домаКолумниЗдравко Савески: „Идентитетот“ / Zdravko Saveski: "Identiteti"

Здравко Савески: „Идентитетот“ / Zdravko Saveski: “Identiteti”

Здравко Савески / Zdravko Saveski

За да ја одржат во живот илузијата за членство во ЕУ, преку привидот дека се чекорело напред по европскиот пат (а со цел остварување на сопствените економски и геополитички интереси), со францускиот предлог центрите на моќ во ЕУ нанесоа повеќекратна и долготрајна штета во Македонија. Меѓу штетите што ги нанесоа е и сосема разбирливиот и очекуван пораст на чувството на загрозеност на националниот идентитет кај значителен број етнички Македонци и последиците од тоа. Во момент кога има ургентна потреба (не само во Македонија, туку во целиот свет) да јакне нашиот човечки идентитет, бидејќи климатската криза почна да излегува вон контрола, центрите на моќ во ЕУ дополнително ги заглавија луѓето тука да ги приоретизираат националните прашања пред сите останати и да ја јакнат себеперцепцијата дека пред сѐ и единствено се Македонци.

Во контекст на францускиот предлог, прашањето на идентитетот е во преден план. Власта тврди дека го заштитила „идентитетот“, многумина се убедени дека таа го распродала „идентитетот“. При тоа, она што и едните и другите го подразбираат под „идентитет“ е националниот идентитет. На многумина тоа им се чини саморазбирливо, а некои тоа го користат како скратен израз. Но, и во двата случаи, се зајакнува клучната теза на секој национализам дека националниот идентитет на луѓето е најважниот дел од нивниот идентитет, па дури и дека тој го опфаќа целиот нивни идентитет. Па, така се доаѓа до парадоксот многумина што се фокусирани токму на прашањето на одбрана на идентитетот – да немаат целосна слика за својот идентитет.

Секој поединец има повеќе идентитети, тој е вкупност од своите идентитети, тој поседува богатство од идентитети. Тој е човечко суштество, жител и граѓанин на одредена држава, припадник на одредена етничка група, на одредена класа, жител е на одреден град или село, има одредена родова припадност и сексуална ориентација, врши одредено занимање или има одредено хоби, слуша одредена музика, можеби членува во одредена партија или прифаќа одредена идеологија. На сите овие идентитети не им се придава иста тежина. Со некои од овие идентитети даден поединец силно се идентификува, а некои не му се посебно важни. При тоа, нема правило кое ќе ги рангира идентитетите од поважни кон помалку важни. Секој поединец тоа за себе го прави. На пример, некому најважна му е неговата сексуална ориентација. Се чувствува обесправен ако е дискриминиран по сексуална основа, најмногу го интересира унапредувањето на правата во сексуалната сфера, ги чувствува за блиски луѓето со иста сексуална ориентација. За други, најважна е партиската идентификација. Тие секогаш стојат зад својата партија, и во добро и во лошо, го величаат нејзиниот лидер, никое недостојно однесување на партиските функционери не им ја разнишува верноста кон партијата. А има и луѓе кои особено се идентификуваат со својата професија или хоби. Тие се доктори, планинари или гејмери и тоа за нив е далеку поважен дел од нивниот идентитет отколку што мислат оние што не ја споделуваат таквата идентификација. Во последно време, пак, особено важно станува прашањето на отстапувањето на онлајн идентитетот на луѓето во однос на нивниот реален идентитет.

Етничкиот (односно: националниот) идентитет не е ниту единствениот ниту основниот идентитет на човекот. Национализмот е тој што инсистира дека етничкиот идентитет е најважниот идентитет за луѓето и дека нему треба да му бидат подредени сите други идентитети. При тоа, распространетоста на убедувањето дека ние пред сѐ сме Македонци, Албанци, Бугари, а потоа сѐ останато, не е показател дека етничкиот идентитет е природно или саморазбирливо примарен, туку дека национализмот успеал длабоко да се вгнезди и да завладее со перцепциите на луѓето. Небулоза е да се тврди дека ние прво сме биле Македонци, Албанци, Бугари, а потоа луѓе. Но, токму тоа национализмот го наметнува како перцепција, иако обично се воздржува да биде до таа мера експлицитен.

Борбата против национализмот нужно налага борба против доминацијата на етничкиот идентитет над севкупниот идентитет на луѓето. Сиромашниот и богатиот Македонец немаат ист живот, ниту исти животни проблеми, ниту исти животни аспирации. Истото важи и за сиромашниот и богатиот Албанец. Национализмот е тој што тврди дека етничката припадност на сиромашниот и богатиот Македонец е поважна од сите нивни разлики. Едниот не знае како ќе го помине месецот, другиот не знае колку има пари – но исто биле, според национализмот. Сѐ додека ние се идентификуваме пред сѐ како припадници на одредени етнички групи, силата на национализмот ќе се репродуцира. Се разбира, тоа не значи дека треба да се отфрли етничката идентификација. Но, тоа значи да се сфати дека етничката идентификација не е ниту најважната ниту единствената идентификација на човекот. Без да се продре до ова сознание, борбата против национализмот ќе биде јалова.

Држењето на политичкиот фокус врз националните прашања, особено во последниве години, придонесува за растечката интелектуална провинцијализација на Македонија. Да, особено младите, како никогаш порано го крстосуваат светот, ги пратат најновите модни трендови, ги купуваат најновите технички гаџети. Но, без разлика на тоа, кога станува збор за настаните и интелектуалните струења надвор од Македонија, постои растечка тенденција на нивно игнорирање како нешто што нас, во Македонија, не нѐ засега. Како за нас да не постојат глобалните проблеми. Како ние да не трпиме последици од нив. Како светот потаму од границите на државата да не постои (освен како поле за туризам). И како во секоја паланка, интересот е насочен на она што се случува во паланката, додека случувањата отаде шумичката се перципираат како екстерни и второстепени. Лоцирањето на проблемите почнува и завршува кај власта. Зошто не чинат работите? Зашто власта не чини. Постои изземање од личната одговорност за состојбите, постои игнорирање на глобалните проблеми од кои трпиме последици овде и сега. Да, власта не чини, не чинеше ниту една власт од реставрацијата на капитализмот, но зарем сѐ треба да заврши со оваа констатација?

Не можеме да ги игнорираме глобалните проблеми. Бидејќи ние во Македонија не се наоѓаме на некоја друга планета и бидејќи сѐ повеќе расте нашата ранливост на глобалните проблеми. Нашите животи се влошуваат не само поради неспособноста и корумпираноста на власта, туку и поради војната околу Украина, конвулзиите на глобалниот капитализам, климатската криза, пандемијата. Никоја од овие појави не потекна од Македонија, а сепак трпиме сериозни последици. Како и целиот свет. Ова претставува непобиен доказ дека провинциското гледање на светот е неиздржано. А тоа сепак опстојува, и покрај очебијните факти. Зошто?

Една од причините за тоа е токму погрешното разбирање на идентитетот. Кога идентитетот се сведува на националниот идентитет, или кога националниот идентитет се смета за убедливо најважен дел од идентитетот, тогаш отсуствува и стремежот да се делува како припадник на човечкиот род, а глобалните проблеми од кои се трпат последици се перципираат како виша сила, како нешто врз што ние не можеме да влијаеме, при што обврската за делување се префрла отаде границата.

Најголемата опасност со која сега се соочуваме сите ние како жители на планетата (без разлика дали ја перципираме како таква и без разлика колку ни е важен националниот идентитет) е климатската криза. Неа ја влошуваат сите припадници на човечкиот род (значи и ние самите), иако некои (капиталистите и богатите општо) многу повеќе од сите нас останатите. За нејзино ублажување и евентуално надминување потребен е ангажманот на сите нас, а особено е потребна нашата колективна акција. Климатската криза е создадена од капитализмот и таа не може да биде решена во рамките на капитализмот. Таа, нам во Македонија, засега, поради високите температури во лето, ни го нарушува само раатот и лезетот, но набрзо ќе предизвика далеку посериозни проблеми како недостиг на храна и вода за сите што не се припадници на капиталистичката класа.

Соочени со грамадната опасност на климатската криза, прашањето за нашиот идентитет е исклучително актуелно. Исклучително е важно повторно да го откриеме нашиот човечки идентитет и да ја прифатиме нашата одговорност за состојбите што тој ја налага, вклучително имајќи ја предвид нашата одговорност кон останатиот жив свет и кон следните генерации човечки суштества (можеби особено имајќи предвид дека со игнорирањето на проблемот се уништува иднината и на сопствените деца!). Не е сеедно дали ние самите секојдневно правиме низа постапки кои ја влошуваат климатската криза или се трудиме да се промениме! Не е сеедно дали им ја оставаме политиката да ја водат по старо, со илјадниците фалинки и без реална климатска акција, или ќе се организираме да ги организираме државата, општеството, економијата, светот – поинаку и подобро. Архаичната политика на Балканот нѐ заробува во идентитетски препукувања кои се дегутантни, застарени и – во 2022 година – претставуваат луксуз. Се разбира, не треба да ѝ дозволиме на вазалската, прокапиталистичка и корумпирана гарнитура на власт да прави што сака. Во врска со кое било прашање. Но, приоритетите во 2022 година, на прагот на новата, ужасна фаза од климатската криза мора да бидат кристално јасни: прво сме луѓе, а потоа сме Македонци, Албанци, Бугари.

Здравко Савески.

Редакцијата на „Гласни идеи“ не нужно се согласува со ставовите изразени во колумната.

Për të mbajtur gjallë iluzionin e anëtarësimit në BE, përmes shfaqjes së ecjes përpara në rrugën evropiane (dhe për të arritur interesat e tyre ekonomike dhe gjeopolitike), me propozimin francez, qendrat e pushtetit në BE, në Maqedoni  dëmtim të shumëfishtë dhe afatgjatë. Ndër dëmet që shkaktuan,   plotësisht e kuptueshme dhe e pritshme është  rritja e ndjenjës së identitetit të kërcënuar kombëtar te një numër i konsiderueshëm maqedonas etnikë, dhe pasojat e saj. Në një kohë kur ka nevojë urgjente (jo vetëm në Maqedoni, por në të gjithë botën) për të forcuar identitetin tonë njerëzor, sepse kriza klimatike ka filluar të dalë jashtë kontrollit, qendrat e pushtetit në BE, i kanë mbërthyer edhe më shumë njerëzit këtu, për t’i dhënë prioritet çështjeve kombëtare mbi të gjitha dhe për të forcuar vetë perceptimin se ata, para së gjithash janë maqedonas.

Në kontekstin e propozimit francez, çështja e identitetit është në plan të parë. Qeveria pretendon se ka mbrojtur “identitetin”, shumë të tjerë janë të bindur se ajo e ka shitur “identitetin”. Në të njëjtën kohë, ajo që të dy nënkuptojnë me “identitet” është identiteti kombëtar. Për shumë njerëz kjo duket e vetë-kuptueshme, dhe disa e përdorin atë si një shprehje stenografike. Por në të dyja rastet, teza kyçe e çdo nacionalizmi është se, identiteti kombëtar i njerëzve, është pjesa më e rëndësishme e identitetit të tyre, madje se ai, përfshin të gjithë identitetin e tyre. Epo kështu pra, arrijmë te paradoksi që shumë njerëz që janë të fokusuar në çështjen e mbrojtjes së identitetit – të mos kenë një pasqyrë të plotë të identitetit të tyre.

Çdo individ ka identitete të shumëfishta, ai është një tërësi e identiteteve të tij, ai zotëron një pasuri identitetesh. Ai është njeri, banor dhe shtetas i një vendi të caktuar, pjesëtar i një grupi të caktuar etnik, i një klase të caktuar, banor i një qyteti ose fshati të caktuar, ka një gjini dhe orientim seksual të caktuar, kryen një profesion të caktuar ose ka një hobi të caktuar, dëgjon një muzikë të caktuar, ndoshta i përket një partie të caktuar ose pranon një ideologji të caktuar. Të gjithë këtyre identiteteve nuk u jepet e njëjta peshë. Një individ i caktuar identifikohet fuqishëm me disa nga këto identitete dhe disa nuk janë veçanërisht të rëndësishme për të. Në të njëjtën kohë, nuk ka asnjë rregull që do t’i renditë identitetet nga më të rëndësishmet në më pak të rëndësishme. Secili individ e bën këtë për vete. Për shembull, gjëja më e rëndësishme për dikë është orientimi seksual. Ai ndihet i pa drejtësuar nëse diskriminohet në baza seksuale, më së shumti interesohet për promovimin e të drejtave në sferën seksuale, ndihet i afërt me personat me të njëjtin orientim seksual. Për të tjerët, identifikimi i partisë është parësor. Ata qëndrojnë gjithmonë pas partisë së tyre, në të mirë e në të keq, lavdërojnë liderin e saj, asnjë sjellje e padenjë e funksionarëve partiakë nuk e lëkund besnikërinë e tyre ndaj partisë. Dhe ka njerëz që identifikohen veçanërisht me profesionin apo hobin e tyre. Ata janë mjekë, alpinistë apo lojtarë dhe për ta kjo është një pjesë shumë më e rëndësishme e identitetit të tyre, sesa mendojnë ata që nuk ndajnë një identifikim të tillë. Megjithatë, kohët e fundit, çështja e devijimit të identitetit online të njerëzve nga identiteti i tyre real është bërë veçanërisht e rëndësishme.

Identiteti etnik (d.m.th.: kombëtar) nuk është as identiteti i vetëm dhe as themelor i një personi. Është nacionalizmi ai që këmbëngul se identiteti etnik është identiteti më i rëndësishëm për njerëzit dhe se të gjitha identitetet e tjera duhet t’i nënshtrohen atij. Në të njëjtën kohë, mbizotërimi i bindjes se ne, fillimisht jemi maqedonas, shqiptarë, bullgarë dhe më pas gjithçka tjetër, nuk është një tregues se identiteti etnik, është natyrshëm apo i vetëkuptueshëm primar, por përkundrazi se nacionalizmi ka arritur thellë të zërë rrënjë. dhe dominojnë perceptimet e njerëzve. Është e mjegullt të pretendosh se, në fillim ne ishim maqedonas, shqiptarë, bullgarë dhe pastaj popull. Pikërisht kjo është ajo që e imponon nacionalizmi si perceptim, megjithëse, zakonisht përmbahet nga të qenit kaq eksplicit.

Lufta kundër nacionalizmit kërkon domosdoshmërish një luftë kundër dominimit të identitetit etnik mbi identitetin e përgjithshëm të njerëzve. Maqedonasi i varfër dhe i pasur nuk kanë të njëjtën jetë, as të njëjtat probleme jetësore, as të njëjtat aspirata jetësore. E njëjta gjë vlen edhe për shqiptarin e varfër dhe të pasur. Është nacionalizmi ai që pretendon se përkatësia etnike e maqedonasve të varfër dhe të pasur është më e rëndësishme se të gjitha dallimet e tyre. Njëri nuk e di se si do ta kalojë muajin, tjetri nuk e di se sa para ka – por qenkan të njëjtë, sipas nacionalizmit. Për deri sa që ne, identifikohemi kryesisht si anëtarë të grupeve të caktuara etnike, forca e nacionalizmit do të riprodhohet. Natyrisht, kjo nuk do të thotë se identifikimi etnik duhet të refuzohet. Por, kjo do të thotë të kuptosh se, identifikimi etnik nuk është as identifikimi më i rëndësishëm dhe as i vetmi identifikimi i një personi. Pa depërtuar në këtë realizim, lufta kundër nacionalizmit do të jetë e pafrytshme.

Mbajtja e fokusit politik në çështjet kombëtare, veçanërisht në vitet e fundit, kontribuon në rritjen e provincializmit intelektual  të Maqedonisë. Po, sidomos të rinjtë, si asnjëherë më parë udhëtojnë nëpër botë, ndjekin tendencat më të fundit të modës, blejnë pajisjet më të fundit teknike. Por pavarësisht nga kjo, kur bëhet fjalë për ngjarje dhe rryma intelektuale jashtë Maqedonisë, ka një tendencë në rritje, për t’i injoruar ato si diçka që nuk na shqetëson ne në Maqedoni. Sikur problemet globale të mos ekzistojnë për ne. Sikur të mos vuajmë pasoja prej tyre. Sikur bota nuk ekziston përtej kufijve të shtetit nuk  (përveç si fushë për turizëm). Dhe si në çdo palankinë, interesi përqendrohet në atë që ç ndodh në palankinë, ndërsa ngjarjet përtej korijes, perceptohen si të jashtme dhe dytësore. Locimi i problemeve fillon dhe mbaron te qeveria. Pse na bëjnë gjërat? Pse nuk bën pushteti. Ekziston përjashtim nga përgjegjësia personale për situatën, ekziston injorim të problemeve globale nga të cilat vuajmë pasoja, këtu dhe tani. Po pushteti nuk bën, asnjë pushtet nuk ka bërë që nga restaurimi i kapitalizmit, por a duhet që gjithçka të përfundojë me këtë konstatim?

Ne nuk mund të injorojmë problemet globale. Sepse ne në Maqedoni nuk jemi në një planet tjetër dhe sepse cenueshmëria jonë ndaj problemeve globale po rritet gjithnjë e më shumë. Jetët tona po përkeqësohen jo vetëm për shkak të paaftësisë dhe korrupsionit të qeverisë, por edhe për shkak të luftës mbi Ukrainën, konvulsioneve të kapitalizmit global, krizës klimatike, pandemisë. Asnjëra nga këto dukuri nuk e ka origjinën nga Maqedonia, por ne kemi pasoja të rënda, si e gjithë bota. Kjo është një provë e pakundërshtueshme se pikëpamja provinciale e botës është e paqëndrueshme, dhe ende vazhdon, pavarësisht fakteve të dukshme. Pse?

Një nga arsyet për këtë është pikërisht keqkuptimi i identitetit. Kur identiteti reduktohet në identitet kombëtar, ose kur identiteti kombëtar konsiderohet si pjesa më e rëndësishme e identitetit, atëherë aspirata për të vepruar si pjesëtar i racës njerëzore mungon, dhe problemet globale nga të cilat rrjedhin pasojat.  perceptohen si një forcë më e lartë, si diçka në të cilën ne nuk mund të ndikojmë, ku detyrimi për të vepruar kalon përtej kufirit.

Rreziku më i madh me të cilin, të gjithë ne si banorë të planetit përballemi tani (pavarësisht nëse e perceptojmë si të tillë dhe pavarësisht se sa i rëndësishëm është identiteti ynë kombëtar) është kriza klimatike. Atë e përkeqësojnë të gjithë anëtarët e racës njerëzore (do me thënë edhe  vetë ne), edhe pse disa (kapitalistët dhe të pasurit në përgjithësi), shumë më tepër se ne të tjerët. Për zbutjen e tij dhe eventualisht tejkalimi i tij, kërkon angazhimin e të gjithë neve dhe veçanërisht veprimin tonë kolektiv. Kriza klimatike u krijua nga kapitalizmi dhe nuk mund të zgjidhet brenda kapitalizmit. Për ne në Maqedoni, për momentin, për shkak të temperaturave të larta në verë, vetëm na shqetëson dhe na e prish rahatinë dhe lezetin, por së shpejti do të shkaktojë probleme shumë më serioze, si mungesa e ushqimit dhe ujit, për të gjithë ata që nuk janë anëtarë të klasës kapitaliste.

Përballë rrezikut të madh të krizës klimatike, çështja e identitetit tonë është jashtëzakonisht aktuale. Është jashtëzakonisht e rëndësishme që ne sërish të ri zbulojmë identitetin tonë njerëzor, dhe të pranojmë përgjegjësinë tonë për kushtet që ai i imponon, dhe posaçërisht duke pasur  parasysh përgjegjësinë tonë ndaj pjesës tjetër të botës së gjallë, dhe ndaj brezave të ardhshëm të qenieve njerëzore (ndoshta veçanërisht duke pasur parasysh se injorimi i problemit shkatërron të ardhmen edhe të fëmijëve tonë!). Nuk është e pa rëndësishme, nëse ne vetë, çdo ditë bëjmë një sërë veprimesh që përkeqësojnë krizën klimatike apo  përpiqemi të ndryshohemi! Nuk është e pa rëndësishme nëse i lëmë ta drejtojnë politikën në mënyrën e vjetër, me mijëra falsifikime dhe pa veprime reale klimatike, apo do të organizohemi për të organizuar shtetin, shoqërinë, ekonominë, botën – ndryshe dhe më mirë. Politika arkaike e Ballkanit na robëron në beteja për identitetin që janë poshtëruese, të vjetruara dhe – në vitin 2022 – përfaqësojnë luks. Natyrisht, nuk duhet të lëmë pushtetin vasal, pro kapitalist dhe të korruptuar, të bëjë çfarë të dojë, në lidhje me çdo pyetje. Por prioritetet në vitin 2022, në prag të fazës së re, të tmerrshme të krizës klimatike, në mënyrë kristale duhet të jetë e qartë: fillimisht jemi njerëz, e më pas jemi maqedonas, shqiptarë, bullgarë.

Zdravko Saveski.

Përkthyer nga: E. M.

Redaksia e “ide të zëshme” nuk pajtohet domosdoshmërish me pikëpamjet e shprehura në kollumnë.

RELATED ARTICLES