Интервју со Бобан Алексоски
Бобан Алексоски е роден во 1993 година во Прилеп. Дипломира на актерска игра на Универзитет за аудиовизуелни уметности ЕСРА во Скопје во класата на Роберт Вељановски. Во 2020 година станува основач и член на Театар „Златен елец“ во Скопје. Во претставата „Дневникот на лудиот“ од Николај Гогољ, режирана од Ѓорѓи Ризески го игра Аксентие Иванов и за таа улога е повеќепати наградуван. Денес работи како актер во „Канал 5“ телевизија и Театар „Златен елец“.
Театарот „Златен елец“ од почетокот на пандемијата на КОВИД-19 беше сместен во Социјалниот центар „Дуња“ и така активистите од „Дуња“ можеа подобро да се запознаат со ансамблот на театарот и со начинот на работа, на подготовка, на творење и на функционирање на актерската екипа. Бобан Алексоски беше исто така присутен и на голем дел од заедничките случувања таму. Тие преклопувања честопати носат и нови пријателства.
Никола Шиндре: „Актерството има долга приказна, театарот е присутен во животот на поединецот, развојот на театарот се разликува од епоха до епоха, а денес најмногу се поима и како простор за некое ново естетичко доживување, но и како порив за некоја промена. Што за Вас претставува театарот и актерската игра (работа)?“
Бобан Алексоски: „Од четврто одделение, односно оваа година веќе вкупно дваесет, се занимавам со театар и до ден денес не ми здосадил, мое „светилиште“ бил отсекогаш, жртвите и времето што го вложувам секојдневно за сè уште да го живеам и покрај сите предизвици, падови и подеми се доказ дека таа љубов и посветеност нема да замрат.
Имав среќа што и кога се занимавав аматерски тоа се случуваше со професионални актери и режисери во Прилепскиот театар. Дипломирав пред осум години, вработен сум во телевизијата „Канал 5“ како актер, играм во неколку независни театарски претстави и секој ден ми е исполнет со актерство, тоа го сакав цел живот, создавајќи ликови на сцената, пред камера или пред микрофон – својот живот да си го разубавувам.
Доколку е присутен во животот, театарот станува начин на живот, тој ме води низ годините, преку него учам, осознавам, созревам, се преиспитувам.
Тој пак не може без актерството, кое сметам дека е една од најинтересните професии на светот занимавајќи се со туѓи животи, всушност тоа е една детективска работа која откако ќе заврши случајот, со цел материјал сето тоа заедно во друга кожа т.н. костим – се игра пред публиката со некаква цел. Не можам да објаснам колку – ете од мал уживам во овој театарски свет и кога играм и кога гледам.
Актерството и театарот не можат без публиката – најблагородното од се во оваа професија е што освен што ќе си помогнам себеси со улогата, текстот, претставата или процесот, гледачот е оној кој ги зел моите емоции, ставови и состојби и на некој начин тој на себеси си помогнал. Затоа развивајќи се низ епохите театарот и денес и некогаш постои од поривот за промена кон подобро, актерите, авторот, драматургот и режисерот се секогаш одговорни за публиката – за да има смисла зошто таа е во гледалиштето: да ја насмее? Да ја исплаши? Да ја расплаче? Да покаже? Да ја запраша? Да отвори вистина? …
Во секој случај, можеби една од главните цели на театарот е да ја промени индивудата со сите емоции што ѝ ги предизвикал, да проба заедно со тие неколкумина до кои допрела вистината да ги придвижат работите од „мртва“ точка во ова општество или било која друга средина, околу она што било прикажано директно или индиректно на сцената.
Н. Ш. Вака конципиран, театарот отвора врата за нови модуси како да се прикажат негативните страни на човекот/општеството и сепак да поттикнат одредена реакција кај публиката што ќе придвижи кон промени. Како светогледот на актерот може да придонесе кон светогледот на театарот, а со тоа и на публиката?
Б. А. Колку што има број на публика толку има и различни размислувања во гледалиштето, но оние на сцената, односно ние актерите заедно со комплетната театарска екипа потребна за претствата, сме задолжени да кажеме: вака треба или пак вака не треба, а светогледот на целата екипа се споделува во најубавиот дел од креирањето на претставата т.н. процес кој најчесто е околу месец и половина, но некогаш и подолго, зависи од материјалот за работа и идејата на режисерот.
Она што ќе остане во публиката е моменталната емоција која се нуди со овој свет медиум – театар, останува или не останува, секогаш ќе има двајца или тројца во публиката кои ќе ја разберат вистинската срж на нештата и ќе тргнат кон промена или осознавање токму од сопствениот живот. Само така, доколку после истите тие што најмногу разбрале, ја прошират мисијата и целта на претставата, ќе се променува и општеството како што некогаш многу моќно го правел тоа театарот.
Нема тешки и лесни претстави, има содржини и теми што човекот ги прифаќа или не ги прифаќа, сака или не сака за нив да зборува односно размислува.
Н. Ш. Вие сте дел и од младиот и независен театарски ансамбл „Златен елец“. Како станавте дел од таа група и какви можности развивате преку улогите во театарските претстави што ги изведувате?
Б. А. Многу се гордеам што останавме истрајни во оваа идеја на Независниот театар „Златен Елец“. Се отворивме во годината кога сè се затвори, први игравме со претстави на отворено и со публика, целата таа храброст нас не натера да не се откажеме од актерската работа, зашто државата не нуди капа за сите театарџии, моментално на јавноста ѝ е познато дека има над 120 потписници за „Иницијатива Аудиција“ сега со која се прават напори да се средат тие работи во државава. Да може секој да игра во државен театар, да има шанса и за режисерите и за драматурзите, да се решат новите работни места до кои тешко се стига последните 15 години. Од таму дојде и поривот за независен театар, за кој морам да кажам дека е доста активен, имаме веќе 10 театарски претстави, а од месец септември нè чекаат и премиери. Моментално ги имаме првите проби за дуо драмата „КЕНДИ“ според Лук Дејвис во режија на Тамара Стојаноска, претставата ќе се игра во МКЦ Скопје. 90% од ангажираните уметници до сега биле невработени, а тоа беше главната цел, идеите и професиите на уметниците да не зависат целосно од државните институции, за чии проекти не добиваме или добиваме малку пари. Улогите што јас ги играм во претставите на Театар „Златен Елец“ се различни, со Аксентие од трите монодрами зборувам за прифатеноста на индивудата во ова општество, со ликовите од претставата „Шапка, чоколадо, анус и уште нешто“ преку апсурдната игра ги исмевам постоечките ликови во ова општество и пошироко, со Слободан од „Не ми го чепкај пивото зборувам за младиот изигран човек“, со Јан од „Разнесени“, го вадам најлошото од еден нереализиран човек во општествово, со детските ликови во претставите пак заедно шириме пораки за екологија. Со секој процес/претстава се има различна цел, а ние – актерите имаме различни страни кои секогаш одново ги отвараме во нас самите. Театар „Златен елец“ ќе продолжи и понатаму со истата мисија и цел, да биде среќно место за секој уметник што сака да се остварува.
Н. Ш. Малите и младите се исправени пред предизвикот на пазарот, односно тие треба да се претставуваат за да може да изведуваат. Какви предизвици носи ангажманот што истовремено дава низа на задачи и обврски што ја надминуваат потесно дефинираната актерска професија?
Б. А. Многу сме – како што кажав и претходно, а ангажираноста е мала на младите актери од страна на државните институции. Независниот театар сè повеќе е почитуван во државава од страна на публиката, така што можеби единствен начин пред големата сцена во институција, актерите да се покажат независно или пак во некаква друга актерска форма како игра пред камера и слично. На крајот од денот, секој се бори онолку колку што може и сака, јас од една страна сум благодарен што сум се борел и што сè уште се борам сите овие години по дипломирањето, затоа што некои работи немало да ги имам што до сега сум ги имал. А кога не си вработен во театар ја имаш целата слобода да истражуваш и да се надоградуваш, да експериментираш и никако да не се откажуваш. Морам да кажам дека актерството само по себе си носи неколку ангажмани како: телевизиска драма, филм, натсинхронизација, едукација. Секоја чест што постојат вистински добри луѓе од приватните институции и знаат да помогнат и подадат рака на актерите во државава со било каков ангажман, јас сум благодарен на неколку такви луѓе кои ми дале и сè уште ми даваат шанса да верувам во својата професија и иднината во државава.
Н. Ш. Аристотел смета дека историјата кажува како било, философијата како треба да биде, а уметноста како може да биде. Каква улога на театарот денес му пропишува публиката и што таа очекува од претставата?
Б. А. Мое лично чувство е дека публиката денес во театар сака да види добра комедија и да излезе расположена. Не го осудувам ова се разбира, кој не би сакал да се смее и расположува (хаха), но сметам дека треба да се даде шанса на другите жанрови, зашто горе-долу денес многу од претставите, без разлика за кој жанр станува збор, се играат блиску (камерно) или да речам интерактивно со самата публика, па така, кога директно се зборува за проблемот во една трагедија или пак драма, инволвираниот гледач може комплетно да се препушти во идеите на самата претстава и сам да ја најде комедијата во нештата или било кои чувства кои ќе го доведат до некаква си промена, заради која и постои самото прикажано дело на авторот на текстот – претставата.
Н. Ш. Една од основните алатки на драмската уметност е јазикот. Од актерот се очекува да го познава јазикот. Така, „добар актер“ не е синоним со „добар“ или со „актер“. Вие сте млад, но сигурно имате идеја за тоа што претставува добар актер. Каков е добриот актер според Вас?
Б. А. Добар актер може да биде само добар човек. Само добриот човек може вистински да ја „отвори“ душата, да „допре“ до публиката, да ја има вистинската емоција. Добар актер „игра“ за партнер на сцена, добар актер почитува, помага и слуша на сцена, а и во приватноста. Актерите се „артериите“ на целото дело за кое авторот и режисерот имаат порив да го напишат и постават на сцена, а само пријателството ги сплотува сите заедно како добра човечка страна, имам неколку прекрасни процеси за кои цел живот ќе зборувам, тоа биле со добри луѓе – добри актери, режисери. Апсурдно, но многу е точно што и кога има негативен лик, негативна приказна тие постојат за добрината во пораката на претставата.
Н. Ш. За крај, покрај естетиката, за уметноста се зборува и низ етичките категории. Кажавме дека „добар актер“ не е ниту „добар“, ниту „актер“ самостојно. Но, покрај овациите тука се и критиките. Публиката има очекувања од глумците на сцената или платното, како да се биде добар и актер истовремено според Вас?
Б. А. Не функционираат работите и не траат долго ако повеќе од половина или цела екипа не се вистински добри луѓе, така што секоја чест ако некој успева до успех со „камуфлажа“ на доброта, сепак еден ден некогаш ќе се прикажат работите со вистинска слика. Не е тешко да се биде и добар и актер, но да се стигне до убав резултат сите пречки и немири мора да се поднесат, така ќе станеме и подобри луѓе но и уште подобри актери.
Во прилог на ова интервју има неколку фотографии од театарските изведби на Бобан Алексоски и „Златен елец“ фотографирани од младиот фотограф Никола Јовановиќ.
Intervistë me Boban Aleksoskin
Boban Aleksoski ka lindur në vitin 1993 në Prilep. Ka diplomuar për aktrim në Universitetin e Arteve Audiovizuale ESRA në Shkup në klasën e Robert Veljanovskit. Në vitin 2020 u bë themelues dhe anëtar i Teatrit “Zlaten Elec” në Shkup. Në shfaqjen “Ditari i një të çmenduri” të Nikolai Gogolit, me regji të Gjorgi Rizeskit, ai luan Aksentie Ivanovin, dhe për atë rol është shpërblyer disa herë. Sot punon si aktor në televizionin “Kanal 5” dhe teatrin “Zlaten Elec”.
Që nga fillimi i pandemisë COVID-19, teatri “Zlaten Elec” është vendosur në Qendrën Sociale “Dunja” dhe kështu aktivistët e “Dunjës” mundeshin më mirë të njihen me ansamblin e teatrit dhe mënyrën e punës. përgatitjes, krijimit dhe funksionimit të ekipit të aktorëve. Në një pjesë të madhe të ngjarjeve të përbashkëta atje i pranishëm ishte edhe Boban Aleksoski. Këto takime paralele shpesh sjellin edhe miqësi të reja.
Nikola Shindre: “Aktrimi ka një histori të gjatë, teatri është i pranishëm në jetën e individit, zhvillimi i teatrit ndryshon nga epoka në epokë, dhe sot më së shumti kuptohet si një hapësirë për një përvojë të re estetike, por edhe si një kërkesë për një ndryshim. Çfarë do të thotë për ju teatri dhe aktrimi (puna)?”
Boban Aleksoski: “Që në klasën e katërt, gjegjësisht këtë vit gjithsej njëzet, merrem me teatër dhe deri më sot nuk jam lodhur, dhe as që jam mërzitur me të, gjithmonë ka qenë “shenjtëria” ime, sakrificat dhe koha që unë investoj çdo ditë për ta jetuar atë, pavarësisht nga të gjitha sfidat, rëniet dhe ngritjet janë dëshmi se ajo dashuri dhe përkushtim nuk do të vdesin.
Kam pasur fatin që edhe kur si amator merresha me këtë punë, e njëjta ndodhte edhe me aktorë dhe regjisorë profesionistë në Teatrin e Prilepit. Kam diplomuar tetë vjet më parë, jam i punësuar në Kanal 5 TV si aktor, luaj në disa produksione teatrore të pavarura, dhe çdo ditë është e mbushur me aktrim, këtë e kam dashur gjithë jetën time, duke krijuar personazhe në skenë, para kamerës. ose para mikrofonit – për ta zbukuruar jetën time.
Nëse është i pranishëm në jetë, teatri bëhet mënyrë jetese, më drejton ndër vite, përmes tij mësoj, kuptoj, piqem, pyes veten. Ai nuk bën dot pa aktrim, që mendoj se është një nga profesionet më interesante në botë duke u marrë me jetët e të tjerëve, në fakt është një punë detektive që pasi ka përfunduar çështja, me të gjithë materialin e gjithë ajo bashkë në një lëkurë tjetër të ashtuquajtur kostum – paraqitet para një publiku me ndonjë qëllim. Nuk e shpjegoj dot se, sa shumë e kam shijuar këtë botë teatrore që i vogël, si kur luaj, ashtu edhe kur shikoj.
Aktrimi dhe teatri nuk bëjnë dot pa publikun – gjëja më fisnike e këtij profesioni është se, përveçse e ndihmo vetveten me rolin, tekstin, shfaqjen apo procesin, shikuesi është ai që ka marrë emocionet, qëndrimet dhe gjendjet e mia. dhe në një farë mënyre ai e ka ndihmuar vetveten. Kjo është arsyeja pse, duke u zhvilluar ndër shekuj, teatri edhe sot dhe gjithmonë ekziston nga dëshira për të ndryshuar në të mirë, aktorët, autori, dramaturgu dhe regjisori, gjithmonë janë përgjegjës për audiencën – për të pasur kuptim se pse janë në teatër: për t’i bërë ata të qeshin? Për ta trembur? Për ta bërë të qajë? Për të treguar? Të e pyesë? Për të hapur të vërtetën? …
Në çdo rast, ndoshta një nga synimet kryesore të teatrit është të ndryshojë individin me të gjitha emocionet që ja ka ngjallë, të përpiqet që së bashku me ata pak njerëz, që i ka prekur e vërteta, t’i lëvizin gjërat nga një pikë e “vdekur” në këtë shoqëri. apo ndonjë mjedis tjetër, rreth asaj që shfaqej drejtpërdrejt, apo tërthorazi në skenë.
N. Sh. I konceptuar në këtë mënyrë, teatri hap derën për mënyra të reja se si të tregohen anët negative të njeriut/shoqërisë, dhe gjithsesi të nxisë një reagim të caktuar te publiku, që do të shkojë drejt ndryshimit. Si mund të kontribuojë botëkuptimi i aktorit në botëkuptimin e teatrit, pra dhe të publikut?
B. A. Aq sa ka audiencë, në auditor ka mendime të ndryshme, por ata në skenë, d.m.th ne aktorët së bashku me grupin e plotë teatror që duhen për shfaqjet, jemi përgjegjës për të thënë: kështu duhet apo kështu nuk duhet të jetë, dhe botëkuptimi i të gjithë ekipit, ndahet në pjesën më të bukur të krijimit të të ashtuquajturës lojë. një proces që zakonisht zgjat rreth një muaj e gjysmë, por ndonjëherë edhe më shumë, varet nga materiali i punës dhe nga ideja e regjisorit. Ajo që do të mbetet në audiencë është emocioni aktual që të ofron ky medium i shenjtë – teatri, pavarësisht nëse do të mbetet apo jo, në publik gjithmonë do të jenë dy-tre që do të kuptojnë thelbin e vërtetë të gjërave, dhe do të shkojnë drejt ndryshimit apo njohjes, pikërisht nga jeta e tyre. Vetëm kështu, nëse pas të njëjtit ata që më shumë kuptuan, zgjerojnë misionin dhe qëllimin e shfaqjes, do të ndryshojë edhe shoqëria, siç shumë fuqishëm bënte dikur teatri. Nuk ka shfaqje të vështira apo të lehta, ka përmbajtje dhe tema që njeriu i pranon apo nuk i pranon, dëshiron apo nuk dëshiron të flasë për ato, apo të mendojë.
N. Sh. Ju jeni gjithashtu pjesë e ansamblit të ri dhe të pavarur teatror “Zlaten Elec”. Si u bëtë pjesë e atij grupi dhe çfarë mundësish zhvilloni përmes roleve në pjesët teatrale që interpretoni?
B. A. Jam shumë krenar që kemi qëndruar të palëkundur në këtë ide të Teatrit të Pavarur Zlaten Elec. U hapëm në vitin kur gjithçka ishte e mbyllur, ishim të parët që luajtëm shfaqje në natyrë dhe me publik, gjithë ai guxim na bëri të mos heqim dorë nga puna e aktrimit, sepse shteti nuk ofron kapelë për të gjithë aktorët e teatrit, aktualisht publiku. e di se janë mbi 120 nënshkrues të “Iniciativës Audicioni” , me të cilët tani po bëhen përpjekje për t’i rregulluar ato gjëra në vend. Që të mundet gjithkush të luaj në teatrin shtetëror, që të ketë shanse edhe për regjisorët edhe për dramaturgët, të zgjidhen vendet e reja të punës që kanë qenë të vështira për tu arritur në 15 vitet e fundit. Prej aty erdhi edhe dëshira për një teatër të pavarur, i cili duhet të them se është mjaft aktiv, tashmë kemi 10 shfaqje teatrale dhe nga shtatori na presin premiera. Momentalisht jemi duke bërë provat e para për duo-dramën “CANDY” sipas Luke Davis dhe regji të Tamara Stojanoskës, shfaqja do të luhet në MKC-QKM Shkup. 90% e artistëve të angazhuar deri më tani ishin të papunë dhe ky ishte qëllimi kryesor, që idetë dhe profesionet e artistëve të mos vareshin tërësisht nga institucionet shtetërore, për projektet e të cilave marrim pak ose aspak para. Ndryshe janë rolet që i luaj në shfaqjet e teatrit “Zlaten Elec”, me Aksentien nga tre monodramat flas për pranimin e individit në këtë shoqëri, me personazhet e shfaqjes “Kapelë, çokollatë, anus dhe diçka tjetër. “Me anë të shfaqjes absurde tallem me personazhet ekzistues në këtë shoqëri e më gjerë, me Sllobodanin nga “Mos ma prek birrën, po flas për njeriun e ri të përqeshur”, me Janin nga “I hedhur në erë”, nxjerr më të keqen. nga një person i parealizuar në shoqërinë tonë, me personazhet e fëmijëve në shfaqje, së bashku shpërndajmë mesazhe për ekologjinë. Me çdo proces/performancë ka një qëllim të ndryshëm, dhe ne aktorët, kemi anë të ndryshme që gjithmonë i zbulojmë brenda vetes. Teatri “Zlaten Elec” do të vazhdojë me të njëjtin mision dhe synim, të jetë një vend i lumtur për çdo artist që dëshiron të realizojë veten.
N. Sh. Të vegjlit dhe të rinjtë përballen me sfidën e tregut, pra duhet të prezantohen për të performuar. Çfarë sfidash sjell angazhimi që njëkohësisht ofron një sërë detyrash dhe përgjegjësish që shkojnë përtej profesionit të aktorit të përcaktuar më ngushtë?
B. A. Jemi shumë – siç e thashë edhe më parë, dhe angazhimi i aktorëve të rinj nga institucionet shtetërore është i ulët. Teatri i pavarur, është gjithnjë e më i respektuar nga publiku në këtë vend, ndaj ndoshta e vetmja mënyrë, përpara skenës së madhe në një institucion, është që aktorët të shfaqen të pavarur ose në ndonjë formë tjetër aktrimi, si aktrimi para kamerës dhe ngjashëm. Në fund të fundit, të gjithë luftojnë aq shumë sa munden dhe dëshirojnë, unë jam mirënjohës që kam luftuar dhe po luftoj ende gjatë gjithë këtyre viteve pas diplomimit, sepse disa gjëra që i kam pasur deri më tani, nuk do t’i kisha pasur. Dhe kur nuk je i punësuar në teatër, ke gjithë lirinë për të hulumtuar dhe për ta mbi ndërtuar veten, për të eksperimentuar dhe për të mos u dorëzuar kurrë. Më duhet të them se aktrimi, nga vetvetiu sjell disa angazhime si: dramë televizive, film, mbi sinkronizim, edukim. Mirënjohje për faktin që ka njerëz vërtet të mirë nga institucione private, që dinë të ndihmojnë dhe t’u japin dorën, aktorëve të këtij vendi me çdo angazhim, u jam mirënjohës disa njerëzve të tillë që më dhanë dorë, dhe më japin mundësinë të besoj në profesionin tim dhe në ardhmërinë në shtet.
N. Sh. Aristoteli beson se historia tregon se si ishte, filozofia se si duhet të jetë dhe arti si mundet të jetë. Çfarë roli i përshkruan publiku teatrit sot, dhe çfarë pret ai nga shfaqja?
B. A. Ndjenja ime personale është se publiku në teatër sot dëshiron të shohë një komedi të mirë dhe të largohet me disponim të mirë. Kuptohet se nuk e gjykoj këtë, kush nuk do të dëshironte të qeshë dhe të ndihet mirë (haha), por mendoj se duhet t’u jepet mundësi zhanreve të tjera, sepse pak a shumë në ditët e sotme, shumë prej shfaqjeve, pavarësisht zhanrit. , luhen afër (kamerë), apo duhet të them në mënyrë interaktive me vetë publikun, kështu që kur problemi diskutohet drejtpërdrejt në një tragjedi apo një dramë, shikuesi i përfshirë mund të kënaqet plotësisht me idetë e vetë shfaqjes, dhe vetë ta gjejë komedinë në gjërat, ose cilat do ndjenja, që do ta çojnë atë në ndonjë farë ndryshimi, për shkak të të cilit ekziston vepra e paraqitur e autorit të tekstit – drama.
N. Sh. Një nga mjetet themelore të artit dramatik është gjuha. Pra nga aktori pritet ta njohë gjuhën. Ashtu pra, “aktor i mirë” nuk është sinonim “i mirë” apo “aktor”. Ju jeni i ri, por sigurisht që keni idenë se çfarë prezanton një aktor të mirë. Cili, sipas jush është aktor i mirë?
B. A. Një aktor i mirë mund të jetë vetëm një person i mirë. Vetëm një person i mirë mund të “hapë” vërtet shpirtin e tij, “të arrijë” tek audienca, të ketë emocionin e vërtetë. Një aktor i mirë “luan” për një partner në skenë, një aktor i mirë respekton, ndihmon dhe dëgjon në skenë, por edhe në privatësi. Aktorët janë “arteriet” e gjithë veprës, për të cilën autori dhe regjisori kanë nxitje për të shkruar dhe vënë në skenë, dhe vetëm miqësia i bashkon të gjithë si një anë e mirë njerëzore, kam disa procese të mrekullueshme për të cilat do të flas tërë jetën time, po qenka ajo me njerëz të mirë – aktorë të mirë, regjisorë. Absurde, por shumë e vërtetë, që edhe kur ka personazh negativ, një histori negative, ata ekzistojnë për mirësinë në mesazhin e shfaqjes.
N. Sh. Së fundmi, përveç estetikës, për artin flitet edhe përmes kategorive etike. E kemi thënë që një “aktor i mirë” nuk është as “i mirë” dhe as “aktor” më vete. Por, përveç duartrokitjeve nuk mungojnë edhe kritikat. Publiku ka pritshmëri nga aktorët në skenë apo në ekrani, Sipas jush, si mundet të jesh i mirë dhe aktor në të njëjtën kohë?
B. A. Gjërat nuk funksionojnë dhe nuk zgjasin shumë nëse më shumë se gjysma ose i gjithë ekipi nuk janë vërtet njerëz të mirë, ndaj lavdërime për dikë, që ia del me një “kamuflazh” të mirësisë, por një ditë gjërat do të shfaqen në dritën dhe fotografinë e vërtetë . Nuk është e vështirë të jesh edhe i mirë edhe aktor, por për të arritur një rezultat të mirë duhet të durohen të gjitha pengesat dhe telashet, kështu që do të bëhemi njerëz më të mirë dhe aktorë akoma më të mirë.
Krahas kësaj interviste janë disa fotografi nga shfaqjet teatrale të Boban Aleksoskit dhe “Zlaten Elec” të fotografuara nga fotografi i ri Nikolla Jovanoviq.