домаВестиТрибина: Борбата против војните и национализмот, против системот што ги угнетува младите...

Трибина: Борбата против војните и национализмот, против системот што ги угнетува младите и работниците на Балканот

На 21.12.2024г, во просториите на СЦ Дуња, со почеток од 19 часот, ќе се одржи трибина на тема: Борбата против војните и национализмот, против системот што ги угнетува младите и работниците на Балканот.

Национализмот и буржоаските политики иако се спротивни на потребите и интересите на младите и работниците – сепак се во пораст, како во светот, така и на Балканот. Единствена корист од ваквата состојба имаат владејачките класи, кои дополнително ја расцепкуваат работничката класа и ги ослабнуваат нејзините капацитети за спротиставување на овие погубни националистички политики.

Војните кои секојдневно се шират во различни земји само потврдуваат дека капитализмот повторно ја води планетата во нова Голема Војна, додека пак светските народи и работничка класа ширум светот се жртви на геополитичките и геостратешките игри на империјалистите.

Од организаторите велат: „Ние, комунистите, активни во работничкото и студентското движење треба цврсто да застанеме во борбата против овие појави и тенденции, како прв чекор во создавање на неопходниот организиран отпор. Оттаму и како пркос кон национализмот на Балканот, ја организираме оваа трибина која е во организација на Социјалистичка Зора (Македонија) Нова Лева Струја за комунистичко ослободување (Грција), Црвена Акција/Црвена Иницијатива (Србија/Хрватска), а ќе се одржи во просториите на Социјалниот центар Дуња во Скопје. После трибината ќе биде потпишана и заедничка Декларација меѓу трите организации за заедничко дејствување против национализмот и империјализмот“.

Говорници ќе бидат:
Мартин Анѓелевски, Социјалистичка зора
Софија Авѕиду, НАР
Ненад Глишиќ, Црвена акција/Црвена иницијатива
Модератор:
Зоран Василески, Социјалистичка зора

Join us for a panel discussion on December 21, 2024, at the Social Center Dunja, starting at 19:00. The topic we will discuss is: The fight against wars and nationalism, against the system that oppresses the youth and the workers in the Balkans.

Even though nationalism and bourgeoisie policies run contrary to the needs and interests of young people and workers, it is still on the rise, both in the world and in the Balkans. Only the ruling class, who further divides the working class and weakens its capacity to oppose these destructive nationalist policies, benefits from such a situation.

The wars that are being spread, day by day, in many different countries, only confirm to us that capitalism is leading the planet to a new Great War again. All the while the people and the working class, all around the world, are the victims of these geopolitical and geostrategic games of the imperialists.

The organizers say: We, as communists, active on the workers and student movement, should stand firm in the fight against these phenomena and tendencies, as a first step in creating the necessary organized resistance. This is why, as defiance against nationalism in the Balkans, we are holding this panel, organized by Socialist Dawn (Macedonia), New Left Current for Communist Liberation (Greece), Red Action/Red Initiative (Serbia/Croatia), that will be held inside the Social Center Dunja in Skopje. After the panel, the three organizations will sign a declaration for joint action against nationalism and imperialism.

Speakers:
Martin Angjelevski, Socialist Dawn
Sofia Autzidou, NAR
Nenad Glišić, Red Action/Red Initiative
Moderator:
Zoran Vasileski, Socialist Dawn

Линк од настанот може да најдете тука.

RELATED ARTICLES