домаКултурни дописиДен на солидарност со Оџалан (проекција на филм)

Ден на солидарност со Оџалан (проекција на филм)

На меѓународниот ден на човековите права (10 Декември), со почеток од 18:30, Социјалниот центар Дуња организира проекција на играниот филм „Ф-тип“, по кој ќе следи дискусија за политичките затвореници ширум светот.

Филмот Ф тип, го истражува животот на социјалистите и револуциoнерите затворени во овој вид турски затвори (изолирани самици) и нивната борба која ја водат против Ф-тип затворите, а кои имаат за цел нивно изолирање и раскинување на врските, истрајноста и единството меѓу затворениците. Филмот се состои од 9 различни приказни на политички затвореници според вистински настани.

Филмот се проектира во рамки на интернационалната кампања на Академијата за демократска модерност под мотото „Слобода за Оџалан, политичко решение на курдското прашање“

Линк од целосниот настан може да најдете тука.

RELATED ARTICLES