домаСтавОд Галилеја до Газа - Глас од Палестина

Од Галилеја до Газа – Глас од Палестина

Palestinians inspect the damage following an Israeli airstrike on the El-Remal aera in Gaza City on October 9, 2023. Israel continued to battle Hamas fighters on October 10 and massed tens of thousands of troops and heavy armour around the Gaza Strip after vowing a massive blow over the Palestinian militants’ surprise attack. Photo by Naaman Omar\ apaimages

Во моментов, израелската војска ги бомбардира луѓето заробени во Газа откако веќе убија речиси 3000* луѓе и раселија повеќе од еден милион*. Ова е само последните настани во континуинираното колонијално насилство кон Палестинците кое трае повеќе од еден век.

Тагуваме за сите раселени, убиени, и повредени на 7 октомври од регионот, но и за жртвите во деновите пред и потоа. Како и во секоја борба, оние со најмногу моќ имаат и најмногу влијание во одредување на текот којшто ќе го заземе конфликтот. Загрижен сме и засегнати за животите на Палестинците во Газа и низ светот, не и покрај смртта на Израелците, туку затоа што единствениот начин до безбедност за секој во регионот е да се стави крај на угнетувањето на Палестинците.

Корпоративните медиуми во Европа и Северна Америка ги поминаа изминативе десет дена фокусирајќи го вниманието на израелското страдање, наместо да ги истражуваат низата на настани што доведоа до оваа ситуација. Најголемиот дел од известувачките перспективи за ситуацијата доаѓаат надвор од Палестина, иако најмногу важност треба да им се даде на директните искази на Палестинците, кои подобро од кој било друг разбираат како дојде ситуацијата до оваа точка.

Исклучително тешко е да се комуницира со луѓето во Газа, меѓу другото и поради израелските воздушни напади насочени кон комуникациската инфраструктура. Засега ја претставуваме перспективата на Палестинец кој живее на северот на Палестина, и сведочи за различните аспекти на животот под колонизација и за борбата за ослободување преку грасрут организирање и солидарност.

За повеќе информации за ситуацијата, прочитајте го интервјуто со анархист од Јафа.

Глас од Палестинската Галилеја

Ви пишувам овде и денес од Галилеја, дел од Палестина окупирана од ционистичките колонијални сили за време на Накба [катастрофа] во 1948 година. Овие зборови ги пишувам во текот на месец октомври 2023 година, месец кој секогаш ќе да биде запаметен како пресвртница за Палестина и палестинската борба. Пишувам анонимно од утробата на ѕверот, затоа што моменталниот израелски надзор и политичкиот прогон на Палестинците на територијата од 1948 година е без преседан, и фашизмот и тоталитаризмот на колонијалниот проект секојдневно ескалира. Заради ова, секој кажан збор подразбира ризик.

Додека ги пишувам овие зборови, воени авиони го сечат небото над мојата глава. Звукот на авионските мотори го исполнува соседството. Изминативе десетина и дење и ноќе го прелетуваат небото од изгрејсонце до зајдисонце, без престан.

Сите овие воени авиони се упатени кон Газа. Додека го пишувам ова, таму се врши геноцид. Само на два часа од тука, во Газа, Израел – поддржан од глобалните колонијални империјални сили – го брише мојот народ од лицето на Земјата.

Газа: Тековната Накба и Сомуд (арп. постојаност, издржливост, упорност)

Газа, нашата сакана Газа, Газа лицето на отпорот, Газа вечниот симбол на човечката издржливост, Газа раната, болката во срцето, Газа нашиот „сумуд“.

Газа се наоѓа на источниот брег на Медитеранот, граничи со израелски населби на исток и север, и со Египет на југозапад. Со население од над 2,2 милиони луѓе на само 365 квадратни километри, Газа е меѓу најгусто населените места во светот. 70% од Палестинците во Газа се бегалци чии семејства биле протерани од соседните градови од страна на ционистичките колонијални милиции во 1948 година за време на Накба.

Во 2007 година, Израел вовува блокада на Газа по копно, воздух и море. Оттогаш, државата Израел има извршено пет големи агресии врз Газа.

Првата се случи во 2008 година, по воведувањето на блокадата. Агресијата траеше 22 дена и беа убиени 1385 Палестинци, меѓу кои 318 деца.

Втората агресија започна во ноември 2012 година и траеше осум дена. Убиени се 168 Палестинци, меѓу кои 33 деца.

Третата започна во јули 2014 година и траеше 50 дена. Убиени се 2251 Палестинец, од кои 556 деца, а 1500 деца останале сирачиња.

Во мај 2021 година се случи четвртата агресија за време на Востанието на достоинството што избувна низ цела Палестина од реката до морето. Востанието траеше единаесет дена, при што беа убиени 230 Палестинци, меѓу кои 67 деца. Дванаесет од тие деца учествувале во програма за опоравување од траума во моментот кога биле убиени.

Денес, се случува петтата агресија врз Газа и е побрутална и покатастрофална од сите претходно. Израелските воздушни напади веќе убија околу 3 000* луѓе и ранија над 12 000*. Повеќе од 45* семејства се комплетно избришани од регистрите. Речиси 2 милиони* луѓе се раселени и присилени да ги напуштат своите домови поради израелските бомби. Израел го прекина протокот на струја, храна и горива во Газа, и бомбардира станбени згради, училишта, џамии, болници и амбулантни возила. Исчезнаа цели соседства. 

Луѓето почнуваат да гладуваат и немаат каде да се скријат, каде да побегнат. Сето ова се случува со јасна и бесрамна поддршка од западните влади, како САД и Велика Британија, кои побрзаа да му испратат воена поддршка на Израел. Сето ова се случува додека израелската колонијална пропаганда е присутна насекаде низ масовните медиуми обидувајќи се да фабрикува анти-палестинска кампања и да ја прикаже како „војна против тероризмот“, сѐ со цел да го легитимизира масовното етничко чистење и постојаната Накба што се случува во Палестина веќе над 75 години.

„Кој е терорист?“ – Фабрикувана согласност

Како што сме посведочиле досега низ историјата, колонијалистичките, империјалистичките и фашистичките ентитети, отсекогаш користеле пропаганда и тактика на „фабрикување согласност“ за да ја легитимизираат, одржуваат и прошират својата контрола. На ист начин го легитимизираат истребувањето и масовното етничко чистење. 

Фабрикувањето согласност е стратегија на државата да создаде систем во кој луѓето се непоколебливо послушни и согласни со приниципите, идеите и плановите кои се промовираат преку масовните медиуми и пропагандата спонзорирана од корпорациите. Ваква стратегија користеше и САД со сојузниците кога вршеја инвазија во Авганистан во 2001, Ирак во 2003, кога предизвикуваа војни и катастрофи во Сирија, Јемен, Либија и многу други места низ светот, кои резултираа со милиони невини жртви и огромно човечко страдање.

Денес, масовните медиуми се обидуваат да нѐ дехуманизираат нас, како луѓе од Палестина и да нѐ прикажат како терористи за полесно да ги оправдаат ѕверствата на Израел и сојузниците – извршени во Газа конкретно, но и општо врз Палестинците. 

Како Арапи и Палестинци, добро знаеме што значи да нѐ гледаат и третираат како „терористи“. Но размерот на анти-палестинската пропаганда која моментално се фабрикува секаде низ светот од страна на државите, владите и масовните медиуми е без преседан за нас.

За време на втората интифада, по настаните на 11.09 во 2001, палестинската хип-хоп група „ДАМ“ ја објавија песната „Meen Erhabi?“ – „Кој е терористот?“. Во овој период, израелските доселиници постојано извикуваа реченици од типот „смрт за Арапи терористи“ насекаде низ окупирана Палестина. Се сеќавам дека ја слушав песната секој ден. Таа песна ми ја обликува свеста како дете. Денес, по 22 години, глобалниот систем го турка наративот дека „Палестинецот е терорист“ како никогаш досега, а ние одново и одново кажуваме дека: колонизаторот е терористот, доселеникот е терористот, секоја влада што го поддржува Израел е терорист, Израел е терористот.

Системот наспроти луѓето

Ситуацијата во Палестина ја покажува бруталноста и суровоста на глобалниот систем, но истовремено и огромната моќ на луѓето низ светот.

Од страна на глобалниот систем, посведочивме толку многу ужаси и грозотии последнава недела. САД го испратија „Gerald R. Ford“ – најголемиот воен брод изграден досега – а Велика Британија испрати бродови од својата кралска морнарица за да го поддржи Израел во геноцидот.

Француската полиција ги тепа демонстрантите што ја поддржуваат Палестина. Француските власти бараат депортација на имигрантите што учествувале во про-палестинските демонстрации во Франција. Во Германија, полицијата ги апси и тепа луѓето само затоа што држеле палестинско знаме. Овие колонијалистички ентитети и фашистички влади уште еднаш ги откриваат своите вистински лица. Како Палестинци, отсекогаш сме знаеле дека глобалниот систем е против нас – тоа е нешто што го сфаќаме уште од многу мали. Не очекуваме ништо од колонијалистичките ентитети. Немаме доверба во владите и глобалните сили. Ние веруваме единствено во луѓето и моќта на луѓето.

И покрај сите овие катастрофи, истовремено сведочиме како гласот на ослободувањето и правдата се слуша низ улиците насекаде на планетата, ја сведочиме моќта на луѓето. Луѓето ја знаат вистината и ова знаење не може да се потисне.

Ги гледаме улиците на Лисабон и Порто полни со бес, љубов и солидарност. Ги гледаме десетиците илјади наши браќа и сестри што протестираат за Палестина во Ирак, Јемен, Јордан, Мароко.

Денес, секој напор да се фрли светло врз вистината е важен. Секое подигнато палестинско знаме е важно. Секој израз на солидарност е важен. Секој напор кон организирање за Палестина е важен. Секое „од реката до морето“ e важно.

Да, овие денови се несфатливо многу болни, но денес сме свесни повеќе од кога било дека ослободувањето е неизбежно. 

Само е прашање на време. Палестина ќе биде слободна.

Извор: https://crimethinc.com/2023/10/17/from-the-galilee-to-gaza-a-voice-from-palestine-1

*Текстот е објавен во октомври, 2023. Сега овие бројки се драстично зголемени и моментално изнесуваат: 23 000 убиени; над 60 000 повредени; стотици семејства комплетно избришани; 1.9 милиони раселени.

RELATED ARTICLES