Разгледувајќи низа општества лесно ќе согледате дека определениот вид на општествено уредување има свои корени во самото општество. Во зависност од тоа колку едно општество е развиено или неразвиено, одбира модел на општествено уредување кој најмногу одговара на колективниот менталитет и воедно ги задоволува потребите на најголемиот дел од истиот тој колектив. Во тој контекст секако особено интересен е случајот на Македонија, која иако изминативе двесте години постојано минува низ различни политички транзиици, сепак таа во себе останува длабоко авторитарна и тоталитарна држава.
Македонија во Османлиската империја
Низ нашата тукуречи скорешна историја населението во Македонија сменило неколку општествени и политички модели на уредување. Во почетокот Македонија беше дел од Османлиската империја. Во текот на XIX век и почетокот на XX век Османлиската империја измина низ низа на реформи кои имаа за цел да ја модернизираат империјата, да направат од неа современа граѓанска држава.
„Реформите се трупаа нерешавајќи ништо – зголемувајќи ги проблемите“
Не треба посебно да се објаснува дека тие реформи не можеа да фатат корен, бидејќи ниту османлијата сакаше темелна промена, тој едноставно сакаше да биде модерен однадвор, но да ги задржи вековните феудални принципи одвнатре. Поинаку кажано, на османлијата му требаше модерност како претекст за да може да опстои уште долго со својот стар начин на владеење. Затоа впрочем сите реформи само се трупаа една врз друга, нерешавајќи ништо, напротив само зголемувајќи ги проблемите.
Во тој контекст ќе изнесам само неколку примери, за појасно да се отслика целата ситуација.
Со Падарските реформи од 1903 година, било дадено право христијаните да се вработуваат како падари, бидејќи населението многу страдало од зулумите на муслиманите падари. Единствено што требало е да го знаат турскиот јазик и да се лојални на османлиската власт. Реформата започнала веднаш да се спроведува, но сепак не ги дала посакуваните резултати. Имено христијанското население, поради непознавање на турскиот јазик, воопшто не се пријавувало за работа во жандармеријата. Во Битолскиот вилает за жандармериска служба се пријавиле 57 лица. При избирањето на кадрите османлиските власти се грижеле да лицата кои ќе бидат одбрани да се од порано соработници на властите или да имаат дискредитиран карактер заради своето поведение пред месното население. На овој начин согласно закон и во духот на реформите повторно биле избрани злосторници од кои проплакувало населението и со ништо не се променила ситуацијата.
Со Мирцштегските реформи кои требало да ја смират ситуацијата по Илинденското востание и да го подобрат животот на населението, да ја гарантираат нивната лична и имотна безбедност, бил предвиден нов начин на собирање на десетокот. Проектот го изготвил Хилми паша а за пилот села биле избрани: Могила, Оризари, Горно и Долно Кукуречани, Српци, Беранци, Чарлија и Буково. По определувањето на експерименталните села биле собрани коџобашшите и им било кажано дека данокот треба сами да го соберат. Оваа новина иако навидум личи на одлично решение, всушност воопшто не се ефектуирало, бидејќи селаните не биле во можност да го соберат данокот од локалните муслимански моќници. Со тоа населението само се откажало од оваа реформа а тоа било повод Хилми паша пред цивилните агенти да креира слика дека населението е конзерватино и тешко ги прифаќа новините. Така ситуацијата на селанството со ништо не се подобрила, а сите обиди биле привидни, празно слово на хартија, нешто што ги карактеризира најголемиот дел од османлиските реформи.
Секој потфат кој што бил преземен, бил со цел да зајакне централната власт, а поданиците дополнително да се обезвластат.
Во услови кога имате економски немоќно население, кога 80 проценти од целокупното население е неписмено, тогаш истото население власта ќе ја доживее само како сила која е наметната и мора да се почитува само затоа што е власт.
Секако можеле и да се побунат, но ефектот од тие бунтови бил едно големо ништо, бидејќи тоа пред се биле пресметани бунтови врамени во определена геополитичка игра. За поголеми не сме имале ниту можности, ниту пак знаење. Затоа слободата за нашиот народ секеогаш била сфаќана како убивање на оној кој ја има моќта и преземање на моќта во свои раце. Што би правеле со таа моќ никој не дефинирал. Практиката покажала дека во принцип никогаш завладеаните не отишле подалеку од владетелите во позитивна смисла.
Македонија во Кралството СХС
Понатамошниот историски тек на нештата, македонското население од вардарскиот дел на Македонија го воведе во „современите“ монархии Бугарија и Кралството СХС подоцна Југославија. Двете држави беа изразито авторитарни монархии кои како и османлијата пред нив очекуваа подаништво а не граѓани.
„Кај населението тешко продираа политичките идеи“
Политичките партии и организации кои постоеја во нелегална или легална смисла, не можеа да имаат поголемо влијание. Едноставно беа забранувани и прогонувани, додека кај населението поради необразованост тешко продираа било какви политички идеи и истите никогаш не беа разбрани онака како што треба. Ова особено добро ќе се согледа по Втората светска војна кога македонското население од феудализам преку примитивен каитлаизам ќе скокне во социјализам.
Македонија во СФРЈ
Македонија стана социјалистичка земја а притоа немаше повеќе од десетина фабрики со едвај неколку илјади работници. Најголемиот дел од населението беа селани кои се занимваа со земјоделие на екстензивен начин, бивајќи едвај самодоволни. Еден мал дел беше ситна буржоарзија најчесто компрадори, додека на прсти можеа да се избројат капиталистите. Секако тука треба да ги споменеме и великопоседниците, чии имоти и права останале од некогашниот чифлигарски систем во Османлиската империја.
Во овие услови ние решивме да градиме социјализам кој инаку бара самосвесно граѓанство, образовано, кое би барало социјална правда за сите, население кое ќе води политички дискусии и ќе се опира на авторитарните практики, бидејќи социјализмот пред нас е „царство на слободата“ како што и самиот Маркс го ословуваше.
Сходно на предходно кажанто, од човекот во Македонија се бараше широка политичка активност, вклученост во разни органи на управата, односно луѓето беа принудени да се вклучат во политичкиот процес.
„Се очекуваше југословенскиот човек да биде вклучен во изградба на идеалното општество“
Индиректно кажано на југословенскиот човек беше гледано како едно идеолошки самосвесно и општествено одговорно битие, кој по секоја цена мораше да биде вклучен во изградбата на едно идеално општество. Проблемот лежи во тоа што просечниот човек во Македонија не беше таков.
Деривациите на марксизмот кои настанаа воопшто на Балканот, всушност се само вешти копии и прилагодувања на Лениновиот модел, кој беше првата адаптација на Марксистичката теорија, бидејќи и царска Русија немаше пред-услови во класична смисла за социјалистичка револуција. Предвоениот Балкан се карактеризираше со:
- Спротивности помеѓу трудот и капиталот, империјалистички спротивности и феудални остатоци
- Нерешени национални прашања
- Спротивност помеѓу општествените слоеви
- Политичка обесправеност на народните маси
Во вакви услови се роди идејата за социјалистичкиот Балкан односно социјалистичка Југославија. По нејзиното формирање таа наместо да го прераспредели веќе постоечкото богатство како што во суштина налага марксистичкта теорија, се зафати со полна изградба на индустрија и инфраструктура, со еден збор со изградба на општествено политички систем.
Населението кое едвај имаше и некаква функционална писменост, не располагаше со знаење од областа на економијата и политичката теорија, па така иако по шестиот конгрес на КПЈ, партија формално правно имаше само симболично значење во општествено политичкиот развој, таа нужно мораше да стои зад секој еден превземен чекор во општествениот живот. Формално правно одлучуваа работниците, но сепак нивната одлука не може да биде валоризира доколку беше спротивна од курсот на партијата. Едноставно доколку до бескрај беше отелеотворено „царството на слободата“ населението прво ќе се исколеше меѓусебе со цел да ги расчисти и оствари вековните големонационални сништа. Колку оваа реченица не е претерана, сведочи масовната кланица во Босна, војната во Македонија во 2001 година и поредица други настани.
Македонија во капитализам
Пред нас, се појави моментот на плурализмот, демократијата, капитализмот и граѓанскиот модел на држава. Во тој процес влеговме со сиот оној двовековен багаж опишан погоре.
Прво што направивме беше да ја национализираме државата.
Желбата Македонија да е само македонска, заврши во бинационална држава која дели вработувања по етнички клуч. Желбата да станеме демократско општество резултираше со повеќе од двесте партии, а демократијата останува пред вратата на партискиот став и политика на власта, која ако ја поддржуваш ќе живееш ако не ќе бидеш отстранет од животот.
Сакајќи да станеме капиталисти, прво дозволивме се она што беше изградено од народот за 45 години, да се испокраде и уништи за 30 години.
„Сакавме да станеме капиталисти, но тоа сепак државата да ни го даде“
Затоа дозволивме во духот на „пазарното стопанство“ илјадници да останат без работа а неколкумина да се обогатат на истиот оној начин како што по 1856 година се формираа првите беговски чифлици, со насилство и грабеж.
Бегајќи од еднопартискиот систем, создадовме повеќепартиски систем со една разлика, ако порано лојалноста беше кон едниот владетел или партиски водач, денес лојалноста се менува на неколку години, но принципот на живеење останува ист.
Подаништвото носи привилегии и живеачка, граѓанството и бунтовништвото носи беда и прогон. Разликата е во термините. Некогаш тоа беше, недемократски и диктаторски, велевме нас никој не не прашал, ни наметнале, но сега се употребуваат спротивни термини. Веројатно затоа што сега сами се создадовме, сами избравме, толку знаевме и толку можеме како колектив, се е по најубава демократска мерка. Единствен проблем е тоа што од сета таа мила убавина и памет, ни опусте државата.
Васко Гичевски
Редакцијата на „Гласни идеи“ не нужно се согласува со ставовите изразени во колумната.
Васко Гичевски е роден во 1997 година во Битола. Дипломирал на Институтот за историја на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје во 2020 година. Прогласен е за најдобро дипломиран студент на генерацијата и добитник е на наградата „26 Јули“ од Фондацијата „Франк Манинг“ за покажан особен успех во студирањето. Активно се занимава со проучување на социјалната историја на Османлиската империја (Османлиска Македонија). Автор е на повеќе научни трудови објавени во релевантни научни списанија и четири дигитални – интерактивни мапи на недвижното културно наследство од Османлискиот период во Скопје и Битола. Член е на претседателството на Здружението на историчарите на Република Македонија од 2021 година. Се истакнува во својата дејност во насока на истражување, публикување и популаризирање на марксизмот како политичка филозофија и пракса.
Duke parë një sërë shoqërish, do të shihni lehtësisht se një lloj i caktuar i rendit shoqëror i ka rrënjët në vetë shoqërinë. Varësisht se sa e zhvilluar apo e pazhvilluar është një shoqëri, ajo zgjedh një model organizimi shoqëror, që i përshtatet më së miri mentalitetit kolektiv dhe gjithashtu plotëson nevojat e pjesës më të madhe të të njëjtit kolektiv. Në këtë kontekst, natyrisht, është veçanërisht interesant rasti i Maqedonisë, e cila edhe pse në dyqind vitet e fundit vazhdimisht ka kaluar nëpër tranzicione të ndryshme politike, ajo ende mbetet një shtet thellësisht autoritar dhe totalitar.
Maqedonia në Perandorinë Osmane
Gjatë historisë sonë të re, popullsia e Maqedonisë ka ndryshuar disa modele shoqërore dhe politike të organizimit. Në fillim Maqedonia ishte pjesë e Perandorisë Osmane. Gjatë shekullit të 19-të dhe fillimit të shekullit të 20-të, Perandoria Osmane kaloi një sërë reformash që synonin modernizimin e perandorisë, duke e bërë atë një shtet qytetar modern.
“Reformat grumbulloheshin pa zgjidhur asgjë – duke i shtuar problemet”
Nuk ka nevojë të shpjegohet veçmas se ato reforma nuk mund të lëshonin rrënjë, sepse as osmanët nuk donin një ndryshim thelbësor, ai thjesht donte të ishte modern nga jashtë, por të ruante parimet e vjetra feudale nga brenda. Me fjalë të tjera, Perandorisë Osmane i duhej moderniteti si pretekst për të mbijetuar për një kohë të gjatë, me mënyrën e vjetër të sundimit. Prandaj të gjitha reformat thjesht u grumbulluan njëra mbi tjetrën, duke mos zgjidhur asgjë, përkundrazi, vetëm duke rritur problemet.
Në këtë kontekst do të paraqes vetëm disa shembuj, për të pasqyruar më qartë të gjithë situatën.
Me reformat e Padarit të vitit 1903, të krishterëve iu dha e drejta për t’u punësuar si padarë, sepse popullsia vuante shumë nga shtypja e padarëve myslimanë. E vetmja gjë që u duhej ishte të dinin gjuhën turke dhe të ishin besnikë ndaj qeverisë osmane. Reforma filloi të zbatohej menjëherë, por prapëseprapë nuk i dha rezultatet e dëshiruara. Gjegjësisht, popullata e krishtere, për shkak të mosnjohjes së gjuhës turke, nuk aplikoi fare për punë në xhandarmëri. Për shërbimin e xhandarmërisë në vilajetin e Manastirit janë paraqitur 57 persona. Gjatë përzgjedhjes së personelit, autoritetet osmane kujdeseshin që personat që do të përzgjidheshin të jenë ish-bashkëpunëtorë të pushtetit, ose të kenë karakter të diskredituar për shkak të sjelljes së tyre përballë popullatës vendase. Në këtë mënyrë, në përputhje me ligjin dhe në frymën e reformave, u rizgjodhën kriminelët, gjë që bëri të qante popullsia dhe situata nuk ndryshoi në asnjë mënyrë.
Me reformat e Mirtzstegut, të cilat duhej të e qetësonin situatën pas Kryengritjes së Ilindenit, dhe të përmirësonin jetën e popullsisë, të garantonin sigurinë e tyre personale dhe pasurore, parashikohej një mënyrë e re e mbledhjes së të dhjetës. Projekti është përgatitur nga Hilmi Pasha dhe janë përzgjedhur pilot fshatrat: Mogilla, Orizari, Kukureçani i epërm dhe i poshtëm, Srpci, Beranci, Çarlija dhe Bukova. Pas përcaktimit të fshatrave eksperimentale, janë mbledhur Koxhobashitë dhe u është thënë që tatimin ta mblidhnin vetë. Edhe pse kjo risi duket të jetë një zgjidhje e shkëlqyer, në fakt nuk ka qenë aspak efektive, sepse fshatarët nuk kanë mundur të mbledhin tatimin nga pushtetarët myslimanë lokal. Me këtë popullata thjesht hoqi dorë nga kjo reformë, dhe kjo ishte një rast që Hilmi Pasha para agjentëve civilë të krijonte fotografi se popullsia është konservatore dhe vështirë i pranon risitë. Kështu, gjendja e fshatarësisë nuk u përmirësua në asnjë mënyrë dhe të gjitha përpjekjet ishin të tejdukshme, fjalë boshe në letër, diçka që karakterizon shumicën e reformave osmane.
Çdo përpjekje që u ndërmor, u ndërmor për të forcuar pushtetin qendror dhe për t’i shfuqizuar më tej nënshtetasit.
Në kushte kur ke një popullsi të pafuqishme ekonomikisht, kur 80 për qind e të gjithë popullsisë është analfabete, atëherë e njëjta popullatë do ta përjetojë pushtetin vetëm si një forcë që imponohet dhe duhet respektuar vetëm sepse është pushtet.
Sigurisht që mund të revoltoheshin, por efekti i atyre revoltave ishte një asgjë e madhe, sepse ishin mbi të gjitha revolta të llogaritura të përshtatura në një lojë të caktuar gjeopolitike. Për më të mëdhenja nuk kishim as mundësi e as dijeni. Prandaj liria për popullin tonë është kuptuar gjithmonë si vrasja e atij që ka pushtetin dhe marrja e pushtetit në duart e veta. Se çfarë do të bënin me atë pushtet askush nuk e ka përcaktuar. Praktika në parim, ka treguar se, të pushtuarit nuk kanë shkuar kurrë më larg se pushtetarët në kuptimin pozitiv.
Maqedonia në Mbretërinë e SHS
Rrjedha e mëtutjeshme historike e gjërave e futi popullsinë maqedonase nga pjesa e Vardarit të Maqedonisë në monarkitë “moderne” të Bullgarisë dhe në Mbretërinë e Jugosllavisë, më vonë në Jugosllavi. Të dy shtetet ishin monarki dukshëm autoritare që, ashtu si osmanët para tyre, prisnin nënshtetas dhe jo qytetarë.
“Idetë politike mezi depërtuan në popullatë”
Partitë dhe organizatat politike që ekzistonin në kuptimin e jashtëligjshëm, apo ligjor, nuk mund të kishin ndikim më të madh. Ata thjesht u ndaluan dhe u persekutuan, ndërsa në popullatë për shkak të mungesës së arsimit, pothuajse asnjë ide politike, nuk depërtoi dhe nuk u kuptua kurrë siç duhet. Kjo do të shihet veçanërisht mirë pas Luftës së Dytë Botërore, kur popullsia maqedonase do të hidhet nga feudalizmi përmes kapitalizmit primitiv në socializëm.
Maqedonia në RSFJ
Maqedonia u bë një vend socialist dhe nuk kishte më shumë se një duzinë fabrika me pak mijëra punëtorë. Pjesa më e madhe e popullsisë ishin fshatarë që merreshin me bujqësi në mënyrë ekstensive, duke qenë me mezi të vetë-mjaftueshëm, një pjesë e vogël ishte borgjezi e vogël, kryesisht kompradore, ndërsa kapitalistët mund të numëroheshin me gishta. Natyrisht këtu duhet përmendur edhe pronarët e mëdhenj të tokave, pronat dhe të drejtat e të cilëve mbetën nga sistemi i dikurshëm çifligjor në Perandorinë Osmane.
Në këto kushte, ne vendosëm të ndërtojmë një socializëm, që përndryshe kërkon një qytetari të vetëdijshme, të arsimuar, që do të kërkonte drejtësi sociale për të gjithë, një popullsi që do të udhëheqë diskutimet politike, dhe do të u rezistojë praktikave autoritare, sepse socializmi para dhe mbi të gjithave është ” mbretëria e lirisë”, siç e quante edhe vetë Marksi.
Ngjashëm me atë që u tha më parë, nga njeriu në Maqedoni kërkohej aktivitet i gjerë politik, i përfshirë në organe të ndryshme të administratës, domethënë detyrohej të përfshihej në proceset politike.
“Nga njeriu jugosllav pritej të përfshihej në ndërtimin e shoqërisë ideale”
Në mënyrë indirekte, njeriu jugosllav shihej si një qenie ideologjikisht e vetëdijshme dhe e përgjegjshme shoqërore, e cila me çdo kusht duhej të përfshihej në ndërtimin e një shoqërie ideale. Problemi qëndron në faktin se njeriu i rëndomtë në Maqedoni nuk ishte i tillë.
Rrjedhat e marksizmit që u ngritën në Ballkan në përgjithësi, në fakt janë vetëm kopje dhe përshtatje të shkathëta të modelit të Leninit, që ishte përshtatja e parë e teorisë Marksiste, sepse Rusia perandorake nuk kishte parakushtet në kuptimin klasik për një revolucion socialist. Ballkani i paraluftës karakterizohej me:
- Kontrastet midis punës dhe kapitalit, kontrastet imperialiste dhe mbetjet feudale
- Çështje të pazgjidhura kombëtare
- Kontrasti ndërmjet shtresave shoqërore
- Heqja e të drejtës politike të masave popullore
Në këto kushte lindi ideja e Ballkanit socialist, pra Jugosllavisë socialiste. Pas formimit të saj, në vend që të rishpërndante pasurinë tashmë ekzistuese, siç thelbësisht e kërkonte teoria marksiste, ajo filloi me ndërtim të plotë të një industrie, infrastrukture, me një fjalë një sistem shoqëroro-politik.
Popullsia, e cila mezi kishte njohuri funksionale, nuk kishte njohuri në fushën e ekonomisë dhe teorisë politike, kështu që, edhe pse pas kongresit të gjashtë të PKJ-së, partia formalisht dhe juridikisht kishte vetëm një rëndësi sibolike, në zhvillimin shoqëror dhe politik, domosdo duhej të qëndronte pas çdo hapi të hedhur në jetën shoqërore. Formalisht dhe ligjërisht kanë vendosur punëtorët, por megjithatë vendimi i tyre nuk mund të vlerësohet nëse ka qenë në kundërshtim me rrjedhën e partisë. Thjesht, nëse “sfera e lirisë” do të ishte materializuar deri në pafundësi, popullsia fillimisht do të kishte luftuar mes tyre për të pastruar dhe realizuar ëndrrat e mëdha kombëtare shekullore. Masakra masive në Bosnje, lufta në Maqedoni në vitin 2001, dhe një sërë ngjarjesh të tjera dëshmojnë se, sa nuk është ekzagjeruar kjo fjali.
Maqedonia në kapitalizëm
Para nesh është shfaqur momenti i pluralizmit, i demokracisë, i kapitalizmit dhe i modelit civil të shtetit. Ne hymë në atë proces me gjithë atë bagazh dy shekullor të përshkruar më sipër.
Gjëja e parë që bëmë ishte nacionalizimi i shtetit.
Kështu që nga dëshira e madhe që Maqedonia të ishte vetëm maqedonase, përfunduam si një shtet binacional, që ndan punësime sipas çelësit kombëtar. Nga dëshira e fortë për t’u bërë një shoqëri demokratike, krijuam më shumë se dyqind parti dhe demokracia mbetet në derën e qëndrimit dhe politikës partiake të qeverisë, të cilën po ta mbështesësh do të jetosh, nëse jo, atëherë do të largohesh nga jeta.
Duke dashur të bëheshim kapitalistë, gjëja e parë që bëmë ishte ajo që lejuam që për 30 vjet të vidhej dhe të shkatërrohej çdo gjë që u ndërtua nga populli për 45 vjet.
“Ne donim të bëheshim kapitalistë, por edhe atë shteti duhet të na japë”
Prandaj, në frymën e “ekonomisë së tregut”, lejuam që mijëra të mbeten të papunë, ndërsa disa të pasuroheshin në të njëjtën mënyrë si pas vitit 1856 kur me dhunë dhe grabitje u krijuan çifligjet e para të bejlerëve.
Duke ikur nga sistemi një partiak, krijuam një sistem shumë partiak me një ndryshim, nëse më parë besnikëria ishte ndaj një pushtetari apo lideri partie, sot besnikëria ndryshon në çdo disa vjet, por parimi i të jetuarit mbetet i njëjtë.
Nënshtrimi sjell privilegje dhe mjete jetese, qytetaria dhe rebelimi sjell mjerim dhe persekutim. Dallimi është në terma. Dikur ka qenë jodemokratike dhe diktatoriale, thoshim se nuk na pyeti njeri, na e imponuan, por tani përdoren termat e kundërta. Ndoshta sepse tani kemi krijuar veten, kemi zgjedhur veten, kemi ditur aq shumë dhe mund të bëjmë si kolektiv, gjithçka është sipas masës më të bukur demokratike. Problemi i vetëm është se nga gjithë ajo bukuri dhe inteligjencë e bukur, vendi na u bë pusto.
Vasko Giçevski
Redaktorët e Ide të zëshme nuk pajtohen domosdoshmërisht me pikëpamjet e shprehura në kollumnë
Vasko Giçevski ka lindur në vitin 1997 në Manastir. Ka diplomuar në Institutin Historik të Fakultetit Filozofik në Universitetin “Shën Kirili dhe Metodi” në Shkup në vitin 2020. Ai u shpall studenti më i mirë i diplomuar i gjeneratës dhe mori çmimin “26 korriku” nga Fondacioni “Frank Manning” për sukses të veçantë në studime. Ai është i angazhuar në mënyrë aktive në studimin e historisë shoqërore të Perandorisë Osmane (Maqedonia Osmane). Ai është autor i disa punimeve shkencore të botuara në revista shkencore përkatëse dhe katër hartave digjitale-interaktive të trashëgimisë kulturore të patundshme nga periudha Osmane në Shkup dhe Manastir. Nga viti 2021 është anëtar i kryesisë së Shoqatës së Historianëve të Republikës së Maqedonisë. Ai veçohet në veprimtarinë e tij në drejtim të kërkimit, botimit dhe popullarizimit të marksizmit si filozofi dhe praktikë politike.