj sa njerëzore është ajo, dhe sa është pjesëmarrës i gjallë në të njëjtën njeriu i zakonshëm, lirisht mund të themi se shoqëria maqedonase është një organizëm, i cili e tjetërson individin primar prej saj. Procesi edukativo- arsimor nuk bën përjashtim nga ky proces tjetërsimi. Përkundrazi, mund të thuhet se tjetërsimi arsimor është tjetërsimi i parë me të cilin njeriu takohet në jetën e tij. Arsyet për këtë qëndrojnë thellë në vetë procesin edukativo-arsimor, dhe përfaqësojnë një sërë problemesh të shtresuara në dekada. Shtresimi dhe moszgjidhja e problemeve shkaktoi rrënimin e procesit arsimor, ndërsa segmenti edukativ, prej kohësh nuk është prezent në shkolla.

Për një sërë të gjatë vitesh, arsimi maqedonas ka vuajtur nga reforma të panumërta, të cilat supozohet të zgjidhin probleme, por në fakt, krijojnë dhjetëra të reja. Reformat janë paliative, pothuajse kurrë nuk kanë përshtatshmëri, dhe zgjasin varësisht nga ajo, se sa do të qëndrojë në pushtet opsioni politik që i zbaton. Duhet theksuar se Ministria e Arsimit dhe Shkencës, e cila menaxhon të gjithë arsimin, është një institucion ku ministër bëhet, jo për meritë dhe njohuri për gjërat, por mbi të gjitha për shkak të pazarit politik. Bukvalisht rastësisht mund të bëhesh ministër arsimi, sepse e njëjta ministri  nuk konsiderohet veçanërisht e rëndësishme. Trajtim i tillë i arsimit, si dhe mungesa e investimeve dhjetëvjeçare, ka bërë që tashmë këtë vit arsimi të jetë në lulëzim të plotë, duke u qelbur kaos dhe çorganizim. Ekziston aq sa të thuhet se ekziston, dhe sa i përmbush detyrat dhe synimet e tij, nuk është sfidë për askënd.

Përpara se të kaloj në mënyrën se si fëmijët tjetërsohen nga arsimi, disa rreshta për atë se çfarë do të thotë të jesh person i arsimuar dhe çfarë është arsimimi në shekullin XXI. Njeriu gjithmonë është përpjekur të vendosë standarde p[r atë se çfarë është arsimim, në mënyrë që sipas tyre, të krijojë aktorë të arsimuar të shoqërisë. Në mesjetë, person i arsimuar ishte ai që fjalë për fjalë e njihte botën e religjionit, ndërsa në epokën e iluminizmit, person i arsimuar ishte ai që thyente kornizat e botëkuptimit religjioz. Nga ana tjetër epoka industriale e shekullit të ri, krijoi individë, arsimimi i të cilëve synonte kryesisht të kënaqte nevojat për vende pune, të krijuara nga koncepti i ri i shoqërisë industriale. Ajo kryesisht nënkuptonte individë që kanë profilizuar arsimimin me  aspekte të zgjeruara të caktuara të njohurive. Tashmë pas vitit 1914, pra në shekullin më të ri, arsimi pëson ndryshime dramatike. Shoqëritë synonin personelin më të arsimuar, të cilët do të i tejkalonin kornizat e ngushta të nevojave të krijuara nga industria, dhe  përpiqeshin të zgjeronin shtrirjen. Gjatë shekullit të XX-të, arsimi u bë i detyrueshëm në pjesën më të madhe të botës, gjë që, në përgjithësi, ngriti nivelin e arsimimit të popullsisë botërore. Epoka moderne, pra koha në të cilën jetojmë, është interesante për t’u shqyrtuar sipas një, prej karakteristikave të saj të veçanta, që është, mungesa e një standardi shoqëror, për atë se çka është arsimi. Vallë a konsiderohet njeri i arsimuar ai që ia kushtoi jetën leximit, analizës, mësimdhënies, apo ai që ka profilizuar arsimim nga ndonjë fushë? Vallë si shoqëri, a duhet të përpiqemi për arsimim të përgjithshëm sa më të madh, apo duhet të përpiqemi për një ngushtim gjithnjë e më të madh të arsimimit? Në rastin tonë, standardi maqedonas i shekullit të kaluar ishte, arsimimi sa më i përgjithshëm për të gjithë. Çdo anëtar i arsimuar i shoqërisë duhet të dijë të paktën diçka nga letërsia vendase dhe botërore, arti, historia, shkencat natyrore dhe të dijë ndonjë gjuhë botërore. Të gjitha këto janë njohuri që do të i ishin të dobishme  individit në profilizimin e mëvonshëm të arsimimit dhe profesionit të ardhshëm të individit. Megjithatë, sot nuk është e qartë se çfarë duhet të dijë dikush për t’u quajtur  person i arsimuar, dhe ndoshta kjo është arsyeja pse, nën vellon e titujve të fuqishëm dhe të mëdhenj, na përshkon injorancë e rëndë-mungesë arsimimi. Deklarativisht, ka një sërë standardesh kombëtare, të cilat po t’i shikosh do të shohësh se arsimi po ngushtohet gjithnjë e më shumë, dhe individi bëhet person profesionalisht  njëanshëm i profilizuar, i cili nuk ka çfarë, nuk ka pse, dhe nuk ka mënyrë për të i arsyetuar dukuritë dhe proceset rreth tij. Mjafton që ai, të dijë të e kryej punën e vet, sipas ndarjes shoqërore të imponuar të punës në kushtet e një shoqërie kapitaliste.

Midis eksploatimit të punëtorit dhe fitimit të biznesmenit, tjetërsimi lind si fenomen dhe si produkt i marrëdhënieve shoqërore-prodhuese. Shoqëria moderne kapitaliste prodhon pasiguri shoqërore, punëtori nuk është i sigurt as në vetveten as në ekzistencën e tij. Ai detyrohet të prodhojë sa më shumë, me qëllim që të mbijetojë në treg. Duke ditur se sasia është gjithmonë në përpjesëtim të zhdrejtë me cilësinë, sa më shumë që  punëtori të prodhojë, të themi në maksimum, aq më pak vlen. Për shoqërinë maqedonase punëtori dhe të gjithë rreth tij janë të pavlerë dhe shteti vetëm formalisht “kujdeset” për nevojat e punëtorit, jetën e tij, rritjen dhe zhvillimin. Fëmijët që rriten në këto familje janë fëmijë të tjetërsuar. Për shkak të pozitës shoqërore të prindërve të tyre, ata bëhen një lloj viktimë, e cila sakrifikohet me qëllim për t’u punuar më shumë, dhe me atë për të arritur një pozitë më të lartë shoqërore, që aktualisht nënkupton sigurimin e ekzistencës. Edhe pse fëmijët trajtohen nga shumë njerëz si persona të vegjël dhe të pazhvilluar, persona që nuk kuptojnë se çfarë po ndodh rreth tyre, dhe mjaft qartë e perceptojnë shoqërinë , dhe konform mundësive të tyre,  e analizojnë dhe e kuptojnë. Shoqëria jonë, e cila nuk ka  standard për arsimim, nuk ka kurrfarë vlerash etike dhe njerëzore, ata e kuptojnë shumë mirë dhe modelohen sipas të njëjtës. E shpjeguar në mënyrë plastike, fëmijët mësojnë sipas modeli. Në një shoqëri partiokrate dhe thellësisht kriminogjene, ku nuk ka ideal edukativ  e as arsimor, nuk mund të prisni që të lindin fëmijë të cilët do të kenë aspirata intelektuale, dhe numri i tyre të jetë masiv. Përkundrazi, edhe nëse lindin kapacitete të tilla tek individë të caktuar, shoqëria do t’i shkatërrojë ata me kalbësinë e saj, sepse do të vijnë në konflikt kulturor me pjesën tjetër të shoqërisë. Nga e cekura më sipër del qartë se fëmija shkon në shkollë me perceptime për shkollën, si të panevojshme, por të detyrueshme. Është thjesht një institucion ku ai duhet të kalojë një periudhë të caktuar kohe, pas së cilës do të marrë një vërtetim se ka ndjekur shkollën dhe ka pasur njëfarë suksesi, që në fund të fundit nuk do të ndikojë shumë në rrugën e tij të mëtejshme të jetës. Kjo e fundit, do të jetë veçanërisht e gdhendur në botëkuptimin e tij, nëse e dimë se në shoqërinë maqedonase, e rëndësishme është ajo se cilit opsion politik i përkisni, sa para keni dhe çfarë lloj njohjesh keni, ndërsa nuk është e rëndësishme çfarë mund të bëni, dhe çfarë mund të jepni për rrethin. Në këtë kontekst, i gjithë procesi i arsimit pothuajse është sjellë  në mësim të të dhënave, mungon edukata, fëmija si individ paraqet vetëm numër ndërsa arsimimi për fëmijën është i huaj, i panevojshëm, dhe dukshëm nevojë mjaft e imponuar.

Gjithashtu duhet theksuar se sistemi arsimor maqedonas, falë interesave fitimprurëse të shumë reformatorëve, është shkatërruar deri në kockë, dhe më shumë duket si kaos, sesa si sistem. Në atë kaos dhe tjetërsim shoqëror të arsimit, kalojnë breza të panumërt fëmijësh, të cilët, thënë më butë, në të ardhmen do të jenë vetëm persona të paplotë, dhe të keqtrajtuar thellë. Ato bëhen kopje, bëhen pasqyrë e shoqërisë në të cilën jetojnë. Bile edhe ata që shkëputen nga ndikimi i shoqërisë, vetëm për faktin se bëhen kërcënim për të njëjtën, shoqëria do të përdorë të gjitha mekanizmat, për t’I hequr qafe individët, të cilët tashmë marrin shenjën e rebelëve.

J. A. Konevski dikur shkroi: “Si të çmendur sillen prindërit, që fillimisht nga shkolla bëjnë  dordolec  dhe më pas, fëmijët i dërgojnë në shkollë”. Dhe nëse kësaj i shtojmë edhe njohurinë nga shkencat shoqëroro-humaniste, se vetëdija e individit nuk e formëson shoqërinë, por vetëdija e individit është formësuar nga shoqëria, të gjithë ne, duhet ndonjëherë të pyesim pak  veten. Nëse shoqëria jonë na tjetërson, na çnjerëzon, na eksploaton, nëse shoqëria jonë është  dordolec që është i gjallë dhe ekziston, atëherë pse të gjithë ne, jetojmë me të, dhe pse  lejojmë, që i njëjti të jetë model për fëmijët tanë?

Vasko Giçevski

Korrektimi dhe korrigjimi: N. R. Sh.

Redaktorët e Ide të zëshme nuk pajtohen domosdoshmërisht me pikëpamjet e shprehura në rubrikë.

Vasko Giçevski

Përktheu  E. M.

Redaksia e Ide të zëshme, nuk pajtohen domosdoshmërisht me pikëpamjet e shprehura në kolumnë.

Vasko Giçevski ka lindur në vitin 1997 në Manastir. Ka diplomuar në Institutin Historik të Fakultetit Filozofik në Universitetin “Shën Kirili dhe Metodi” në Shkup në vitin 2020. Ai u shpall studenti më i mirë i diplomuar i gjeneratës dhe mori çmimin “26 korriku” nga Fondacioni “Frank Manning” për sukses të veçantë në studime. Ai është i angazhuar në mënyrë aktive në studimin e historisë shoqërore të Perandorisë Osmane (Maqedonia Osmane). Ai është autor i disa punimeve shkencore të botuara në revista shkencore përkatëse dhe katër hartave digjitale-interaktive të trashëgimisë kulturore të patundshme nga periudha Osmane në Shkup dhe Manastir. Nga viti 2021 është anëtar i kryesisë së Shoqatës së Historianëve të Republikës së Maqedonisë. Ai veçohet në veprimtarinë e tij në drejtim të kërkimit, botimit dhe popullarizimit të marksizmit si filozofi dhe praktikë politike.

RELATED ARTICLES