Интервју со Илија Прокопиев
Илија Прокопиев (1985) е визуелен уметник, графички дизајнер, куратор и издавач, кој живее и работи во Скопје и Љубљана, Словенија. Ко-основач е на „PrivatePrint“, издавачка куќа за уметнички книги и студио за интердисциплинарни истражувања и практики во современата уметност и графичкиот дизајн. Дипломира на Факултетот за ликовни уметности во Скопје во 2008 година, а во 2014 година магистрира на Интердисциплинарните културолошки студии на Институтот за македонска литература во Скопје. Автор е на книгата „Атлас на човековото тело по Аристотел“, уметнички проект реализиран во 2015, а ко-автор на „Незавршена монографија: Јелена Ристеска“ интерпретација на творештвото на македонската уметница Јелена Ристеска, 2016. Во 2011 ја добива наградата „Денес“ за најдобар млад уметник, за делото „Студии за многу големи цртежи“.
Никола Шиндре: „Илија Прокопиев често може да биде забележан како помеѓу уметниците, така и помеѓу публиката во галериите, изложбите и културните настани низ Скопје. Дел од младите и полетни уметници започнале да се претставуваат преку „PrivatePrint“, местото каде што Прокопиев работи. Со него разговараме за позицијата на уметникот и уметноста.
Уметноста се наоѓа помеѓу две стојалишта во човечката мисла, едното дека таа отсликува, а другото дека таа треба да покаже како може да биде. Како Вие ја разбирате уметноста, поточно која треба да биде нејзината цел?“
Илија Прокопиев: „Кога ја поставував мојата прва самостојна изложба, која истовремено беше и мојот дипломски труд, во галерискиот простор на некогашниот културен центар ЦК, имав помош од неколку луѓе-градежници. Инсталацијата беше направена од гипс-картон и цемент и требаше да симулира смалена и малку ротирана одливка од една од просториите на галеријата. Помеѓу инсталацијата и ѕидовите на собата имаше тесен простор кој дозволуваше посетителот да може да ја заокружи целата инсталација. Во текот на работата, помошниците, кои беа професионални ѕидари и одлично си ја вршеа својата задача, неколку пати ме прашуваа зошто ја правам оваа инсталација, поточно за што ќе служи. Јас, тогаш, сè уште недипломиран и заглавен во обиди да ги интелектуализирам работите, се обидував да ја објаснам целта на таа инсталација. Без оглед дали ја разбраа мојата идеја, тие одлично си ја завршија својата работа и верувам дека одлично си ја вршат својата работа и ден денес и убаво живеат од неа, додека пак јас сè уште се обидувам да си објаснам зошто го направив тоа дело.
Затоа, кога јас би се обидел да одговорам на едно, без навреда, малку претенциозно и старомодно прашање, како која е целта на уметноста, одговорот би го барал во начините како уметноста се консумира. Мислам дека тие две работи се поврзани. Уметноста мора да биде дел од економскиот живот на едно општество, треба да биде органски дел од општеството, и само тогаш, веројатно, би можеле да зборуваме за нејзината цел. Доколку општеството не ја консумира уметноста, нејзина цел е да скапува како заборавена брокула во фрижидер.
Затоа мислам дека нејзината цел примарно нема врска со отсликувањето или со покажувањето туку има повеќе врска со економијата, поточно со економските чинители во едно општество. Доколку економијата, која ги опфаќа сите активности поврзани со производството, потрошувачката и трговијата на различни добра и услуги во едно општество, не ја вклучува уметноста, тоа би значело дека таа нема никаква цел. Или ако ова би пробал да го објаснам со вулгарен јазик тогаш би рекол дека уметниците создаваат дела кои можат да отсликуваат, покажуваат и што уште не, но на крај тие дела треба да станат дел од јавниот живот на општеството, со помош на уметничкиот пазар или на уметничката сцена, а со тоа уметникот да си ја обезбеди својата егзистенција и улога во општеството. Додека, пак, уметничкиот пазар и уметничката сцена примарно се економски модели и тие, пред сè, не подразбираат обрт на естетски вредности туку обрт на средства. А како овие модели се поставени во целокупниот систем, тоа на крајот би дефинирало различни цели кои може да ги има уметноста. Дали ќе биде политичка пропаганда, забава за богатите, социјално-ангажирана практика, средство на народот во име на демократија или протест, дали ќе биде едукација или пак практикум за секојдневниот живот на луѓето.
Но, во секој случај, доколку не постојат економските агенти на уметноста (како колекционери, галеристи, поддржувачи, финансиери, консументи итн.), нема да постои ни уметничка сцена која ја сочинуваат изложби, концерти, фестивали, биеналиња, општествено-ангажирани акции итн. Автоматски уметноста нема да може да биде дел од продуктивните сили на општеството, нема да може да учествува во обликување на општествените вредности. Тогаш останува да се верува во блуткавата идеја, дека уметноста има некоја многу повисока цел, која за жал никако да ја стигнеме, па така си се трупаме со дела кои само „отсликуваат“ и „покажуваат“. Мислам дека погрешно е да се мисли дека за уметноста да има цел е доволно делото на уметникот да ја отслика реалноста во која е создадено.“
Н. Ш. Денес современата уметност е особено насочена кон критиката, како кон системот, така и кон центрите на моќ. Но, лесно се забележува дека моќта наоѓа модуси како да ја дисперзира својата идеја и низ уметноста, културата. Како уметниците се борат за слободата на изразување во процесот на творење?
И. П. Веројатно денес уметниците се борат за својата слобода со тоа што тргнуваат во потрага по место или поддршката што нудат поповолни услови за работа без компромиси. Сепак, уметникот денес има голем комодитет да биде свој, поточно може да биде критички насочен кон системот и кон центрите на моќ, затоа што системот во кој живее и работи, како и центрите на моќ не се единствените извори на средства на кои тој ја потпира својата уметничка практика. Тоа, впрочем, ја прави уметноста на денешницата повеќегласна, демократска и разновидна.
Н. Ш. Ликовната уметност доживеала значаен напредок во однос на орудието со кое што го користи уметникот за да се произведе едно убаво дело. Како техничкиот напредок влијае врз развојот на самата уметност или обратно?
И. П. Уметноста секогаш имала корист од технологијата и покрај тоа што не ја следи логиката на технологијата, која со текот на времето станува сè пософистицирана. Технологијата го менува карактерот на уметноста, поточно го менува нашето сфаќање за тоа што сè може да биде уметничко дело. Но тоа што јас мислам дека е уште побитно, како резултат од оваа врска помеѓу уметноста и технологијата, е тоа што благодарение на технологијата денес уметничкото дело има многу подемократски потенцијал. Тоа е мобилно и достапно за многу поширока публика и тоа не само кога е направено во медиум што сам по себе е технички репродуктивен, како што е видеото, фотографијата, уметничката книга или дигиталната слика, туку истото важи и за сите останати медиуми. Валтер Бенјамин во есејот „Уметничкото дело во епохата на техничката репродукција“, а потоа и Џон Берџер во својата книга „Начини на гледање“ (Ways of seeing), зборуваат токму за тоа. Техничката репродукција на уметничкото дело, или техничките можности што ги нуди камерата и печатот, како што вели Бенјамин, му овозможува на уметникот симултано да ѝ се обрати на широка публика во исто време на различни места. Од друга страна, благодарение на новите технологии и интернетот можеме да ја имаме целата светска историја на уметност во одлична колор репродукција во сопствените соби. Уште повеќе, интернетот нуди целосно нови начини на презентирање на уметноста, како и алтернативни начини на успех кои ги заобиколуваат авторитетните културни институции. Или како што Берџер вели „веќе сликите доаѓаат кај нас, а не патуваме ние да ги видиме“.
Н. Ш. Современата уметност последните години е на мета на критика за елитизмот, хегемонијата, начинот на кој што се распределуваат правата и обврските помеѓу уметничкиот еснаф. Тргајќи ги на страна етаблираните и познати уметници во тој свет, како функционираат младите уметници?
И. П. Институционализацијата на уметникот е бирократски процес и секогаш тежнее кон поставување на јасни критериуми кои треба секој уметник да ги исполни. Па така во англиската терминологија на културата многу често се користи терминот emerging artists што на македонски јазик веројатно би се превело како уметници во зародиш (нека не ми замерат јазичарите, доколку преводот не е точен). Овој епитет го има секој уметник кој е на почетокот на својата кариера, без разлика на годините (иако тоа најчесто се уметниците во младоста). Тоа е периодот кога еден уметник се наоѓа пред портите на уметничката сцена и чија уметничка мисла веќе зрее. Со неговиот пробив на уметничката сцена веќе тој престанува да биде emerging и станува етаблиран уметник. Ова би требало да биде очекуваната траекторија на уметникот, но и не мора.
Во еден разговор со мои колеги, кои имаат завршено на престижниот Кралски колеџ за уметност во Лондон, колеџ кој во минатото со самото запишување ја гарантирал уметничката кариера, а со тоа и етаблираноста на своите студенти, дознав дека денес на овој колеџ годишно се запишуваат повеќе од 100 студенти, па така старите добри ветувања за гарантираниот успех стануваат невозможни да се одржат. Но тоа што во овој пример звучеше прекрасно е дека нивните студентски денови им овозможиле да создадат пријателства, кои подоцна прераснале од неформални уметнички групи, па сè до формални здружувања преку кои успеваат да создадат услови за својата работа и кариера. Таквото групирање, може да се каже дека одамна ја има фрагментирано и разјадено таа замислена хегемона уметничка сцена. Денес постојат сцени и постојат многу начини на поддршка. Следствено на ова, тенденцијата да се постане „етаблиран“ станува дискутабилна. Мислам дека младите уметници денес не тежнеат кон некаква етаблираност туку повеќе кон создавање на нови практики или нови иницијативи.
Да се биде млад значи да се биде во години кога се осмислува сопствената професија и се тежнее кон авторска независност. Ова води кон наоѓање нови начини да се стигне до средства и да се оствари замислата. Така младите уметници ги предизвикуваат крутите хиерархии во културата и се во позиција да воспостават нови оски на моќ.
Н. Ш. Тие кои се занимаваат со ангажирана уметност често се обидуваат да дадат решенија преку проблемите на кои што некој може да наиде, но можеби прашањето треба да се адресира на друго место. Како Вие гледате на тоа дека личните проблеми се и системски?
И. П. Во првото прашање ти спомнуваш дека постојат две стојалишта на уметничката мисла, таа да покажува или таа да отсликува, е па ангажираната уметност покажува дека не се две. Ангажираната уметност ниту отсликува ниту покажува, туку се случува (со цел да менува). Во сите стојалишта уметноста ги прави нештата видливи, па така и ангажираната уметност, но за разлика од други уметнички стојалишта каде што крајната инстанца е уметничкото дело, во ангажираната уметност е таа да направи да се сочувствуваме со еден проблем во право време на право место, но не како гледачи туку како учесници, без разлика дали методот подразбира активизам, дебата, акција во јавен простор итн.
Оттука, јас мислам дека токму сочувството е главниот сегмент кој во целост го легитимира овој уметнички медиум. Затоа сметам дека личниот проблем може да биде и системски проблем. Проблемот на еден човек е проблем на сите нас, затоа што нам сите нè врзува истото општество од кое потекнува проблемот на тој еден човек, па така директно или индиректно тоа е и наш проблем. Кога се сочувствуваме со еден проблем тоа би значело дека ние сме дел од него и можеме да учествуваме во негово решавање. Токму тука се случува ангажираната уметност.
Н. Ш. Извесно време не се занимавате само со уметност, туку и со некаква артикулација на млади уметници кои до прво треба да им стануваат познати на нашата и регионалната публика. Како го избирате тоа што ни го претставувате?
И. П. Не би рекол дека избираме, туку повеќе дека набљудуваме. Секако, во една техничка смисла повторно се сведува на некаков избор, но повеќе во насока да го избереме токму она на кое ние, како PrivatePrint, можеме да му овозможиме услови да се развие во нешто многу повеќе. Затоа, со текот на времето, нашата работа ги проширува своите активности најмногу поради тоа што сметаме дека за одредени дискурси коишто се појавуваат на уметничката сцена е потребно да се отворат можности.
Мотивот кој јас и Марија [Христова] го имавме за да ја започнеме иницијативата PrivatePrint, беше да се создаде нов простор и нови начини за практикување на уметноста кај нас. Често споменуваме дека работата на PrivatePrint се основа на премисата дека уметноста и издаваштвото се совршениот спој кога станува збор за демократизацијата на културата, особено во општества во кои на културата ѝ недостига добра системска уреденост. Мисијата на PrivatePrint е да ги прошири идеите на уметноста и да овозможи нивна поголема достапност, како и да овозможи простор и платформа за подобра видливост и интеракција на уметниците и уметничките практики, како кај нас така и надвор од границите на земјава.
Од друга страна со PrivatePrint пробуваме да изградиме самоодржлив модел на културна институција која, покрај институционалната поддршка која не нуди стабилност и континуитет, треба да има своја самоодржлива страна. Така, во дејноста и работата на PrivatePrint ја инкорпориравме нашата услуга за графичкиот дизајн. Графичкиот дизајн сам по себе е исклучително важен сегмент од издаваштвото, па така оваа практика која органски е дел од нашата работа и знаење ја оспособивме да стане услуга која ќе ни овозможи уште еден модел за соработки, а истовремено ќе ни помогне да ја одржиме нашата примарна дејност, а тоа е издаваштвото.
Н. Ш. Конечно, критиката е важна алатка за подобрување на тој кој се занимава со уметност, теорија, култура. Кое Вашето мислење за тоа како треба да се развива уметникот тука и како треба да се развива македонската уметничка сцена воопшто?
И. П. Мислам дека одговорот на ова прашање веќе се содржи во одговорот на првото прашање. Сепак, уметникот во нашиот контекст се развива онака како што овдешните услови му овозможуваат да се развива. А како би требало да се развива? Мислам дека за да се развива убаво треба да биде неуморен трагач по место и услови кои би му овозможиле најдоследно да се реализира. Убаво би било кога овдешното место би било токму тоа каде што нашиот уметник би ја имал можноста во целост да ја оствари својата работа. Но за тоа веројатно уметничката сцена, или како што би рекол ти „еснафот“, ќе мора да се потруди повеќе и да се организира подобро.
Во прилог можете да видите фотографии од неколку дела на Илија Прокопиев.
Intervistë me Ilija Prokopiev
Ilija Prokopiev (1985) është një artist pamor, grafik, kurator dhe botues, i cili jeton dhe punon në Shkup dhe Lubjanë, Slloveni. Ai është bashkëthemelues i PrivatePrint, një shtëpi botuese e librave artistikë dhe studio për kërkime dhe praktikë ndërdisiplinore në artin bashkëkohor dhe dizajnin grafik. Ka diplomuar në Fakultetin e Arteve të Bukura në Shkup në vitin 2008, ndërsa në vitin 2014 ka diplomuar në Studimet Kulturore Ndërdisiplinore në Institutin e Letërsisë Maqedonase në Shkup. Është autor i librit “Atlasi i trupit të njeriut sipas Aristotelit”, projekt artistik i realizuar në vitin 2015, dhe bashkë autor i “Monografisë së papërfunduar: Jelena Risteska”, interpretim i veprës së artistes maqedonase Jelena Risteska. 2016. Në vitin 2011 ka marrë çmimin “Denes” për artistin e ri më të mirë, për veprën “Studime për vizatime shumë të mëdha”.
Nikola Shindre: „Ilija Prokopiev shpesh mund të vërehet si në audiencë ashtu edhe në mesin e artistëve në galeritë, ekspozitat dhe ngjarjet kulturore nëpër Shkup. Disa nga artistët e rinj dhe ambicioz filluan të prezantohen përmes “PrivatePrint”, vendi ku punon Prokopiev. Ne flasim me të për pozicionin e artistit dhe artit.
Arti është mes dy pozicioneve në mendimin njerëzor, njëra që reflekton, dhe tjetra duhet të tregojë se si mund të jetë. Si e kuptoni artin, ose më saktë, cili duhet të jetë qëllimi i tij?”
Ilija Prokopiev: “Kur ngrita ekspozitën time të parë vetjake, e cila ishte edhe tema e diplomimit, në hapësirën e galerisë së ish-Qendrës së Kulturës CK, pata ndihmën e disa ndërtuesve. Instalimi ishte prej kartoni gipsi dhe çimentoje dhe kishte për qëllim të simulonte një kallëp të tkurrur dhe pak të rrotulluar në nga një nga dhomat e galerisë. Midis instalimit dhe mureve të dhomës kishte një hapësirë të ngushtë që i lejonte vizitorit të mund të rrethonte të gjithë instalimin. Gjatë punës, ndihmësit, të cilët ishin muratorë profesionistë, dhe e bënin shumë mirë punën e tyre, më pyetën disa herë pse po e bëja këtë instalim, ose më mirë për çfarë do të shërbente. Unë, atëherë, ende i padiplomuar dhe i mbërthyer në përpjekje për t’i intelektualizuar gjërat, u përpoqa të shpjegoja qëllimin e atij instalacioni. Pavarësisht nëse e kuptuan idenë time, ata bënë një punë të shkëlqyeshme dhe besoj se edhe sot po bëjnë një punë të mirë dhe po bëjnë një jetë të mirë prej saj, ndërsa unë ende po përpiqem të shpjegoj pse e bëra atë punë.
Prandaj, nëse do të përpiqesha t’i përgjigjesha një pyetjeje, pa ofendim, disi pretencioze dhe të modës së vjetër, si për shembull se cili është qëllimi i artit, përgjigjen do ta kërkoja në mënyrat se si konsumohet arti. Mendoj se këto dy gjëra janë të lidhura. Arti duhet të jetë pjesë e jetës ekonomike të një shoqërie, duhet të jetë pjesë organike e shoqërisë dhe vetëm atëherë, ndoshta, mund të flasim për qëllimin e tij. Nëse shoqëria nuk e konsumon artin, atëherë ai është i destinuar të kalbet si brokoli i harruar në frigorifer.
Prandaj mendoj se qëllimi i saj nuk ka të bëjë kryesisht me reflektimin apo shfaqjen, por ka të bëjë më shumë me ekonominë, ose më mirë me aktorët ekonomikë të një shoqërie. Nëse ekonomia, e cila i përfshin të gjitha veprimtaritë që lidhen me prodhimin, konsumin dhe tregtimin e mallrave dhe shërbimeve të ndryshme në një shoqëri, nuk përfshin artin, do të thoshte se ajo nuk ka asnjë qëllim. Ose nëse do të përpiqesha ta shpjegoja këtë me gjuhë vulgare, atëherë do të thosha se artistët krijojnë vepra që mund të reflektojnë, tregojnë dhe çfarë jo tjetër, por në fund ato vepra duhet të bëhen pjesë e jetës publike të shoqërisë, me ndihmën e tregut të artit apo në skenën e artit, dhe me këtë artisti mund të sigurojë jetesën dhe rolin e tij në shoqëri. Ndërsa, nga ana tjetër, tregu i artit dhe skena e artit në radhë të parë janë modele ekonomike, dhe mbi të gjitha nuk nënkuptojnë qarkullim vlerash estetike, por qarkullim mjetesh. Dhe mënyra se si këto modele vendosen në sistemin e përgjithshëm, ajo përfundimisht do të përcaktonte qëllimet e ndryshme që mund të ketë arti. Vallë do të jetë propagandë politike, argëtim për të pasurit, praktikë e angazhuar në shoqëri, mjet i popullit në emër të demokracisë apo protestës, vallë do të jetë edukim apo praktikë për jetën e përditshme të njerëzve.
Por në çdo rast, nëse nuk ekzistojnë agjentët ekonomikë të artit (si koleksionistët, galeristët, mbështetësit, financuesit, konsumatorët etj.), nuk do të ketë as një skenë artistike të përbërë nga ekspozita, koncerte, festivale, bienale, shoqërisht. veprimet e angazhuara etj. Arti automatikisht nuk do të jetë në gjendje të jetë pjesë e forcave prodhuese të shoqërisë, nuk do të jetë në gjendje të marrë pjesë në formësimin e vlerave shoqërore. Atëherë mbetet të besohet në idenë e butë, se arti ka një qëllim shumë më të lartë, të cilën fatkeqësisht nuk mund ta arrijmë, ndaj grumbullojmë vepra që vetëm “reflektojnë” dhe “shfaqin”. Mendoj se është gabim të mendohet se, për artin që të ketë një qëllim, mjafton që vepra e artistit, të e pasqyrojë realitetin në të cilin është krijuar”.
N. Sh. Arti bashkëkohor sot, veçanërisht është drejtuar nga kritika, si ndaj sistemit, ashtu edhe ndaj qendrave të pushtetit. Por është e lehtë të shihet se pushteti, gjen mënyra për të shpërndarë idenë e tij përmes artit dhe kulturës. Si luftojnë artistët për lirinë e shprehjes në procesin krijues?
I. P. Ndoshta artistët sot, po luftojnë për lirinë e tyre, duke shkuar në kërkim të një vendi apo mbështetjeje, që ofron kushte më të favorshme pune, pa kompromis. Mirëpo, artisti sot ka një komoditet të madh të jetë vetvetja, ose më saktë, mund të jetë kritik ndaj sistemit dhe ndaj qendrave të pushtetit, sepse sistemi në të cilin jeton dhe punon, si dhe qendrat e pushtetit nuk janë burimet e vetme të mjeteve mbi të cilat ai mbështet praktikën e tij artistike. Kjo në fakt e bën artin e sotëm të shumë zëshëm, demokratik dhe të larmishëm.
N. Sh. Arti i bukur ka parë përparim të konsiderueshëm për sa i përket mjeteve që një artist përdor për të prodhuar një vepër të bukur. Si ndikon progresi teknik në zhvillimin e vetë artit apo anasjelltas?
I. P. Pavarësisht se nuk e ndjek logjikën e teknologjisë, arti ka përfituar gjithmonë nga teknologjia, e cila, me kalimin e kohës është bërë gjithnjë e më e sofistikuar. Teknologjia po ndryshon karakterin e artit, ose më saktë, po ndryshon të kuptuarit tonë për atë se, çfarë krejt mund të jetë vepër arti. Por ajo që unë mendoj se është edhe më e rëndësishme, si rezultat i kësaj lidhjeje mes artit dhe teknologjisë, është se, falë teknologjisë sot vepra artistike ka një potencial shumë më demokratik. Ai është i lëvizshëm dhe në dispozicion për një audiencë shumë më të gjerë, dhe jo vetëm kur bëhet në medium që nga vetvetiu teknikisht është i riprodhueshëm, sikur që është videoja, fotografia, libri artistik ose fotografia digjitale, por, e njëjta gjë vlen edhe për të gjitha mediat e tjera. Walter Benjamin në esenë “Vepra e artit në epokën e riprodhimit teknik”, dhe më pas John Berger në librin e tij “Mënyrat e të shikuarit” (Ways of seeing), flasin pikërisht për këtë. Riprodhimi teknik i veprës së artit, ose mundësitë teknike që ofron kamera dhe shtypi, siç thotë Benjamin, i mundëson artistit t’i drejtohet publikut të gjerë, në të njëjtën kohë në vende të ndryshme. Nga ana tjetër, falë teknologjive të reja dhe internetit, ne mund të kemi të gjithë historinë botërore të artit, në riprodhim të shkëlqyer ngjyrash në dhomat tona. Por edhe më tepër, interneti ofron mënyra krejtësisht të reja të prezantimit të artit, si dhe mënyra alternative të suksesit për t’i anashkaluar institucionet autoritare kulturore. Ose siç thotë Berger “tashmë fotografitë vijnë te ne, dhe nuk udhëtojmë ne, për t’i parë”.
N. Sh. Vitet e fundit, arti bashkëkohor është vënë në shënjestër të kritikave për elitizmin, hegjemoninë, mënyrën se si shpërndahen të drejtat dhe detyrimet mes esnafit artistik. Duke lënë mënjanë artistët e etabluar dhe të njohur në atë botë, si funksionojnë artistët e rinj?
I P. Institucionalizimi i artistit është një proces burokratik dhe gjithmonë tenton të vendosë kritere të qarta që duhet të përmbushë çdo artist. Pra, në terminologjinë angleze të kulturës, përdoret shumë shpesh termi emerging artists, i cili në gjuhën maqedonase ndoshta do të përkthehej si artistë të rinj (mos më fajësojnë gjuhëtarët, nëse përkthimi nuk është i saktë). Këtë epitet e ka çdo artist që është në fillimet e karrierës së tij, pavarësisht moshës (edhe pse më së shumti janë artistë në rininë e tyre). Është periudha kur një artist ndodhet në portat e skenës artistike dhe mendimi artistik i të cilit tashmë po piqet. Me përparimin e tij në skenën e artit, ai pushon së qeni artist emerging-në zhvillim, dhe bëhet një artist i etabluar-njohur. Kjo duhet të jetë trajektorja e pritur e artistit, por edhe nuk ka pse të jetë.
Në bisedë me kolegë të mi, të cilët kanë mbaruar Kolegjin prestigjioz mbretëror të Artit në Londër, kolegj i cili në të kaluarën me vetë regjistrimin garantonte karrierën artistike dhe kësisoj edhe etablimin-ngritjen e studentëve të tij , mësova se sot, në këtë kolegj regjistrohen më shumë se 100 studentë, kështu që, premtimet e vjetra të mira për sukses të garantuar, bëhen të pamundura për t’u mbajtur. Por ajo që, në këtë shembull dukej e mrekullueshme, është se ditët e tyre studentore ju kanë mundësuar të krijonin miqësi, të cilat më vonë, nga grupe artistike joformale u shëndruan në shoqata formale, përmes të cilave arrijnë të krijojnë kushte, për punën dhe karrierën e tyre. Mund të thuhet se, një grupim i tillë, kohë më parë e ka copëtuar dhe gërryer atë skenë të imagjinuar të artit hegjemonik. Sot ekzistojnë skena, dhe ekzistojnë shumë mënyra mbështetjeje. Rrjedhimisht kësaj, tendenca për t’u bërë i “etabluar” bëhet e diskutueshme. Mendoj se artistët e rinj sot, nuk synojnë kah ndonjë farë etablimi, por më tepër për krijimin e praktikave të reja apo nismave të reja.
Të jesh i ri, do të thotë të jesh në moshë kur sajohet profesioni personal dhe synohet kah pavarësia autoriale. Kjo çon në gjetjen e mënyrave të reja për të gjetur fonde dhe për të realizuar idenë. Kështu pra artistët e rinj sfidojnë hierarkitë e ngurta në kulturë dhe janë në gjendje të krijojnë boshte të reja pushteti.
N. Sh. Ata që merren me art të angazhuar, shpesh përpiqen të japin zgjidhje përmes problemeve në të cilat mundet dikush të hasë, por ndoshta pyetja duhet të adresohet diku tjetër. Si shihni ju në atë se, problemet personale janë edhe sistematike?
I. P. Në pyetjen e parë ju përmendni se ka dy pozicione të mendimit artistik, që ajo të tregon apo ajo të reflekton, pra arti i angazhuar tregon se nuk janë dy. Arti i angazhuar as nuk reflekton, as nuk tregon, por ndodh (me qëllim për të ndryshuar). Në të gjitha qëndrimet, arti i bën gjërat të dukshme, gjithashtu edhe arti i angazhuar, por për dallim nga qëndrimet e tjera artistike ku instanca përfundimtare është vepra artistike, në artin e angazhuar është që ajo të bëjë të bashkëndjejmë me një problem, në kohën e duhur dhe në vendin e duhur, por jo. si spektatorë, por si pjesëmarrës, pavarësisht nëse metoda nënkupton aktivizëm, debat, veprim në hapësirë publike etj.
Prandaj, mendoj se bashkëndjenja është segmenti kryesor, që plotësisht e legjitimon këtë medium artistik. Prandaj mendoj se problemi personal, mund të jetë edhe problem sistemik. Problemi i një personi është problem i të gjithëve ne, sepse të gjithë ne, na lidh e njëjta shoqëri nga e cila buron problemi i atij një personi, kështu që, drejtpërdrejt apo tërthorazi, ajo është edhe problem i ynë. Kur bashkëndjehemi me një problem, ajo do të thotë se ne jemi pjesë e tij, dhe mundemi të marrim pjesë në zgjidhjen e tij. Mu këtu ndodh arti i angazhuar.
N. Sh. Prej disa kohësh nuk jeni marrë vetëm me art, por edhe me njëfarë artikulimi të artistëve të rinj që duhet të bëhen të njohur fillimisht për publikun tonë dhe atë rajonal. Si e zgjidhni atë që na prezantoni?
I. P. Nuk do të thosha se zgjedhim, por përkundrazi më shumë vëzhgojmë. Natyrisht, në një kuptim teknik, përsëri bëhet fjalë për një lloj zgjedhjeje, por më shumë në drejtimin e zgjedhjes pikërisht të asaj që ne, si PrivatePrint, mund të i ofrojmë kushtet për t’u zhvilluar në diçka shumë më tepër. Prandaj, me kalimin e kohës, puna jonë zgjeron veprimtarinë e saj më së shumti sepse mendojmë se është e nevojshme të hapen mundësi për diskurse të caktuara që shfaqen në skenën artistike.
Motivi që unë dhe Maria [Hristova] e kishim për të filluar nismën PrivatePrint ishte që të krijohet një hapësire të re dhe mënyra të reja për të praktikuar artin në vendin tonë. Shpesh përmendim se puna e PrivatePrint bazohet në premisën se, arti dhe botimi janë kombinimi perfekt kur bëhet fjalë për demokratizimin e kulturës, veçanërisht në shoqëritë ku kulturës i mungon rregullim i mirë sistemik. Misioni i PrivatePrint është të zgjerojë idetë e artit, dhe t’i bëjë ato më të aksesueshme, si dhe të sigurojë një hapësirë dhe platformë për shikueshmëri dhe ndërveprim më të mirë të artistëve dhe praktikave artistike, si në vendin tonë ashtu edhe jashtë kufijve të vendit.
Nga ana tjetër, me PrivatePrint po përpiqemi të ndërtojmë një model të vetë qëndrueshëm të një institucioni kulturor, i cili përveç mbështetjes institucionale që nuk ofron stabilitet dhe vazhdimësi, duhet të ketë anën e vet vetë qëndruese. Kështu, ne kemi përfshirë shërbimin tonë të dizajnit grafik në biznesin dhe operacionet e PrivatePrint. Dizajni grafik në vetvete është një segment jashtëzakonisht i rëndësishëm i botimit, ndaj ne kemi mundësuar që kjo praktikë, e cila organikisht është pjesë e punës dhe njohurive tona, të bëhet një shërbim që do të na ofrojë një model tjetër bashkëpunimi, duke na ndihmuar në të njëjtën kohë. për të ruajtur aktivitetin tonë parësor, që është botimi.
N. Sh. Së fundi, kritika është një mjet i rëndësishëm për përmirësimin e atij që merret me art, teori, kulturë. Cili është mendimi juaj se si duhet të zhvillohet artisti këtu dhe si duhet të zhvillohet skena artistike maqedonase në përgjithësi?
I. P. Unë mendoj se përgjigja për këtë pyetje gjendet tashmë në përgjigjen e pyetjes së parë. Megjithatë, artisti në kontekstin tonë, zhvillohet zhvillohet ashtu sikur që kushtet këtu, e lejojnë të zhvillohet. Dhe si do të duhej të zhvillohet? Mendoj se për t’u zhvilluar bukur, duhet të jetë një kërkues i palodhur për një vend dhe kushte që do ta lejonin të realizohej në mënyrë më të qëndrueshme. Do të ishte mirë që ky vend të ishte pikërisht aty ku artisti ynë do të kishte mundësinë të realizonte plotësisht punën e tij. Por për këtë, ndoshta skena e artit, ose siç do të thoshit ju “esnafi”, do të duhet të përpiqet më shumë dhe të organizohet më mirë.
Bashkëngjitur me këtë mund të shihni foto të disa veprave të Ilija Prokopiev.
Përktheu E. M.