домаКултурни дописиБрзата мода убива: Работилница за шиење и плетење во С.Ц Дуња

Брзата мода убива: Работилница за шиење и плетење во С.Ц Дуња

На 24.02.2024 во С.Ц. Дуња почнувајќи од 17:00 часот ќе се одржи работилница целосно фокусирана на облеката.
Текстилната индустрија е една од најголемите светски индустрии, огромен загадувач на планетата и масовно оружје на капитализмот. Но не мора да биде!

„Дали сакате да знаете како се прави облека?
Како се шие и плете?
Колкаво влијание има блузата што ја носиш врз околината и врз луѓето што ја направиле?“

Присутните на работилницата ќе имаат можност да научат како се шие на рака и на машина, како се плете и како треба да ја избереме облеката што ја купуваме.
Организаторите истакнуваат: „Потребно е да донесете ваша облека која се скинала и не знаете или немате време да ја закрпите. Не е важно каква облека е, само да е чиста. Не е срам да донесете скината облека што сакате уште да ја носите, срамота е залудно да се купува ново секој пат кога нешто скинато/расипано може да се поправи (за расипан патент пишете ни однапред да набавиме патенти)“.

Линк од настанот тука.

RELATED ARTICLES