домаВести(ВИДЕО) Длабока држава или судство во длабок сон?

(ВИДЕО) Длабока држава или судство во длабок сон?

Денес се одржа уште едно рочиште во постапката што во 2020 година ја поведоа мнозинството членови на Президиумот (Претседателството) на Левица против лицето Димитар Апасиев во својство на правен застапник на партијата. Конретно, се работи за тужба за утврдување ништовност на одлуки донесени на своја рака, како да не постои закон и статут, но и тужба за утврдување веродостојност на записници и правно дејство на одлуки донесени согласно закон и статут.

Ќе се запрашате, зошто сеуште нема епилог на оваа судска постапка?

Накратко, уште во мај 2021, првостепениот судија, одненадеж, без да образложи, го прифати предлогот на тужениот – Основниот граѓански суд да се огласи за ненадлежен и да ги упати тужителите во Управниот суд?! Против ова небулозно Решение веднаш поднесовме жалба, но на Апелациониот суд му требаа речиси две години да го заклучи она што би требало да го заклучи бруцош – дека партиите се доброволни организации – дека не се државни органи за нивните одлуки да бидат предмет на управен спор.

Значи, севкупно беа потрошени речиси 4 години за нешто што требаше да се одлучи уште на подготвителното рочиште. Во тие години, Димитар се одмаздуваше кон тужителите, на начин што ангажираше адвокати кои ги плаќаше од партиската сметка, а тужеше и останати партиски другари во двоцифрен број предмети за измислени работи. Тие постапки, иако не се сеуште завршени, Димитар ги губи, една по една! Но најбитната постапка за која денес имавме 12-то рочиште, сеуште е без епилог.

Пократко не може да се опише бедата на парламентарната демократија во која правото на политичко и партиско организирање и дејствување, преку ноќ може да премине во изживување за кое никој нема да одговара, туку напротив – бива награден, унапреден и комотен да продолжи како досега.

Но ние сме оптимисти. На крајот, ќе победиме! Вистината и доказите се на наша страна!

RELATED ARTICLES