домаВестиТРИБИНА: 1 Мај - безопасен тотем на минатото или револуционерна сила на...

ТРИБИНА: 1 Мај – безопасен тотем на минатото или револуционерна сила на иднината?

Марксистичката организација СОЦИЈАЛИСТИЧКА ЗОРА и Социјалниот центар ДУЊА, организираат првомајска трибина на 29.04.2024 година (понеделник) со почеток од 19 часот. Настанот ќе се одржи во просториите на С.Ц Дуња, а учество ќе земат, Слободан Трендафилов, претседател на Сојузот на Синдикатите на Македонија, Томислав Гиевски, претседател на Независниот синдикат за образование и наука, при Конфедерацијата на синдикалните организации на Македонија и Зоран Василески, член на Социјалистичка зора. 

„1 МАЈ е одраз на обединетата работничка борба ширум светот за осум часовен работен ден. После 138 години од штрајкот во Чикаго, каде сме ние денес? Денес иако продуктивноста на трудот е неколкукратно зголемена поради технолошкиот развој, работниот ден не е намален, а бевме сведоци и на негово зголемување во одредени дејности. Истовремено, средствата кои ги добиваме во размена за нашиот труд, не се доволни за егзистенција, поради што приморани сме да работиме и дополнителна работа“ – се наведува во описот на настанот.  

Што ни кажува сето ова во врска со 1 Мај – интернационалниот ден на трудот во 2024 година во Македонија? 1 Мај е претворен во безопасен тотем, издигнат до државен празник, за утеха, но и измама на сеуште угнетените работници. Од него е исцедена сета револуцинерна суштина, претвотен е во ден за одмор од прекумерната експлоатација или во уште еден ден за трошење на семејниот буџет на олтарот на конзумеризмот.    

Во овие услови кога капиталитичката држава и стопанските комори го стегаат обрачот околу синдикатите и работниците, каков треба да биде нивниот одговор? Дали 1 Мај повторно може да се издигне до револуционерна сила на работниците?

После излагањата на говорниците, ќе следи дискусија во која присутните ќе можат да постават прашања и да ги кажат своите ставови на темата.

Линк од настанот тука.

RELATED ARTICLES