домаСтавРуфат Јашари: Токсично соживотарење / Rufat Jashari: Bashkëjetesë toksike

Руфат Јашари: Токсично соживотарење / Rufat Jashari: Bashkëjetesë toksike

Нездравата политичка кондиција при која живееме иницира страшни меѓуетнички нарушувања, состојба која предизвикува екстремни националистички вознеси, но дури и директни судири како финален продукт, епизоди кои континуирано се репризираат последниве триесетина години.

„Соживотот“ пак се промовира како најголема македонско-европска вредност, „соживот“ манифестиран во форми како – креативно осмислено и скриптирано одбележување на религиозни празници, театарски претстави при кои се „дружат“ главните актери на политичките врвови и некој случаен репрезент на „меѓународната заедница“.

Откако ќе се документираат видео записите од таквото „продлабочување“ на меѓуетничките односи на „претставниците на заедниците“, зад кулисите потоа се договаараат тендери, експлоатации на европски фондови, трговија со наркотици, заташкувања на криминални дејанија итн.

„Би-етничките општества развиваат биполарни симптоми“

Уставот од 1991 година потенцираше на тоа дека нашето општество е мултиетничко, но десетина години подоцна еволуиравме во би-етничко, со полуреализирани дури и јавно прокламирани тенденции за експлозивни разврски, а такви би-етнички општества развиваат и биполарни симптоми.

Но, би се осврнал на „соживотот“ уште еднаш. Да, тој „соживот“ во нашето кататонично општество кое дава најпрецизен одговор.

Овој „соживотот“ почива на поделби на територии и интереси меѓу мафијашки кланови, овој „соживот“ со сите тие знаменитости ме асоцира на некогашното белградско подземје – примитивно и самоуништувачко.

Патем очигледни се и симптомите на тој биполарен синдром за кој пишував погоре – длабока депресија, нереактивност, растечка меѓусебна омраза заради наметнати тривијални проблеми а таквите нешта често резултираат суицидално, по дијагноза но и по пракса. Од таквите општества за жал остануваат само руини, и скапоцени спомени од некогашното автентично заедничко живеење на народите и народностите тука. Но само што тоа некој треба да го воочи! За жал, „соживотарите“ од присвојување на народни пари и задолжувања во нивно име, немаат време ниту сенс за тоа!

Впрочем, истото се манифестира и при предизборните и постизборните математики на политичките партии, сите симултано декларираат победа, прво тактизираат молчејќи, во финалните часови делат/множат и на крајот секогаш испаѓа незадоволителен резултат.

Исфрустрираните, алчни, суетни политичари/политички партии својот рејтинг го градат на привиден патриотизам и на јуначење во омразата кон различните. Наталожените консеквенци од повеќедецениските политички пропаганди во Македонија со години го пустошеле мнението на народот не само во однос на меѓуетничките, туку и во однос на најосновните меѓучовечки релации.

„Се разорува долговековниот маалски добрососедски соживот“

Така политичкиот систем во Македонија не само што го еродира својот историски модел на мултиетничко и мултикултурно општество во име на материјалниот интерес туку го разорува и долговековниот, долгогодишен маалски добрососедски соживот дивидирајќи ги луѓето со наметнати апликации.

Честопати умеам да кажам дека и концепцијата околу „малцинствата“ е бесмислена, но да, секако, доколку нели луѓето ги опсервираме само како бројка, од емпириска гледна точка, застапеноста е толкава каква што е – без разлика дали е фингирана или не… Но и притоа, Уставот, правниот систем на државата, барем на хартија на сите ни гарантира еднаквост пред законот.

Не би ординирал околу останатите сфери, еве би се фокусирал на правната рамка за да ја доловам поентата која се обидувам да ја објаснам. Кога сите сме „еднакви“ при системов зошто тогаш богатиот човек е поздравуван со извонредна љубезност без разлика колку и неговиот престап да е скандалозен, судиите дури се чувствуваат покајувачки виновни затоа што едноставно „според книгата“ мораат да му изречат некаква казна, секако навредливо минимална. А како се третирани сиромашните?

Суровоста кон сиромашниот човек без разлика од која етничка припадност е – претставува универзален феномен во сите институции, не само во правосудните, патем во кои се практикува дотолку бесрамно отворено;

„Сите ние сме малцинство во одност на тие неколкумина“

Кражби „за леб“ цинично се опишуваат во медиумите како сензационални додека за вистинската природа на криминал и корумпираност се молчи, што предизвикува огромна огорченост кај мнозина кои секако повеќе сочувствуваат со „сиромавиот“ и впрочем сфаќаат дека се соочуваат со истите општествени бариери без разлика на националноста, воочуваат дека сите ние сме „малцинство“ во однос на тие „неколкумина“ кои ги уживаат речиси сите благодети на животот врз маката на експлоатираните.

Кога веќе ги нотирав „експлоатираните“, би се осврнал и на мултикултурализмот кој форсира разлики, но не оние културните, суштински, туку тие од класен карактер.

„Капиталистите ја играат играта на „раздели па владеј“, за да акумулираат – капитал“

Во најефикасните форми на социјализам можевме да просведочиме дека „државниот капитал“ бил менаџиран од и за работничката класа, правата на работниците не биле „грантувани“ туку гласани од работнички совети. Повторно би акцентирал – „работници“, а не Македонци, Албанци, Хрвати, Срби или Роми.

Додека денес кога работнички совети нема а и веќепостоечките синдикати небаре само фигурираат како субјекти, дури и работниците на работното место се поделени, па игнорантно гласаат за политики кои го бенефицираат капиталот, најчесто проследено дури и со омраза кон колегите, основана на етничка па дури и на партиска база.

Природата на капиталистичката економија е инхерентно хипер – компетитивна и дарвинистичка. Не верувам дека било која идеолошка мисла или систем би можеле да коегзистираат со капитализмот, затоа што капитализмот по природа е деструктивен. Неизбежно би ги активирал сите свои инструменти за да поткопа, експлоатира или да превземе контрола врз било што, кое е од „вредност“. Во глобална мера видливо е како големите центри на моќ и влијание сценираат пучеви и уриваат влади низ земјите од третиот свет, не само држави чии политики се „малку полево од центарот“, туку особено и земји кои се резистентни на експлоатирањата за бизнис интереси. Ние како вазален и длабоко задолжен протекторат сме послушни и „безбедни“.

„Граѓанска инклузија на ромите во би-етничко општество!?“

Повторно би скршнал од темата и патем би го поставил прашањето: Дали е задача и одговорност на ромските полувладини организации да ја градат инфраструктурата која истите тие скапо угостени владини претставници се всушност должни да ја градат? Тоа ли е таа солидарност при која се глуми народно херојство… создади или искористи ги хуманитарните непогоди кои ги доживуваат твоите сонародници и потоа дели им хуманитарна помош… за да испаднеш херој или само да дадеш отчет. Можеби јас имам погрешна застарена, па дури и радикална перцепција и просто не можам да согледам како лед светилките и асфалтот прават многу голема разлика во однос на поголемата слика, особено во однос на инклузијата на Ромите во би-етничково општество.

Патот на ромската инклузија многу наликува на бетонираните улички кои се рекламираат како да се автопатот „Братство и единство“ (па дури ни тогаш не биле направени толку фото-репортажи а покривале илјадници километри), а и посимпатично ми било кога патиштата на Ромите воделе кон Трст искрено, а иронично еднакво деструктивно секако. Додека овие бетонски улички водат само од маало до маало, лимитирани како и политичките знаења на нивните грижливи изведувачи, скептик сум дека тие сокачиња некогаш ќе водат кон автентичен соживот со останатите етникуми.

Начинот на кој политичкиот систем денес деградирачки ги третира не само Ромите туку и мноштвото сиромашни е револтирачки! Наводно „по своја волја“ тие се на маргините на урбаните средини каде што е концентриран најзагадениот воздух, живеат во лошо вентилирани неизолирани градби, лишени од хигиена, исправна вода, без соодветни санитарни јазли, па уште нивните импровизирани живеалишта безобразно ги ословуваат како „извори на зараза“.

Каде ли е еднаквоста, инклузијата, вијадуктот кој го премостува тој широко промовиран „соживот“ и за тие наши сограѓани оставени на милост и немилост?

Но потворно би потенцирал, сиот тој смет одвратни дренажи па дури и фекалии би се исчистиле, додека токсичните елементи на политичкото лицемерие со пестицидни идеологии се за жал перзистентни.

Руфат Јашари

Редакцијата на „Гласни идеи“ не нужно се согласува со ставовите изразени во колумната.

Руфат Јашари / Rufat Jashari

Руфат Јашари, роден во 1994, во Куманово, гласноговорник на обезгласените млади Роми, социјалист со југословенско-кубански карактеристики, дипломира на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ како наставник по историја. Тој е историчар со особен интерес за анализирање на воените судири при дезинтеграцијата на СФРЈ, Кубанската револуција, како и впрочем сите претежно левичарски борби за народно ослободување низ минатото. Поддржувач е на движењата за еманципација на обесправените по разни основи. Тој е личност која претставува фузија на многубројни култури, вкусови на музика и левичарски идеологии, со минимални познавања на многубројни јазици. Се ангажирал да истражува во однос на геноцидот спроведен врз Ромите за време на Втората светска војна и учествувал при спроведување на проекти. Одржал низа меѓународни предавања на истата тема со намера да го надогради своето образование и  со своите идеи да привлече што повеќе млади Роми кон левичарскиот политички спектар.

Gjendja e pashëndetshme politike në të cilën jetojmë, inicion çrregullime të tmerrshme ndëretnike, gjendje që shkakton trazira ekstreme nacionaliste, por edhe përplasje të drejtpërdrejta si produkt përfundimtar, episode që janë përsëritur vazhdimisht në tridhjetë vitet e fundit.

“Bashkëjetesa” nga ana e saj promovohet si vlera më e madhe maqedono-evropiane, “bashkëjetesa” e manifestuar në forma të tilla si: respektimi i festave fetare, i projektuar dhe skenarizuar në mënyrë kreative, shfaqje teatrale ku “shoqërohen” aktorët kryesorë të krerëve politikë dhe disa të përfaqësues të rastit të “komunitetit ndërkombëtar”.

Pasi dokumentohen video incizimet e një “thellimi” i marrëdhënieve ndëretnike të tilla të “përfaqësuesve të komuniteteve”, në prapaskenë organizohen tenderët, shfrytëzimi i fondeve evropiane, tregtia e narkotikëve, mbulimi i veprave kriminale etj.

“Shoqëritë bietnike shfaqin edhe simptoma bipolare”

Kushtetuta e vitit 1991 theksonte se shoqëria jonë është multietnike, por dhjetë vjet më vonë ne evoluam në një shoqëri bietnike, gjysmë të realizuara dhe madje me tendenca të shpallura publikisht për zgjidhje shpërthyese, ndërsa shoqëri të tilla bietnike shfaqin edhe simptoma bipolare.

Por do t’i referohesha edhe një herë “bashkëjetesës”. Po, ajo “bashkëjetesa” në shoqërinë tonë katatonike që jep përgjigjen më të saktë.

Kjo “bashkëjetesë” e cila mbështetet në ndarje territoresh dhe interesash si në klanet mafioze, por kjo “bashkëjetesë” me gjithë ato pika referimi më asocion me nëntokën e ndonjë hershme të Beogradit – primitive dhe vetë shkatërruese.

Meqë ra fjala, simptomat e asaj sindrome bipolare për të cilën shkrova më lart, janë gjithashtu të dukshme – depresioni i thellë, mos reaktiviteti, urrejtja e ndërsjellë në rritje për shkak të problemeve të imponuara të parëndësishme, dhe gjëra të tilla shpesh rezultojnë në vetëvrasje, sipas diagnozës por edhe sipas praktikë. Nga shoqëri të tilla, për fat të keq, kanë mbetur vetëm rrënoja dhe kujtime të çmuara të jetës së përbashkët dikur autentike të popujve dhe kombësive këtu. Por dikush duhet ta vërejë këtë! Fatkeqësisht, “bashkëvuajtësit” e përvetësimit të parasë publike dhe futjes në borxhe në emër të tyre, ata nuk kanë kohë e as sens për këtë!

Në fakt, e njëjta gjë manifestohet në matematikën parazgjedhore dhe paszgjedhore të partive politike, të gjithë shpallin njëkohësisht fitoren, së pari taktikat në heshtje, në orët e fundit pjesëtojnë/shumojnë dhe në fund gjithmonë rezulton rezultat i pakënaqshëm.

Politikanët të frustruar dhe të pangopur, si dhe/partitë politike ndërtojnë vlerësimet e tyre mbi patriotizmin e kotë dhe në heroizmin e urrejtjes ndaj të tjerëve. Pasojat kumulative të propagandës politike disa dekadëshe në Maqedoni, me vite e kanë shkatërruar opinionin e popullit, jo vetëm në raport me marrëdhëniet ndëretnike, por kanë ndikuar shumë keq edhe në marrëdhëniet më elementare ndërpersonale.

“Po shkatërohet bashkëjetesa e kahmotshme mëhallëshe të mirë fqinjësore”

Kështu që sistemi politik në Maqedoni jo vetëm që po gërryen modelin e saj historik të shoqërisë multietnike dhe multikulturore në emër të interesit material, por shkatërron edhe bashkëjetesën e kahmotshme e të kahershme mëhallëshe të mirë fqinjësore, duke i ndarë njerëzit me aplikime të imponuara.

Shpesh mund të them se koncepti rreth “minoriteteve” është gjithashtu i pakuptimtë, por po, sigurisht, nëse njerëzit i vëzhgojmë vetëm si një numër, nga pikëpamja empirike, përfaqësimi është ai që është, pavarësisht nëse është i falsifikuar apo jo… por edhe atëherë Kushtetuta, sistemi juridik i shtetit, të paktën në letër, na garanton të gjithëve barazinë para ligjit.

Unë nuk do të ordinoja rreth pjesës tjetër të sferave, këtu do të fokusohesha në kuadrin ligjor për të kapur pikën që po përpiqem të shpjegoj. Kur ne jemi të gjithë “të barabartë” nën këtë sistem, pse atëherë njeriu i pasur përshëndetet me një dashamirësi të jashtëzakonshme sado skandaloze të jetë ofendimi i tij, gjyqtarët madje me keqardhje ndjehen fajtorë sepse thjesht “sipas librit” duhet t’i japin një lloj dënimi, sigurisht fyes minimal. Ndërsa si trajtohen të varfërit?

Mizoria ndaj njeriut të varfër, pavarësisht nga përkatësia e tij etnike, është një fenomen universal në të gjitha institucionet, jo vetëm në gjyqësor, pa turp praktikohet kaq hapur.

“Të gjithë ne jemi një “pakicë” në raport me ata disa “të paktë””

pra vjedhjet “për bukë” cilësohen në mënyrë cinike në media si sensacionale, ndërkohë që heshtet natyra e vërtetë e krimit dhe korrupsionit, gjë që shkakton pakënaqësi të madhe tek shumë dëgjues/shikues, të cilët natyrisht simpatizojnë më shumë “të varfrit” dhe në fakt kuptojnë se ata përballen me të njëjtat barriera sociale, pavarësisht nga kombësia, ata perceptojnë se ne të gjithë jemi një “pakicë” në raport me ata “të paktë” që gëzojnë pothuajse të gjitha përfitimet e jetës në gjendjen e rëndë të të shfrytëzuarve.

Kur shënova tashmë “të shfrytëzuarit”, do t’i referohesha edhe multikulturalizmit që detyron dallimet, por jo ato kulturore, në thelb, por ato me karakter klasor.

“Kapitalistët luajnë lojën e “përça dhe sundo” për të sunduar dhe grumbulluar kapital”

Në format më efektive të socializmit ne mund të dëshmojmë se “kapitali shtetëror” menaxhohej nga, dhe për klasën punëtore, të drejtat e punëtorëve nuk “u dhanë” por votoheshin nga këshillat e punëtorëve. Do të theksoja sërish – “punëtorë”, jo maqedonas, shqiptarë, kroatë, serbë apo romë.

Ndërsa sot, kur nuk ka këshilla të punëtorëve dhe sindikatat ekzistuese shfaqen vetëm si entitete, edhe punëtorët në vendin e punës janë të përçarë, ndaj votojnë në mënyrë injorante politika që përfitojnë kapitalin, shpeshherë e ndjekur edhe me urrejtje ndaj kolegëve, bazuar në përkatësinë etnike, madje edhe në baza partiake.

Natyra e ekonomisë kapitaliste në thelb është hiper-konkurruese dhe darviniane. Unë nuk besoj se ndonjë mendim apo sistem ideologjik mund të bashkëjetojë me kapitalizmin, sepse kapitalizmi është në thelb shkatërrues. Ajo në mënyrë të pashmangshme do të aktivizonte të gjitha instrumentet e saj për të minuar, shfrytëzuar ose marrë kontrollin e çdo gjëje “me vlerë”. Në shkallë globale, është e dukshme se si qendrat e mëdha të pushtetit dhe ndikimit, po bëjnë grusht shteti dhe po përmbysin qeveritë në të gjithë vendet e botës së tretë, jo vetëm në vendet politikat e të cilave janë “pak majtas nga qendra”, por veçanërisht vendet që janë rezistente për shfrytëzimin e interesave të biznesit. Ne si protektorat vasal dhe shumë borxhli jemi të dëgjueshëm dhe “të sigurt”.

“Përfshirja civile e romëve në një shoqëri bietnike!?”

Përsëri do të “lajthitsha nga tema” dhe meqë ra fjala do të bëja pyetjen: A është detyrë dhe përgjegjësi e organizatave gjysmë-qeveritare rome të ndërtojnë infrastrukturën, që po ata përfaqësues të qeverisë me pritje të shtrenjta (të cilët ata i respektojnë gjatë eventeve gala?) realisht janë të detyruar të i ndërtojnë? Ky është solidariteti që shtiret për heroizmin kombëtar… krijoni ose përdorni fatkeqësitë humanitare të përjetuara nga bashkatdhetarët tuaj, dhe pastaj shpërndani ndihma humanitare për ta… për të dalë hero apo thjesht për të dhënë llogari për valutat në kontot e tyre. Ndoshta unë kam një perceptim të gabuar të vjetruar, dhe madje edhe radikal, dhe thjesht nuk mund të shoh se si dritat led, dhe asfalti bëjnë një ndryshim shumë të madh, në raport me pamjen më të gjerë, veçanërisht në lidhje me përfshirjen e romëve në një shoqëri bi-etnike.

Rruga e përfshirjes së romëve është shumë e ngjashme me rrugët e betonit që reklamohen si autostrada “Vëllazërim Bashkimi” (dhe as atëherë nuk u bënë aq foto reportazhe ndërsa u bënë mijëra kilometra), dhe për mua më simpatike ishte kur rrugët rome çonin në Trieste sinqerisht, dhe në mënyrë ironike po aq shkatërruese natyrisht. Ndërsa këto rrugë betoni duket se të çojnë vetëm lagje në lagje, aq të kufizuara sa njohuritë politike e kontraktorëve të tyre të kujdesshëm. Unë jam skeptik se ato rrugë do të çojnë ndonjëherë në një bashkëjetesë autentike me etnitë e tjera.

Mënyra se si sistemi politik sot degradon, jo vetëm romët, por edhe morinë e të varfërve, e që është revoltuese! Thuhet se “me vullnetin e tyre të lirë”, ata janë në margjinat e zonave urbane ku është përqendruar ajri më i ndotur, të jetojnë në ndërtesa të ajrosura keq, të paizoluara, të privuara nga higjiena, uji i duhur, pa objekte të përshtatshme sanitare, madje edhe rezidencat e tyre të improvizuara i quajnë në mënyrë të vrazhdë si “burime infeksioni”.

Ku është barazia, përfshirja, viadukti që lidh urat që promovuan gjerësisht “bashkëjetesën” dhe për ata bashkëqytetarët tanë të lënë në mëshirë dhe pamëshirë?

Por do të theksoja sërish, të gjitha ato plehra, drenazhe të neveritshme, madje edhe jashtëqitjet do të pastroheshin, ndërkohë që elementët toksikë të hipokrizisë politike me ideologji pesticide, fatkeqësisht janë të vazhdueshme.

Rufat Jashari

Redaktorët e Ide të zëshme nuk pajtohen domosdoshmërisht me pikëpamjet e shprehura në kollumnë.

Rufat Jashari, i lindur më 1994, në Kumanovë, zëdhënës i të rinjve Rom të pazëshëm, socialist. Ai u diplomua në Universitetin Shën Kirili dhe Metodi si mësues historie. Ai është një historian me interes të veçantë për të analizuar konfliktet ushtarake, gjatë shpërbërjes së RSFJ-së, Revolucionit Kuban, si dhe të gjitha luftërat majtiste për çlirim kombëtar, në të kaluarën. Ai është mbështetës i lëvizjeve për emancipimin e të padrejtësuarve, në baza të ndryshme. Ai është një person që përfaqëson një fuzion të shumë kulturave, shijeve në muzikë dhe ideologjive të majta, me njohuri minimale të shumë gjuhëve. U angazhua në kërkime lidhur me gjenocidin e kryer ndaj romëve gjatë Luftës së Dytë Botërore dhe mori pjesë në zbatimin e shumë projekteve. Ai mbajti një sërë ligjëratash ndërkombëtare për të njëjtën temë, me synimin për të avancuar arsimin e tij, dhe me idetë e tij për të tërhequr sa më shumë të rinj romë në spektrin e majtë politik.

RELATED ARTICLES