домаКултурни дописиПроекција на „Shalom – Salaam – Peace“

Проекција на „Shalom – Salaam – Peace“

Движењето „УКИМци за Палестина“ и Социјален центар Дуња организираат проекција на „Shalom – Salaam – Peace“, на 13.11.2024 (среда), со почеток од 19:00 часот, во С.Ц Дуња.

Организаторите изјавуваат: „Спротивставувањето на војните и геноцидот на израелската држава го има и во самиот Израел. Голем дел од тоа спротивставување е концентрирано исклучиво на заложбата да се вратат живи израелските заложници, но постојат и луѓе што принципиелно се спротивставуваат на војните и геноцидот“.

Алексија Цуни, грчка режисерка и активистка за правата на приговарачите на совеста, во два наврати во текот на најновата војна во Газа беше во Израел и окупираниот Западен Брег, каде, меѓу другото, ги сними протестите на антиапартхејдското движење во Израел и ставовите на луѓето што по цена на сопствено осудување на затворски казни одбиваат да убиваат луѓе во Газа.

Документарецот ќе биде прикажан на англиски јазик, по што, за време на дискусијата, посетителите ќе имаат можност да поразговараат по виртуелен пат и со самата режисерка.

Линк од настанот тука.

RELATED ARTICLES