домаКултурни дописиТРИБИНА: Комунизмот и борбата за ослободување на жените

ТРИБИНА: Комунизмот и борбата за ослободување на жените

Марксистичката организација „Црвени“ организира трибина со наслов „Комунизмот и борбата за ослободување на жените“. Настанот ќе се одржи во просториите на Младинскиот културен центар – Битола (ул. Цар Самоил бр.29) на 09.03.2024 година (Сабота) со почеток од 18:00 часот.

Од МО „Црвени“ велат: “Интернационалниот ден на работните жени се слави веќе од 1909 година, кога за прв пат го организира американската Социјалистичка партија со цел да би се одбележал њујоршкиот штрајк на конфекциските работнички од 1908 година. Во последните години, овој ден е оттргнат од својата политичка природа, така што со преименувањето и отфрлањето на изразот „работни“, би се инкорпорирале оние жени кои Роза Луксембург ги именувала „диви жени на буржоазијата, бесни поддржувачки на искористувањето и угнетувањето на работните луѓе за своето општествено бескорисно постоење“. Нашата цел е да го одбаниме изворното значење на интернационалниот ден на работните жени и да ја поврзиме борбата за женско ослободување со борбата за социјализам, како едно позитивно искуство и наследство на интернационалното работничко движење“.

На настанот ќе биде достапна и брошурата „Марксистички вовед во женската борба“, каде детално се обработува женското прашање од маркситичка перспектива.

RELATED ARTICLES