Изминативе две години беа одбележни со светска здравствена криза што беше проследена со екстремна економска криза која допрва ќе се разгорува. Економските кризи во капитализмот се вообичаена појава, резултат на внатрешните контрадикции на дивеењето на пазарната економија и имаат циклична природа на повторување. Економските рецесии, односно краховите на капитализмот се одразуваат врз целокупното општество, подривајќи ги темелите на неколку нивоа. Македонското општество кое со децении има нерентабилна економија, ударот на кризата го чуствува уште посилно. Трнувајќи од фактот дека споредено со другите земји, Македонија веќе беше на едно пониско рамниште, во буквална смисла пазар за европската индустрија, со години го девастираше своето производство. Во овој момент Македонија која порано имаше домашно производство, кое ги задоволуваше основните и проширените потреби на населението, денес е скоро потполно зависна од увоз. Увозните стоки поради зголемените цени на транспортот, како и пазарните цени воопшто, многу скапо ќе ја плаќа својата зависност и своето економско девастирање, кое се случуваше во изминатите 30 години.
Од круцијално значење е положбата на работникот, кој всушност го носи товарот на кризата врз својот грб. Минималната плата во Македонија според последните покачувања изнесува 18.000 денари. Според Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) минималната синдикална потрошувачка кошница за месец јуни изнесува 39.710,00 денари. Типот на претпоставеното домаќинство е четиричлено семејство, кое живее во дом од 50 метри квадратни и не поседува автомобил. Понатаму претпоставеното семејство живее во една идилична состојба, каде нема поправки во домот, нема здравствени проблеми, користи евтин јавен превоз, троши многу малку на облека, образование и култура. Прилично идилична состојба, која веќе не соодветствува на реалните околности. Доволно е да се одбележи дека само за храна, четиричлено семејство троши 17.613,92 денари, што е скоро цела минимална плата. Поинаку кажано работникот кој прима минимална плата се наоѓа во ситуација каде што со својата плата не може да обезбеди преживување за себе и семејството. Просечната плата во Македонија пак се движи околу 30.000 денари и е за 9.710 денари пониска од пресметаната минимална синдикална кошничка. Лесно се согледува дека и просечната плата, впрочем не е доволна за да се обезбеди основно преживување. Инфалцијата која во јуни достигна 14 %, всушност е пеколната машина која континуирно ќе ја влошува ситуација. Цените уште подрастино ќе растат, а со тоа ќе девалвира и вредноста на денарот, што значи дека работниците со секој изминат месец ќе можат се помалку да купуваат. Со тоа и онака веќе нискиот општествен статус на работникот, дополнително ќе паѓа, што ќе резултира со низа социјални промени.
Пропаѓањето на работникот пред сè значи дека тој веќе нема да има доволно средства за да преживее, соодветно да домува, да се грижи за своето здравје, но и да инвестира во себе преку култура и образование. Човекот живеејќи во такви услови првенствено ќе доживее психосоматски трауми, но и ќе се стратифицира во положба каде што сè нормално едноставно ќе стане недопирливо и нема да може да си го дозволи. Континуираното отсуство на здравствената грижа, задоволување на културните и образовните потреби создава нешто што можеме да го окарактеризираме со зборовите „болно општество“. Ваквото општеството е статичко по природа, социјалната мобилност е неизводлива, што води до една стагнација која има тенденција да се движи кон деградација.
„Болното општество“ во принцип е еден постојан процес на дехуманизарање на човекот, одземајќи му ги сите „поволности“ и перспективи за развој. Накратко кажано, сè што е потребно, станува недостижно, а недостижното во суштина се само основни услови и предуслови за човековото постоење и развој. Согледувајќи ја својата општествена положба, работник ќе вложува двојно и тројно труд, но вложениот труд ќе му носи сè помалку вредност. Проблемот во овој случај не може да се бара во работникот и неговиот труд, туку во општествениот систем, односно социјалните односи кои го детермираат целокупното општествено постоење. Било каква трудова акција што ќе ја преземе работникот, нема да ја подобри неговата материјална положба, бидејќи вредноста на неговиот труд, всушност е веќе изедена од „болното општество“. Борбата за преживување додатно влијае врз меѓучовечките односи и ги отуѓува луѓето прво од самите себе, потоа и од другите луѓе. Воопштено земено тоа е дехуманизиран процес во кој еден работник го перципира другиот работник како попривилегиран од себе и закана за својата работа. Реалноста пак е поинаква, односно и двајцата работници се стратифицирани на исто ниво, а општествените односи ги приморуваат да се борат еден со друг. Во овој процес работниците, преокупирани со меѓусебните борби и делби, не забележуваат дека дополнително пропаѓаат и нивната општествена положба дополнително се влошува. Се формира еден круг во кој постојано работникот се носи подолу на општествената скала, а од друга страна носи сè повеќе вишок на вредност за креаторите на општествениот систем. Тој вишок на вредност се извлекува од работниците главно преку тоа што работниците ќе работат двојно повеќе за минимум преживување, додека сопствениците, ќе имаат само двојно повеќе за продавање. Општеството е затворен принцип и работничкото пропаѓање, ќе се одрази и врз сопствениците. Без разлика колку и да се произведува, едноставно ќе нема кој веќе да купува. Производите ќе се трупаат, станувајќи мртов капитал, кој сам по себе е девастирачки и води кон колапс на сопствениците. Овој маѓепсан круг почнува од работниците и се пронесува низ целото општество за на крајот да го погоди сопственичкиот слој, што е завршната фаза кога општеството ќе стане потполно економски девастирано.
Македонската современост во моментов е дел од претходно опишаниот круг на болното општество. Општествената положба на работникот пропаѓа со секој изминат ден, економската криза се заострува, додека креаторите на болното општество, сè уште се далеку од согледувањето дека општествениот монструм им се приближува. Положбата на работникот зависи правопропорционално од општествените односи. Подобрувањето на положбата на работникот ќе дојде единствено преку комплетно изменување на постоечките општествени односи и воведување на квалитативно нови односи. Половични економски мерки, реформски зафати нема воопшто да допринесат бидејќи на тој начин проблемите само се одложуваат и зголемуваат. Македонија денес се соочува со едно тешко премрежје каде што во опасност се основните услови за постоењето и развојот на човекот. Најзагрозените треба да бидат најгласните баратели за системски промени бидејќи се спротивно од ова значи буквална опасност по постоењето на работникот и воопшто на човекот. Во овој момент треба силно и ефективно да се работи врз плански развој на економијата и стопанството. Главна задача на производната акција треба да биде обезбедување доволно од сè за сите, а не извлекување на сè поголеми профити, користејќи ја кризата како претекст. Моментите на кризи изискуваат од човекот облици на солидарност и кооперација, проследени со плански активности со цел надминување на постоечките проблеми. „Болното општество“ е наше општество, наша е должноста да го промениме во корен, а секој чин и активност вложени во таа насока се велики дела за хуманизмот и човекољубието!
Васко Гичевски
Редакцијата на „Гласни идеи“ не нужно се согласува со ставовите изразени во колумната.
Dy vitet e fundit janë shënuar nga një krizë globale shëndetësore, e cila u pasua nga një krizë ekonomike ekstreme, që ende nuk është ndezur. Krizat ekonomike në kapitalizëm janë një fenomen i zakonshëm, rezultat i kontradiktave të brendshme, të ekonomisë së shfrenuar të tregut, dhe kanë një natyrë ciklike të përsëritjes. Recesionet ekonomike, pra kolapset e kapitalizmit, reflektojnë në të gjithë shoqërinë, duke minuar themelet në disa nivele. Shoqëria maqedonase, e cila prej dekadash ka një ekonomi joprofitabile, po e ndjen edhe më fort ndikimin e krizës. E habitur nga fakti se në krahasim me vendet e tjera, Maqedonia ishte tashmë në një nivel më të ulët, fjalë për fjalë, treg për industrinë evropiane, ajo shkatërroi prodhimin e saj për vite me radhë. Në këtë moment Maqedonia, e cila dikur kishte prodhim vendor, i cili plotësonte nevojat themelore dhe të zgjeruara të popullatës, sot është pothuajse tërësisht e varur nga importi. Mallrat e importuara për shkak të rritjes së çmimeve të transportit, si dhe çmimeve të tregut në përgjithësi, do ta paguajnë shumë shtrenjtë varësinë dhe shkatërrimin e tij ekonomik, që ka ndodhur në 30 vitet e fundit.
Me rëndësi vendimtare është pozita e punëtorit, i cili në fakt e bart mbi shpinë barrën e krizës. Paga minimale në Maqedoni sipas rritjeve të fundit është 18.000 denarë. Sipas Unionit të Sindikatave të Maqedonisë (SSM), shporta minimale e konsumit sindikal për muajin qershor është 39.710,00 denarë. Lloji i supozuar i familjes është një familje me katër anëtarë, që jetojnë në një shtëpi prej 50 metrash katrorë dhe nuk kanë një makinë. Për më tepër, familja e supozuar jeton në një gjendje idilike, ku nuk ka riparime në shtëpi, nuk ka probleme shëndetësore, përdor transport publik të lirë, shpenzon shumë pak për veshje, arsim dhe kulturë. Një situatë mjaft idilike, që nuk korrespondon më me rrethanat reale. Mjafton të theksohet se vetëm për ushqim një familje katër anëtarëshe shpenzon 17.613,92 denarë, që është pothuajse e gjithë paga minimale. Me fjalë të tjera, punëtori që merr pagën minimale, është në një situatë ku nuk mund të sigurojë mbijetesë për veten dhe familjen e tij me pagën e tij. Paga mesatare në Maqedoni është rreth 30.000 denarë dhe është 9.710 denarë më e ulët se shporta minimale e llogaritur sindikaliste. Është e lehtë të shihet, se edhe paga mesatare nuk është e mjaftueshme për të siguruar mbijetesën bazë. Inflacioni, i cili arriti në 14% në qershor, është në fakt makina skëterre që do të përkeqësojë vazhdimisht situatën. Çmimet do të rriten edhe më shpejt, dhe me këtë do të zhvlerësohet edhe vlera e denarit, që do të thotë se punëtorët do të mund të blejnë çdo muaj e më pak. Me këtë, statusi edhe ashtu i ulët social i punëtorit do të bjerë më tej, gjë që do të sjellë një sërë ndryshimesh sociale.
Rënia e punëtorit para së gjithash, do të thotë se ai nuk do të ketë më fonde të mjaftueshme për të mbijetuar, për të pasur banesë adekuate, për t’u kujdesur për shëndetin e tij, por edhe për të investuar në vetvete përmes kulturës dhe edukimit. Një person që jeton në kushte të tilla, do të përjetojë kryesisht trauma psikosomatike, por gjithashtu do të shtresohet në një pozicion, ku gjithçka normale do të bëhet thjesht e paprekshme, dhe ai nuk do të jetë në gjendje ta përballojë atë. Mungesa e vazhdueshme e kujdesit shëndetësor, plotësimi i nevojave kulturore dhe arsimore, krijon diçka që mund ta karakterizojmë me fjalët “shoqëri e sëmurë”. Një shoqëri e tillë ka natyrë statike, lëvizshmëria sociale është e parealizueshme, duke çuar në një stagnim që tenton drejt degradimit.
“Shoqëria e sëmurë” në parim është një proces i vazhdueshëm i dehumanizimit të njeriut, duke e privuar atë nga të gjitha “përfitimet” dhe perspektivat për zhvillim. Shkurtimisht, gjithçka që nevojitet bëhet e paarritshme, dhe të paarritshmet në thelb janë vetëm kushte dhe parakushte themelore për ekzistencën, dhe zhvillimin njerëzor. Duke kuptuar pozicionin e tij shoqëror, një punëtor do të investojë dyfish dhe trefish përpjekje, por mundi i investuar do t’i sjellë gjithnjë e më pak vlerë. Problemi në këtë rast nuk mund të gjendet tek punëtori dhe puna e tij, por në sistemin shoqëror, pra në marrëdhëniet shoqërore që përcaktojnë gjithë ekzistencën shoqërore. Çdo veprim i punës i ndërmarrë nga punëtori nuk do të përmirësojë pozitën e tij materiale, sepse vlera e punës së tij në fakt tashmë është ngrënë nga “shoqëria e sëmurë”. Lufta për mbijetesë ndikon gjithashtu në marrëdhëniet ndër njerëzore dhe i largon njerëzit, fillimisht nga vetja dhe më pas nga njerëzit e tjerë. Në përgjithësi, është një proces dehumanizues në të cilin një punëtor e percepton një punëtor tjetër si më të privilegjuar dhe kërcënim për punën e tij. Realiteti është i ndryshëm, domethënë të dy punëtorët janë të shtresuar në të njëjtin nivel dhe marrëdhëniet shoqërore i detyrojnë ata të luftojnë me njëri-tjetrin. Në këtë proces, punëtorët, të preokupuar me luftëra e përçarje reciproke, nuk e vërejnë se po dështojnë më tej, dhe se pozita e tyre shoqërore po keqësohet edhe më shumë. Formohet një rreth në të cilin punëtori vazhdimisht sillet më poshtë në shkallën shoqërore, dhe nga ana tjetër sjell gjithnjë e më shumë mbivlerë për krijuesit e sistemit shoqëror. Kjo mbivlerë nxirret nga punëtorët, kryesisht duke i bërë punëtorët të punojnë dy herë më shumë për mbijetesë minimale, ndërsa pronarët kanë vetëm dy herë më shumë për të shitur. Shoqëria është një parim i mbyllur dhe rënia e punëtorëve do të prekë edhe pronarët. Sado të prodhohet, thjesht nuk do të ketë më njeri për të blerë. Produktet do të grumbullohen, duke u shndërruar në kapital të vdekur, i cili në vetvete është shkatërrues, dhe çon në kolaps të pronarëve. Ky rreth vicioz fillon me punëtorët dhe përhapet në të gjithë shoqërinë për të goditur përfundimisht shtresën e pronësisë, e cila është faza përfundimtare, kur shoqëria shkatërrohet plotësisht ekonomikisht.
Moderniteti maqedonas aktualisht është pjesë e rrethit të përshkruar më parë, të shoqërisë së sëmurë. Pozita shoqërore e punëtorit po shembet çdo ditë që kalon, kriza ekonomike po intensifikohet, ndërsa krijuesit e shoqërisë së sëmurë janë ende larg, nga të kuptuarit se përbindëshi shoqëror po u afrohet. Pozita e punëtorit varet drejtpërdrejt nga marrëdhëniet shoqërore. Përmirësimi i pozitës së punëtorit do të vijë vetëm nëpërmjet ndryshimit të plotë të marrëdhënieve ekzistuese shoqërore, dhe futjes së marrëdhënieve të reja cilësore. Masa ekonomike gjysmake, si dhe përpjekje reformuese, nuk do të kontribuojnë fare, sepse kështu në këtë mënyrë problemet vetëm vonohen dhe shtohen. Sot Maqedonia po përballet me një krizë të rëndë, ku në rrezik janë kushtet elementare për ekzistencën dhe zhvillimin e njeriut. Më të rrezikuarit, duhet të jenë kërkuesit më të zëshëm për ndryshime sistematike, sepse, çdo gjë në kundërshtim me këtë, do të thotë një rrezik bukfal për ekzistencën e punëtorit dhe të njeriut në përgjithësi. Në këtë moment është e nevojshme të punohet fuqishëm dhe efektivisht për zhvillimin e planifikuar të ekonomisë. Detyra kryesore e veprimit prodhues duhet të jetë sigurimi i mjaftueshëm i gjithçkaje për të gjithë, dhe jo nxjerrja e fitimeve gjithnjë e më të mëdha, duke përdorur krizën si pretekst. Momentet e krizës kërkojnë nga njeriu forma solidariteti dhe bashkëpunimi, të ndjekura nga planifikimi i aktiviteteve me qëllim për tejkalimin e problemeve ekzistuese. “Shoqëria e sëmurë” është shoqëria e jonë, e kemi për detyrë ta ndryshojmë rrënjësisht, dhe çdo veprim dhe aktivitet i investuar në atë drejtim janë vepra të mëdha, për humanizëm dhe filantropinë!
Vasko Giçevski
Redaksia e Ide të zëshme, nuk pajtohen domosdoshmërisht me pikëpamjet e shprehura në kolumnë.
Përktheu E.M.