домаКолумниМариглен Демири: Едно две три тези / Mariglen Demiri: Një dy tre...

Мариглен Демири: Едно две три тези / Mariglen Demiri: Një dy tre teza

Портрет на Мариглен Демири, Васко Џамбаски, 2014 г.

Држењето дистанца од политичките и општествените случувања, во перспектива на рефлексија и на анализа, не само што не ја разбиструва позицијата на отчитување на стварноста со сите нејзини собитија, туку дополнително ја заматува и ја полни со наслаги кои ја нишаат дотогаш изградената позиција.

Вака некако ќе го започнам мојот текст, без посебен план за тоа како ќе заврши и колку во него ќе нафрлам недозволиви логички слоеви на претпоставки и контрадикции.

Како учесник во доста протестни движења во минатото, иницијативи и политичка партија, можам да кажам дека последниве неколку години имав една пасивна улога на следење на политичката динамика и општествените релации со политиката. Тоа не значи дека не ја следев и не учествував, туку значи дека не се обидував активно да ја менувам истата, иако базичната теза на мојата севкупна интелектуална, па и политичка активност во минатото била дека стварноста е таа која може да се менува, а истата првенствено треба да се спознае. Спознавањето не ми е цел на овој текст, така што тоа ќе го оставам настрана. Оттука стварноста има логичка и рационална конструкција, а со неа може да се манипулира, во најмала мера да се учествува. Така, во однос на политичката активност, секогаш важната логичка релација е дека не е важно да учествуваш во стварноста, туку истата да се обидеш да ја промениш. Значи, да се верува во политика, значи да се верува во промена, во диктатот на флуксот, а не на скаменетата стварност, еднаш засекогаш дадена. Овие тези не само што дузина филозофи ги артикулирале и ги согледувале, туку остануваат значајна мислечка осовина на политичката левица, онаа којашто согласно идеите на нејзините основачи, но и нејзините иследители, како и нејзините модифицирачи (најмалку со благ осет), ја догматизирале како појдовна методолошка дисциплина од која менување нема. Не се менува само менувањето.

Овие тези се тезите коишто и јас како човек ги следам, со сите маани, мои, но и на самите тези, за кои немам намера да зборувам тука и сега. Значи светот се менува, а оттука се менуваат и позициите, нашите, на нашите блиски, и на општеството каде живееме. Општеството во коешто ние живееме, во периодот од 2011 до 2017 година третираше социјални политички теми, со малку срамежлив јазик, без стабилни политички и економски концепти и секогаш тие теми завршуваа со тезата дека солидарноста е важна инстанца. Солидарноста во оваа насока значеше дека оној кој има многу, треба да даде нешто од тоа што го има, и во таа насока на оној кој нема или има помалку, да му се учини, помогне, да се поттурне, и на тој начин да се порамни рељефот на едните (кои имаат) и другите (кои немаат). Многу заблуди беа изнесувани и нафрлувани во оваа насока. Особено заблудата дека едните кои имаат, ќе го сторат тоа во име на другите кои немаат. Логичката врска која го поврзува едното со другото не постои, доколку постои, таа е изолирана во главите на оние кои не се во состојба да ги согледаат односите во општеството и историски напластените догми во врска со трудот, вредноста, акумулацијата и организацијата на економијата и нејзините импликации. Значи, оној кој има, нема да даде, па макар тоа се раскаже и преведе на сите можни јазици, на сите можни предизборни митинзи и напише на сите можни книги. Станува збор за дистрибуција, дистрибуција на пари, на моќ, на вишок вредност, на нешто коешто оној којшто откако се стекнал, нема расположение да се ослободи, без некоја инстанца како апарат или форма, во политичката теорија како институција и држава, а не некој поединец, лидер или активист на политичка партија, не се „нафати“ да ја спроведе таа операција.

После 2017 година, испадна дека сето ова било само реторика, промена на власт и вшинување во истата траса на економската и политичката структура. Уште еднаш јасна насока со уште појасен заклучок дека иако дискурсот и нарацијата влијаат во однос на интерпретацијата на стварноста, силата која ја имаат да ја променат стварноста е млака, да не кажам слаба, со импликации уште посилни во насока на создавање на контрапунктни позиции. Расположение спротивно на воспоставената реторика, отфрлање на поимите (емпатија, солидарност и борба), манифестирање на разочарување и апатија. Значи, реториката како средство во дневно политичка комуникација се користи за да лови гласови и нејзиниот обем е секогаш инклузивен и интегративен за јавноста. Откако се преземаат уздите на државата, во дневно политичка шема на капиталистички инженеринг на либералната демократија, долгот кон оние кои ја финансираат политичката полемика се исплаќа. Оттука, реториката не верува во политички промени, туку таа се менува во насока на промена на квалитетот на опфаќање на стварноста.

Во таа насока, факторот којшто беше дел од овие процеси не веруваше во промена, иако промени доста елементи кои не одат во насока на економската еманципација, оттука и солидарност и емпатија, туку создавање на контрареволуционерни иницијативи, чија антагонизација не поаѓа од економска или политичка позиција, туку од етничка пред сè.

Денес, присутни во јавноста се идеите за национално предавство, губење на национален суверенитет, национален идентитет, национална историја натопена во преторијански идеи за национални историчари, национални непријатели. Овие варијации се повикуваат на етничката основа како базична и неменлнива во проектирањето на политичката стварност, веруваат дека таа е погонот којшто го движи реалитетот, историјата и себството и концептите за емпатијата, солидарноста и инклузијата се врамени во етничката рамка како носечка и своевидна Архимедова точка. Ова приказна станува репетиција на јавноста и на политичките партии на власт и опозиција, на мали или големи партии, на т.н. леви или т.н. десни партии, пред сè партии кои етнички се дефинираат како македонски.

Овие дебати, не само во т.н. интелектуални кругови во нашата т.н. држава, туку и во пошироки рамки, сакате балкански, сакате и светски, станаа присутни и светообјаснувачки. Либералниот Запад, кој економските структури не ги мрда ни за милиметар и кој низ милитаризирачки безбедносни географски јазли го снабдува западниот свет со удобности, а со тоа одржувајќи го капитализмот на едно своевидно функционално рамниште од една страна, а од друга пак, т.н. Исток, во кој капитализмот е присутен исто така, се бори за енергетски ресурси и политички одржува антагонистички однос кон политичките и вредносни приоритети на западот. Перформансот во оваа насока е гротескен т.н. антиглобализам, кој се плашат да го наречат капитализам, економски систем врз чија основа елитите во овие држави градат доминација. Всушност контра одговорот против либералниот Запад би бил интернационализам, а не капиталистичко-националистички антиглобализам, следејќи ја тезата за судир на цивилизации (ова и т.н. левичари го тераат по социјални мрежи, нешто со што сите ние останатите се исмеваме), а не на класи.

Поволноста којашто политичката левица ја имаше во 2008 година, се чини дека останува минато, не само поради условите на системот, туку и поради млакоста и хетерогеноста на политичката левица да се структурира и да се заврти против историјата. Тоа што е уште потрагично во случајот на балканските земји е тоа што истите ја следат националната историја како догма од која не се разжлебуваат, особено кога истата треба да се чита низ призмата на материјалистичките концепти, кои нашето поднебје ниту некогаш во интелектуална, а особено во организациска смисла ги усвои, ниту ги разбра.

Тоа што ѝ претстои како предизвик на левицата која органски ги следи базичните концепти за политичка промена е мобилизација на основа на предизвик втемелен на социјални приоритети. Губењето на државата во услови на капиталистички систем во периферна зона на политичко и економско распаѓање и повторно составување со погруб „материјал“, низ иницијативноста на олигархиските структури, со доста длабоки релации со службите за безбедност, политичката бирократија и медиумската пропаганда, не претставува нужност за повик на етно-националната фрустрација, туку повик за широка борба и широк фронт. Тој фронт полека се отвора со инфлацијата, енергетската дупка и сиромаштијата, која засега срамежливо подѕирнува, а во периодот кој следува ќе тропа силно на вратата.

Накрај, сакам да ја поздравам иницијативата на „Гласни идеи“ која прераснува во организација и структура која на доста нескромен начин ја држи линијата на продукција на лева мисла, теорија и иницијативност. Во таа насока, ја поддржувам секоја нивна иницијатива и ги повикувам сите кои некогаш активистички и интелектуално живееја во колевката на левата профилирана мисла, најмалку да орбитираат околу оваа група на луѓе, која ветува не наивна и по секоја цена борба со естаблишментот, туку еманципација и другарска соработка.

Мариглен Демири

Коректура и лектура: Н. Р. Ш.

Редакцијата на „Гласни идеи“ не нужно се согласува со ставовите изразени во колумната.

Mbajtja e distancës nga ngjarjet politike e shoqërore, në këndvështrimin e reflektimit dhe analizës, jo vetëm që nuk e qartëson pozicionin e leximit të realitetit me të gjitha ngjarjet e tij, por e turbullon më tej dhe e mbush me depozita që lëkundin pozicionin e ndërtuar deri atëherë.

Kështu do ta filloj tekstin tim, pa një plan të caktuar se si do të përfundojë dhe sa shtresa të papranueshme logjike supozimesh dhe kontradiktash do të hedh në të.

Si pjesëmarrës në shumë lëvizje protestuese në të kaluarën, iniciativa dhe parti politike, mund të them se vitet e fundit kam pasur një rol pasiv të ndjekjes së dinamikave politike dhe marrëdhënieve shoqërore me politikën. Kjo nuk do të thotë se nuk e kam ndjekur dhe nuk kam marrë pjesë, por do të thotë se nuk jam përpjekur në mënyrë aktive ta ndryshoj, megjithëse teza themelore e veprimtarisë sime të përgjithshme intelektuale, madje edhe politike në të kaluarën ishte se realiteti është ai që mund të ndryshohet, dhe e njëjta në radhë të parë duhet të dihet. Njohuria nuk është qëllimi i këtij teksti, ndaj do ta lë mënjanë këtë. Pra, realiteti ka një ndërtim logjik dhe racional dhe mund të manipulohet, në masën më të vogël të marrë pjesë. Pra, në lidhje me veprimtarinë politike, raporti logjik gjithmonë i rëndësishëm është se nuk është e rëndësishme të marrësh pjesë në realitet, por të përpiqesh ta ndryshosh atë. Pra, të besosh në politikë, do të thotë të besosh në ndryshim, në diktatin e fluksit dhe jo në realitetin e ngurtësuar, të dhënë njëherë e përgjithmonë. Këto teza jo vetëm u artikuluan dhe u perceptuan nga një duzinë filozofë, por mbeten një bosht i rëndësishëm mendimi i së majtës politike, e cila, sipas ideve të themeluesve të saj, por edhe studiuesve të saj, si dhe modifikuesve të saj (të paktën me një sensi i butë), e dogmatizoi si pikënisje një disiplinë metodologjike nga e cila nuk ka asnjë ndryshim. Nuk është vetëm ndryshimi që ndryshon.

Këto janë tezat që unë si qenie njerëzore i ndjek me të gjitha gabimet e mia, por edhe vetë tezat për të cilat nuk kam ndërmend të flas këtu dhe tani. Pra, bota po ndryshon, dhe për këtë arsye pozicionet tona, ato të njerëzve tanë të dashur dhe shoqëria ku jetojmë po ndryshojnë gjithashtu. Shoqëria në të cilën jetojmë, në periudhën nga viti 2011 deri në vitin 2017, trajtonte temat sociale dhe politike, me një gjuhë disi të turpshme, pa koncepte të qëndrueshme politike dhe ekonomike dhe ato tema përfunduan gjithmonë me tezën se solidariteti është një shembull i rëndësishëm. Solidariteti në këtë drejtim nënkuptonte që ai që ka shumë të japë diçka nga ajo që ka dhe në atë drejtim ai që nuk ka ose ka më pak ta ndihmojë, ta inkurajojë dhe kështu t’ua rrafshojë lehtësimin disave. (ata që kanë) dhe të tjerët (ata që nuk kanë). Në këtë drejtim u paraqitën dhe u hodhën shumë keqkuptime. Sidomos keqkuptimi se disa që kanë, do ta bëjnë në emër të të tjerëve që nuk e kanë. Lidhja logjike që lidh njërën me tjetrën nuk ekziston, nëse ekziston, ajo është e izoluar në mendjet e atyre që nuk janë në gjendje të perceptojnë marrëdhëniet në shoqëri dhe dogmat e shtresuara historikisht në lidhje me punën, vlerën, akumulimin dhe organizimin e ekonomia dhe implikimet e saj. Pra, ai që ka, nuk do të japë, edhe sikur të tregohet e përkthehet në të gjitha gjuhët e mundshme, në të gjitha tubimet e mundshme parazgjedhore dhe të shkruhet në të gjitha librat e mundshme. Bëhet fjalë për shpërndarjen, shpërndarjen e parave, pushtetin, mbivlerën, për diçka që ai që pasi e ka fituar, nuk ka humor ta lëshojë, pa ndonjë shembull si aparat apo formë, në teorinë politike si. një institucion dhe shtet, jo dikush një individ, lider apo aktivist i një partie politike, nuk e ka “përsipër” ta kryejë atë operacion.

Pas vitit 2017 doli se e gjithë kjo ishte vetëm retorikë, ndryshim pushteti dhe ndryshim në strukturën ekonomike dhe politike. Edhe një herë  drejtim i qartë me një përfundim edhe më të qartë, se edhepsese diskursi dhe narracioni ndikojnë në lidhje me interpretimin e realitetit, fuqia që ata kanë për të ndryshuar realitetin është e vakët, të mos them e dobët, me implikime edhe më të forta në drejtim të krijimit të pozicioneve të kundërvënieve. Disponim i kundërt me retorikën e vendosur, duke refuzuar nocione (empati, solidaritet dhe luftë), duke shfaqur zhgënjim dhe apati. Pra, retorika si mjet në komunikimin ditor politik, përdoret për të gjuajtur vota dhe shtrirja e saj gjithmonë është gjithëpërfshirëse dhe integruese për publikun. Pasi të merren frenat e shtetit, në  skemë politike ditore të inxhinierisë kapitaliste të demokracisë liberale, borxhi ndaj atyre që financojnë polemikat politike shlyhet. Prandaj, retorika nuk beson në ndryshimet politike, por ajo ndryshon në drejtim të ndryshimit të cilësisë së të kuptuarit të realitetit.

Në atë drejtim, faktori që ishte pjesë e këtyre proceseve nuk besonte në ndryshim, ndonëse ndryshoi mjaft elementë që nuk shkojnë në drejtim të emancipimit ekonomik, pra solidaritetit dhe empatisë, por krijimit të nismave kundërrevolucionare. antagonizmi i të cilit nuk fillon nga një pozicion ekonomik apo politik, por në radhë të parë etnik.

Sot në opinion janë të pranishme idetë e tradhtisë kombëtare, humbjes së sovranitetit kombëtar, identitetit kombëtar, historisë kombëtare të zhytur në ide pretoriane për historianët kombëtarë, për armiqtë kombëtarë. Këto variacione i referohen bazës etnike si bazë, dhe të pandryshueshme në projektimin e realitetit politik, besojnë se është shtysa që lëviz realitetin, historinë dhe vetveten dhe konceptet e empatisë, solidaritetit dhe inkluzioni janë përshtatur në kornizën etnike, si  mbështetje dhe lloj e pikës së Arkimedit. Kjo përallë bëhet një provë për publikun dhe partitë politike në pushtet dhe opozitë, parti të vogla apo të mëdha, të ashtuquajturat të majta apo të ashtuquajturat partitë e djathta, mbi të gjitha parti që etnikisht e përkufizojnë veten si maqedonase.

Këto debate, jo vetëm në të ashtuquajturat qarqe intelektuale në të ashtuquajturin shtet  tonin, por edhe në korniza më të gjera, nëse dëshironi ballkanike, nëse dëshironi edhe botnore, u bënë prezente edhe botësqaruese. Perëndimi liberal, i cili strukturat ekonomike nuk i lëviz as për një milimetër, dhe i cili përmes nyjeve gjeografike të militarizuara  të sigurisë   e furnizon botën perëndimore me komoditete, dhe kështu duke mbajtur kapitalizmin në një lloj niveli funksional nga njëra anë, dhe nga ana tjetër, e asshtuquajtura Lindje, në të cilën është i pranishëm edhe kapitalizmi, lufton për burime energjetike dhe politikisht mban qëndrim antagonist ndaj prioriteteve politike dhe vlerave të Perëndimit. Performanca në këtë drejtim është groteske i ashtuquajtur antiglobalizëm, të cilin kanë frikë ta quajnë kapitalizëm, një sistem ekonomik mbi bazën e të cilit elitat në këto vende ndërtojnë dominimin. Në fakt, kundërpërgjigja kundër Perëndimit liberal do të ishte internacionalizmi, dhe jo antiglobalizëm kapitalist-nacionalist, sipas tezës së përplasjes së qytetërimeve (këtë pra të ashtuquajturit të majtë e shtyjnë në rrjetet sociale, diçka me të cilën  të gjithë të tjerët ne, tallemi), dhe jo me klasat.

Avantazhi që kishte e majta politike në vitin 2008, duket se i përket së shkuarës, jo vetëm për shkak të kushteve të sistemit, por edhe për shkak të vaktësisë dhe heterogjenitetit të së majtës politike për t’u strukturuar dhe kthyer kundër historisë. Ajo që është edhe më tragjike në rastin e vendeve të Ballkanit është se ata e ndjekin historinë kombëtare, si një dogmë nga e cila nuk shpëtojnë, sidomos kur ajo duhet të lexohet në prizmin e koncepteve materialiste, të cilat nënqielli jonë kurrë, as në kuptimin  intelektual, e sidomos në kuptimin organizativ nuk i pranoi, as nuk i kuptoj.

Ajo që si sfidë i qëndron përpara të majtën, e cila  në mënyrë organike i ndjek konceptet bazë për ndryshim politik është mobilizimi i bazuar në një sfidë të bazuar në prioritetet sociale. Humbja e shtetit në kushte të një sistemi kapitalist në një zonë periferike të shpërbërjes dhe ribashkimit politik dhe ekonomik me “material” më të ashpër, përmes iniciativës së strukturave oligarkike, me marrëdhënie mjaft të thella me shërbimet e sigurisë, burokracinë politike dhe propagandën mediatike. , nuk paraqet domosdoshmëri për thirrjen e frustrimit etno-kombëtar, por thirrje për një luftë të gjerë dhe një front të gjerë. Ai front dalëngadalë po hapet me inflacionin, vrimën e energjisë dhe varfërinë, e cila për momentin po shikon me turp, ndërsa në periudhën që vijon, fortë do të trokasë në derë.

Së fundi, dua të e përshëndes iniciativën e “Ide të zëshme” e cila po rritet në një organizatë dhe një strukturë, e cila në një mënyrë. jo mjaftë modeste mban linjën e prodhimit të mendimit të majtë, teori dhe iniciativë. Në këtë drejtim, unë mbështes çdo iniciativë të tyre, dhe u bëj thirrje të gjithë atyre, që dikur kanë jetuar aktivisht dhe intelektualisht në djepin e mendimit të profilizuar të majtë, të paktën të orbitojnë rreth këtij grupi njerëzish, e cila premton, jonaive, dhe me çdo kusht luftë me establishmentin, por emancipim dhe bashkëpunim miqësor.

Mariglen Demiri

Korrektimi dhe korrigjimi: N. R. Sh.

Përktheu E.M.

Redaktorët e “Ide të zëshme” nuk pajtohen domosdoshmërisht me pikëpamjet e shprehura në rubrikë.

RELATED ARTICLES