домаВестиПротест во солидарност со палестинскиот народ

Протест во солидарност со палестинскиот народ

Иницијативата Сите за Палестина, во пресрет на почетокот на 80-то Генерално собрание на Обединетите нации, повикува на протсет со кој ќе се покаже солидарност со палестинскиот народ и ќе се каже стоп за македонскиот молк пред геноцидот во Газа.

Еден ден пред протестот, на 8 септември со почеток од о 18:00 часот ќе се одржи солидарна палестинска кујна во Старата скопска чаршија, каде ќе се служи домашно готвена палестинска храна.

Протестот ќе се одржи на 9 септемви со почеток во 18:00 часот пред Министерството за надворешни работи, во пресрет на македонското учество во Генералното собрание на ОН. Во рамки на овие протестни настани ќе се потпишува и петиција со која се бара Владата и меѓународните претставници на Македонија да гласаат со поддршка на Палестина во текот на Собранието, како и на сите наредни гласања.

Од иницијативата бараат Македонија:
• Да ја потврди својата поддршка за правото на самоопределување на палестинскиот народ.
Да гласа во корист на Палестина на сите идни сесии, вклучително и по прашањата за полноправно членство во ОН и непречената достава на хуманитарна помош. Воедно, и да усвои официјална позиција со која ќе се осуди геноцидот во Газа.
• Да воведе пакет санкции против Израел.
Според Државниот завод за статистика, во периодот 2021–2023 година Македонија извезла во Израел стоки во вредност од 23,5 милиони евра, додека увозот достигнал 43,1 милиони евра – со јасен трговски дефицит на сметка на македонската економија. Најголемиот дел од увозот е рафинирано гориво и хемиски производи, додека македонскиот извоз се сведува на прехранбени производи и лесна индустрија. Прекинот на оваа трговија нема да ја загрози домашната економија, туку ќе го намали непотребното трошење македонски пари за поддршка на воени злосторства. Да се прекине академската соработка со израелски институции, вклучително и меморандумот со Универзитетот „Бен Гурион“.

Од иницијативата истакнуваат:
„Македонската влада не ги застапува интересите на народот, а воедно и вредностите со кои се кити на меѓународната сцена. Соработката со Израел и со САД во оваа смисла допринесуваат само за тесните интереси на неколкумина, додека народот во Македонија секогаш ја вреднувал солидарноста, хуманоста и мирот. Затоа, на 9 септември, излезете на улица и приклучете се кон протестот. Да го кренеме гласот против геноцидот, против молкот и против двојните стандарди. Не во наше име!“

Линк до настанот тука.

RELATED ARTICLES