домаКултурни дописиНовогодишен антикапиталистички фестивал во С.Ц Дуња

Новогодишен антикапиталистички фестивал во С.Ц Дуња

Социјалниот центар Дуња организира четиридневен новогодишен антикапиталистички фестивал. Програмата вклучува разновидни едукативни активности и забавни настани. Од Колективот на С.Ц Дуња велат: „Ни се придружуваат соборци од регионот, но и од подалеку! Важно е да се запамти дека борбата за слободно општество ги надминува националните и државните граници и затоа е задолжително да учиме заедно со нашите другари преку границите. Треба да се запознаеме со тактиките, успесите и неуспесите на ослободителните движења ширум светот“. 

Организаторите го најавија фестивалот под слоганот: „Не сакаме индивидуалистички резолуции, туку колективна револуција!“

Четврток (11.01.2024)
19:00 – Проекција на палестински филм „5 скршени камери“ + дискусија за анархистичкиот/комунистичкиот одговор на империјализмот

Петок (12.01.2024)
19:00 – Хаклаб презентација за слободен софтвер
21:00 часот – Концерти на Клапа Онзик и Гиви

Сабота (13.01.2024)
12:00 часот – Солидарна кујна; заедничко готвење и дискусија
17:00 – Размена на книги и облека
20:00 часот – Старо-новогодишна забава

Недела (14.01.2024)
12:00 – Работилница за крафт пиво

Линк од настанот тука.

RELATED ARTICLES