Марксистичката организација „Црвени“ организира трибина со наслов „Палестина: причини и решение“. Настанот ќе се одржи во просториите на Младинскиот културен центар – Битола, на 03.02.2024 година (Сабота) со почеток од 18:00 часот.
Од МО „Црвени“ истакнуваат: „Ситуацијата во Палестина не се смирува и овој конфликт претставува едно од најзначајните светски политички прашања. Уништувачкиот напад врз појасот Газа е од досега невидени размери и покрај трагедијата која ја предизвика врз цивилното население, предизвика и најмасовен отпор ширум светот и огромен бран на интернационална солидарност со палестинскиот народ“.
Говорниците и членови на МО „Црвени“, Дејан Лутовски, Никола Славевски и Евгениј Литовски ќе дадат историска перспектива за причините за настанувањето и ескалирањето на проблемот, но ќе ја понудат и визијата за решавање на проблемот заснована на комунистички принципи.
На настанот ќе биде достапен и последниот број на списанието Нова искра, каде детално се обработува палестинското прашање.
Линк од настанот тука.