домаКултурни дописиПроекција на филмот „Можеби утре“ во С.Ц. Дуња

Проекција на филмот „Можеби утре“ во С.Ц. Дуња

Социјалниот центар Дуња, овој четврток (30.05.2024) со почеток од 20 часот организира проекција на филмот Belkî Sibê (Можеби утре), а гостин ќе биде режисерот на филмот Алексис Далумис. Филмот е со англиски превод, а по проекцијата ќе следува дискусија со режисерот.

Синопсис
Belkî Sibê (Можеби утре) е филм на војник – доброволец. Го прикажува 18-месечното патување низ војната и револуцијата во Рожава, Курдистан, Северо-источна Сирија, за време на напредувањето и победата на Сириските демократски сили (Syrian Democratic Forces – SDF) против ИСИС (Исламска држава на Ирак и Сирија), вклучувајќи ја и приказната за Меѓународниот баталјон на слободата (International Freedom Battalion), каде што првенствено бил распореден режисерот. Го прикажува воениот живот и битките на фронтот, како и цивилниот живот во заднината и општествената трансформација што Автономната администрација се обидела да ја спроведе. Во двете полиња, филмот го истакнува ослободувањето и омоќувањето на жените. Филмот следи временска рамка од јули 2016 година (битката кај Манбиџ) до крајот на 2017 година (ослободување на Рака и крајот на Исламскиот калифат), но на крајот од секое поглавје вклучува и информации од крајот на 2021 година.

Информации за филмот
Година на издавање: 2023
Режисер и продуцент: Алексис Далумис
Музика: Александрос Миарис
Времетраење: 98 мин
Јазик: англиски, куманџи (курдски), арапски, француски, грчки, турски
Жанр: документарен филм

Биографија на режисерот
Алексис Далумис е режисер и новинар со британско и грчко државјанство, роден во Лондон, но израснат и моментално живее во Атина. Примарно е ориентиран кон социјални движења, еколошки прашања и конфликтни зони. Работел и како градинар, учител по грчки јазик, актер, келнер и војник. Студирал филм, видео и фотографија на Универзитетот Вестминстер и театарски студии на Универзитетот во Атина. Belkî Sibê е неговиот прв долгометражен филм.

Признанија и награди
Меѓународен филмски фестивал Златен Лав (2023)
Најдобар долгометражен документарен филм (месечен победник)
Меѓународен филмски фестивал Лулеа (2023)
Најдобар долгометражен документарен филм (месечен победник)
Берлински инди филмски фестивал (2023)
Најдобар долгометражен документарен филм (месечен победник)
10-ти Меѓународен документарен фестивал на Иерапетра (2023)
Награда за 3-ти најдобар грчки филм
Награда за најдобра монтажа

RELATED ARTICLES