домаКултурни дописиЗимска размена на облека

Зимска размена на облека

Платформата за размена на половни предмети Второ азно, на 13 јануари организира настан за размена на зимска облека и додатоци, како што се: шалови, ракавици, капи, греачи и слично. Активноста на размена ќе се одржи во просториите на Социјалниот центар Дуња, а ќе трае од 17 до 19 часот.

Учеството предвидува неколку правила и тоа:
1. Носиш неколку парчиња зимска облека и модни додатоци кои веќе не ти се потребни. Секое парче мора да биде во уредна, чиста и употреблива состојба.
2. Ги оставаш во соодветните категории во просторијата.
3. Ги разгледуваш парчињата од останатите учесници, си муабетиш со чај, кафе и топол напиток.
4. Можеш да земеш нешто иако не си донел/а ништо. Нема ограничување во бројот на земени парчиња.

Организаторите напоменуваат дека настанот не е од донаторски карактер и дека оставањето кеси облека за донација нема да биде прифатено.
Линк од настанот тука.

RELATED ARTICLES