домаФоторепортажа(ФОТО) Протестен марш СТОП ЗА ГЕНОЦИДОТ ВО ГАЗА - Скопје, октомври 2025

(ФОТО) Протестен марш СТОП ЗА ГЕНОЦИДОТ ВО ГАЗА – Скопје, октомври 2025

На 4-ти октомври се одржа третиот протестен марш годинава во Скопје, досега најмасовен, за солидарност со народот во Палестина.
Маршот, симболично, започна од „Скулптурата на мирот“ посветена на жртвите на Холокаустот, а заврши пред Владата каде говорниците споделија сведоштва на преживеани под урнатините во Газа, од бомбардираните болници и бегалски кампови. Се читаше поезија на палестински поети, а беа упатени и барања до Владата да се придржува до Конвенцијата за спречување и казнување на злосторството геноцид и да го даде својот придонес во меѓународниот притисок врз Израел да запре со масовното убивање недолжни цивили.

Овој протестен марш се одржа во ек на масовна мобилизација на работници и синдикати ширум светот кои преку штрајкови и блокади на пристаништа го попречуваат доставувањето оружје за Израел, додека кон брегот на Газа се упатуваат стотици бродови со хуманитарна помош која останува блокирана. Организаторите „Сите за Палестина“ со поддршка на „Социјален центар ДУЊА“, овој протестен марш го посветија на интернационалната активистичка интервенција на хуманитарната Флотила Сумуд и херојскиот обид да се пробие нелегалната опсада на Газа.

Фото: Наташа Гелева

RELATED ARTICLES