домаВестиСиндикатите на протест за повисоки плати

Синдикатите на протест за повисоки плати

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) повикува на протест на 28 јануари (среда) со почеток од 17:00 часот, кој ќе започне од Работнички дом (ул. Мирче Ацев бр. 6) во Скопје, а ќе се упати до Владата, преку Собранието и Стопанската комора.

ССМ подолго време, со најави за протести и штрајкови – ја притиска Владата да ја зголеми висината на минималната плата, а со тоа и на сите останати плати. Но Владата немаше слух за ова барање, а и не заборава да потсети дека зголемување на платите сепак ќе има во март согласно Колективниот договор за вработените во јавниот сектор склучен претходно. Имајќи го предвид немањето договор за било какво зголемување на минималната плата – во среда членството на сите синдикати во рамките на оваа конфедерација – излегува на улица.

Минималната плата во Македонија е една од најниските во регионот и изнесува 24.379, сума која не е доволна за покривање на месечните трошоци на едно лице. Според податоците од ССМ, минималната синдикална кошница за четиричлено семејство за месец декември 2025 година, изнесува 65.173 денари, а со изнајмен стан 80.867 денари, сума која е невозможно да се покрие со две минимални плати. Поради овие причини Сојузот на синдикатите на Македонија организира протест со главна цел: Зголемување на работничките плати за најмалку 6.000 денари преку зголемување на минималната плата на 600 евра.

Но, како што се вели и во отвореното писмо на Слободан Трендафилов – претседател на ССМ, протестот има и други барања, меѓу кои и барањето да се почитуваат колективните договори, односно платите да се исплаќат во целост согласно одредбите на овие договори.

Во целост Отвореното писмо на претседателот на ССМ, може да го прочитате тука.



RELATED ARTICLES