домаВестиСоцијален центар Дуња прославува 9 години постоење и делување

Социјален центар Дуња прославува 9 години постоење и делување

Овој викенд со почеток од петок (03.10.2025) во 20:30 па се до сабота (04.10.2025) 23:00 часот, Социјален центар Дуња ќе прославува 9 години постоење и делување.

Во целост го пренесуваме роденденскиот повик на Колективот на С.Ц Дуња:

„Преку солидарност и заедничарење стигнавме до деветтата година од нашето постоење, години исполнети со потешкотии, предизвици, но и успеси во борбата против идеолошката хегемонија на класно раслоеното експлоататорско општество.
Истрајно, непокорно и непоколебливо се бориме против национализмот, империјализмот и капитализмот и нивните придружни појави кои имаат за цел угнетување на луѓето било каде во светот.

Преку вредностите кои ги негуваме, успеавме во Дуња да го создадеме и живееме општеството за кое се бориме. Веќе девет години Дуња ја претставува пркосната искра во сивилото и едноличноста на граѓанското општество, активно поддржувајќи ги борбите кои почиваат на класна, антинационалистичка и антиимперијалистичка основа во земјата и светот.
И нашата роденденска програма, е во духот на нашето делување, па ве покануваме на протест за поддршка на народот во Палестина, изложба од повеќе уметници, заедничко готвење, едукативен квиз и разни видови на музички настапи.“

За повеќе детали, проследете ја програмата во продолжение:

Петок 03.10.2025
– 20:30ч Свирка Die Angst (Германија)
Сабота 04.10.2025
– 12:00ч Протест за поддршка на народот во Палестина
– 14:00ч Заедничко готвење и ручек
– 17:00ч Едукативен квиз
– 19:30ч Отварање на уметничка изложба
– 20:00ч Музичка селекција со Лени и Јане
– 21:00ч Medarski: електронска музика

Линк од настанот тука.

RELATED ARTICLES